Број 2936  сабота, 14 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

За масакрот од Овчара 193 години затвор

Масакрот на 200 хрватски затвореници се случи кога ЈНА го зазеде Вуковар во ноември 1991 година

Информациите за потврдената пресуда за егзекуторите во концентрациониот камп во Овчара не оставија никого рамнодушен во Хрватска. Окружниот суд во Белград завчера осуди 13 Срби од т.н. Вуковарска група на вкупно 193 години затвор, под обвинение дека учествувале во масовното стрелање на хрватски воени заробеници во реонот на Вуковар во ноември 1991 година.

Вуковарската група претходно беше осудена за стрелање на воените заробеници, но во 2006 година Врховниот суд на Србија ги поништи пресудите и побара повторување на целиот процес.

Од 18 обвинети, петмина беа ослободени од обвинението, а на повеќето од нив драстично им беа намалени казните. Некои ќе бидат пуштени на слобода по неколку дена. Во првостепената пресуда вкупната бројка на изречени пресуди изнесуваше 231 година затвор, но по повторното судење на 13 обвинети им беше изречена намалена вкупна казна од 193 години. Таквата одлука на Судскиот совет, според Томо Качинари, претседател на Здружението на хрватските доброволци во Татковинската војна, значи дека сите жртви повторно се убиени.

Мирољуб Вујовиќ, еден од осумнаесеттемина обвинети за злосторствата во Овчара, беше осуден на 20 години затвор. Вкупно 13 обвинети беа осудени на 193 години затвор, пресуди што се движеа од пет до 15 години затвор, додека петмина беа ослободени од обвиненијата за убивање на 200 хрватски затвореници ноќта меѓу 20 и 21 ноември 1991 година во поранешната фарма Овчара, во близина на Вуковар.

Масакрот во Овчара се случи кога ЈНА, во која доминираа Србите, го зазеде источниот хрватски град Вуковар во ноември 1991 година, по опсадата што траеше со месеци. „Овие луѓе повторно беа убиени. Што друго да се каже освен дека ова судење е доказ оти жртвите од хрватската Татко��инска војна се омаловажени. Трагедијата е во тоа што за сериозни злосторства се изречени затворски казни од 20, 30 или 40 години, додека тука каде што стотици лица се убиени најголемата пресуда е 20 години затвор. Што се 20 години од нивниот живот? Уште поголема трагедија е тоа што повеќето од нивните пресуди се намалени, а петмина се ослободени од обвинението“, изјави Томо Качинари за веб-страницата javno.hr. Тој се обидел да контактира со семејствата на жртвите веднаш штом дознал за пресудите, но не успеал во тоа. „Претпоставувам дека тие ја очекуваа пресудата во Белград. Замислете како се чувствуваат сега. Овие криминалци беа наградени за своите дела. Пресудата уште еднаш ги уби овие луѓе“, заклучи Качинари.

Анто Џапиќ од Хрватската партија на правото (ХСП) се согласи со него и го опиша случајот како срамота. „Оваа пресуда докажа дека Овчара е злосторство што никогаш не беше казнето и Хаг не требаше да го пропушти. Дали навистина очекувавме од Србија дека ќе спроведе фер судски процес за воени злосторства? Верувам дека сето тоа беше само претстава, судскиот процес се одолжи шест години и на крајот немаме ништо. Секако, нема да има правда за жртвите од Овчара и не е добро да се жалиме, бидејќи изгледа оти пресудите би биле дополнително намалени со секој следен судски процес“, заклучува Џапиќ. „Запрепастена сум“, изјави Вероника Душко, една од роднините, за Ројтерс. „Такво злосторство, а изречените пресуди се толку мали. Тоа е неправда, тоа е лудило“.

Информацијата за пресудите за Овчара длабоко го погоди Иван Панџа, претседател на Здружението на хрватски воени инвалиди на градот Загреб. „Максималната казна е 40 години затвор. Дали е тоа в ред? Па нашите генерали добија многу повеќе, а не извршија толку сериозни злосторства како оние што беа судени за злосторствата во Овчара“, изјави Панџа. Тој додаде дека е разочаран од пресудата и дека, според него, 40 години се премногу мала казна за оние што убиваа и дека треба да се изрекува казна доживотен затвор за одредени злосторства. Покрај тоа, Панџа посочи дека пресудата е особено жална, бидејќи во Овчара не беа убиени само војници. „Имаше голем број повредени цивили меѓу убиените лица. Како тие можеа да убиваат невооружени, повредени луѓе?“, праша Панџа. (Јавно.хр)


Статијата е прочитана 1136 пати.

