Антикорупциска со писма ја прашува Владата како троши народни пари
„Транспарентност“ и НСДП ја прозваа Димовска да се изјасни за владините инвестиции
Катица Чангова
Државната комисија за спречување на корупцијата нема одговор дали Владата незаконски расфрла народни пари во предизборен период. За тоа дали премиерот и министерската свита со секојдневните непристојни инвестициски зафати ја злоупотребуваат функцијата во партиска кампања, ќе се знае дури по завршување на преписката Антикорупциска - Влада. Дали ова ќе се случи пред денот на гласањето, 22 март, не се знае, но ветувањето е дека ќе биде „во најскоро време“.
Ова на вчерашната прес-конференција, со многу воздржани тонови, го најави првата антикорупционерка Мирјана Димовска, која по преземањето на третиот претседателски мандат конечно се појави пред јавноста.
„Државната комисија веќе пушти допис до Владата со налог за сите наведени, најавени, започнати инвестиции во овој период, со цел да ја провери заснованоста на ваквите инвестициски работи и усогласеноста или неусогласеноста со Законот за спречување на корупцијата“, изјави Димовска.
Таа објасни дека почнувањето изградба на инфраструктурни и други објекти е законски забрането, но потенцира дека стои исклучокот „освен ако за таа намена претходно се обезбедени средства од Буџетот“.
Новата социјалдемократска партија и невладината организација „Транспарентност - Македонија“ ги прозваа антикорупционерите да се изјаснат за директното вложување буџетски пари во ек на изборна кампања, односно за крајно нетранспарентно и ненаменско трошење на јавните средства за промотивни владини кампањи.
Во пријавата поднесена вчера до Антикорупциската комисија, НСДП укажува дека Владата, а пред се' премиерот Никола Груевски, вицепремиерот Зоран Ставрески и министеро�� Миле Јанакиески во периодот по распишувањето на изборите ја злоупотребуваат службената должност.
„Финансираат или ветуваат финансирање на проекти кои се во надлежност на локалната самоуправа. Тоа го прават отворено, пред телевизиски камери, во присуство на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници и за претседател на државата. Поставуваат камен-темелници, сечат ленти и ветуваат дека Владата ќе вложува во општините доколку бидат избрани нивните кандидати“.
Со вакви активности, смета НСДП, власта може да влијае врз волјата на гласачите во изборниот процес, а тоа, пак, ги прави изборите нефер, нерамноправни и недемократски.
За „Транспарентност - Македонија“ е многу индикативно тоа што започнувањето на инфраструктурните проекти било прецизно планирано токму во предизборниот период.
„Сведоци сме на користење на службените возила, мобилни телефони и други средства за партиски цели - промовирање на кандидатите за претседател и градоначалник на владејачката партија, како и ставање на целата административна машинерија во кампањата, со што се врши злоупотреба на службената положба и овластување“, велат во „Транспарентност“.
И невладината организација „Мост“ на вчерашната прес-конференција обелодени дека нотирала повеќе прекршувања во заднината на предизборната кампања. Извршниот директор на „Мост“, Дарко Алексов, врз основа на 131 извештај од регионалните канцеларии, рече дека е регистрирано „користење државни ресурси за цели на кампањата, меѓу другото, службени возила, како и возила на јавни претпријатија“.
Ne mi e jasno zosto ja prasuvaat antikorupciskata komisija? neka go prasaat direktno Gruevski, sto moze da kaze komisijata bez amin na Grujo????
Од: Tropicana
Датум: 14.03.2009 09:29:42
И по 18 год демократија ништо не е сменето камелтемелници на разни чешми, мали реконструкции на веке изградени патишта, на патишта од петстотини метра. Истата работа ја практикуваше и СДСМ во период на најголем рејтинг и кога беа на власт истата работа ја прави и ВМРО. Што значи исти постапки исти методи, нема рзлика во остварување на политичката власт. Ланската година гласавме за програмата на Владата на овие избори пак треба да гласаме за програмата на владата.
Е жална Македонија имала демократија, како жабата што дигнала ногата за да и стават потковица.
Од: Anja
Датум: 14.03.2009 10:25:10
Neznam zosto uporno i go digate rejtingot na onaa iskubana kokoska Dimovska. Pa taa bese postavena od Grujo, sega e negov poslusnik i od nea li ocekuvate pravilen odgovor? Nebulozni i smesni se nejzinite izjavi, demek ke odgovori koga ke dobie odgovor na pismoto! Pa koja zmija si gi pokazuva nozete! Zar mozat ovakvi bitangi do tolku da ne ponizuvaat kako luge i kako intelekti.
Од: Трпе
Датум: 14.03.2009 10:51:20
Сигурно претседателката на корупциската комисија Мирјана Димовска ке добие одговор од ЕПП владата.
Од: Irina,kavadarci
Датум: 14.03.2009 11:21:18
Vladata trosela narodni pari...?a cii pari gi trosese SDSM,,,?
