Број 3297  четврток, 03 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Содерлинг, конечно, го победи Федерер!

Јелена Јанковиќ е првата полуфиналистка на Ролан Гарос откако ја совлада Шведова со 2:0 (7:5, 6:4)

Швеѓанецот Робин Содерлинг во четврт-финалето на Ролан Гарос направи вистински подвиг совладувајќи го минатогодишниот шампион и првиот светски тениски рекет, Роже Федерер во четири сета со 3:6, 6:3, 7:5 и 6:4.

На тој начин Содерлинг на најубав можен начин му се одмазди на Швајцарецот за минатогодишниот пораз во финалето на гренд-слемот во Париз. На Швеѓанецот му беа потребни 13 мечеви најпосле да го победи најдобриот светски тенисер. Одбра убав момент, четврт-финале на Ролан Гарос.

Робин Содерлинг беше воодушевен со својата игра откако за првпат го совлада Федерер на еден голем турнир, попатно прекинувајќи ја неверојатната серија на швајцарскиот ас од 23. полуфиналиња на гренд-слем турнирите во низа.

„Беше фантастично. Навистина обожавам да играм на овој терен. Откако ќе излезам чувствувам неверојатна самодоверба. Од меч во меч сум се' подобар, а против Федерер одиграв одлично. Ролан Гарос дефинитивно е мојот омилен гренд-слем турнир, а да одиграш така добро и да го победиш првиот светски рекет, навистина не можам да барам повеќе!“, изјави Содерлинг.

Роже Федерер првпат по 2004 година нема да го види барем полуфиналето на Ролан Гарос. Таа година загуби од Бразилецот Густаво Куертен во 3. коло. „Веројатно Робин го одигра најдобриот меч во кариерата. Дефинитивно играше подобро во однос на минатата година кога овде го победи Рафаел Надал“, изјави Федерер по поразот, кој може да го симне и од првото место на АТП-листата во случај Надал да го освои Париз.

Робин Содерлинг за свое второ едноподруго финале во Ролан Гарос ќе игра против расположениот Чех Томаш Бердих кој во второто четврт-финале просто го прегази 11. носител, Русинот Михаил Јужни со 6:3, 6:1 и 6:2, со што го забележа својот најголем успех на Ролан Гарос.


#
Статијата е прочитана 729 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Ракометот на беспаќе
Што прави Али Ахмети
Обемниот буџет почна да крахира
Семејството ме спаси од судбината на Линдзи Лохан
Прекинаа ископувањата на Хераклеја - нема пари
ЕУ го храбри Западен Балкан
Излеани милиони
И Романија ќ�� се лустрира
Лоша владина комуникација
Колку специјални претставници му се потребни на Балканот?
Петар Хаџи Бошков спореден со Џакомети
Георгиевски притискаше да се избере Груевски
Карикатура