Број 2936  сабота, 14 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

Поглед

Бруто-поигрувања

МаЈа ТомиЌ

Со бруто-платата се случи она што го предвидуваа речиси сите вработени. Најголем дел од нив ги зедоа јануарската и февруарската плата без парите за храна и превоз. Односно, останаа покуси за 3.000-5.000 денари. Голем дел добија пониска плата за онолку колку што е сумата што работодавците мора да ја уплатат за придонесите. Додека не беше воведено брутото, за хранарина и превоз не се плаќаа даноци. Па, имаше фирми кои даваа или не даваа пари за овие намени, зависно од желбата и од џебот на газдата. Сега, со воведувањето на брутото, тие влегоа во целата сума за оданочување. И кој може да им забрани на работодавците да прават што сакаат со овие две ставки. Дотолку повеќе што и во Законот за работни односи и во другите подзаконски акти, термините хранарина и превоз се избришани.

Така, со помалку пари останаа финансиски најзагрозените - вработените во приватниот сектор, во текстилната и во кожарската дејност, каде што се работи и по 12 часа и каде што платите се околу 100 евра.

Овие факти ги обелодени ССМ, кој и претходно укажуваше на можните манипулации од работодавците. Но, Владата велеше дека е немоќна да се меша во приватниот бизнис и стоеше на ставот дека реформата - цела плата, ќе биде суперреформа, ќе остануваат повеќе пари за газдите, па тие ќе ги зголемеле платите на работниците, па ќе имало пари за нови вработувања, за инвестиции и за што ли уште не.

Теоретски тоа е така, но практично важи само за економиите каде што функционираат добро пазарните законитости и каде што трудот има своја цена. Можеби по три години, кога ќе се заокружи процентуалното намалување на придонесите, фирмите ќе заштедат и ќе се свртат работите. Дотогаш многу работнички плати засекогаш ќе останат осакатени.

 


Статијата е прочитана 904 пати.

