Број 2936  сабота, 14 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

Шокантна политичка злоупотреба на студентите

Деканот на Правниот факултет, Борче Давитковски, не верува дека Иванов манипулирал со студентите

Билјана Јовановска


Претседателскиот кандидат и професор на Правниот факултет „Јустинијана Прима“, Ѓорге Иванов, ги злоупотребил своите студенти во политички цели, барајќи од нив да го дадат својот потпис за кандидатурата на Нано Ружин, зад кого застана ЛДП! Иако за ова неофицијално се говореше во периодот на собирањето потписи, сега потврдата дојде и лично од Иванов.

Колегите на Иванов од Правниот факултет, особено оние постарите, вчера беа шокирани од постапката на претседателскиот кандидат и тврдат дека вакви злоупотреби на студентите досега не се случиле на Скопскиот универзитет.

Дали знаел за активностите на Иванов, одговор побаравме од деканот на Правниот факултет, Борче Давитковски. Одбивајќи да ја коментира изјавата, деканот само кусо изјави: „Секој кандидат одговара за своите постапки. Лично, не верувам дека Иванов ги злоупотребувал студентите за собирање потписи, но ќе го повикам да разговараме и да ми го објасни случајот“.

Уште неседнат во тетовскиот ресторан „Тиволи“, каде што беше закажан заедничкиот појадок, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ директно му се нафрлил на Ружин: „Како не ти е срам да ме напаѓаш, губитнику еден. Лажеш дека сум колнел. Ако не бев јас, немаше да ги собереш потписите“, му рекол доскорешниот пријател. На излегување од ресторанот, Иванов пред новинарите го прошири обвинувањето со зборовите: „Го познавам човекот 25 години. Најде дека сум фрлал клетви. Од сите кандидати очекував да ме нападнат, но не и од него. Треба да се зачува достоинството. Преку моите студенти му помагав да ги собере потребните потписи за да не остане без нив и да се изрезили“.

Вакво врбување на студентите е спротивно на Универзитетскиот кодекс, бидејќи се третира како злоупотреба од страна на професор кој, згора на се', претендира на највисоката државна функција. Ова се коси со професорските овластувања и подлежи на санкции. Може да се постави и прашањето - кои се противуслугите кои на своите студенти им ги понудил професорот Ѓорге Иванов?

Прозваниот Нано Ружин не возврати на нападите во тетовскиот ресторан, но во вчерашната изјава за „Утрински весник“ изрази сомневање дека „еден професор може да има такво влијание врз студентите. Дури и да имало такво нешто, сигурен сум дека нивните потписи ги искористил за својата кандидатура“.

Свесен дека вплеткувањето на студентите во политичките игри фрла темна дамка на предизборието и остава многу отворени прашања, Ружин тврди: „Никогаш ни директно ни индиректно не сум побарал таква услуга од Иванов, бидејќи ние и не контактиравме. А, ако е така како што изјавува тој, тогаш се прашувам со каква цел го соопшти тоа дури сега“.

Претседателскиот кандидат на ЛДП не крие дека на листата се потпишувале и членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, но и на СДСМ, кои биле разочарани од двете партии, „бидејќи ЛДП им нуди умереност и трета опција за Македонија“.

Партијата што го кандидираше Ружин вчера остана без коментар. Никој од врвот на ЛДП не одговараше на бројните телефонски повици, што остави простор за најразлични коментари и шпекулации.

Најгласни беа социјалдемократите, поточно нивниот секретар Игор Ивановски, кој го обвини претседателскиот кандидат на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ дека изнел на виделина една од најкрупните операции за измама на граѓаните досега. Со тоа, како што рече, го обелодени обидот на Груевски за предизборна измама.

„Повеќе нема дилема. Ако на претходните избори измамата беше Бранко Јаневски, на овие избори таа улога ја презема Нано Ружин, како тројански коњ вметнат од Груевски во опозицијата. По ова, јасно е дека Ружин е кандидат на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ“, порача секретарот на СДСМ. Истовремено укажа дека ова доведување на граѓаните во заблуда е кривично дело и претставува сериозно нарушување на изборните правила, грубо кршење на одредбите на Изборниот законик и целосно уништување на демократијата во земјата.

Според Ивановски, „уште кога тројцата ректори на македонските универзитети се потпишаа на кандидатурата на Ѓорге Иванов, беше јасно дека Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ќе ги употребат сите можни средства за груба пресметка со сите кандидати“. По јавното признание на Иванов за „вандалското кршење на автономијата на Универзитетот, тој ја злоупотребил својата професорска функција за манипулација со студентите“. СДСМ бара од ректорот на Скопскиот универзитет да застане во одбрана на автономијата на институцијата со која раководи, која е загарантирана во Уставот, а од претседателот на студентската организација побара да не е продолжена рака на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ и еднаш вистински да застане во одбрана на студентите.

