Број 3297  четврток, 03 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

И Романија ќе се лустрира

БУКУРЕШТ - По дваесет години во Романија, конечно, беше донесен законот за лустрација, но сега се поставува прашањето дали тој некогаш ќе биде применет. Со законот, донесен на 19 мај од големо мнозинство членови на Долниот дом на парламентот, ќе им се забрани јавна служба во период од пет години на лицата кои биле дел од структурите на моќта и репресивниот систем на комунистичка Романија пред 22 декември 1989 година.

Законот веднаш беше критикуван дека е анахрон и задоцнет. Некои пратеници, главно, социјалдемократи (поранешни комунисти), го оспорија пред Уставен суд, кој ќе треба да донесе одлука за неговата уставност во следните седмици. Меѓутоа, исто така, законот е критикуван и за неговите ограничувања. Пред се', на оние засегнатите, ако се' уште се активни, ќе им биде забрането да работат јавна служба дури по завршувањето на тековниот мандат. Исто така, законот не засегнува цела серија поранешни официјални лица што работеле во комерцијалните мисии на комунистичка Романија во странство или кои биле дел од внатрешните финансиски структури на комунистичката држава (како вицепретседателот на конзервативната владејачка партија ПДЛ, Теодор Столојан).

Од друга страна, законот беше проширен за да ги опфати и лицата што беа први луѓе на издавачките куќи, што е случај со првиот посткомунистички претседател Јон Илиеску. Законот, исто така, е парализиран и од фактот дека телото одговорно за проучување на архивите на поранешните тајни служби, Националниот совет за проучување на безбедносните архиви (ЦНСАС), се' уште нема пристап до огромен број досиеја кои, главно, се однесуваат на офицери и агенти што се' уште се активни.

Другите ограничувања се повеќе од практична природа. Ако архивите на поранешните тајни служби биле добро одржувани и релативно добро организирани, тоа не може да се каже и за архивите на Комунистичката партија. Дигитализацијата на 3,5 километри долгите рафтови на кои се наоѓаат комунистичките документи почна неодамна и се' уште е во подготвителна фаза. Дури и ако се стави одреден степен на ред во нив, овие архиви ќе треба да бидат верификувани и проверени од персоналот на ЦНСАС, 140-члено тело што нема да може да се справи со дополнителните задолженија.

Членовите на институцијата посочија на фактот дека одлуки од ваква важност, што ќе има одлучувачки ефект врз нечија кариера и имиџ во јавноста, не може да се донесе поединечно. Сто и четириесет истражувачи на ЦНСАС се' уште се во процес на проверка во досиејата на 50.000 кандидати на локалните избори и илјадници кандидати на парламентарните избори. На ова може да се додадат и судиите и лицата што се здобиле со статусот „револуционери“. Овој статус им е даден на учесниците на народното востание што доведе до падот на комунизмот во декември 1989 година. Но, бидејќи статусот дава и одреден број привилегии, имаше зголемување на „револуционерите“. Се' досега ЦНСАС ги верификуваше досиејата на 1.000 судии (од 5.000) и 2.000 револуционери (од вкупно околу 8.000). (ВАЦ. ЕУ-обсервер)




#
Статијата е прочитана 461 пати.

Испрати коментар

Од: Stole
Датум: 03.06.2010 08:02:46
Pa neli sekade bila zavrsena lustracijata, neli nie bevme posledni? Sega ispagja deka i vo edna zemja clenka na EU uste nemalo lustracija.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Ракометот на беспаќе
Што прави Али Ахмети
Обемниот буџет почна да крахира
Семејството ме спаси од судбината на Линдзи Лохан
Прекинаа ископувањата на Хераклеја - нема пари
ЕУ го храбри Западен Балкан
Излеани милиони
Содерлинг, конечно, го победи Федерер!
Лоша владина комуникација
Колку специјални претставници му се потребни на Балканот?
Петар Хаџи Бошков спореден со Џакомети
Георгиевски притискаше да се избере Груевски
Карикатура