Запленет трофеј за СП направен од кокаин
Трговијата со дрога нема граници. Наркокартелите на сите можни начини се обидуваат да го дистрибуираат „белиот прав“ низ светот, а од престолнината на дрогата, Богота, стигна бизарна вест. Тамошната полиција, на аеродромот во главниот колумбиски град, заплени реплика на трофејот на Светските фудбалски првенства направен од кокаин. Шефот на единицата за борба против дрога во аеродромот, Хозе Пиедрахита, рече дека колумбиските власти пронајдоа необична статуетка за време на рутински преглед на магацините на авио-пристаништето во Богота. |