Илија Димовски од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ не сакаше да говори за изјавата на нивниот претседателски фаворит и само кусо рече: „Како партија, не бевме спомнати во изјавата на Ѓорге Иванов и не чувствуваме потреба да коментираме“.

Вчера се обидовме да го слушнеме и ставот на ректорот Велимир Стојковски, но и тој не одговараше на повици.


Статијата е прочитана 3285 пати.

Испрати коментар

Од: Македонија
Датум: 14.03.2009 00:14:37
Абе овој забеганиот претседателскиот кандидат на дпмне е жива брука за Македонија, многу ке му биде да стане градоначалник на неговото родно село Грчиште а камо ли на Р. Македонија, поарно за него е да си кути и да не зборува многу оти ја уплеска работата жива маскота е на овие избори.
Од: јане
Датум: 14.03.2009 00:14:37
Добро не е мала работа да се врбуваат студенти при собирањето на потписи не се работи тука за еден или двајца, туку се работи за илјадници така да се сомневам дека господинот Иванов можел да влијае на собирање на толкав голем број на потписи, така да тој тоа го кажа во состојба на револтираност од човек со кого бил пријател 25 години и нема тука потреба да се крева прашина.
Од: Makedonec vo EU
Датум: 14.03.2009 00:21:10
Drvo neizdelkano. Izberete go za pretsedatel, pa ke se cesate koga ke plesna vakvo nesto pred nekoj stranski drzavnik.
Од: Itar Pejo
Датум: 14.03.2009 00:23:36
Ova se vika banana republika
Од: Acko
Датум: 14.03.2009 00:37:49
Bravos be Igor Sema e sea duri gi fana nema kaj da ti begaat nema vise labavo gi iskina alal neka ti e i eden sovet od mene.Uste 100g da bides vo rakovodsvoto na sdsm za da moze vmro da vladee na raat oti so tebe so Jani so Rada so Zaev Bucko ke gubite uste na 100 izbori ja se plasam da ne ve smenat pa da dojdat nekoi pametni deca a za so vas hahaahah ke si se zafrkavame uste dolgo vreme ahahahhahahaaaa.
Од: Petre
Датум: 14.03.2009 00:54:56
a kolku toa studenti imal Ivanov ??.. a od druga strana ne drzi diskusijata na sdsm za trojanski konji, pa Brat Ljube nonstop go butkaat, toj poveke e trojanski konj od Nano...
Од: Sali
Датум: 14.03.2009 01:09:04
Pogolema TUTURUTKA od Ivanov ne mozea VMRO da predlozat za predsedatel. Grujo mislese deka ke moze da manipulira so Ivanov no ne predvide deka ovaa supelka ke gi otkrie site manipulacii so koi se sluzi Grujo za da gi dobie izborite.Kasno e sega za bilo sto bidejki se e poveke od jasno ili kako sto miluva da kaze Grujo -transparentno.Igrate mnogu gnasna igra,ne fer,ne maski tuku premnogu kurvinski.Grujo zar ne ti e strav deka ako igras neposteno i so losa misla do sedum kolena ke te prati losa sreka??? Ako ne veruvas prasaj go tvojot iden predsedatel toj go propoveda toa.Lele Grujo kako samo se slizna na svoe govno.....
Од: Flaster siti
Датум: 14.03.2009 01:13:59
Илија Димовски од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ не сакаше да говори за изјавата на нивниот претседателски фаворит и само кусо рече: „Како партија, не бевме спомнати во изјавата на Ѓорге Иванов и не чувствуваме потреба да коментираме“. А бре суртук еден, ако се движиш во друштво на малоумни климоглавци, не значи дека сите во Македонија се такви! Која партија го кандидира Космодиск? Дури сега гледате каква тимбара сте предложиле па не знаете повеќе како да го браните. Е нема назад, ваш ви е. По 5 год. предложете го Амди Бајрам, исти се со Ѓоле.
Од: Odgovornost
Датум: 14.03.2009 01:23:27
