Ретко кој од политичарите кои имаат висок рејтинг размислува за што му служи, од каде го црпи и колку го употребува за доброто на граѓаните и на државата
Големите светски лидери и државници, со сиот ризик да потрошат нешто од својот рејтинг, оставале зад себе големи и историски впечатливи политички одлуки, кои од временска дистанца ги потврдува сегашноста. Кај нас, пак, политичарите на клучни функции во државата својот висок рејтинг го чуваат и уживаат во него како нешто приватно и лично задоволство и не се подготвени да донесат ниедна државничка одлука, па обично згаснуваат како метеори. Како што се движат состојбите, се добива впечаток дека ретко кој од нив, посебно тие што имаат висок рејтинг, размислува за што му служи тој, од каде го црпи и колку и како го употребува за доброто на граѓаните и на државата. Во политиката има континуитет, има паѓање, но има и враќање, и тоа на голема врата. Ова последново, враќањето, им се случува само на тие кои во одредени моменти донеле големи, мудри и тешки одлуки, за кои времето потврдува дека биле за доброто на државата и на нејзините граѓани.
Пред неколку години, на една официјална средба со турски дипломат од кариера, низ разговор го информирав за паѓањето на рејтингот и незадоволството во Партијата за демократски просперитет поради бавното решавање на некои битни прашања за Албанците во Република Македонија. Турскиот дипломат, со респект и разбирање за мојата загриженост, ми се обрати со зборовите: „Понекогаш за доброто на државата и на нејзините граѓани вреди да се потроши нешто од личниот рејтинг и од рејтингот на партијата“. Во блиското политичко минато на Република Македонија имаше политички лидери и државници кои одвреме-на��реме, користејќи го личниот рејтинг и рејтингот на партијата на власт и во опозиција, донесоа значајни, тешки и понекогаш ризични одлуки во интерес на државата. Гледано од временска дистанца, тековно, имаше и понекој погрешен повлечен потег, но тоа е дел од политиката и ризиците што одат со неа. Сепак, најлош период во политиката е кога најодговорните политичари и државници не донесуваат никакви одлуки, купувајќи време со лажен манипулативен и нефункционален рејтинг. Колку за потсетување, ќе набројам неколку важни одлуки, од кои некои, според мое видување, беа паметни и мудри, а некои грешни и неосмислени.
- Паметна, мудра и храбра беше одлуката за прогласување на Република Македонија како независна и суверена држава;
- Не беше ни паметна ни мудра одлуката да се донесе првиот Устав на Република Македонија без меѓуетнички консензус;
- Паметна и значајна беше одлуката за стационирање на Мисијата УНПРОФОР (УНПРЕДЕП) како прва превентивна мисија на ООН во Република Македонија за спречување евентуален оружен конфликт;
- Не беше паметна и мудра одлуката за одбивање на Декларацијата за рамноправен статус на Албанците во Република Македонија, поднесена од пратеничката група на ПДП;
- Паметна и мудра беше одлуката Република Македонија да аплицира и да стане членка на ООН, и покрај проблемот со Република Грција во врска со името;
- Не беше паметна и мудра одлуката да се одбие така резигнирано, универзитетско образование со албански наставен јазик, вклучувајќи го и Тетовскиот универзитет;
- Паметна, мудра и храбра беше одлуката за отворање на границата со Косово и прифаќање на илјадници протерани Албанци од воено-полициските и парамилитарните структури на режимот на Милошевиќ;
- Паметна и мудра беше одлуката оружениот конфликт во 2001година, со иницијативата на покојниот претседател Борис Трајковски и со помош на меѓународната заедница, да престане и со дијалог да се дојде до меѓународно гарантиран документ наречен Охридски рамковен договор;
- Паметна и мудра беше одлуката да се легализира Тетовскиот универзитет и правото да се основаат државни и приватни универзитети без јазични бариери;
- Паметна и мудра беше одлуката за аплицирање во ЕУ, што резултираше со добивање статус на земја-кандидат во ЕУ;
- Не беше паметна и мудра одлуката за преименување на аеродромот во Скопје во „Александар Велики“, доволно провокативна за Република Грција да ги отежне преговорите за името и да ја спречи поканата за членство во Алијансата на Република Македонија на Самитот на НАТО во Букурешт;
- Не беше паметна и мудра одлуката за предвремени (лоши) парламентарни избори во време кога требаше да се најде компромис за името со Грција и да се искористи дополнителниот краток рок да се добие покана за членство од Советот на НАТО во Брисел;
- Паметна и мудра беше одлуката за признавање на Република Косово како независна и суверена држава;
- Не беше паметна и мудра одлуката да продолжат провокативните преименувања на автопатот со име „Александар Македонски“ и на градскиот стадион во „Филип Втори“, затоа што тоа создава дополнителни тензии со Грција, ние ги губиме позициите и кај меѓународната заедница, а тоа ќе ни се одрази со изолација и чекор подалеку од НАТО и од ЕУ.
