Фотографии од првенството
Радост и тага
Лариса Рикелме - Пресушија солзите во нејзините очи по поразот на Парагвај од Шпанија кој ги разочара и нејзините фанови на кои им вети дека ќе се соблече гола ако Парагвајците минат во полуфиналето на Мундијалот во Јужна Африка.
Оскар Кардосо - Не можеше да ги запре солзите по елиминацијата на Парагвајците од Шпанија во четврт-финалето на СП. При резултат 0:0 промаши пенал во 59 минута, казната за Парагвај стигна во 83 минута кога Давид Вилја погоди за пласман на „фуријата“ во полуфиналето.
ВИП - Германската канцеларка Ангела Меркел во друштво на претседателот на Јужна Африка, Џејкоб Зума, и претседателот на ФИФА, Сеп Блатер, во ВИП ложата на „Грин поинт“ во Кејп Таун. На радоста и воодушевувањето од она што го демонстрираа нејзините сонародници на тревникот во дуелот со Аргентина им немаше крај.
Асамоа Гјан - Наместо херој, стана трагичар. Не успеа да го реализира пеналот во 120 минута во мечот со Уругвај. Подоцна неговата репрезентација загуби на пенали и не успеа да стане првата африканска земја која се пласирала во полуфинале на СП.
Холанѓанец меѓу Бразилци - Само тој имаше причина за радост во својата ок��лина. Мечот на неговата Холандија со Бразил го следеше опкружен со Бразилци, но тоа не му пречеше да ја слави големата победа на „лалињата“.
Диего Марадона - По дебаклот на неговиот тим во четврт-финалето на СП група германски навивачи го фотографираа, потег што го сфати како провокација, а тотален хаос спречи ќерка му, Далма (лево), која успеа да го одвлече кон соблекувалните |