Politicko-pravna analiza:prvo,se cudam kako moze g.Ivanov da prifati od svoja strana bez nikakvao politicko iskustvo najvisovaka drzavna funkcija!Vtoro,kako moze edna vladejacka partija da kandidira takov covek za pretsedatel i toa vo ovo vreme,koga na zemjata i treba licnost so mnogu bogato megjunarodno iskustvo!!Ovie teori,hipotezi sto gi neguva ivanov i vladata,ja raznisaat opstanokot na drzavata.Prvo,zbog sporot so imeto,blokadata za NATO i EU od drugata strana najteskata finansisko ekonomska kriza od vtorata svetska vojna.Ako prodolzi ovaa neodgovorna vlada so finansisko ekonomski eksperimenti,kako otkupot so mlekoto na stocarite,unistuvanjeto na SWEDMILK ..Kako e mozno da im se garantira na stocarite seto mleko,koe ke go prodavat,da im bide otkupeno minimum 5 godini,Milenko show maj 2008?!Drugo,proektot 3 i 4 dete??Kako moze najsiromasna zemja,so 35% nevrabot..da finansira takov proekt?Samo so druga vlada,grcija nema da stavi veto za vizna liberaliza,datum za preg!So grujo ne!
Од: citatel
Датум: 14.03.2009 01:29:08
Faktot za Nano Ruzin, deka na ovie izbori nema nikakvi sansi a se kandidirase izleze na videlina. on e Trojanskiot konj na VMRO DPMNE.
Од: Талент
Датум: 14.03.2009 01:42:46
Има луѓе кои немаат слух за музика. Овој човек, иако научно се занимава со политика, нема слух за политика! Не може да помине ден, а да не тресне некоја „зелена“ мисла! А, што би можело да се очекува од него, се разбира доколку биде избран за претседател, кога треба да разговара со странски државници и политичари? Затоа, при гласањето добро размислете чије име ќе заокружите!
Од: Долу Иванов!
Датум: 14.03.2009 01:59:30
Засрами се Ѓорѓе! Засрами се! Каков претседател ти ќе бидеш кога својата функција ја злоупотребуваш и манипулираш со студентите. Ако мислиш дека ќе најдеш оправдување, се лажеш, сам си призна. Сега десет Вардари не те мијат. Колнеш изгладнети млекари кои со пот и мака си го заработуваат лебот, присилуваш студенти да даваат потписи за твои интереси, лицемерен си и лажго. Ти можеш да бидеш се, но претседател не!
Од: ssr
Датум: 14.03.2009 02:11:01
ova ti e rekla kazala,pa zarem i vo vesnicive ima maalski raboti ? Se prasuvam do kaj se dotera narodot ,dali tie sto sakaat da zarabotaat se svesni deka narodot vo MK indirektno go napravia umobolen , go hipnotiziraa,pogotovo sega za izborive ,im ja odzemaa seta energija ,i sto e najloso partiski go podelija ,a neznam dali i narodot tolku nemoze da se osvesti deka tie (vladeackata garnitura) manipulira za da gi zadrzat svoite fotelji ,za da drpnat uste nekoj denar (citaj ogromni sumi),zalosno, zalosno se ovo sto se slucuva vo MK
Од: никола
Датум: 14.03.2009 02:17:34
Иванов е срам и блам за секој слободумен човек, с тудент и ѓраганин на Р. Македонија. Нека ни е со среќа со вакво КОМУНИСТИ! Поголем КОМУНИСТ нема - па и се фали со своите методи. Комунистите барем не` лажеа дека не е така. Бедотија!
Од: St. Aleksandar
Датум: 14.03.2009 03:07:32
Jas sum student na pravniot fakultet i na mene licno pr. Ivanov mi kaza deka e cesno sekoj kandidat da gi sobere potpisite za da si go zacuva sekoj kandidat svojot ugled, bidejki toa e fer plej , no vo nikoj slucaj ne mi nalozi da se potpisam za nekoj od kandidatite, seto ova e izvadeno od konteks, pozdrav do site kandidati a respekt za pr. Ivanov.
Од: Димитар
Датум: 14.03.2009 03:13:09
Ништо шокантно нема во таа изјава, злобници низаедни. Списокот: 1. а1 2. утрински 3. невладините инфилтрати
Од: vasil Naumov
Датум: 14.03.2009 03:53:46
kakvi ribolovci ima Mu frlija mama i pocna da place Abe kini i glavata na takvi ribi Brzo se fakat i lesno nasednuvat
Од: NL - pravedno
Датум: 14.03.2009 06:17:23
Pocituvani, Ovoj Ivanov i onaka ne go poznavav (covek bez nikakvi politicki iskustva), no so ovaa izjava direktno se pokazuva koj e i sto e. Manipulacija so studenti! Za ova vo moderna drzava se gubi rabotno mesto i krivicno se odgovara. Ne sum voopsto pozitiven za da se izbere za predsedatel na Makedonija. Za zal, nema nitu eden od kandidatite stil za predsedatel. Srgan Kerim bese naj OK, no toj ne se kanditira. Sega nemame mnogu opcii. Spored mene Nano Ruzin ili Selmani se najmerodavni za predsedatelska pozicija. Pozdrav do redakcijata i Makedonskite gragani.
Од: bo
Датум: 14.03.2009 06:37:00
