И лани ЕУ парлементот препорача преговори со Македонија, но тоа не влијаеше врз одлуките на Европската комисија
Од нашиот дописник Слободанка Јовановска
Брисел - Барањето на Европскиот парламент да и' се даде датум за преговори на Македонија, а билатералниот спор да не биде пречка во нејзината евроинтеграција е охрабрувачка вест за нашата држава, но нејзиниот дострел тешко дека ги надминува кулоарите на оваа институција, бидејќи политиката на Брисел кон нашата земја е јасно зацртана од јунскиот самит на лидерите на ЕУ минатата година.
Начинот на кој беше пласирана таа, како ударна во сите медиуми, повеќе е одраз на дипломатскиот очај во кој е западната нашата држава, отколку на тежината на ставот на Европскиот парламент, кој и минатата година бараше датум за преговори, а тоа не е испорачано досега. Очај, бидејќи веќе подолг период Македонија не е воопшто тема на повисоки нивоа во ЕУ, освен во редовните годишни извештаи на Оли Рен, па расправата во ЕП е последната инстанција за која се фаќа нашата политичка елита, која е битен показател каде оди јавното политичко расположение во Брисел, но не секогаш влијае на политиката на ЕУ генерално.
Поедноставно кажано, за Македонија Резолуцијата на ЕП е добра вест, бидејќи го покажува револтот во ЕП од неодржливиот притисок врз Македонија, но и минатата и предминатата година оваа институција беше силно на страната на Македонија, а во меѓувреме името на државата ни стана услов за ЕУ, а името на јазикот беше избришано од документите на Унијата. Послободно илустрирано, Европскиот парламент има улога на пречистувач на совеста на Европската комисија и на Европскиот совет кои, пак, ја следат суровата политичка логика која налага интересите на земјите-членки да се над принципите и пр��вилата за кои се борат европарламентарците во Брисел.
Разликата меѓу дипломатската победа на Грција и таа сега на Македонија во ЕП е што првата беше навремена, а нашата задоцнета, и што Атина преку Европскиот совет издејствува одлуки во своја полза, додека ние добивме само ставови на Европскиот парламент кои се земаат предвид, но во голема мера не се спроведуваат.
Иако Европскиот парламент и неговите активности не за потценување, нереално е, сепак, најголемата дипломатска енергија да се троши таму каде што се најмали ефектите за нашата позиција, па тоа да се претставува како којзнае каков успех, особено сега кога европарламентарците кои ја изгласаа Резолуцијата за Македонија за два месеца ќе ги напуштат кабинетите, а тие кои треба да ја спроведат нивната препорака во Европската комисија ќе ги напуштат фотелјите од септември.
Ако се анализира надвор од политичката хиерархија на Унијата, Резолуцијата е, сепак, мал чекор напред за Македонија. Таа покажа дека нашата земја се' уште не ја изгубила поддршката на јавноста во Европа околу евроинтеграцијата и спорот околу името со Грција. Таа покажа, исто така, дека во Брисел се создава свест дека одлагањето на преговорите ја турка земјата кон криза за која вина секако ќе сноси и Европската унија.
Таа покажа дека грчките аргументи, без оглед што доаѓаат од земја- членка, не наидуваат на разбирање во Европскиот парламент и дека очекувањата дека спорот за името ќе се реши само со притисок врз Македонија, губат на реалност. Таа покажа, исто така, дека политичкиот контекст не е толку неповолен за нашата држава и дека спорот што го има Хрватска со Словенија му даде нова светлина на нашиот спор околу името на државата, односно на билатералните спорови кои се' повеќе се гледаат како уцена, а не како добрососедска потреба.
Таа е политичка порака до Атина дека има граници до кои може да се изживува со Македонија, без оглед што таа ги владее механизмите на ЕУ и има поповолна позиција. На крајот, таа им дава аргументи и им го отвора патот на Европската комисија и на Европскиот совет да препорачаат есенва преговори со Македонија, макар Грција ставила и вето, и што е поважно - дава и можност рамката за решавање на спорот евентуално да се помести до крајот на преговорите за членство.
