Број 2936  сабота, 14 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

Фељтон

Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (12)

Го понижија, мереше жито на пазарчето во Ѓорче

Баба ми Љуба препека за него, чекаше да се врати од Голи Оток, па да си умре, раскажува внуката на Венко

Виктор Цветаноски



Венко се вратил од Голи Оток во 1961 година. Одлежал точно пет години, до последен ден. Од пустиот каменест остров имал право да се јавува само еднаш месечно, и тоа со писмо на мало ливче хартија со дванаесет реда. Не смеел да пишува од другата страна. На ливчето кое го добивала неговата сопруга Филимена најчесто пишувал поезија. „Додека беше на Голи Оток, мајка ми отиде двапати да си го посети братот. Од една таква посета се врати многу разочарана и депримирана. Ни кажуваше дека на неговата глава забележала длабока рана долга околу 12 сантиметри. Најверојатно бил тепан. Со вујко ми не можела да разговара зашто за цело време до нив стоел полицаец.

Кога се вратил Венко од Голи Оток, не контактирал со никого. Три години му биле укинати сите граѓански права. За да го понижат, го вработиле на пазарчето во Ѓорче Петров да мери жито на големо. Работата ја прифатил и таму останал до 1964 година. Неговата внука вели дека нему повеќето проблеми му ги создавал Лазар Колишевски отколку Тито.

„Баба ми Љуба препека додека не се врати од Голи Оток.

Беше многу мирна жена, синот на Венко, Миле, беше на неа. Откако го затворија, пропуши. Никому не му се жалеше. Чекаше да се врати, па да си умре. Кога си дојде во 1961 година, м��огу му се израдува. Потоа почна да одбива храна, престана да јаде и почина наредната година. На мајка ми во една прилика и' се исповедала: ’Одбивам да јадам, зашто претчувствувам дека Венко повторно нешто ќе го снајде, не можам да издржам уште една таква несреќа’. А, дедо Милан почина многу рано, од инфаркт кога дознал дека Бугарите го затвориле вујко ми во ’Ени Ќој’“, додава неговата внука.

Таа објаснува дека Венко ништо не говорел за Голи Оток. Само еднаш прозборел, а за тоа виновна била таа. „Бев на втора година на Правниот факултет, подготвував уставно право. Учев од една огромна книга на Ѓорѓевиќ, многу тешка за учење. Ќе почнев да ја читам, ќе се изнервирав и ќе ја фрлев во едно ќоше, па пак ќе ја земев. И така неколкупати. Кога еднаш ја фрлив, влезе вујко ми и ми вели: ’Што ти е виновна книгата’. ’Многу е тешка и голема, не можам да ја научам’ , му се пожалив. ’Слушај, ми вели, сега си рекла и никогаш повеќе да не те чујам. А, знаеш што значи да ти ја отвораат устата и да ти викаат: ’Сакаш да пееш Венјамине, ајде пеј’ и да ти плукаат во уста“, раскажува Бранислава Бојчин.



Тоа се случило првите месеци откако се вратил, а потоа занемел. Кај нив никој не доаѓал, ниту, пак, тој одел некаде. А, пред да го осудат, навраќале Бранко Варошлија и композиторот Властимир Николовски. „Кога Властимир Николовски еднаш замина од дома, му реков на вујко ми: ’Каков музичар е тој кога седнува на клавирот и лактите ги потпира на клавијатурата. Како тогаш тој создава музика’. Тогаш налутено ми се обрати: ’Ти да молчиш, тој има задача, па затоа доаѓа тука и внимавај што зборуваш пред него’. Знаеше дека Властимир Николовски го кодоши“, вели таа.

Семејството Бојчин и Филимена, сопругата на Венко, денес немаат никакви контакти. Ги влошиле односите по една нејзина изјава дека вујко и' Венко одел кај Вера Талеска, сопругата на Властимир Николовски, за таа да го моли Крсте Црвенковски да му дадат задграничен пасош да избега во странство и дека нивната ќерка Султана била малтретирана во Македонија. „Ниту тогаш имаше задгранични пасоши ниту, пак, вујко ми Венко молел да му дадат пасош. Се знае која беше Вера Талеска. Нејзин брат беше Благој Талески, претседател на тогашното Собрание на Македонија. ’Ако не знаеш, молчи, немој да измислуваш’, и' реков. Изјавуваше дека вујко ми Венко спасил некој бугарски адвокат од затвор во Бугарија. Не е точно. Од затвор е спасен од Петре Богданов-Кочко и од Кузман Јосифовски-Питу, кои заедно со Филимена и Миле ги префрлиле во партизани“, подвлекува неговата внука.