gospdinot ivanov e najgolemo razocaruvanje vo predizbornata kampanja.iskreno ocekuvav mnogu povece od nego.
Од: vlade
Датум: 14.03.2009 07:22:54
Kako site naednas propadnaa v zemja.Ne bila spomnata partijata.Pa toj se drzna,po naredba na pastirot,da go osudi Frckovski vo Brisel,Silvana eksperesno da go osudi SDSM za vandalstvoto na nivnoto naracano demoliranje na avtomobilot na Mojsej,a sega nivniot Dole javno kaza a tie nemaat vrska so toa.Nemaat so "spontanata"poddrska od trite rektori vo MK za Ivanov koj javno go prizna toa.E sega neka izlezi Ivanov so Velimir i Zoglev pred studentite i neka gi pogledne v oci ako imaat obraz
Од: Bubastys
Датум: 14.03.2009 07:51:29
Na dnu dna. Koj e profilot na studenti koi se lepat okolu takov maloumnik, samite moze da zaklucime. A za doticniot, sega e jasno zosto Gruevski go krie od javni nastapi, na kutriot sekoe otvaranje na usta mu nanesuva samopovreda. Tesko na DPMNE (i na nas site) ako im e ova najdobriot kandidat sto mozea da go najdat.
Од: ljupco,bitola
Датум: 14.03.2009 08:31:31
Брат Љубе за претседател!!!
Од: некој
Датум: 14.03.2009 09:21:22
Пред извесно време имаше еден коментар кој отприлика гласеше вака:„Иванов нон-стоп да зборува,а Фрчкоски само да молчи,повторно Фрчкоски ќе излезе победник од тој дуел“.Е сега јас имам едно прашање до коментаторот што го беше напишал коментаров:Од кај знаеше?
Од: dbreak
Датум: 14.03.2009 09:37:55
Pravoto lice na Mifkata izlze na videlina. PO site kletvi lazgi magli uceni, se vide teka toj ni SPOSTVENATA PROFESIJA NI SOPSTVENITE STUDENTI NE GI POCITUVA, gi ucenuvq i laze; A kamo li Makedonskiot narod. Toj kako sitna dusa ne moze sebe da se vodi a kamo li nas. Site poltroni zasramete se shto trgnavte protiv studenti da gi pravite ludi deka nikoj ne im vrshi pritisok.
Од: Kire
Датум: 14.03.2009 10:03:07
E ako tepa ovoj Ivanov, definitivno sum siguren deka ne treba da postoime kako drzava ! Ne deka drugive se super i svitkaa dzam, ama ovoj dibidus ne e za da ima javna funkcija, a ne pa da bide predsedatel.
Од: KGB
Датум: 14.03.2009 10:12:43
Tek sega go razbiram g. Srdjan Kerim zosto ne se kandidiral za Pretsedatel. Pa ne sakal so ovaa " "boranija" od kandidati da se blamira ida si go turka avtoritetot. Dali vidovte kakvi " biseri" snosti tresese ovaj Ivanov vo emisijata kaj Ludi Milenko. Medju drugoto kaza kakvi metodi imale da gi otkrijat onie koi bile simpatizeri za Branko. Naime ce gi podprovocirale i tie naednas ce se postavele vo odbrana na Branko i SDSM. I doslovno kaza:" na toj nacin nie i gi otkrivame " Ne znam dali vodat register na tie lica?! Vidi majkata kakvi metodi imale , pa mozi da im zavidi i KGB i KOS. Da ne zboram za drugite tezi sto gi razvivaa i elaborira vo duet so Ludi Milenko. Covek da se cudi i da se krsti.Dali ovaj covek voopsto e profesor na univerzitet ili se raboti za nekoj laik? Abe ima li mozok ovaj sto zbori ili ne. Pa neka mu napisat na tetratka koga ima javni nastapi na mediumite da ne se glupira i da ne ja blamira partijata koja go kandiidira.
Од: Stara skopjanka
Датум: 14.03.2009 10:41:37
Poznavajki go Ivanov preku svieti pozitivni ostavuvanje za Mk. vo stranstvo, smetam za nedolicno da se prevrtuva recenioto od nego. poznavajki ja negovata cesnost, usluznost, dobrota, pretpostavuvam deka bikogo od studentite ne prisiluval da dadat potpisi za bilokogo, tuku samo poradi svojot karakter im sovetuval da si gi izrazat svoite delikratski obvrski. Toa studentite sekako ke mozat najdobro da go oibjasnat. zalno e sto tricata kandidati bea dolgi vreme povrzani so prijatelstva ikoe deneska umira. tazno e ako vistina VMRO ke se poigra so svojot kandidat na steta na makedonija i dobrotata na ovoj prekrasen semeen covek. So ova sakam da podvlecam deka najverojatno nema da glasam za nego, ne poradi nego, tuku id sosema drugi pricini
Од: Трпе
Датум: 14.03.2009 10:46:25
