Општина Центар, конечно, и' ги стави на увид на јавноста зделките за изградба на спомениците. Иако засега само дел од нив, и тоа под притисок на јавноста, на виделина излегоа парафираните милионски договори што датираат уште од пред повеќе од една година. Седум милиони евра за помалку од десет споменици, конечно, гест на транспарентно работење, ама со пробиени законски рокови за отчетот, математики, кои уште отсега ги поклопуваат пресметките на носителите на проектот „Скопје 2014“ за неговата финансиска тежина...
Де факто, ова се само дел од елементите што сега дополнително ја креваат прашината во јавноста по најавата на контроверзниот проект за неговата содржина, но, пред се', за вредноста. Токму на Општина Центар за (не)среќа и' падна обврската за главната реализација. На нејзина адреса (не)оправдано стасуваат голем дел од негативните критики.
Речиси нечујно, без јавноста да има на ум оти спомениците еден ден ќе бидат дел на мегаломанска замислена урбанизација, Тодоровиќ(?!) го договорил и леењето. Обичните смртници дознаа за тоа дури по повеќе од една година, иако потписникот на договорите имаше обврска во рок од 30 дена да даде отчет за нив. Градоначалникот го обелодени „бизнисот“ дури неделава, правдајќи се дека технички причини го оневозможиле да ја заокружи постапката. Граѓаните така, конечно, разбраа каде и за што се трошат нивните пари. Но, очигледно, само навидум цехот на општинарите и Владата не се совпаѓа со оној на јавноста.
Доволно е само паушално прелистување на објавените финансиски зделки за да и на мало дете му стане јасно дека некој некого очигледно лаже. Тврдењата дека спомениците од „Скопје 2014“ ќе чинат 10 милиони евра од старт паѓаат во вода. Таа сума, веројатно, не е ниту половина од вкупната, доколку се пресмета вредноста на барем пет споменица, а ќе се постават вкупно дваесетина. Сега сите знаат дека просечно повеќето од војсководците овековечени во бронза вредат до или над половина милион евра, а значителен е и бројот на оние што тежат и над еден милион. Ако, пак, како што вели Тодоровиќ (официјалниот договор се' уште не е објавен!), само леењето на Александар Македонски чини 4,5 милиони евра, а фонтаната за него 3 милиони евра, тогаш и со проста математика веднаш се негираат тврдењата на надлежните. Се' на се', цех кој ќе ја надмине сумата од 10 милиони евра и тоа без пресметани астрономски суми за комисиите што ги избираа спомениците, за нивниот транспорт, царината, за хонорарите, за авторите...
Но, сепак, и тие кога тогаш ќе мора да ја здогледаат светлоста на денот. Надлежните ќе бидат приморани да дадат комплетен извештај за потрошените пари, па макар како и досега тоа да биде резултат на љубопитноста на јавноста. Досега нетранспарентноста во работењето веќе почна да им се одразува негативно на рејтингот па колку и „Скопје 2014“ да е позитивен проект.
Тодоровиќ и екипата околу него од старт да играше со отворени карти, очигледно, сега немаше да биде на удар на јавноста. Што порано го сторат тоа, веројатно, фитбекот ќе биде побезболен. Договорите се во нивните фиоки, година и кусур фаќаат прашина, а правдањата дека техничките причини се виновни за нетранспарентноста на работењето не поминуваат ниту во јасли. Деновите минати во исчекување само натрупуваат минуси на сметка на носителите на проектот, но можеби сметаат дека ќе се покријат со неговата конечна реализација.
„Скопје 2014“, дефинитивно, е еден од државните приоритети што се докажува со најавите дека тој нема да се кастри со претстојниот ребаланс. Дали навистина ќе биде така, како и секогаш, ќе пресуди јавноста. А дотогаш таа ќе биде на штрек поради мистериозното поставување на спомениците. Уште еден моментот во целата приказна, кој дополнително ги разбранува сомнежите на јавноста од секој аспект.
Go viduvam ukrasuvanjeto na gradot kako turisticka
atrakcija, da ne recam industrija. Znaci nefrlena para. Poradi toa deka coveckiot vek e kus i edna
Makedonija so spomenici kako svedoci na istorijata ke bide vecna. Izlejanite i izvajani spomenici ke trajat
nad pet iljadi godini. Ovie spomenici od novata istorija ili antickata ke gi voskresnat onie kako
megju nas i so niv ke go branime makedonskoto ime
koe ni go negiraat. Licno ke zalam ako ne se taka
slavi srednovekovna Makedonija, onaa na Samuila
i ako ne se barem postavi kamen temelnik do 2014
pod Belasica vo spomen park vo srede so voen
hram i Samuila na konj kako cestvuvanje na 1000
godini od edna od najgroznite bitki vo istorijata na svetot, koga se oslepeni 14.000 Samuilovi vojnici
nasi pradedovci.Blagodaram na UTR odnapred.
Од: diplomat
Датум: 03.06.2010 02:49:56
Vladata go prekrsuva ustavot,so poklonuvanje na zemjisteto za gradenje na crkva!Vladata nema pravo,ni direktno ni indirektno da se mesa vo bilo koja forma vo izgradba na bilo kakvi verski objekti(crkva,dzamija..)!Ako podrzuva crkva,a ne dzamija,imame i drug element na nesutavnost!Direktno se diskriminiraat drugite verski zaednici,no i bez ovoj fakt,vo princip vladata nema absolutno nikakvo pravo da se mesa vo verski raboti!Vladinata odluka za dodeluvanje na zemjiste na crkvata e protivustavna!Treto,skopje e glaven grad(ustav) i za nego ima poseben zakon,kade sto nemoze opstina centar da resava za raboti,koi so zakon se jasno e utvrdeni,spomen obelzja!Za toa odlucuva parlamentot,so badenter(kultura)!Pak direktno se prekrsuva ustavot,se precekoruvaat ingerenciite,i zakonot za spomen obelezja!Ustavniot sud treba da gi ponisti ovie protivustavni,protivzakonski odluki na vladata i opstina centar!
