Број 2936  сабота, 14 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

Мислења

Колабира ли глобализацијата?

Филип Петровски

Глобализацијата покажа недостатоци кои никој не ги предвидел. Парите исчезнуваат со голема брзина и не можат да се вратат таму од каде што се пласирани

Во сега веќе далечната 1999 година култниот филм „Матрикс“ ја отслика визијата дека човечката раса се наоѓа во состојба на привид, при што се' што гледаме, слушаме и се' во што веруваме е привид. Целата матрица во која се наоѓаме е произведена од машините кои некогаш сме ги создале ние. За таквата реалност во која живеат луѓето постои консензус дека е добра, односно дека раководителите, водачите се грижат за се'. Се сеќавате, во таа „подреденост“ на работите се појавува Нео, кој ќе направи пресврт со едноставното „поставување прашања“. Самото тоа е веќе сериозно предизвикување на системот. Поставените прашања нема да имаат лесни одговори и нашиот јунак ќе го поведат на патот во непознатото. На Нео му беа понудени две таблети, едната црвена, другата сина. Тој беше ставен во ситуација да избере игнорирање на се' и да си го продолжи животот во матрицата, задоволен од насликаната слика или, пак, да избере со другата да ги отвори сите затворени канали на еден сосема поинаков живот.

Оној што ќе се замисли над ова лесно ќе сфати дека и ние сме соочени со оваа дилема во нашите животи. Дали да се упатиме кон непознатото или да избереме да си се конформираме во нашите животи? Посебно затоа што „системот“ уште откако сме родени не' учел да си бидеме мали и кротки, да не прашуваме многу и, секако, да „слушаме“. Прашање кое во ваков случај се поставува е како да се освои слободата. Сигурен сум дека при самата помисла на системот, кој не е некоја апстрактна состојба, туку тотална конкретност, изразена преку институции (судови, болници, полициски станиц��, администрација, бирократија), ви се крева косата на главата. Кога знаете дека треба да завршите некоја работа, а сигурни сте дека нема да ја завршите така како што сте наумиле. Дека ќе ве вратат неколку пати, дека ќе треба да пополнувате обрасци, дека ќе треба за едната институција да добиете уверение од другата, а таму најверојатно се сите на пауза, па затоа ќе морате да наминете уште најмалку два-три пати... Ќе испланирате да завршите денеска, да речеме три работи, а денот ќе мине со огромна брзина и на крајот ќе сфатите дека ниту една од работите не сте ја завршиле онака како што сте наумиле, навистина (ама само понекогаш) ќе се прашате што се случува со системот и со вас. Дали, всушност, тој систем, целиот апарат, е тука за да ви се најде при рака, да ви помогне да си ја завршите работата или е обратно. Како што стојат работите, вие постоите за да му дадете енергија (што ви ја црпи без ваша дозвола) за да се одржува бесконечно. Колку пати ви се случило да се чувствувате исцрпено, потрошено кога ќе се обидете да завршите работа која од другата страна инволвира систем? Сигурен сум дека сте се прашале која е функцијата на системот? И како успева секогаш да ви ја земе енергијата?



Се разбира, многумина ќе кажат дека ова се измислици, тврдејќи дека немаат никаква основа. На добар дел од луѓето им е подобро воопшто да не навлегуваат во процесот на поставување прашања. Една помиреност со работите дека се' како што надоаѓа е непроменливо и, секако, поголемо од поединецот - е значајна карактеристика на таквите луѓе. Изолирани, тие со една резигнираност ги очекуваат несигурните дни кои се пред нив. А матрицата, за да преживее, мора да расте секојдневно. Секоја единка со својата работа, со својата енергија го храни тој процес. Да поедноставам, оваа матрица денеска се вика капитализам. Тоа е доминантното уредување во модерните општества денеска. Продукцијата на добра кои потоа се продаваат, односно сите имаат цена, го прави процесот изострен, жесток и непредвидлив. Се' станува поврзано со профитот. Борбата за поголем профит, силната конкуренција - го движи системот. Сопственоста, во таа постојана борба, преминува од еден на друг. Постојаната силна конкуренција прави, всушност, во тој процес послабите да отпаѓаат, а сопственоста да се концентрира во се' помал број луѓе. Расни или исчезни, на некој начин е главното мото во таа борба. Но, ако е така на врвот, на другата страна, на дното, се создава се' поголема мизерија. Практично објаснето, црпењето на енергијата е продавање на сопственото време и сила на вработените за да можат да се прехранат, односно да преживеат. Ова е процес во кој се формира таа матрица за која зборувавме во почетокот. Таа е „матрицата на капиталот“. Таа се обидува да се одржи и зголеми.



