Број 3297  четврток, 03 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Мислења

Лоша владина комуникација

Назми Малиќи

Има простор и мотив за заеднички предизборни партиски коалиции меѓу Македонци, Албанци и други етнички заедници

Говорите на премиерот како да се наменети за една таргет-група, како да се постигне успешна партиска политичка комуникација со граѓаните. Се следи лоша практика на политичка комуникација, на подгревање национални чувства на граѓаните, чувства што ги негувале со векови. Таквата комуникација новинарите би ја нарекле будење на манипулација на групни инстикти.

Настојувањата за таква манипулативна комуникација не нудат алтернатива за дијалог и за меѓупартиска консензуална политика. Поигрување без смисла за милост за сметка на партиски поени, без разлика што се поигрува и со државните приоритети каде што идентитетот и националните чувства граѓанинот би ги градил со една реална конкуренција со евроатлантските интеграциони вредности, отвора простор за жалење и политичка анализа. Како ќе се гради регионалната политика, како ќе следува понатамошна билатерална политика со Грција во однос со проблемот на името на државата.

Јас сум убеден дека и на премиерот Груевски и на најголемите НАТО и ЕУ-приврзаници им е јасно што значи уставното име и идентитетот на Македонците. Тогаш зошто Груевски отвора простор за лоша комуникација и манипулира кога вели дека „одлука за промена на името може да даде само народот преку референдум, бидејќи во оваа земја нема само политичари и влада, туку и два милиона граѓани кои имаат свое мислење“.

Ваква јавна комуникација, за еден премиер кој го има убедливото мнозинство во Собранието, ми личи на лоша измислена пропаганда. Тоа е еден вид присилно влијание, како да посакува да имитира некои психолошки теории на масата, како да посакува да гради политичка кариера како оние што пропаднале. Како да се посакува да се вметне битка за вметнување на стравот, антипатијата спрема оние што имаат друго мислење. Непотребно се троши време да се присилат граѓаните да дејствуваат како толпа. Како да не му е јасно дека помина времето кога граѓаните во албанските простори живееле изолирано, неинформирано и мислеле дека ним им е најдобро. Јас сум убеден дека секому му е јасно, ако ја развиваме тезата дека „каменот тежи само на својата земја“. Секако, каменот тежи на својата земја, но тежи и ако се вреднува. Во ерата на евроатлантски интеграции се зголемува просторот за реална конкуренција. Со способноста на нашите луѓе да тежат, тие и го негуваат националниот идентитет, културен идентитет, економски идентитет... Во вакви околности се стеснува просторот, на иронијата на симулирање - „туѓо не сакаме, своето не го даваме“. Таквите сонувања на оние политичари кои посакуваат да станат харизматични, кои би манипулирале со својот народ, е свршено минато време.

Ако ги анализираме последните истражувања, веќе се појаснува дилемата дека тие не се само манипулација со бројките: рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е 23,1%, на СДСМ - 10,5, на ДУИ - 5,7, на ДПА - 2,4, а на Нова демократија - 1,4. Другата бројка е побитна, оние 56% кои не се изјасниле, кои молчеле. Таа мнозинска група служи за сугерирање на вистинитоста, точноста и конкретноста на пораката. И ако постоеле некои партиски сомневања за Институтот „Павел Шатев“ дека нивните истражувања ги пренасочуваат во полза на ВМРО-ДПМНЕ, бројката на 56% од анкетираните кои покажале незаинтересираност го покажува реалната состојба на граѓанинот.

Граѓаните се уморни од истите политички актери. Ако опозицијата не може да се наметне со појасна политичка понуда за да ги разбуди и тие граѓани кои молчат, тогаш треба да се гради друго политичко манаџирање. Моите размислувања за заеднички предизборни партиски коалиции меѓу Македонци, Албанци и други етнички заедници некои политичари го разбраа како утопија. Јас сум на мислење дека се' уште постои простор и мотив за таков политички проект. Ако не за друго, во иднина се појаснува политичката програма на владиното партиско мнозинство кое ќе раководи со државата. Хронолошката аргументација говори дека се потроши веќе времето за конфликтни партиски мнозинства со албански партии за составување коалициони влади со манипулација на бројки. Затоа, во сегашните политички анализи за градење некаков политички став со јасна аргументација може да се обелодени и една политичка мисла - кои од албанските политичари во натамошно политичко партиско дејствување ќе се групираат во раното или доцното мнозинство. Ако се направи едно групирање на, условно речено, македонски партиски блок и албански партиски блок, политичките алтернативи се помаглуваат, стануваат се' понејасни.

Ако ја следиме хронологијата на коалициските влади од самостојноста на Македонија до денес, во политичкиот багаж на албанските партии ПДП, ДПА и ДУИ коалиционите партнери СДСМ и ВМРО–ДПМНЕ им вметнале такви сопки, со разновидни афери, неразјаснетите убиства, акции на полициските сили, при што сериозно беа загрозени човековите права. Ваквото лошо комуницирање со коалиционите албански партнери ги посрамоти пред нивниот албански електорат.