Венко бил бунтовен, отворен и вистината ја кажувал в очи, но за дипломатија не го бидувало, па затоа настрадал, смета неговата внука. Ја прашуваме зошто нејзиниот вујко откако отишол во Софија се декларирал како Бугарин и постојано пишувал антимакедонски книги. „Тие што го критикуваат нека се стават во неговата кожа, не дај боже да им го убијат детето, па да видам како ќе се однесуваат, дали нема да пишуваат нешто по порачка. Сите тие работи ги напиша по смртта на синот Миле. Некои овде денес за ситни пари се продаваат, а не да ти убијат дете. Се знаат неговите национални чувства. Тој си беше Македонец. За него беа главни Егеј, Пирин и Вардар“, вели таа и ни ги рецитира познати стихови на Венко: „Да сетиш Егеј да те гали/да знаеш Вардар како дише/да видиш ноќ на свети скали/под сводот Пирин што ги виши/О, нема ли да бидеш горд“.



Вујко и' Венко не бил вмровец, но бил член на ТМРО. Бил добар пријател со Мирослав Крлежа. Се запознале кога имал 15-16 години кога во Скопје се изведувале некои драми на хрватскиот писател. Кога дошол во Скопје, Крлежа побарал да се види со авторот на песната „Жетварите“. Се запознале во хотел „Турист“ и оттогаш станале големи пријатели. Во тоа време Венко го затвориле како член на ТМРО и го суделе, а Крлежа го обезбедил и платил да го брани Анте Павелиќ, тогаш најдобриот адвокат од Хрватска, кој издејствувал ослободителна пресуда за сите членови на ТМРО што биле судени. Венко Марковски со помош на Крлежа пребегал за Бугарија во 1927 година, преку Хрватска и Австрија. Со него за цело време биле во контакт. И додека го следеле за време на Информбирото, и во месеците кога бил под истраги. Венко бил уапсен во Загреб кај Мирослав Крлежа додека подготвувале некаков лексикон.



Со заминувањето на Венко на Голи Оток, не завршиле и маките на неговите најблиски. Власта се свртела и кон неговото с��мејство. „Јас имав 16 години, а син му Миле 17. Двајцата не' повика Мито Хаџивасилев-Јасмин во Министерството за образование. Истапи многу лошо, некултурно, простачки, силеџиски. Ни рече: ’Вие сте државни непријатели и нема да ви дозволам да учите во гимназија која го носи името на Јосип Броз Тито. Миле, кој по природа беше многу мирен и неконфликтен, ја прифати одлуката без никаков поговор, за разлика од мене, која сум импулсивна и тврдоглава, и тогаш му се спротивставив на Јасмин. Му велам: ’Зошто да не се запишам во ’Јосип Броз Тито’, сите оценки ми се петки, немам ниту една четворка, а таму учат повторувачи’. Ми одговори: ’Ти си внука на оној гад Венко Марковски, крвта не е вода’. И натаму останав на своето и се запишав во гимназијата ’Јосип Броз Тито’. Никој не ми направи никаков проблем, веројатно директорот се' уште немаше добиено директива како со мене да постапува ако се обидам да се запишам. Миле се потчини на наредбата и се запиша во гимназијата ’Цветан Димов’. Тогаш си реков, готово е, нема да ми прават повеќе проблеми. Но, не беше така. Првиот ден кога отидов на училиште, ме пречека на скалите човек од Министерството и ми врачи решение дека сум исклучена од седми клас гимназија. Со решението ми беше забранет пристап во просториите на гимназијата поради, како што стоеше во него, антидржавно дејствување. Па, така, морав да го продолжам школувањето во ’Цветан Димов‘. Со нас тогаш се дружеше и Иван Тулевски, денес познат психијатар. Поради нас и тој настрада, го исклучија и него од младинската организација, чиј претседател беше. По гимназијата се запишав на Правен факултет, положив адвокатски испит. Но, тогаш беа затворени сите врати за мене. Судија не можев да бидам, не бев подобна, не ми дадоа дозвола да отворам ниту адвокатска канцеларија“, раскажува Бранислава Бојчин.