За волја на вистината, известувачот Ерик Мејер неодамна тврдеше дека токму Европскиот совет и Европскиот парламент се толку нестрпливи да и' дадат преговори на Македонија што ги спречиле сите негови критики да влезат во документот, што пак може да значи дека Брисел сака да го зголеми влогот и да не' соочи со иста ситуација како таа во Букурешт – да имаме преговори на дофат и од нас да зависи дали ќе се материјализираат или не. Тоа ќе биде огромен политички товар за Владата која ќе треба да се реши, не за едно, туку за две вета како замена за ново име на државата, а целата одговорност со целата поддршка на ЕП ќе се префрли на наша адреса.
Да се каже, сепак, дека е извојувана дипломатска победа е многу задоцнето, особено откако Владата го преспа моментот кога Брисел ги носеше клучните одлуки за Македонија. Потврда е фактот дека и во оваа Резолуција, како и во ланската, Европскиот парламент бара заедничко прифатливо решение за спорот околу името на државата, што значи дека е сменета само амбиенталноста, а ставот на Брисел, генерално, не се менува.
Тоа е дипломатска планина за која сегашната владејачка гарнитура во нашата држава не покажа ни знаење ни умешност да ја совлада, па ни останува да се радуваме на ситни победи како оваа во Европскиот парламент.
Впрочем, и официјален Загреб деновиве добива невидена поддршка околу спорот со Словенија, но тоа не му ги одблокира преговорите, а премиерот Иво Санадер влезот на земјата, најавуван за 2007, па 2009, сега го помести за 2012 година.
Bugarija i Romanija se vo EU, prognozite za FYROM se 2020 (i toa ako imeto se resi vednas) i ovcite se raduvaat na pobeda?!? Istite ovci koi do vcera so nasolzeni oci mrmorea deka EU ke se raspadne, denes se raduvaat na cekor napred kon EU. Turbo-folk politika, malce salata, mnogu rakija, i se e mozno :)
Од: Vasco Beleski
Датум: 14.03.2009 00:27:33
Nema dilema problemot e kaj grcite a ne vo nasata vlada vprocem to se gleda i od poslednite redovi na textot iako avtorot se obide vo golema mera da go minimalizira uspehot na vladata pozdrav
Од: toni
Датум: 14.03.2009 00:42:38
Neznam zosto ja naslovuvate ovaa vest kako zadocneta mala pobeda, koga navistina e bitna za nas!!!
Од: Trpe original
Датум: 14.03.2009 01:27:02
Nikoj ne ocekuva od vas g-gjo novinarke da dadete pozitivna ocenka za izvestajot.Posle tolku vreme vo Brisel i vie mutiravte kako onoj nedokvakaniot komentator od EU,pa pocnuvate da seete pesimizam i strav.Namesto vo taa EU da idete i da im postavuvate provokativni prasanja vo vrska za Makedonija,vie tamu skrieni ste vo nekoj kjosh i ovdeka nas ni plasirate pesimizam i licni ubeduvanja.Sramota
Од: Mihajlov
Датум: 14.03.2009 02:18:14
Nashite politichari na chelo so Grujo ili se amateri ili pak ja zloupotrebuvaat idninata na MKD vo korist na svoi lichni interesi. Ne e samo vo prashanje vleguvanje vo EU, tuku se e i egzistencijalno prashanje. Grcite, bugarite i albancite site poedinechno se vo posilna pozicija od nas.