Испрати коментар

Од: daleku
Датум: 14.03.2009 07:31:23
a kako ustasite vo pustinjska lunja ubivaa i gazea so tenkovi zeni i deca pri povlekuvanje??neka pobaraat vecernje novosti od tie godini i neka vidat sto pisuva,kako edno malo dete od sest godini od strav za edna noc pobele,mu pobelela kosta kako na star dedo!!! tie ustasi li ke kazuvaat za pravda??! kolku li zlodela napravija tie,no znaat kako da vodat politika i da se dodvoruvaat na zapad,pa uste i sakaat vo EU!ne mozam povece,mi se diga kosata od niv.
Од: jean
Датум: 14.03.2009 12:32:18
sakam samo edno damu kazam na gospodinot sto se potpisuva kako daleko.se gleda deka vo toa vreme nesi bil vojnik i taka zboruvas.go zalam detevo stogo spomna no gi zalam i site drugive deca sto ne stignaa da pobeleat kako ovoj bidejki podobro bese da pobeleat no dase zivi.jas biti preporacal da zemes edno molivce i dagi brois zertvite sto gi imaat hervatite bosancite albancite i serbite pa togas sum siguren ke go promenis mislenjeto.treba dase sramime stoi pripadavme na taja vojska taja vojska otide od makedonija zede se so sebe cak vo kasarnite gi zede i stekerite i cesmite aza naoruzuvanjeto da ne zboram taa vojska ja finansiraa i nasite tatkovci.
Од: vistinski patriot
Датум: 14.03.2009 16:29:45
zdr.utrinski.nemozam da veruvam deka seuste ima luge sto im smeta jna!i toa posle 17 god.pa nema pogolema sramota od ova.zele se od kasarnite,itn.pa sto ne se najde maz da gi opremi istite?samo napravija milionski aferi od koi mozese da se kupat stekeri za site armii vo svetot!jna vo toa vreme na teritorijata na r.m.bese sostavena pretezno od pripadnici so mak.poteklo.na poedinci kako jean mu smetaat negovite luge i zatoa bese toj neviden fasisticki pritisok za nejzino zaminuvanje!ova e del od vistinata od toa vreme a refleksijata doprva sleduva!
Од: dali
Датум: 14.03.2009 22:55:34
more kakvi gluposti se ovde napisani.. samite srpski tenkovi koga bezale pred hrvatska vojska gi gazele svojite srbi.. toa i samite Srbi go priznati. Tije sakale da imat paradrzava na teritorija na hrvatska, sakale golema srbija, a sega uste malku ke imat beogradski pasaluk. ne razbiram zosto tolku gi branite, em ne priznavat makedonska pravoslavna crkva, em vikat za makedonija deka e juzna srbija
Од: Стојко
Датум: 15.03.2009 11:55:23
Ah, tie Srbi za se se krivi. Samite odea dobrovolno vo hrvatski logori a i vo logorite na NDH kako sto e Jasenovac. Samite se kolea so srbosjek i slicni alatki izmisleni specijalno za kolenje na pogolem broj Srbi za sto pokratko vreme. Da ne bea Srbi naseluvani vo Krajina, kako brana od Turcite (kako i vo Vojvodina) nemase da ima segasna Hrvatska. Zatoa Hrvatite tolku gi mrazat Srbite, ne mozat da im se oddolzat tolku mnogu pa moraat da gi istrebat od tie prostori. Namerno pisuvam latinica za da citaat tie na koi e nameneto.

Најди! во Утрински
Насловна
Претходен број
Ланскиот јуни не смее да се повтори
Волстрит продолжува да расте
Зденко
Црни дамки
Задоцнета мала победаОд нашиот дописник
Бруто-поигрувања
Карикатура
Антикорупциска со писма ја прашува Владата како троши народни пари
Барбика во почетокот беше Лилика
Колабира ли глобализацијата?
Шокантна политичка злоупотреба на студентите
И МБИ 10 отиде нагоре по подолго време
Потрошете нешто од рејтингот - за државата
Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (12)