Таа вели дека тие години биле опколени од агенти. Ќе одела на училиште и често некој удбаш без причина ќе и' ја проверувал чантата само за да ја малтретира. Ги малтретирале две години - 1956 и 1957 година. Потоа престанале.



(Продолжува)

 


Статијата е прочитана 1596 пати.

Испрати коментар

Од: Kire
Датум: 14.03.2009 00:29:07
Demek, ako si imigriral vo Bugaria si bil bugarin i ne si bil patriot! Ami nie sto sme imigrirale niz celiot svet sto sme?Patriotizam e dusevna sostojba, sekoj si znae vo dusata;Sme imigrirale site nie pa i Venko Markovski od maka; uslovite ne primoraaa...Togasnite, tamosni "patrioti" koleja i besea; cesto vmetnuvaa kodos vo drustvoto da doznaat koj ne e patriot ili pak prislunuvaa pod prozorcite..Mislam deka Venko Markovski bese zertva od taa obsesija;Za obrazovanie ni Lazo Kolisevski ne mozese da mu se fati za maliot prst;Barem ne stana Titov pioner ko nego;Nasi od sekogas odele na pecalba vo Bugaria, Srbia(Vojvodina) za podobar zivot.Koga ke me podsetite na toa vreme me obfakja taga; Sepak fala za ovie prodolzenia za Venko Markovski, a tagata ke si ja nosam so sebe za sekogas..
Од: od bobby
Датум: 14.03.2009 00:45:11
Bravo za pravite Makedonci Fnukamu vika deka Lazar Kolisevski posle zatvorot poveke go maltretiral nego Tito ostvari Lazan mu bese negov predavnik ustvari pak Tito im nareduval da gi maltretira inaku toj se vikase Lazar Kolisevic a ne Kolisevski samo srbite mugo smenia imeto za da mislat deka e Makedonic ustvari on bese Crnogorec ali sto ima veza kako se vikale site komunisti se isti predavnici a ne patriti kako VENKO:
Од: kemba
Датум: 14.03.2009 00:56:36
Едноставно после ова што и` да коментира човек е неспредливо мизерно, зошто ги нема тие зборови со кој би можело да се искажи најискреното сочуство кон Венко и неговата фамилија.
Од: Mihajlov
Датум: 14.03.2009 01:29:17
Vo Titova Jugoslavija najgolem grev beshe da bidesh bugarin. Tie shto ne izbegaa, bea ubieni ili zavrshija vo zatvor.
Од: Македонец
Датум: 14.03.2009 08:42:00
И во титова Југославија и сега е грев да се поистоветиш со бугарчета. Тие мизерни суштества на планетава кои постојано не негираат. Тие не и припаѓаат на словенската питома раса како македонецот, србинот и останатите. Тие се во генот сосема различни од Македонците. А на оние кои зборуваат во текстот за Венко, зошто да им верувам на нивните искажувања? Венко сам, смислено си ја одреди сопствената иднина и судбина. Се декларирал како Бугарин и точка.
Од: pameten
Датум: 14.03.2009 10:17:22
Makedonec: Тие мизерни суштества на планетава кои постојано не негираат. E sega kako kje odime vo EU, so takvi odnosi kon sosedite? Tie ne negirat, a nie dali ne negirame Bugarshtinata koja postoela vo Makedonia 1000 godini? Mora da ima pomiruvanje!
Од: MITKO
Датум: 14.03.2009 11:56:27
Covekot bil zrtva na titova jugoslavija i negovite poltroni koi posle osloboduvanjeto zelni za vlast se oslobodile od promakedonskite makedonci koi poveke ja sakale Makedonija nego novo stvorena vestacka drzava.A vo Makedonija ima mnogu takvi zrtvi znaeni i neznaeni .Makedonska sudbina i tragedija koja i den deneska trae.
Од: Tode 1
Датум: 14.03.2009 12:12:39
Poznato e deka postoese teror nad site sto ne se na titovata linija,kako isto vo Bugarija koi ne se na stalinovata linija vo toa vreme.Jasno e deka Venko bese samobendisan covek,alcen za priznanija i drustven polozaj.Bugarite toa go iskoristia so vila na Vitosa,soferce,dozivoten pratenik,akademik,drzaven zasluzen poet.Ako bil ucenet so ubistvoto na sinot,nerazjasneta soobrakajna nesreka,zosto ne ja napustil Bugarija.Zosto pred smrta koga lugeto ne se plasat od nikogo pak se izjasnil kako Bugarin?Mnogu prasanja.Vnukata sepak zavrsila fakultet dodeka nekoi ne,zosto bile ubieni.
