Доколку Георгиевски не се вмешаше, Груевски во никој случај немаше да стане лидер на ВМРО-ДПМНЕ
Билјана Јовановска
Тврдењето на Љупчо Георгиевски дека неговиот наследник Никола Груевски дошол на лидерското место на нелегитимен начин, вчера во „Утрински“ го демантираше Ганка Цветанова, која претседаваше со Конгресот. Тогаш бевте делегат, имавте ли притисоци?
Да, имав такво искуство. Од позиција на делегат на Конгресот во 2003 одговорно тврдам дека вечерта спроти гласањето имав притисок да гласам за Никола Груевски, и тоа од телохранителите на Љупчо Георгиевски. Ги отфрлив нивните барања и гласав за Марјан Ѓорчев. Исто така, тврдам дека доколку тогаш не се вмешаше Георгиевски, не политички, туку со притисоците, Груевски во никој случај немаше да победи.
Дали со Вашето исклучување од Обединети за Македонија се расцепкува гласачкото тело на десницата, кое на претседателските избори му донесе на Љубе Бошкоски 150.000 гласови.
Не, не мислам така. Со своето непромислено, нетактично и за претседател на една партија, плиткоумно однесување, Бошкоски само навидум му направи услуга на премиерот. Незадоволството не е канализирано и не е надминато по ова што се случи со Бошкоски, бидејќи тоа е огромно и е акумулирано во изминатите четири години. Притоа, во ниту една сфера не се гледа подобрување на животниот стандард. Никој не може да му направи услуга на Никола Груевски затоа што незадоволството е огромно и расте секој ден. Сега главно прашање е кој ќе организира партија што автентично ќе му се спротивстави на ова владеење.
Што подразбирате под автентично спротивставување?
Пред се', да се направи демократска структура што ќе личи на десничарските партии од западните држави каде што ќе може отворено да се размислува и да се прибере интелектуалниот потенцијал на оваа држава. Значи, не со структура што ќе го лаже членството, а ќе биде во тајни договори со Бранко Црвенковски. Тоа не е коректно однесување, туку е само дезавуирање на јавноста што ќе може да му го продолжи мандатот на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму, добро е што овие потреси се случуваат сега за граѓаните навреме да создадат јасна слика кој е кој.
Подготвувате ли формирање нова десничарска партија?
Во овој момент правам широки консултации и добивам силни сигнали дека е неопходно да се направи субјект кој на демократска основа ќе ги артикулира десничарските интереси. Сега десницата не е сериозно организирана што му е од интерес на актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, кој го зафатил просторот на десницата, но само како маска или како рамка за задоволување на интересите на една тесна група. Од друга страна, Груевски има влијание врз десничарските групации, директно или индиректно и тоа би требало да се предизвика на соодветен начин. Време е да се заврши со нацио��алромантичарските митови и легенди, време е да се зборува за демократска десница. Во моментот не ја гледам, има групи што пледираат на таа страна, но ако останат такви ќе бидат изолирани и во блиска иднина нема да имаат влијание на политичките процеси.
Имавте ли деновиве контакт со Љубе Бошкоски, зашто во меѓувреме искажавте многу сериозни обвинувања на негова сметка?
Немам потреба да се гледам или да се слушам со него, зашто Бошкоски јавно, со соопштение ме исклучи од Обединети за Македонија. Тоа е пашалак и не сакам да му придавам значење. Стојам зад сите обвинувања упатени до него стојам. Точно знам што говорам и само жалам што реалноста е таква во тоа здружение за поддршка на интересите на Љубе Бошкоски. Тоа едноставно не е партија.
Вокабуларот на ,,партиските сирачиња,,отфрлени од поморанџестите е скоро ист.Лидерот на ОМ еднаш е отфрлен а г-динот Петровски двапати,еднаш од поморанџестите еднаш од певливиот лидер на ОМ.И двајцата велат дека се ,,моќни,,политичари,едниот ептен сигурно ја освојува власта,додека вториот е затрупан со предлози за формирање нова партија,глава неможе да крене од барања за членување во уште неоформената партија.Ах што нее жив Нушиќ,материјал во изобилие.