Ако ова е вистина ,што го кажува несудениот претседателски кандидат мислител на секојдневни бисери ,под хитно треба да се покрене кривична пријава за злоупотреба на студентите.
Од: Franko- London
Датум: 14.03.2009 10:49:53
So interes gi sledam slucuvanjata okolu izborite za pretsedatel na R.Makedonija i nemozam da se iznacudam.Komparacija: Ovde vo Velika Britanija izborite najcesto se slucuvaat vo raboten den,za identifikacija se kazuvat generaliite,adresata,a livcinjata se popolnuvaat so moliv?!! Za ova vi garantiram,zatoa sto i jas sum eden od glasacite. Nematepacki,kradenjaglasovi,namestuvanja ,pregolemo vozbuduvanje kaj glasacite,Se e normalno i del od sekojdnevieto.Toa e demokratija.Kaj nas se praktikuva kvazi-demokratija,a narodot,te. glasacite se tretiraat kako maloumni.I nie sakame Evropa da ne prifati? Ne postoi Politicka kultura,moral i po liticki kredibilitet.Ako kako rodrn makedonec nekoj me prasa ili mi dade pravo da glasam od "stranstvo",bi glasal za g-dinot Selmani.Zosto? Deluva najpribrano,ima harizma i ima nesto sto drugite kandidati go nemaat : Verba za podobra idnina za Makedonija i sto e najvazno,OPTIMIZAM. Za Evropa,a vo interes na site gragjani na R.M. toj e najprifatliv.
Од: Bitola
Датум: 14.03.2009 11:16:25
Videtemugo surato na Gorge i sve ke vi bide jasno.Covekov neznae poveke kaj tera i sto zboruva.Kosmodiskoj,KLETVI,korupcii odete studenti ke vi pisam sestka,JUG so bratmu,mestenja na anketi,nemozi R da reci.Pa klon da bese na Grujo ke bese malce porazlicen.
Од: Irina,kavadarci
Датум: 14.03.2009 11:26:09
Tipicen makedonski sindrom,plukame izmisluvame prikazni so cel da se unisti rejtingot na covekot sto vredi.Nikogas ne znaeme da go pocituvame i zacuvame kvalitetot!Poddrska za Ivanov
Од: gocem
Датум: 14.03.2009 11:33:51
Jas ovaa DEGUSTATIVNO bi go sporedil so eden banalen primer. Odite vo restorant da jadete i kelnerot vi veli deka kaj niv ne se poracuva jadenje tuku deka izborot za vas ke go napravi toj (kelnerot). I zamislete, sto ke vi bide ponudeno na tasna toa treba da go predzvakate..... E pa BON APETIT glasac'i
Од: jean
Датум: 14.03.2009 12:15:50
gospodinot ivanov ne go poznavam no otkako stana kandidat za pretsedatel gledam deka nema nikakvo politicko iskustvo .se gleda deka gospodinot neni ja pratil niedna sednica na naseto sobranie bidejki barem qe naucese nesto od drugite.sega vidovme deka e samo marioneta na gruevski no narode makedonski mislete deka toj utre treba da bide predsedatel i ke se sretne so mnogu medjunarodni licnosti mislite deka toj moze dane prestavi najubavo.go pocituvam negovoto dejstvuvanje kako profesor bi sakall da ostane kako takov ane vo politika zosto nego biva.sto se odnesuva deneska za licnost za predsedatel na makedonia gledam samo dvajca vo makedonia gospodinot selmani ili serdjan kerim mozebi ima nekoj drug koj uste nema aspiracii za ovaa funkcija no nego poznavam toa e samo moeto mislenje.so pocit do site makedonskite glasaci otvorete gi ocite i razmisluvajte sami ane so naredba na lideri kako grujo zaev taci ili ameti bidejki nie ispastame narodot.
Од: intelekt
Датум: 14.03.2009 12:19:43
lele coekov doprva ke vidime sto mustra e...drvo nedodelkano..tuu sramota!!!!!!a be kako spijat ovie luge?!spijat ko top..ete kako spijat!!!!
Од: bile
Датум: 14.03.2009 12:20:18
Pa so mu e na ovoj? Pa sam se demantira? Pa negova bese izjavata so kolnenjeto do sedmo koleno! Jas sum student na Praven fakultet...Gledav sto se slucuvase!HAhahahaha!A tie sto se demek studenti na Ivanov na reklamata?Nema vrska!Site se na pravni studii a Ivanov nikogas ne predaval na pravni studii...Toj e politikolog...Mnogu e jaden sirotiot...Znaete kolku pari se plakase za sobiranje potpisi? 10 evra!
Од: ivicaq
Датум: 14.03.2009 12:38:36