Од: Makedonec od USA
Датум: 14.03.2009 12:37:33
Shto go velichite ovj predavnik.Jas sum vo USA,ama sum Makedonec so celoto semejstvo,a ne Bugarin ili Srbin.Ima nad 10.000 Makedonci koi zele Bugarski pasoshi,ama ne se deklariraat za Bugari,imam rodnini po majka Slovenci,zedoa slovenski pasohi,ama se deklariraat deka se Makedonci,ne znam Ljubcho shto napishal vo pasoshot Bugarin ili Makedonec? i bi Ve zamolil da prestanete so ovie napisi za ovoj predavnik.
Од: goran
Датум: 14.03.2009 15:24:14
Prikaznava,i da ne e tocna,e trogatelna.Otslikuva edno vreme,i nastani.Eve material za istrazuvanje:TMRO,Krlaza,Ante Pavelic, prodaval na pazarce vo Djorce, sudbinata na sin mu(kolku e ova tocno?). Do PAMETEN:Srbskiot,bugarskiot i grckiot nacionalizam se rezultat na padjanjeto na Otomanskata Imperijata.Makedonskiot I albanskiot se pak nus proizvodi na predhodnive.Ako velis deka bugarstinata postoela 1000godini kaj nas,togas veils deka taa e sostaven del na nasiot identitet,a toa ne e tocno.Im davas na Bugarite golem kompliment, sto ne go zasluzuvaat. Do MAKEDONEC: Makedonstinata e covecnost, a vo ovie vreminja treba da si PAMETEN MAKEDONEC za da opstanes i stanes ramnopraven clen na EU. TODE1-Venko verojatno imal i vnuci,kerka,zena,snaa,kuce,mace,ververicka i sl..
Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 14.03.2009 17:39:22
Prema komentarite na citatelite e ocigledno, deka omrazata prema Bugarija, neguvana vo Kralska i Titova Jugoslavija, ne e prevazidgena.
Од: perko
Датум: 15.03.2009 11:30:31
a sto mislite malku za promena da se svrtime kon idninata.ovie i vakvi tekstovi navistina ne gi razbiram,vsusnost koja e celta na pisuvacot na istite,da ocrni edni a da obeli drugi?dajte veke da prekineme so tie gluposti,da se pomirime veke ednas so naseto bolno minato i da pobarame,da napravime podobra idnina koja ke bide lisena od vakvi i slicni tekstovi
Од: krivosija
Датум: 15.03.2009 13:13:10
Do Kire: Makedonceto ne ni prv ni posleden sto zaminal vo tugjina, ama von pamet e da se izjasnuvas deka si argentinec, libiec kuvajcanec pa i bugarin. Koga si makedonec toa si za cel zivot. Sekoj moze da poseduva pasosi na stranski drzavi ama makedonerc ostranuva makedonec cel zivot. G-dine Kire vo toa e razlikata..
Од: risto
Датум: 15.03.2009 21:56:11
Никако македонецот да научи од историјата,зошто отварате рани што болоат бре ДПМНЕ,нели се декларирате како партија за помирување,не јас ќе речам на повампирање.Доста да не равнате со болгарите ,земете прочитајте малку повеќе ќе видете дека ние со нив ништо немаме тие се татарско племе.Господа читачи на интернет,за секој не е интернет глупости да се треската а тоа доказ каква елементарна култура имаме-дивјаци.А за академците ќе им речам светот мисли како напред да оди за подобро на граганите а со тоа што нашите академци не враќат во минатото толку кокото му сече па ајде и така раскаран македонец да го донесеме до самоуништување.Е господа академци не сакам моите пари што ги плакам како данок вакви да ги трошат одете во неповрат.

Најди! во Утрински
Насловна
Претходен број
Ланскиот јуни не смее да се повтори
Волстрит продолжува да расте
Зденко
Црни дамки
Задоцнета мала победаОд нашиот дописник
Бруто-поигрувања
Карикатура
Антикорупциска со писма ја прашува Владата како троши народни пари
Срамната пресуда уште еднаш ги уби жртвите од Овчара
Барбика во почетокот беше Лилика
Колабира ли глобализацијата?
Шокантна политичка злоупотреба на студентите
И МБИ 10 отиде нагоре по подолго време
Потрошете нешто од рејтингот - за државата