Број 2936  сабота, 14 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

Стил

Барбика во почетокот беше Лилика

Оваа речиси најдолготрајна играчка на светскиот пазар светлината на денот ја здогледала во едно малечко наивно гратче во близина на Нирнберг, а нејзиниот создавач не е Американец, туку Германец

Денес веројатно не постои личност која не слушнала за куклата Барби. Таа кукла има обележано детства на многу девојчиња и веројатно многу од нив се сеќаваат на неа со одредена доза носталгија. Сите ја паметиме како згодна русокоса и икона на американската женственост. На 9 март, во понеделникот, Барби наполни точно 50 години. Имено, токму на тој ден американската компанија „Мател“ ја пушти Барби во продажба.

Но, постои и друга страна на приказната за оваа некогаш многу популарна кукла, која во една прилика ја обелодени лондонскиот „Тајм“. Имено, денес Барби, иако не изгледа така, би имала повеќе од 50 години, што докажува дека нејзиниот творец бил особено далекувиден кога ја создал убавицата, која дури и во идното столетие од нејзиното создавање ги задоволува сите критериуми на женска убавина.

Општопознато е уверувањето дека Барби е создадена во Америка и тоа во познатата фабрика за играчки „Мател“, но вистината е малку поинаква. Оваа речиси најдолготрајна играчка на светскиот пазар светлината на денот ја „здогледала“ во едно малечко наивно гратче во близина на Нирнберг, а нејзиниот создавач не е Американец, туку Германец. А она што е уште поинтересно е дека нејзиното вистинско име не е Барби, туку Лили.

Значи, во почетокот првата инкарнација во 1952 година била Лили, и тоа во облик на цртан лик, кој излегувал во дневните весници „Билд цајтунг“, а ја осмислил цртачот Бетулин, кој имал идеја на хартија да создаде невина, а сепак секси девојка со лице на ангел и мало препознатливо напрчено носе.

По извесно време, Лили станала толку позната што нејзиниот создавач на хартија предложил да ја материјализираат за да им ја подаруваат на посетителите и соработниците на весникот. По напорните обиди да најде вистински мајстор за правење играчки, Бетулин конечно го пронашол Ролф Хаусер, син на познат изработувач на играчки, кој со својот брат Курт основал мала успешна компанија за производство на играчки „О и М Хаусер“. Гледајќи ја на хартија, Ролф се согласил да направи кукла, која со своите облини и тело ќе потсетува на зрела жена и успеал во својата идеја.

Лили се нашла на пазарот во август 1955 година, па преку ноќ остварила особено добар успех. Тоа била кукла што немала изглед на дете, а вистинска револуција направиле нејзините флексибилни екстремитети. Популарноста и' ја подигнала нејзината облека за секоја пригода - од вечерни фустани, спортски комплетчиња и костими за капење..., кои ги дизајнирала мајката на сопругата на Ролф, Марта Маар. Таа дизајнерка на облека за кукли станала толку популарна што по нејзините мини-креации се шиеле исти такви, но во природна величина. Таа дури и прва ги осмислила мини-здолништата, кои неколку години подоцна влегле во мода низ целиот свет.

Лили и нејзината облека се барале по Западна Европа, а се продавале во многу мали количини и во Велика Британија и во САД. Ролф Хаусер имал толку нарачки што не успевал да ги направи, зашто му недостасувале работна сила и материјали.

Една година подоцна, во 1956 година, соосновачката на компанијата „Мател“, Рут Хендлер, со своето семејство била на туристичко патување во Луцерн, Швајцарија. Се зборува дека ќерката на Рут Хендлер, Барбара, шетајќи низ градот, во излогот на една продавница ја здогледала Лили и побарала од мајка си да и' ја купи. Рут Хендлер останала пријатно изненадена гледајќи ја куклата, па го предвидела нејзиниот успех на американскиот пазар. Ја купила куклата, ја ставила во својата чанта, а по враќањето во татковината, му предложила на „Мател“ да направи реплика на Лили. Нејзините вработени итно одлетале во Јапонија за да најдат соодветен производител на играчки и до 1959 година е изработена реплика на Лили, но и' е дадено ново име - Барби, кое новата кукла го добила по ќерката на Рут, Барбара.

Истата година Барби се нашла на американскиот пазар и постигнала енормен успех. Како што се ширела работата во Европа, првиот создавач на Барби (Лили) останал без ништо, зашто не можел да следи голема компанија како што е „Мател“.

Братот Курт, гледајќи што се случува, го продал својот дел од компанијата, а Ролф, по наговор на својот брат, не сакал да влегува во судски спорови со „Мател“, па за да преживее, бил принуден да ги продаде авторските права на новите произведувачи на занесната кукла Лили. И така, преку ноќ, оваа германска кукла станала икона и американски симбол, со кој до ден-денес си играат девојчињата низ светот. (Ј.П.)


Статијата е прочитана 433 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Претходен број
Ланскиот јуни не смее да се повтори
Волстрит продолжува да расте
Зденко
Црни дамки
Задоцнета мала победаОд нашиот дописник
Бруто-поигрувања
Карикатура
Антикорупциска со писма ја прашува Владата како троши народни пари
Срамната пресуда уште еднаш ги уби жртвите од Овчара
Колабира ли глобализацијата?
Шокантна политичка злоупотреба на студентите
И МБИ 10 отиде нагоре по подолго време
Потрошете нешто од рејтингот - за државата
Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (12)