Број 2936  сабота, 14 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

Едиторијал

Црни дамки

Даниела Трпчевска

Нов мистериозен случај зад затворските решетки. Казнено-поправните институции како „црна дупка“ повторно се најдоа на насловните страници со нов бизарен случај. Затвореникот осуден на доживотна казна Игор Мирчевски беше пронајден во вторникот напладне во својот кревет сиот облеан во крв. Поради исечениците на лицето и на вратот, веднаш бил префрлен во болница. Три дена по инцидентот, јавноста се' уште не знае што се случувало во вторникот на третиот кат на затворското крило, каде што 25 лица отслужуваат казна доживотен затвор.

Дали кичевецот самиот си ги нанел повредите на телото или, пак, некој се обидел да го убие? Ова е енигмата која полицијата допрва ќе треба да ја расветли деновиве работејќи на случајот „Мирчевски“. Засега и полициските и судските органи се внимателни при изнесувањето информации кои би можеле да и' наштетат на истрагата.

Сепак, и едната и другата страна изразуваат доза незадоволство и чудење од избрзаната реакција на затворските власти кои случајот го етикетираа како обид за самоубиство. Писмената изјава на Мирчевски, сознанијата на неговото семејство и истрагата, се чини, се' повеќе упатуваат на тоа дека во ќелијата подолго време било тензично. Дали тоа резултирало со расправија и тепачка, во која Мирчевски за влакно спасил жива глава, ќе треба допрва да се докаже.

Факт е дека инцидентите во затворите не се новина ниту, пак, е возможно да се избегнат во една таква „експлозивна“ средина. Сепак, за јавноста интригантно е тоа што случајот со наводното самоубиство на Мирчевски доаѓа само по десет месеци од бизарната смрт на новинарот Владо Танески, кој беше пронајден во тетовскиот затвор удавен во кофа со вода.

Двајцата, покрај познанството за време на судењето во 2005 година, кога Мирчевски седел на обвинителната клупа за суровото убиство на Радован Божиновски од селото Малковец и на кичевката Митра Силјановска, а новинарот известувал за текот на судскиот процес, ги врзува и неразјаснетата дилема околу сериските убиства во Кичево.

Неколку години по пресудата, се појави црв на сомнеж дека можеби момчето и неговиот другар без доволно докази се осудени за убиството на кичевката. Адвокатите бараа повторување на постапката, а откако судот во Гостивар го отфрли барањето поради немање нови докази, случајот ќе се пресели во Стразбур.

Новинарот Танески, пак, на кого во меѓувреме му беа припишани убиствата на неколку пензионерки во градот (а меѓу нив и на Силјановска), не дочека да се појави на суд за да одговори на обвинувањата. На тој начин во воздухот над Кичево останаа се' уште да лебдат неизвесноста и тензијата од грозоморните случувања изминативе години, а клопчето на мистериите, место да се расплетка, почна дополнително да се замрсува.

Згора на се', конфузија во јавноста предизвикуваат и двете проштални писма што се појавија во затворските ќелии. Кај Танески писмото беше пронајдено под неговата перница. Писмото на Мирчевски, пак, како што тврди полицијата, им било доставено еден ден по инцидентот, заедно со досиејата на осудениците.

Дополнителна тензија и масло на огнот долеаја и различните информации со кои излегоа две особено значајни институции во земјава – Министерството за правда и МВР. Додека првите веднаш соопштија дека Мирчевски се обидел да се самоубие, полицијата е претпазлива и ја разгледува можноста дека осуденикот бил нападнат во ќелијата. И за крај, како шлагворт на приказната, се' се врти околу затворските ќелии, таму каде што е најтешко да се пробие или да се дознае вистината, оти реално е секој да се плаши од секого, оти нема каде да избега и да се спаси од четирите ѕида.

За разлика од првиот случај, каде што надлежните институции ниту по 10 месеци не успеаја да ги запретаат сите дилеми околу бизарната смрт во тетовскиот затвор, поради низа пропусти и недоволно докази, за што беше разрешен и тетовски судија, јавноста се надева дека овој случај ќе има поинаква завршница.

Само така може да се тргне црната дамка од затворите, зад кои веќе се влечат опашките од двата мистериозни случаја.

 


Статијата е прочитана 777 пати.

Испрати коментар

Од: milko
Датум: 14.03.2009 00:54:44
dobar tekst
Од: vistinska patriotka
Датум: 14.03.2009 10:46:05
vece videno!nov slucaj ,a sega obratna izjava od slucajot tanevski.koj kogo nadmudruva?ocigledno manevski treba da si odi.vece e redno da mu se izvini i da go rehabilitira tetovskiot sudija i so mirna sovest da spie!
Од: gocem
Датум: 14.03.2009 11:42:33
Auuuuuu, strav da te fati vo zatvor da pojdes'.....

Најди! во Утрински
Насловна
Претходен број
Ланскиот јуни не смее да се повтори
Волстрит продолжува да расте
Зденко
Задоцнета мала победаОд нашиот дописник
Бруто-поигрувања
Карикатура
Антикорупциска со писма ја прашува Владата како троши народни пари
Срамната пресуда уште еднаш ги уби жртвите од Овчара
Барбика во почетокот беше Лилика
Колабира ли глобализацијата?
Шокантна политичка злоупотреба на студентите
И МБИ 10 отиде нагоре по подолго време
Потрошете нешто од рејтингот - за државата
Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (12)