sea narode gledate zosto nesakaat dueli pa ovoj sam koa ke se pojavi sekoj zbor mu e neviden biser, ianku za ova se odgovara krivicno vo normalna nepartiska drzava i kandidatot si ja povlekuva svojata kandidatura , no povtoruvam toa e vo nepartiska drzava kade ne vladee VMRO
Од: МК
Датум: 14.03.2009 12:54:46
Народе дали гледате некаква разлика мегу Џоле космодиск и Амди Бајрам.
Од: Stefan
Датум: 14.03.2009 12:55:45
sega mi e krivo sto kampanjata ne trae podolgo ke slusnevme uste nekoj skec od Gorge koj e svetla tocka na ovie izbori ...politicarite znam sto ke kazat odnapred i mi se dosadni ama edvaj cekam Gorge da otvori usta sakas salati antiki kosmodisk, kletvi,zakoni od fizikata za plukanje vo visina abe se zgaziv od smeenje ...samo edna molba do DPMNE koga ke pusta spotovi da dade del od govorite na Zingo i Amdi ili mozebi se plasat deka tie dvajca ke go zasenat Gorge? :)))
Од: NEODGOVORNA
Датум: 14.03.2009 13:30:27
Gore Ivanov = Amdi Bajram, izvinete amdi e podobar za tie negovite 2%. BRUKA nevidena.
Од: Флуид
Датум: 14.03.2009 13:40:47
Да видам да не верувам. Незнам како успеал Иванов да ги убеди студентите на таква работа. Како што јас не ги сакам професорите верувам дека и останатите студенти го застапуваат моето мислење, така да не верувам да се случило таква работа.
Од: K.J. Kavadarci
Датум: 14.03.2009 13:45:56
Повеќе надвор од Македонија го ценат отколку ние самите,да почнеме веќе еднаш самите внатре да се цениме отколку да слушаме од некој друг,да престанеме веќе еднаш со провокации и фрлање на невистини се со цел да се наруши рејтингот на некоја личност што тоа не го заслужува,како што е случајот со Ѓорге Иванов.Навистина штета со вакво однесување за нас Македонците.Подршка за Ѓорге Иванов.
Од: Jakov
Датум: 14.03.2009 14:00:12
Uste mnogu godini ke pominat dodeka nie staneme vistinska demokratija. Kade e Samoilco so negovata nezavisna studentska organizacija. Toa e najstrasnoto vo ovaa situacija sto studentite molcat. Ne navleguvam vo toa dali Ivanov navistina sobiral potpisi iloi izlaza vo izjavat sto ja dade pred celata javnost. Vo demokratija vednas ke sleduvase odgovor od studentite koi se koristat vo politicki celi. Duri i vo nedemokratska Grcija setete se sto napravija studentite. Tie treba da se avangardata na drzavata, no za zal kaj nas uste na tie godini se poltroni na vladeackata garnitura. Zboram voopsto, bidejki istite tie deca bi bile privrzoci na bilo koja partija koja bi bila na vlast. So vakvi mladinci ne se grizite za idninata, bidejki nemame idnina.
Од: Mizi Asan
Датум: 14.03.2009 14:31:37
Razlikata pomegu A Bajram i G Ivanov e ogromna. A Bajram ne moze da snese tolku mnogu zeleni za tolku kuso vreme. Makedonija Nazdravje
Од: irena
Датум: 14.03.2009 14:37:21
Jas sum studentka na pravniot fakultet i go podrzuvam profesorot Ivanov.A toa deka ne teral da se potpisuvame e smesno.Pa kako moze nekoj mene da me natera nesto so sila negde da potpisam,znaci lugje nie ne sme ucenici vo nekoe osnovno uciliste,nie sme studenti i razmisluvame jas ako sakam nekoj da podrzamke podrzam.Toa deka Ivanov teral studenti se samo izlisni govori
Од: jimmy1
Датум: 14.03.2009 15:17:28
Abre ovaj sirotiov ne go biva nitu za ovcar a kamo li za predsedatel. Do Irena: Neznam dali si slepa, glupava ili pak toku ti podelile. Uste li ne progleda sto pravat ovie tvoive VMRO-OVCI, e zapustija drzavava, ni nosat stranski investitori za da e kradat drzavava i narodot a ne za da e podobrat ekonomijata. Osvestise VMRO-OVCO edna, izvadigi crnite naocari da vidis kade odis.
Од: Баба Ката од Секулицу
Датум: 14.03.2009 15:53:30
Ам’н бре људи, што сте запнае с’с дрва и камења против ЃОЛЕ НАШ! Тропае глупости, а што очекуете? Да ви каже баба Ката нешто. ЃОЛЕ не е, ни мауку крив, тоуку му сече ПАМЕТОТ. Куде са с’га ректори и оние други високи интелектуалци, за кои од Прешево наугоре никој не знае, ни чуе, кои се потпишаа и га молеа да привати понуду? Ќуте к’ко онуј работу под кошуљу, што би рекнае бате Столе,стар комуњар. Едно е сигурно.Нема дрого. Бранко и СДСМ на ЃОЛЕТА к’д је купувае КОСМОДИСК, подметнае му НЕИСПРАВАН. И затој с’Г имамо у нашу Секулицу узречицу: НЕ ТРОПАе К’КО МАКСИМ ПО ДИВИЗИЈУ НЕГО КАКО ЃОЛЕ НА ТЕЛЕВИЗИЈУ!