Од: Za irina Kavadarci
Датум: 14.03.2009 12:17:02
Irina,za toa sdsm bese kaznet so katastrofalen poraz na izborite,a sega za istoto,samo vo mnogu polosa varijanta sto go pravi VMRO,isto ke bide kazneta na izborite.
Од: K.J. Kavadarci
Датум: 14.03.2009 14:01:22
ВМРО ДПМНЕ ИНВЕСТИРА а не троши, инвестира во иднината на Република Македонија, се гледа дека работат,касе се парите од СДСМ во нивното време нема никаква трага не се знае каде завршиле?
Од: zoro
Датум: 14.03.2009 14:39:17
Кого го фарбаат овие од т.н. антикорупциска, кој пие мастило во Македонија уште
Од: Filip Shumski USA
Датум: 14.03.2009 14:45:18
Korupiranje na glasachite od strana na vlasta toa e jasno kako den pa nemoze nikoj da go sokrie, shtose odnosi na antikorupciskata komisija isto itoa ejasno deka veke nivniot pradsedatel dobiva tret mandat znachi e ne zamenliva i ne postoi druga lichnost vo R.M. koja moze daja ima taa funkcija bar dodeka e ovaja vlada i nema shto da se bara odnea i vidovme shto izjavi. Kako mozeshe vladata site ovie proekti dagi nasochi opravdano bash za periodot na predizbori i dagi promovira vo period na eden mesec toa izgleda kako na startot koga gi donesuvashe ekspertno zakonite bez prisustvo na opozicijata, no samo edno da svatat graganite na R.M. deka see predizborna laga ako ne veruvaat neka poglednat vo farmerite mlekoproizvoditeli i dostoinstvo so prof
fesionalnite Makedonski vojnici koise glavnite nashi ambasadori vo NATO.
Од: jimmy1
Датум: 14.03.2009 15:34:14
Ne treba pisma, ili da se prasuva Grujo bideki odnapred se znae odgovorot. Treba edna ubava komisija i da se procesla seta dokumentacija i da se ustanovi kolku e potroseno be nekakva osnova a i kolku e ukradeno. Seto toa da se objavi za da znae javnosta. A dokolku i vie ste piuni na VMRO, ne mozime nisto da ocekuvame. Do Tropicina: Neznam kade ziveese pred 18 godini, ali pred toa bese demokratijat, a sega e cuvaj boze. Samo goli otok za ovie vo vladata, zosto namesto demokratija ne vovedoja vo Fasizam. Taka e koga nekoja vlada e formirana od fasisti i teroristi na koi seuste racete im se krvavi. Mnogu koi plukavte po komunizmot, ke go barate, ama kasno e.
Од: krste
Датум: 14.03.2009 18:47:08
Изгледа баба Зумбула ѓоа ни се разбуди, колку демек нешто презема и критикува а е тотално под контрола на Грујо и фалимијата... нели така Ирина од Кавадарци, а не туку ти носиш розови очила а ла Грујо...
Од: jota
Датум: 15.03.2009 11:25:28
samata antokorupcoska igra kako vlada sviri ova e samo farsa i nisto drugo zosto anytikorupciska go preci tramvajot?zatoasto na vlada ne i odgovara da se sredi javniot prevoz vladata saka i natamu javniot prevoz da e nula za da moze masovno da zema danok od prodadeni koli i gorivo da si gi polni dzepovi zatpa vladata urgirase za dvokratni avtobusi se mesa nekda kade ne i e mestoto faktiscki stava sopki za da nese resi javniot prevoz vo skopje antikorupciska e smesna so laptopite hahaha pa mafijata na golemo gradfi butni kuca pravi zgrtafda vo karpos kade se tamu??????????
Од: Strumicanec
Датум: 15.03.2009 12:46:33
.Факт е дека владата не може да собере доволно даночни приходи во буџетот, па го загрози редовното сервисирање на јавните расходи од буџетот. Заради невнимателните и необмислени реформи, загрозени се и расходите на пензискиот и здравствениот фонд. Едноставно кажано, Владата веќе не може да ги плаќа своите обврски, а тоа и се случува во средина на изборите. Единствената нејзина опција, по се' изгледа, е да земе кредити во вид на домашни записи за фискални потреби во висина од 40 милиони долари.
Тоа е пат без враќање. Како хроничен алкохоличар на кој му требаат се' повеќе алкохолни единици (во овој случај буџетски расходи) за да може да преживее, а всушност е се' поблиску до крајот. На една страна власта ветува осум милијарди евра за инвестиции, а на друга страна нема пари ниту за редовно функционирање на државата, па заради тоа се задолжува се' повеќе. Изгледа дека веќе се стопи целата концепција за нејзината историска улога во македонската економијa.
Од: Zoko
Датум: 15.03.2009 13:01:26
Barem nesto se gradi vo drzavava kolku tolku, ne se stavaat ogromnite
provizii vo dzeb kako sto toa go pravea vo vase vreme SDSM !!! A i
vaseto trojansko konjce Taseva ne uspea pa sea kriva e Dimovska..
Mizerija od opozicija.