Всушност, глобализацијата е наредната фаза на ширење на пазарите (на матрицата), односно освојување на целиот свет од страна на корпорациите. Откако претходно го исполнија до крајност системот во своите матични држави, потоа во западните модерни општества, мораше да се отворат нови пространства (според дефинициите за ширење на капиталот). Корпорациите ги надминаа границите на сопствените држави и се раширија целосно по планетата. Многу од нив се и помоќни, побогати од најголемиот број држави. Со таквото ширење се доведе во прашање и сувереноста на државите. Сите претходно прифатени сфаќања за уредувањето на државите и за меѓународните работи во тој процес драматично се променија. Растежот, кој мора да се обезбеди заради зголемувањето на добивката, подолго време се одвиваше пред нашите очи. Корпорациите раснеа, поединецот се смалуваше. Дури и државите (се разбира, оние помалите) почнаа да стануваат минорни и небитни делови на системот. Тука некаде во тој процес, во желбата да се зголеми добивката што повеќе, дел од корпорациите и посилните држави агресивно го пласираа капиталот, според нивното мислење, во доволно сигурните нови пазари.

Наеднаш се' започна да се руши. Како кула од карти. Глобализацијата покажа одредени недостатоци кои никој не ги предвидел. Аномалиите сега станаа доминантни. Парите исчезнуваат со голема брзина и не можат да се повратат таму од каде што се пласирани. Импулсот, одејќи наназад кон тие што инвестирале, почна да создава паника. Започна враќање на бранот. Процесот се преврте. Огромен е бројот на банкротирањата. Се' излегува од контрола. Пак ќе речам, ова е ситуација која никој не можел да ја предвиди. Затоа сега и удира со толку голема жестокост. И каде е сега тука поединецот? Како може да се зашт��ти себеси, како може да излезе од матрицата? Единствена заштита во овој случај е да се има свесност, односно ЗНАЕЊЕ. Со растењето на знаењето, расте и свеста што, пак, овозможува полесно надминување на проблемите кои во овој процес ќе се појавуваат се' почесто. Свесноста, наспроти конформизмот, ве подготвува за се' што доаѓа. Таа станува јадро на одбраната на поединецот, односно го прави отпорен на ударите и црпењето енергија.

(Авторот е магистер по меѓународна политика)

http://filippetrovski.blog.com.mk

 


Статијата е прочитана 902 пати.