Во обидот за набројување на некои од поважните одлуки донесени во периодот на транзиција во нашата земја, се забележува дека нема датум и година на нивното донесување, а не ги именувам со име и презиме најодговорните политичари и државници. Намерата ми беше да не ја потценам меморијата на читателите сами да ги идентификуваат и да проценат кој од најодговорните политичари и државници, вклучувајќи ги и актуелните, го потрошиле својот рејтинг во дадено време и дадена ситуација за донесување тешки, но паметни одлуки во интерес на државата и на нејзините граѓани. А јас, како посреден учесник во некои од нив, со најдобра и искрена намера, сакам да ги потсетам на зборовите на мојот соговорник, турскиот дипломат од кариера, дека вреди да се потроши нешто од личниот и од партискиот рејтинг за доброто на државата.
Kolumna polna so omraza kon Makedonskiot narod.
Site pozitivni potezi od Makedonski nacionalen interes vi prechat i gi narekuvate provokativni a albanskite bile mudri.
Si zaboravil eden fakt..drzhavata se vika Republika Makedonija i za mene provokativni se tie koi ne go veat Makedonskoto zname za vreme Makedonski izbori, koi ne go zboruvaat Makedonskiot jazik za vreme Makedonski izbori itn..
Од: Dzigi Baus
Датум: 14.03.2009 06:36:22
....pametna i mudra odluka ke bese da se dadese apsolutna vlast na "borcite za covekovi prava" ...ke ne vovedoa odamna vo 19 vek....
Од: do Marko
Датум: 14.03.2009 09:24:23
Drzavata se vika R.Makedonija posto nie albancite sakame uste da se vika taka, inaku ako nie sega izgradime stav za promena na imeto, istoto za sekunda ke se smeni-i "najlosoto" sto ke nastane od toa e vlez vo NATO i EU. No za zal, nekoi kako tebe, a vo momentot gi ima mnogu, seuste sakata da ja vidat Makedonija plemenski uredena, koja ja vladeat BUKEFALCI. Da ne slusavte nas albancite i nasite politicari odamna ke bevme integrirani vo site megjunarodni institucii.Potvrda za uspesn aalbanska politika-Albanija vo NATO i Nezavisno Kosovo. Tolku za sega...
Од: Qani Limani
Датум: 14.03.2009 10:20:49
Sto znaçi za Vas G.Marko, omraza, koga kolumnistot, vo nieden sluçaj ne lazhe, tuku so fakti t. e. argumentirano gi redi "uspesite i neuspesite" na nashite "drzhavnici". Vo Vashiot komentar "apla" se gleda deka ste ALBANOFOB,
za Vas nie Albancite, kako da sme dojdeni od Mars. Ne zaboravajte oti nie sme avtoktoni. Zhiveam vo Svajcarija,i Ve uveruvam deka "mojata" Opstina, za se sto e vo interes na grgjanite, gi dobivate informaciite na svoj majçin jazik. A vie g. Marko sakate vo Evropa, no bez 1/3 od gragjanite na R. Makedonija. Pozdrav
Од: Expert za fair play
Датум: 14.03.2009 17:13:44
Vrska ovde iznesenoto sakam da informiram deka na facebook ima grupa koja objavuva spisok na makedonski firmi vo koi ne rabotat albanci. Ni pametno ni mudro. A kolku makedonci rabotat vo albanski firmi? I dali tie imaat dadeno eden ekspert inzener ili inovator na koj moze da se povikaat. Samo so politika i drugi zaobikolni raboti se zanimavaat. Stvarno stanaa eksperti za kritika i solenje pamet. Trgovija politika toa e nivno. Dadena im e sansa vo Javnata administracija ama rezultati im se podobri vo trgovija i politika pa neka raboti sekoj toa sto go biva.