Од: Tase
Датум: 03.06.2010 09:26:17
Filipe tesko e koga od konj ke padnes na zemja sega nemas ni magare, aj ako si hrabar i ako bugarinot ti e idol sto ne ides kaj nego
Од: aleksandar sv nikole
Датум: 03.06.2010 09:41:28
eee filip filip...arno ti velea site sedi si do gruevski i ne begaj od maticnata partija...a ti napravi slalom naokolu...site sto izbegaa od VMRO-DPMNE zavrsija isto...sega pak i ljube ne ti cinel..zar ne bese ocigledno deka ljube namenski napravi partija za da go urne gruevski i deka igra so branko celo vreme a?kade sega ke odis???ili ke plukas po site vo vesnicite i po facebook???najpametno za tebe e prijatele da se trgnes od politika i da si baras drugo hobi!doverba kaj lugeto nikogas veke nema da imas...tazno-ama vistinito:))
Од: Стар член
Датум: 03.06.2010 09:47:15
Точно е дека на конгресот во Охрид Георгиевски отворено лобираше за Груевски. Но, исто е точно дека и ти, Филипе, отворено лобираше за Ѓорчев. Тогаш Љупчо беше во право. Ако победеше Марјан, денес ќе немаше ВМРО-ДПМНЕ. Проблемот кај Груевски е што ги отфрли сите стари активисти. Но многу од нас останавме во ВМРО-ДПМНЕ затоа што ниту Георгиевски, ниту Бошковски беа некоја иднина. Можеби ќе се најде некој маж што ќе го опамети Груевски, во или надвор од Партијата?
Од: mihajlo
Датум: 03.06.2010 10:24:29
Se prasuvam na kogo li mi lici Filip Perteski.Mislam i ne mozam da se setam.Na krajot zakluciv deka ne zasluzuva da se opteretuvam so takvi marginalni licnosti i zakluciv deka na nikogo ama bas na nikogo ne mi lici.Toj e covece koe si lici samo na sebe.covece koe gleda ako e mozno sto povece da se ofajdi vo ova nase DIVO vreme.Resiv da ne razmisluvam za takvi COVECINJA.
Од: Смешко
Датум: 03.06.2010 10:54:14
Ајде и оваа сапунска серија да ја видиме Филип ке формира партија хехехех. Мојата прогноза е дека ќе освои 3 гласа (доколку офрми партија). Незнам од каде им е се побудите за политичко бламирање изгледа многу досаден приватен живот водат. Во секој случај со нетрпение го очекувам почетокот на сапунската серија.
Од: В. Кратовалиев
Датум: 03.06.2010 11:35:50
Љубчо Георгиевски, пред Конгресот не криеше дека го подржува Никола Груевски. Во последно време, почна да се шпекулира дали и колку имало притисоци врз делегатите за да гласаат за Никола Груевски. Но никој не го соопштува крајниот резултат, кој беше повеке од убедлив во полза на Груевски, па според тоа немало потреба Филипа да го "фаќаат за гуша" за да гласа за Груевски. Малку наивно, зар не.
Од: mona lisa
Датум: 03.06.2010 13:22:28
Da ne e Filip so Grujica dosega sto pati ke' go smenea od direktorskata fotelja!!!
Од: pavle ALIMASKA,prilep
Датум: 03.06.2010 14:15:50
Господине ФИЛИП ПЕТРОВСКИ,многу голем респект и почит имав према тебе и ти се воодушевував на твоите интелектуални и ораторски способности во далечната 1997 година кога штрајкуваше во ЖЕНА ПАРК и кога од говорницата во Парламентот им одржа пригодно предавање на тогашните ВЛАДЕТЕЛИ ОД СДСМ. Меѓутоа очигледно и ти како и многу други во овие 20 години плурализам си ги надцени своите способности и доживеа неколку СЛОБОДНИ ПАЃАЊА,вклучително и ова последново.ИСКРЕНО И ЧЕСНО во оваа ситуација во која се наоѓаш би ти препорачал твојата следна дњестинација да биде СДСМ.Тоа е местото каде ти ќе дојдеш до полн израз и целосно ќе се докажиш.НО::::................... под еден и само еден услов ДА СЕ ОТКАЖЕШ ОД БУГАРШТИНАТА
Од: kole
Датум: 03.06.2010 14:27:07
Притискал, не притискал не е битно, ионака Македонија ќе си го ПАПА....... наздравје да ни е, нели Феликс?????
Од: nacional-patriot
Датум: 03.06.2010 15:08:48
Izbrkani se bugarofilite od VMRO-DPMNE i zatoa Ljubco i takvite kako nego se frustrirani.
Од: Mnogu pricas
Датум: 03.06.2010 15:27:31
Bate Petrovski, mnou se rasprica, toa e odraz na tvojata bezizleznost, no so takvo samoreklamiranje samo i natamu ce stanes za site partii persona non grata, zosto niedna partija ne gi saka otpadnicite,a ti i ne si bas nekakov kalibar.