Испрати коментар

Од: Економист
Датум: 14.03.2009 01:31:13
Филип, не се мешај во работи што не ги знаеш! Меѓународната економија е мошне комплексна работа. Во врска со глобализацијата мошне значајни се две работи 1) Сукоб на интересите на државата и приватниот капитак (корпорациите). Пример - Во потрага по ефтина работна сила и поголем профит француските автомобилски компании отвораа фабрики во Источно-европските земји, кои Сркози сега сака да ги затвора за да работат фабриките во Франција и 2) Глобализацијата до максимум го зајакна финансискиот империјализам, така што најголемите профити виртуелно се создаваат во сферата на финансиите, а не во реалното производство! Порано во економијата важеше правилото секое движење на пари мора да биде проследено со движење на стоки, а сега движењето на парите е за неколку десетини пати побрзо од движењето на стоките. Разноразни шпекуланти и манипуланти, со вешти финансиски махинации (на берзите, банкарските курсни разлики исл.) преку ноќ создаваат баснословни богатства!
Од: Ljupco
Датум: 14.03.2009 06:37:47
pocituvan G-dine Filip.Ne sum siguren dali voopsto ste svesen deka ne osven sto ne postavivte prasanje vo kolumnava, tuku voopsto i ne kazavte nisto.Bescelno potrosen novinarski prostor ,kako i neproduktivno potroseno vreme pisuvajki go od vasa strana kako i citajki go od strana na citatelite.Napisete nesto za sto navistina imate kapacitet i poznavanje.Sepak blagodaram za odredeni prethodni kolumni.
Од: snegulko
Датум: 14.03.2009 08:02:51
а бе Филипе ... те читам редовно и најчесто велам аферим, ама овај пат не да си утнал со темата а да кажам за начинот на кој е напишана колумната како писмена работа во трето одделение после летен распуст...баш сега кога нашево секојдневие е во знакот на добриот,лошиот и индиферентниот... ризница за калкулации на тема 2+2 во општествените превирања.....дивота, а ако е баш од предострожност да не се омрсиш од предизборниот пир ондак поштуем, дури и наредна тема ке ти предлозам да пишеш за тиквешијата и културолошките придобивки од брендот ракија во текот на двете светски војни....
Од: mene
Датум: 14.03.2009 10:00:30
Матриксот го голта светот секојдневно, но кај нас тоа го прави 17 години, а сите се прават дека не гледаат, дека не слушаат ништо. Поединецот и неговата судбина стануваат беззначајни пред "повозвишените цели".А има ли повозвишена цел од среќата на поединецот во едно општество?Илјадници луѓе остануваат без работа,без егзистенција,а со тоа ја губат самодовербата,почитта од другите,а чувството на безвредност секојдневно ги разболува и умира. И никому не му е грижа.Циркузот мора да си ја доврши претставата.
Од: Diletant
Датум: 14.03.2009 10:20:18
Sto da se kaze? Se pogresno zlozeno i od avion se gleda deka covekot ne ja poznavae pogresno problematikata za koja saka da pisuva>
Од: baba
Датум: 14.03.2009 16:02:08
Globalizacijata se rushi kako kula od karti??? A be ajde....hahahaha me iznasmea? Globalizacijata e proces koj doprva treba da go dostigne svojot zenit - nekade vo dalechnata idnina-koga na primer kje se zboruva samo na eden globalen jazik (angliskiot) a site drugi kje izumrat kako ne profitabilni (i kulturata e biznis, neli?)
Од: legend
Датум: 14.03.2009 16:13:13
dobro de, site znaeme deka ovaa kriza e fingirana so cel da se zgolemi jazot megu sromasnite, a da se stesni krugot megu bogatite. toa e osnovnata sustina na ovaa kriza.vo trkata za sto pogolem profit vo uslovi na kriza opstanuva samo onoj sto ja poseduva vistinskata informacija.
Од: Vladimir Simonovski, Orlando, Florida
Датум: 15.03.2009 07:08:29
Filip, velis: “Глобализацијата покажа одредени недостатоци кои никој не ги предвидел.” Toa voopsto ne e tocno. Za globalizacijata se zboruva odamna, i site ovie nastani na koi sme svedoci bea predvidlivi. Borbata ne bese samo za osvojuvanje novi pazari, tuku za eksploatacija na postoeckite pazari preku otvoranje novi poisplatlivi pazari na trudot. Sekoj onoj sto ima osnovno poznavanje na matematickite principi mozese da sogleda deka ne moze da se postigne ekvilibrium vo ravenkata. Vo eden zapis posveten na idnite ekonomsko-politicki globalni tekovi, za kojsto nema dovolno prostor da se elaborira, inaku socinet nekade vo 1999-ta godina, megu drugoto zapisav: “Dali krajnata cel ke bide sozdavanje eden svet bez granici od koj ke nema begstvo, so univerzalen jazik i kultura, vo koj ostanatite jazici i kulturi ke pretstavuvaat samo zacin vo golemiot specijalitet narecen – PAZAR.” Sekako, osvrtot bese odbien kako ekstremen od poveketo golemi pecateni mediumi vo SAD i Evropa.

Најди! во Утрински
Насловна
Претходен број
Ланскиот јуни не смее да се повтори
Волстрит продолжува да расте
Зденко
Црни дамки
Задоцнета мала победаОд нашиот дописник
Бруто-поигрувања
Карикатура
Антикорупциска со писма ја прашува Владата како троши народни пари
Срамната пресуда уште еднаш ги уби жртвите од Овчара
Барбика во почетокот беше Лилика
Шокантна политичка злоупотреба на студентите
И МБИ 10 отиде нагоре по подолго време
Потрошете нешто од рејтингот - за државата
Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (12)