Ако меѓу главните точки за заедничкото коалицирање на ДУИ со ВМРО–ДПМНЕ беше зачленување на Македонија во НАТО и во ЕУ и целосна имплементација на Охридскиот рамковен договор, ако процените говорат дека оваа Влада ги заглавила ваквите процеси и ги уназадува, тогаш која е перспектива за ваквото понатамошно коалицирање. Се поставува дилемата дали е добро да се сподели владиниот колач со вакви погледи на македонските партии или со такво владино мнозинство, какво што го имаме сега. Можно е политичките партии на Албанците да градат политички авторитет со усовршување на политичките партиски програми, да градат конкурентна кадровска политика и ВМРО–ДПМНЕ да ја остават сама да владее, без Албанци.

Можеби тогаш ќе се освестат сите што значи државноста - дека популистичката комуникација со граѓаните раѓа маргинален примитивен национализам што не го посакува никој.

(Авторот е универзитетски професор)


#
Статијата е прочитана 21426 пати.

Испрати коментар

Од: diplomat
Датум: 03.06.2010 02:51:58
Vladata go prekrsuva ustavot,so poklonuvanje na zemjisteto za gradenje na crkva!Vladata nema pravo,ni direktno ni indirektno da se mesa vo bilo koja forma vo izgradba na bilo kakvi verski objekti(crkva,dzamija..)!Ako podrzuva crkva,a ne dzamija,imame i drug element na nesutavnost!Direktno se diskriminiraat drugite verski zaednici,no i bez ovoj fakt,vo princip vladata nema absolutno nikakvo pravo da se mesa vo verski raboti!Vladinata odluka za dodeluvanje na zemjiste na crkvata e protivustavna!Treto,skopje e glaven grad(ustav) i za nego ima poseben zakon,kade sto nemoze opstina centar da resava za raboti,koi so zakon se jasno e utvrdeni,spomen obelzja!Za toa odlucuva parlamentot,so badenter(kultura)!Pak direktno se prekrsuva ustavot,se precekoruvaat ingerenciite,i zakonot za spomen obelezja!Ustavniot sud treba da gi ponisti ovie protivustavni,protivzakonski odluki na vladata i opstina centar!
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 03.06.2010 05:58:17
Груевски продолжува со поделбите на народот, која поделба ќе има долгорочни негативни последици пред се врз Македонија.Патриот? Патриот никогаш не би се осмелил да изврши таква поделба со која долго време нема да биде можно воспоставување на единство на македонскиот народ.Поделбата е извршена по сите можни основи а што е најтрагично - партијата се јавува на терен во има на институциите на државата и настапува во име на државата.Затоа што е извршена потполна партизација на државата во целост.Кој е против партијата на власт и политиката на нејзиниот лидер и фамилијата, тој се карактеризира како непријател на државата и предавник? Опасни тези на новите лидери со фиреров предзнак.Вака не ќе може долго да издржи Македонија. Ќе има ли спас? Сепак на Македонија и е потребна демократија . Да го спречиме урнисувањето на државата - потоа ќе биде уште потешко да се изгради наново.
Од: Миле - Охрид
Датум: 03.06.2010 08:43:42
Евроатланските интеграции на Македонија ги заглавија ретроградни сили кои ја отворија и поддржаа војната во 2010. Тоа се истите оние кои во името на човекови и колектевни национални права на албанците ја вратија македонија 10 години наназад. Сега истите тие ни тврдат дека борбата за зачувување на македонскиот идентитет е неважен и треба да се жртвува во име на повисоки цели- интеграција во ЕУ и НАТО. Тие бесрамно и лицемерно ги навредуваат чувствата на македонскиот народ ,кој јасно се изјасна- Зачувување на името и интеграција во ЕУ. Подршката на шовинистичките барања на Грција е ретрограден процес и свесно блокирање на интеграцијата на Македонија во ЕУ.
Од: nekoj
Датум: 03.06.2010 09:44:56
Mile-Ohrid, zosto ako sakavte da go zacuvate imeto ne ja iskoristivte sansata koga USA ve prizna pod ustavno? pocnavte da gradite spomenici na licnosti koi spored svetskata istorija (koja ne se pobiva tuku taka, ne e toa ke sedneme na sred selo ke ti kazam 2-3 prikazni) ne se nasi? Makedonija ja prekrsi spogodbata so provociranje. Pameten toa bi go premolcal i bi se borel za R.Makedonija, posle se se resava lesno. No premnogu e ocigledno sto se napravi. Za zal toa ti e kako da pomagas da ti se rasturi kukata a toa e i tvoja kuka. Ili ne? Kade ke odis koga ova ke pomine? Mozebi vo Bugarija? ne e vo red ova sto go pravite.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 03.06.2010 10:22:11
Пострашен е национализмот поткрепен со арсенали оружје и терористички испади,ако неми верувате информирајтесе кај г-дин Рикер каква е американската доктрина кон вакви изблици на национализам.Верските водачи и муслиманските интелектуалци секаде после некаков терористички истап јавно се оградуваат и го осудуваат таквиот чин.Само тука се бара алиби за вакво однесување.Дали од страв или други мотиви оставам на вас да искоментирате.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Ракометот на беспаќе
Што прави Али Ахмети
Обемниот буџет почна да крахира
Семејството ме спаси од судбината на Линдзи Лохан
Прекинаа ископувањата на Хераклеја - нема пари
ЕУ го храбри Западен Балкан
Излеани милиони
Содерлинг, конечно, го победи Федерер!
И Романија ќе се лустрира
Колку специјални претставници му се потребни на Балканот?
Петар Хаџи Бошков спореден со Џакомети
Георгиевски притискаше да се избере Груевски
Карикатура