Од: aleksandra
Датум: 14.03.2009 02:25:05
Hrvatska ima okupirano slovenska teritorija koja treba da ja vrati,a sto napravila makedonija, za grcija da se izzivuva,da ne ponizuva i maltretira.naprotiv treba obratno da bide zosto tie go okupiraa najgolemiot del od makedonskata teritorija,go teroriziraa makedonskiot narod za na krajot da go isterat od svoite domovi.pa kade e pravdata i za sto voopsto pregovarame so juzniot sosed.ova e nevideno maltretiranje i ne pravi site depresivni i nema kraj.sekojdnevna poslastica za grcistata...
Од: Pravnik Uni Vienna
Датум: 14.03.2009 02:44:28
Vo site procesi,se vkluceni site tri institucii,Evropskiot Parlament,Evropskata Komisija i Evropskiot Sovet..No Evropskiot Parlament i Evropskata Komisija samo gi podgotvuvaat preoktite,zakonite..kako drzavnata administrac vo Makedonija.No na krajot odlucuva Evropskiot Sovet.Ovoj ja ima zakonodavnata i izvrsnata vlast vo svoi race.A.sovetot go socinuvaat site Vladi na Zemjite Clenki na EU,koi imaat i pravo na veto(Absolutes Veto).Ako ne im odgovara nekoj preokt,za koj mislat deka e protiv interesite na svojata zemja,stavat veto.Edinstveniot spas od grckoto veto e promena na politikata sprema grcija,kako bese do 2006,i personalna smena na Gruevski i Milososki.A DPMNE moze da ostane na vlast!Istoto vazi i za g.Ivanov,ili da prestane so vmesanje na istorijata vo kreiranjeto na drzavnata politika ili da se povlece!Jas licno mislam deka toj ne e za vodenje drzava,mesa se,i babi i zabi!Ne znam kako moze bez politicko iskustvo da prifati takva avantura za najodgovorna funkcija vo drzavata!!!
Од: gogo
Датум: 14.03.2009 05:40:27
Apsolutno e nepotrebno da se dvira trudot na ovaa vlada.SDS bese tolku godini na vlast pa ne napravi nisto okolu ova prasanje.
Fakt e deka nemame golem promotor vo evropa i zaradi toa ne mozeme da odime napred.
Bilo koj da bide na vlast ,nema da moze da napravi nisto poveke,se dodeka nekoja od vodeckite evropski zemji ne zastane vistinski zad nas.
Од: radovis
Датум: 14.03.2009 08:02:29
Ocigledno e deka vasiot dopisnik od Brisel poveke ke se raduvavase ako evropskiot parlament ne preporacase datum za pregovori.
Од: ljupco,bitola
Датум: 14.03.2009 08:18:26
Вас како да ви е жал што е донесена позитивна одлука во ЕУ парламентот,Г-ѓо Јовановска? Кажувајте вие што сакате,ама по реакцијата на грчиштата,не ќе баш така. Задоцнета? Не би рекол, дури мислам дека е преуранета,да им се остави помалку време на грците да роварат и со пари,уцени и притисоци да влијаат врз одлуките во советот и комисијата на ЕУ, требаше да се донесе некој месец покасно. Ако мислите дека сега ради изборите не ви одговара,од чиста завист,тоа е веќе друга приказна.
Од: Archelay
Датум: 14.03.2009 09:01:23
Ako i lanskata godina Sovetot na EU donela vakva odluka toa znaci deka vtorovo e kontinuitet na prvovo i kako takvo ne moze da se tolkuva kako nekoja bezvredna rabota.Samiot fakt sto Junanistan e voznemiren e dkaz deka cela ovaa rabota e pozitivna za makedonija od pricina sto vo diplomatijata kontinuitetot vo istovetnosta na eden stav se tolkuva kako baza za finalno resenie za resavanje na doticen problem.Spored toa vasiot izvestuvac ne uspeal do kraj da go sogleda ova prasanje so tretman na relacija Sovet na EU-EU.