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 03.06.2010 05:48:35
Само арамиите ги кријат своите траги и недела.Не транспарентност всушност по народски кажано е прикривање на работите а уште попросто скривање на корупцијата а можеби и организиран криминал.Зошто е ова оркестрирано бранење на она што не може да се брани.Демек криза е но не е лошо да се гради.А да се кради лошо е? Од каде волку високи цени на скулптури па уште и кич, како смее да се крие од јавноста се што е врзано со парите и постапката ( за ова секој друг би завршил во затвор), и што се се крие зад сите потези со кои се поткрепуваат стоте чекори?Каде се дрвцата 7,5 милиони? Да не е жално би било смешно, но сите божемно патриотски зафати се во најмала рака сомнителни и тајни: Патот на парите ќе не однесе до арамиите и ограбувачите на државата и народните пари.Тодоровиќ е поставен како марионета за потпишување и штитење на интересите на себе и фамилијата? Господе нема што да им простуваш - знаат многу убаво што прават - само народот не знае, но полека дознава.
Од: Dr.maher
Датум: 03.06.2010 08:37:38
Do dr.minev'
Ako si ti doktor jas sum primarius.
Од: dara bubamara
Датум: 03.06.2010 08:43:35
Jadniot Todorovik ke se svesti sto go snaslo duri otkako ovie sto go izbraa ne mu gi maznat tineksite, a kakov e kutriot poslusen i izguben i toa ke go snajde ako navreme ne se svesti i ne pocne so svoja glava da misli i sam da pocne da si gi vrsi rabotite, a ne pod dirigentskata palka na maestro Grujo.
Од: sandokan
Датум: 03.06.2010 08:54:48
mi se dopadja idejata za turisticki turi okolu spomenicite. posle toa vodicite moze turistite da gi odnesat do KLINICKIOT CENTAR za da vidat kako se lecelo vo minatiot vek. ISTORISKI RAZVOJ NA MEDICINATA kako raboten naslov za studentite po medicina od evropa. prethodno da im izmerat po eden seker i pritisok vo satorite vo parkot.
Од: Чегране
Датум: 03.06.2010 09:09:23
Не ви е срам секој ден да пишувате против поставување на знамето или споменици?Со тоа ги навредувате оние кои гинеле за вие да живеете во своја држава и да можете да пишувате што ќе ви текне или, уште полошо,по налог на некоја партија,служба,Наша фабрика,...Досадни сте!
Од: Ајван Доктор®, בן דוד
Датум: 03.06.2010 09:11:11
Не е проблем кога со празноглави Будалаштини ќе успеете да го зашеметите (прелажете)обичниот полуписмен граѓанин!Трагедија е кога ќе осознаете дека и оние кои носат учени титули се големи Аналфабети,Често,поголеми и од необразованите-Проблем на образовниот процес,каде тие (титулите) се делат како бонбончиња за роденден!Ура за спомениците-Супститут за лековите,индустријата,развојот на туризмот,за училиштата,за болниците...Ура за новиот пронајдок-Лек за Болниот искомплексиран Ум и морбидниот патриотизам!Лек за привидот на сопствената Големина!Мираж на успехот!Пресреќни сме за„Извајаните лековити бронзи,со рок од пет илјади години“!О,среќна и самозадоволна простото!Секако,туристите ќе навалат да ја видат Грандиозната Глупост!Не знаев дека Самуил носел портокалова книшка со лавче,ниту дека тој му е внук на Ацета Великиот!Одлучете се,или Антички,од Ацета,или од Самуила!Или,пак,среќата на бескоренитите е во тоа што потекнуваат од сите Великани на „нашата“историја!
Од: aleksandar
Датум: 03.06.2010 09:57:55
na vremeto sdsm kobajagi stedea ,ne trosea ne gradea,a budzetot bese pak prazen...kradea celo vreme....ovie sega barem pravat nesto sto ke ostane ako ne drugo...od dvete zla odberete go pomaloto...
Од: oceski
Датум: 03.06.2010 10:26:49
pa vredese vo makedonija da se otvori fabrika specijalizirana za pravenje spomenici, barem parite ce ostanuvaa vo zemjava, a ce imase i vrabotuvanje i veruvam dodeka na vlast e vmro ce rabotese profitabilno.
Од: Siljan
Датум: 03.06.2010 10:41:32
Do DOKTOR MAHER, e de, PRIMARIUS so
prijatelski pozdrav.Abe "doktore" kaj nas veli narodot
imame doktori so lopata ga gi rines, pa edni od niv
si ti i doktoron so koj se podbivas i koj arnoto i go misli na Makedonija, za razlika od tvojata ozlobenost.Bidi ziv na majka i tatko, pile nase.
Од: Dr Minev ne tresi zeleni
Датум: 03.06.2010 10:42:56
А да поставиме за секој ослепен Самуилов војник по една скулптура??? Така, наредени еден до друг по Партизанска - 14 000 ослепени? Не им текнало на Грујо и компани, колку пари така ќе се исперат...