Број 2936  сабота, 14 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

Волстрит продолжува да расте

Индексот Дау Џонс порасна за 3,46 отсто, трет ден по ред

 

ЊуЈорк-Лондон - Цените на акциите на Волстрит на вчерашното тргување забележаа силен пораст, трет ден едноподруго, благодарение на добрите вести од финансискиот сектор и охрабрувачките макроекономски податоци. Индексот Дау Џонс порасна за 3,46 отсто на 7.170 поени, пробивајќи се прв пат од 27 февруари над границата од 7.000 поени. Индексот Стандард и Пурс 500 оствари пораст од 4,07 отсто, додека Насдак порасна за 3,97 отсто.

Предводник на ваквиот позитивен тренд одново беше финансискиот сектор, откако директорот на Бенк оф Америка, објави дека банката во првите два месеци од годината остварила добивка. Претходно позитивни резултати од работењето објавија и Ситигруп и ЏејПи Морган Чејс. Според аналитичарите, прерано е да се каже дали овој раст на индексите е почеток на растечки бран, или станува збор за привремено превирање на пазарот.

Инаку, според лондонски „Фајненшел тајмс“, двата различни пристапа што ги имаат САД и Европа околу тоа како да се надмине актуелната финансиска и економска криза во светот, го загрозува успехот на претстојниот лондонски антикризен самит на Г-20. Весникот наведува дека САД инсистираат да се стави акцент врз мерките за поттикнување на стопанството, со уште поголема државна потрошувачка, која на тој начин би ја поттикнала вкупната побарувачка. За разлика од тоа, европските земји, предводени од Франција и Германија, своите заложби ги ставаат пред се' врз поостра контрола врз финансиските институции и врз кредитниот пазар.

Во меѓувреме, портпаролот на Белата куќа, Роберт Гибс, соопшти дека американскиот претседател Барак Обама нема да настојува за прифаќање конкретен економски договор на средбата на врвот на Г-20. (МИА, Макфакс)

 


Статијата е прочитана 604 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Претходен број
Ланскиот јуни не смее да се повтори
Зденко
Црни дамки
Задоцнета мала победаОд нашиот дописник
Бруто-поигрувања
Карикатура
Антикорупциска со писма ја прашува Владата како троши народни пари
Срамната пресуда уште еднаш ги уби жртвите од Овчара
Барбика во почетокот беше Лилика
Колабира ли глобализацијата?
Шокантна политичка злоупотреба на студентите
И МБИ 10 отиде нагоре по подолго време
Потрошете нешто од рејтингот - за државата
Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (12)