Број 3324  понеделник, 05 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Крај на мундијалските фрустрации на „фуријата“

Фудбалската репрезентација на Шпанија го победи Парагвај со 1:0 и по четири неуспешни обиди, конечно, мина во полуфинале на Светските првенства. Шпанските медиуми еуфорични по пласманот на „црвената фурија“ во големата мундијалска четворка во Јужна Африка, момент што земјата желно го очекуваше 60 години. Последното полуфинале на едно СП, Шпанците го одиграа во 1950 година , но тогаш се играше финална група, а не класичен меч за пласман во финале.

„Сите Шпанци живееја за овој ден“, тврди тиражна „Марка“ додавајќи дека на генерации Шпанци националниот тим им приредуваше разочарувања и фрустрации, но сега е ставен крај на тоа. Под насловот „Крв, пот и победа“ дневникот „Ас“ коментира дека Шпанците конечно научија како се победува со неубава игра во дуели во кои одлучува една топка. Во сите насловни страници во шпанските весници се објавени фотографии на два хероја - голманот Икер Касилјас и стрелецот на победничкиот гол, Давид Вилја.

Нешто помалку еуфоричен е „АБЦ“ кој тврди дека Шпанија не одигра добро против Парагвај и се' уште не ја демонстрира играта со која стана европски првак во Австрија и Швајцарија.

„Шпанската игра на куси и точни додавања не функционираше. Игравме бавно и без идеја, а така нема да ја победиме Германија“, тврди „АБЦ“ кој и во оваа пригода не пропушти да нотира уште една слаба партија на Фернандо Торес.

Во полуфиналето Шпанија ќе игра со Германија. Во тој контекст шпанските медиуми ги пренесуваат тврдењата на селекторот Висенте дел Боске.

„Кога можевме да ги победиме во финалето на Европското првенство во 2008 година, можеме да ги победиме и тука, на Светското првенство, во Јужна Африка“.


#
Статијата е прочитана 1078 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 05.07.2010 08:28:45
Spanija-Germanija, toa ke bide interesna utakmica.

Најди! во Утрински
Спорт
Четврти вимблдонски трофеј за Серена
Уругвај го доби пенал-рулетот со Гана
Бразил во депресија
Радост и тага
Германија во транс по разбивањето на „гаучосите“
Геј загуби од Дикс на 200 метри
Ремонт на Аргентина во германскиот сервис
Проклетството на Златната топка
Запленет трофеј за СП направен од кокаин
Новицки уште четири години во Далас
Понижувањето на „гаучосите“ го гледаа Џегер, Ди Каприо, Терон...
Канчелара поведе на Тур де Франс
Победничка низа без крај на Лоренсо