Од: stela
Датум: 14.03.2009 09:04:33
Draga novinarke! Iako vi se ovozmozi so makedonski pari, znaci jas ve plakjam, da uzivate vo Brisel, vie nikogas nema da go nadminete makedonskiot sindrom na samounistuvanje. Dodeka na nasite TV postojano gi gledame zapenavenite grcki novinari kako im postavuvaat provokativni prasanja na celnicite na EU branejki gi interesite na Grcija, vie tamu odite verojatno vo shoping i vasiot glas go nema na press konferenciite, arno ama postojano se penavite vo nasite maediumi, no daleku od EU, za da ni drzite lekcii kako da se samounistuvame eden so drug i da toneme vo depresija od bezizleznite situacii za koi nasata vlada, ete, spored vas, nema sposobnost da ne izvede od kjor-sokakot. Ocekuvav deka ovoj pat ke se priznae barem malku rabotata na vice premierot Bocevski i negovata isklucitelno teska misija: da ja vrati Makedonija vo pregovorite za EU. Gi pozdravuvam negovite potezi i se gordeam deka vo Makedonija ima i sposobni lugje koi mozat da ne vodat napred, ne samo demagozi kako vas.
Од: patnik
Датум: 14.03.2009 09:17:13
Patot za vlez nz nasata zemja vo NATO i EU e so mnogu prepreki koj gi sozdavat site nasi sosedi. Za da go izmineme treba site da pomagame a najveke politicarite i novinarite koj se plateni za toa.Ucite od grckite novinari kako se branat interesite na svojot narod
Од: ПРИЈАТЕЛ НА ШУТРАЦИТЕ
Датум: 14.03.2009 09:29:33
Се прашувам што ве потикна како новинар да го потцените ставот на Европскиот парламен и одлуките донесени во полза на Македонија иако истите не се обврзувачки.Да беше обратна ситуација да имавме негативен одговор тогаш ќе се коментираше во стилот уште една шлаканица од Европа.Ова е уште еден доказ дека стоите на исти пропаднати позиции на СДСМ-овците.Поздрав до Македонецот во ЕУ ме потсеќа како да залутан во космосот а не во ЕУ.Во Тетово ваквите тези ги нарекуваме 'дрвено железо".
Од: Vistinska dioptrija
Датум: 14.03.2009 09:53:29
Ovaa egzaltacija i sirenje na lazen optimizam kaj neinformiraniot narod ,koj e sklon na politicki manipulacii( za zal poveceto e takov) e samo lecenje na edna dlaboka frustracija od diplomatsko-politickiot ocajvo koj se najde zemjata. Nikoj ne negira deka odlukata e pozitivna i dobra., no istata da se slavi i prestavuva kako golema pobeda i maltene siguren pocetok na pregovori e navistina neozbiolno. I sami znaemedeka ovaa Rezolucija e neobvrzuvacka( pa i lanskata godina dobivme preporaka pa nisto oid toa)Znaci treba da go smenime diopterot na objektivnoto posmatranje na rabotite i da ne pravime od muvata slon. Vo sekoj slucajovaa odluka treba da se prifati kako pozitivna i da ne motivira za prodolzuvanje na reformite, no ne da se koristi za gradenje na rejtinzi, predizboren marketing i manipulacija na ludjeto.
Од: Tomi
Датум: 14.03.2009 10:17:41
Slobodanke ako ti si prav novinar , kako sto se prestavuvas , togas jas sum pop.Tvoe ne e da komentiras , ti trebe samo da prenesuvas mislenja i i slucuvanja na sostojbite tamu kade si prisutna, na lica i forumi. Vaka se stavas kako sluga na odredena partija koja nemoze da goi smisli ovoj potez na Ep.
Од: Мина
Датум: 14.03.2009 10:37:35
Не можам да сфатам како за се што се случува ја обвинуваат Владат, луѓето не можат да си ја потераат работата. Старите убаво рекле , дека ако некој ти ја коби работата не можеш да очекуваш успех. Таков е и нашиот случај . СДСМ не можат да се помират со фактот дека партијата им тоне и сега бараат спас во се и сешто и гледаат по секоја цена да ја оцрнат Владата. Место да го поддржат Премиерот кој дава се од себе да ни го зачува идентитетот, они само чекаат ситуација како да му ја закочат работата.