Од: tia
Датум: 14.03.2009 15:53:31
Поголема глупост не можеше да тропне Иванов, па на политички има вкупно од сите 4 год. околу 250 студенти и сите да се потпишале за Ружин по наредба на Иванов бројката е многу мала. А на Правни студии, каде што сум јас апсолвент, Иванов не предава ниту пак има било какви допирни точки со нас правниците.Не ми е јасно со што се фали овој човек. Нано сам си ги собра потписите, а Иванов како политиколог треба да знае дека политика не смее да спомнува на неговите предавања, ниту пак смее да лобира на неговите предавања. Кога тој не го почитува тоа мене не ми е јасно каков кадар вади тој? Смешно и жалосно за академски граганин и професор да кука вака само затоа што му е упатена критика за нешто што сите слушнавме дека тој го реце, односно дека колнеше до 7мо колено. Па како ке реагира Иванов ако од ЕУ добиеме негативна оценка за напредокот на државата или регуларноста на изборите, КЕ ГИ КОЛНЕ ДО 7МО КОЛЕНО ИЛИ КЕ ЛОБИРА КАЈ НЕГОВИТЕ СТУДЕНТИ ДА ОДАТ НА ПРОТЕСТИ ПРЕД ЕВРО ПАРЛАМЕНТОТ?
Од: Delco
Датум: 14.03.2009 16:03:20
Nesfatlivo e kako reagira nasata medijska javnost na edna dobronamerna izjava na G. Ivanov. Tuka se gleda i negovata golemina kako covek. Sto mislete dali e podobro diplomatski neiskreno da se izjasni i da gi ocrni svoite protivnici so kletvi! Dodeka kandidatite sedele zaedno za vreme na pojadokot pa vo momentot koga bil isprovociran od "prijatelot", reagiral, nisto cudno vo makedonski priliki. Samo posten covek reagira na toj nacin zatoa sto koj od niv da pobedi na izborite vo prodolzenie ke trba da imaat sorabotka so respekt prema odlukite sto ke treba da se kovaat idninata. Ivanov pokaza so kakvi protivnici si imal rabota.
Од: Petre
Датум: 14.03.2009 16:27:14
Brat Ljube Boskoski - Makedonski Vojvoda e edinstveniot kandidat od narodot. Da vidime kolku pozicijata i opozicijata ke go pocituva i slusa glasot na narodot
Од: Миле
Датум: 14.03.2009 17:03:25
Е мој Бране - пак Ве надмина студентот од ПП! Наместо да се обедините сите (дури и со ѓаволот), гласовите се разводнуваат и Вие губите најмалку 50 до 70 илјади гласови. Никогаш послаба и зашематена опозиција
Од: mak 2009
Датум: 14.03.2009 17:34:55
Во секоја нормална држава, веднаш државната изборна комисија реагира и го отстранува кандидатот поради нарушување на изборниот процес , а јавниот обвинител покренува истражна постапка за злоупотреба на службената функција која ја користи во изборната трка. И така ваков кандидат со ваква „интелигенција “ и политичко искуство ќе биде ненадоместлива штета за МАКЕДОНИЈА. Ајде сега да ја согледаме разликата во политичкото искуство меѓу сите кандидати и да видиме со каков „кандидат “ настапува власта - убедливо најнеспособен. (замислете Др. Срѓан Керим да се јавел на конкурс со овој кандидат) . Да не жално ќе биде комично.
Од: Akad. Prof. dr. Igor Janev
Датум: 14.03.2009 20:07:11
Kako i da e, Gorgi Ivanov ke pobedi! Ovie stosevi se karakteristicni za SDSM i Frcko. Sega e jasno deka Gorgi Ivanov e Pretsedatel na R. Makedonija!
Од: bivs titov mladinec
Датум: 14.03.2009 21:04:39
Prosecno inteligenten covek lesno moze da proceni sto se krie zad facata na Gjorge Ivanov!Surova,osvetoljubiva i beskrupulozna licnost koja sto ke zgazi se,ke ispluka,pa duri i unisti sekogo za da se zdobie so mok,a so toa i so materijalna blagosostojba."Covekot od narodot"-najmalku e toa za sto se prestavuva.Poseduva turisticka agencija na ulicata "Makedonija "vo Skopje i drugi raboti koi sto ne mozat da se specalat so nastavna dejnost.Posledniot nositel na titovata stafeta vo Skopje uste togas bese poznat po svojata alcnost,cicijasluk i poltronstvo kon onie koi sto moze da mu svrsat nekoja rabota.Grujo si go najde svojot par- covekot koj e podgotven na se,ta duri i na predavstvo zaradi svojot karierizam.