Испрати коментар

Од: Ivo
Датум: 14.03.2009 00:08:05
Koga ke go vidam na TV ministeron za finansii Trajko, pocnuva sklet da me faka.
Од: Itar Pejo
Датум: 14.03.2009 00:18:33
Prerodbata prodolzuva
Од: Petre
Датум: 14.03.2009 01:00:08
a znaes li ti deka po zakon ne e zadolzitelno plakanje prevoz ?? ne edna firma ne plaka prevoz, a i ne e vo red rabotodavacot da trosi pari za nekoj sto zivee daleku od fabrikata...Diskriminirani bi bile vrabotenite sto ziveat blisku do fabrikata i se gusat sekojdnevno a tie pametnite ziveat daleku na cist vozuh i patuvaat na smetka na drugire...
Од: tan4e
Датум: 14.03.2009 07:11:53
Januarskite plati gi zemavme na 28.02. A za fevruarskite fala bogu nikoj uste ne gi ni spomnuva a eve dojde 14. Zaboravaat gospodata deka idat izbori. Nezadovolen narod ne glasa!!!!!!!! ili glasa za drug, Pa samo administracija da ne glasa za niv e golem udar.
Од: stole
Датум: 14.03.2009 07:19:23
Luge nekoj neka mi kaze kade profesorot Trajko Slavevski onoj ministerot na Gruevski nigde ne mozam da go vidam ni po kampanjive ni na nekoja nacionalna vmrovska televizija da iskoci kako strucnjak sto ne ubeduvase za patriotskite kasi i bruto licen dohod da ni go doobjasni nivniot pozitiven efekt. Stvarno cudno go snema ili Gruevski mu e sram da go pokazuva deka mu e vo strucnata ekipa ej golem rezil. Aj Bocevski go sutna ministerot Milosovski i nego nigde go nema stoe rabotava ne znam ako nekoj znae neka mi kaze.
Од: ljupco,bitola
Датум: 14.03.2009 08:45:30
За да теоријата прерасне во пракса потребно е време.Намалените давечки за придонеси неминовно ќе доведат до позитивни ефекти во економијата,ви се допаѓало вас тоа или не. Економските законитости владеат, независно од ничија политичка воља. А бруто платите извадоа на површина многу работи,одма се виде дека некои фирми со години не плаќале за придонеси на своите вработени и при заминувањето во пензија луѓето имаат страшен проблем.
Од: bulki kraj sinite
Датум: 14.03.2009 10:15:40
Istoto se slucuva i so namaluvanjeto na pridonesite. Namesto so tie pari da im ja zgolemat platata na rabotnicite na gazdite toa im doaga kako ekstra profit. Taka da vrti suci rabotnikot koj go sisa. Nema veza na 22 mart makedonski priglup narode site na glasanje pa neka ne jadat koj i da se, dobro moze da bide samo za lepacite na plakati i znamenoscite ili za partiskite toaletni hartiii sto im go lizat gazot na partiskite sefovi. Za obicniot makedonski smrtnik nema da ima nisto.
Од: Mene
Датум: 14.03.2009 10:49:56
Ne glasa nitu cela administracija za niv. Univerzitetot (barem skopskiot) e celosno blokiran i ne funkcionira dvaipol meseci. Cekame samo koga ke ni isklucat struja i telefon. A za plata da ne zboruvame. Prazen e budzetot pa ne davaat do izbori da se vrsat plakanja za da ne ostanat bez pari pred izbori. Drzavniot penziski fond so 15 dena zadocnuvanje gi prefrla parite na privatnite fondovi. Narode, drzavata ni e pred finansiski kolaps!
Од: Vineam Makedonski
Датум: 14.03.2009 11:14:04
Samo so promeni se odi napred, i ovaa promena ke donese prokres taka se raboti vo cel svet pa i kaj nas mora da rabotime po svetski sistemi mu bilo pravo ili krivo na nekogo...
Од: Трпе
Датум: 14.03.2009 11:23:16
Прост народ,држава за никаде.Но и синдикатите ни се слаби ,затоа обичниот вработен граганин мора да го плака цехот на неспособната влада.Работодавците знат како да работат во свој прилог со ваква влада.Нормално е дека работодавците се многу поуспешни менаџери од некои министри и премиер со образование кој самиот знае како го има стекнато.Образованието е сила и мок а се знае за кого.Партиската книшка е многу појака.
Од: mina
Датум: 14.03.2009 12:44:04
Ekspertot Slavski se' shto fati isushi. So plateznite kartickki site zaglavija po 2 plati, dojdova na red "patriotskite kasi" shto gi iskaa site privatnici,sega alal vera a broto plata, k'e go sopre i li nekoj covekot vo 100 idiotski cekori!!!
Од: Vlav
Датум: 15.03.2009 08:37:36
Абе луѓе, зарем не читете меѓу редови. Проектот бруто плата е за да се полни државната каса, за да има владата средства да ги протурка изборите. Сите оние кои ќе закаснат со уплата на придонеси ќе бидат казнети со по 3000 е.Како да сметаш народот е опљачкан. Меѓутоа, владата не направи анализа колку се осиромашени граѓаните, така што не се во можност да уплатат придонеси ниту за 1 месец, а камоли заостанатите. А, и не рачунаат дека тоа се народни пари и ВМРО не може да ги троши за сопствени партиски намени.
Од: Maja
Датум: 15.03.2009 10:03:36
Da se prestane so "prerodbata prodolzuva" komentari. KAj site pokosivte treva ne nikne i vrapcite znaat. Nezavisno SDSM ili VMRO. Isto taka i vrapcite znaat deka moravte toa da go napravite po baranje na zapadot. A ma ne znaat vrapcite oti ne rekovte ednas NE. Ne sakam da bidam del od plackanjeto na mojot narod. I ke rabotam obicna rabota. Mnogu golema odgovornost zemavte site za se sto se odzede. i materijalno i nematerijalno i primavte plata za toa site. bez zadocnenie i plus...sto sve ne drugo...i ja donesovte cela makedonija vo SKopje. Treva ne nikne posle sekoj od vas.
Од: nasredin oga
Датум: 15.03.2009 18:19:06
Navistina prerodbata prodolzuva, no so edna ispravka za itar pejo, ke dojde na corba otkako prodolzenata prerodba ke dade rezultat odnosno otkako jagneto na topolata ke se svari na ognot ispod nea.

Најди! во Утрински
Насловна
Претходен број
Ланскиот јуни не смее да се повтори
Волстрит продолжува да расте
Зденко
Црни дамки
Задоцнета мала победаОд нашиот дописник
Карикатура
Антикорупциска со писма ја прашува Владата како троши народни пари
Срамната пресуда уште еднаш ги уби жртвите од Овчара
Барбика во почетокот беше Лилика
Колабира ли глобализацијата?
Шокантна политичка злоупотреба на студентите
И МБИ 10 отиде нагоре по подолго време
Потрошете нешто од рејтингот - за државата
Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (12)