Од: aleksandar
Датум: 14.03.2009 11:06:19
do makedonecot od EU-se dodeka imame vakvi gastrabajterski seljacista so se mivki najdolna klasa vo bilo koja zapadno evropska drzava-klozetcii a mislat nesto naprajle ili videle poveke od nas pa sea fyrom ne narekuvaat netreba nisto pojse da ocekuvame i od vistinskite evropjani-nivnite gazdi.i vakvive klozetcii neka im se zabrani vlez vo MAKEDONIJA,zasto ocigledno e deka oni poteknuvaat od nekoja si druga fyrom zemja
Од: skopje01
Датум: 14.03.2009 17:07:51
И лани ЕУ парлементот препорача преговори со Македонија, но тоа не влијаеше врз одлуките на Европската комисија
Од: taipov abdula-intelektualec turcin
Датум: 14.03.2009 17:08:23
Neznam dli se sekavaat citatelite na U.Vesnik koga bese RM-oaza na mirot prisluskuvavme razni novini od zemjite na EU-deka navodno RM ke bide vo familijata na EU ili ke se ukine vizniot rezim toa bese edna prolet i ne snajde vojnata i ptopadna se i posle toa ramkov dogovor ili Ohridski dogov se isto RM se najde vo edna naj teska politicka i ekonomska kriza.
Izgleda Istorijata na Balkanot se poftoruva neznam dali gisledite politicarite ne EU-zemji kako obekaat deka RM veke na listata za pregovori za vlez vo NATO i EU vo sprorivno na toa baraat mirni lokalni izbori i 100% primena na Ramkoviot dogovor sega pak Romite gi nemale svojite prava i taka od sekoj den EU-dovaga so novi uceni,baranja i naj na krajot veto od strana na Grcija ovie uceni nese normalni i cisto sumnam deka nekoj od izbiracite nema da napravi nekoja glupost a posle toa da ne snajde uste po golema nesreka kako shto gi citam makedonskite medii veka kotelot pocnuva da vrie.
Evropa e mnogu daleku od makedonskata dem
Од: Bojan Holandija
Датум: 15.03.2009 12:28:43
Pa neka gradi nedokvakaniot premier spomenici na Aleksandar Veliki i neka gi provocira grcite! A sekako i letoska armija nasi letuvalci cje go posetat "prekrasniot" Stavros i Halkidiki! Nema nadez za kvazi zemji kako nasata koi nemaat drzavotvoren kapacitet, a uste pomalku patriotizam (da ne se meza turbo-folk nacionalizmot na VMRO so patriotizam).
Од: Klime
Датум: 15.03.2009 19:47:16
Се надевам дека новинарката ке посвети пет минути и да ги прочита коментарите на читателите. Ние сме лугето без разлика да ли се согласуваме со натписот и не тој е пласиран кон нас, да ни придонесе со нејзиното професионално мислење.
Но ќе ве молам имајте барем малку "respect" за нашата држава и за сите нејзини проблеми без разлика кој е на власт бидете реални и професонални и малку патриот(не е толку лош зборот "патриот") и имајте верба во својот народ и држава не бидете полни со омраза, малку поработите во Брисел и поставувајте прашања за наше добро а не за вашата платена политичка опција.
Бидите прав новинар
Од: realen
Датум: 15.03.2009 19:56:38
E, Bojane, Bojane vo koj svet zivees i koj li ti plati da napises takva glupost. Ako si makedonec, zasrami se.
Од: Makedonka vo EU
Датум: 15.03.2009 21:58:53
Do Makedonec od EU.. Nashata drzava znaete li kako se vika?