Од: student
Датум: 15.03.2009 00:56:56
Jas sum student i sakam da go prasam Ivanov za kogo treba da glasam, za nego ili za Nano.Podobro da si prasam za da ne ja gresam rabotava.Se nadevam deka Ivanov ke me educira. p.s. Ako treba i kosmodisk ke kupam.
Од: kobra
Датум: 15.03.2009 01:26:13
Смешно е ова што се прави против личноста на Иванов па освен обвинувања ништо друго не слушнавме никакви програми од кандидатите и приоритети.Само напред Иванов
Од: pk-canada
Датум: 15.03.2009 08:13:34
do tie od kavadarci, zarem e od vinoto ili nesto drugo ne znam ama site go branite ivanov, i se so istiot komentar, prasajte vo sbatob da vi napisat nekoj drug, za da smenite malku, do profesorot igor janev, tie stosevi ne gi kazaa od sdsm, tuku gi kaza sam ivanov, gledaj i citaj malku, ili i ti se umilkuvas za nekoja funkcija, samite studenti kazaa deka bilo taka, a i sto potreba toj ima da im kazuva na studentite za toa za kogo da se izjasnat i da se potpisat, bese i cudno kako nino gi sobra potpisite bidejci zad nego stoi mala partija. A sega do toj idiotot sto mi replicirase pred nekolku dena, jas sum vo Canada, se preseliv ovde posle konfliktot po pominati dva meseci vo rovovite, a ti kopuk eden kaj se skri? vo grcija? Zal mi e cesnite makedonski lugje sto se bez izbor, no mnozinstvoto taka sakase pa nazrdavje
Од: Mila Zica
Датум: 15.03.2009 08:54:45
Tocno e deka DPMNE sobirase potpisi za Ruzin! Mile Zica, sega vraboten vo MEPSO, gi nosese vrabotenite od MEPSO da se potpisuvaat za Ruzin.
Од: Стојко
Датум: 15.03.2009 11:46:23
Срамота за УКИМ, како за вработените, така и за студентите. Студентка, јане и други да се поклопат со ушите и да си ќутат, оти за срам не знаат. А кога сме кај врбување и слични дејствија, дали е нормално да се опраштаат 3 неоправдани (во една ги(о)мназија во Скопје) за учествување на денот на дрвата?
Од: Zoko
Датум: 15.03.2009 12:55:47
Ajde site zaedno da go izbereme Frckoski za pretsedatel. Fino lepo ke ne podeli, ke staneme severno Makedonci, ili istocni bugari ili juzni srbi ili levo orientirani Frckovisti. Takov covek li predlozivte komunisticka gardo ?! Katastrofa.. Sitkaci.. Narodot ke ve kazni !!
Од: Sladjana
Датум: 15.03.2009 15:30:08
Чудно е како еден професор може толку плитко да фаќа...Човекот е повеќе за жалење, делува некако изгубено, како да не сфаќа каде се наоѓа, ниту што точно му се случува...
Од: девичанецот
Датум: 15.03.2009 18:48:07
Почитувана Билјана? Само би те запрашал што е шокантно? Дали ако човекот некому му помогнал да собере повеќе потписи, или ако некој повикува на тие што нема да гласаат за него, да им ги скршиме нозете? Па сигурно еден милион од нашите граѓани треба да бидат со скршени нозе?А тоа не е шокирачко, нели? Само замисли си ти како би се осеќала со скршени нозе? Ајде, човекот, ако е човек, го дал тој повик на јавен собир. Има докази од снимки до сведоци. Па ајде повикај го Јавниот обвинител да реагира, а не Борче Давитковски да разговарал со Иванов, оти на најчовечки начин му помогнал на својот противкандидат? До каде ли оди новинарската неетичност??

Најди! во Утрински
Насловна
Претходен број
Ланскиот јуни не смее да се повтори
Волстрит продолжува да расте
Зденко
Црни дамки
Задоцнета мала победаОд нашиот дописник
Бруто-поигрувања
Карикатура
Антикорупциска со писма ја прашува Владата како троши народни пари
Срамната пресуда уште еднаш ги уби жртвите од Овчара
Барбика во почетокот беше Лилика
Колабира ли глобализацијата?
И МБИ 10 отиде нагоре по подолго време
Потрошете нешто од рејтингот - за државата
Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (12)