Број 3324  понеделник, 05 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Германија во транс по разбивањето на „гаучосите“

Медиумите предвидуваат титула и го исмеваат аргентинскиот селектор Марадона

Германските весници предвидуваат триумф на својата репрезентација на Светското фудбалско првенство во Јужна Африка, истовремено исмевајќи го противничкиот селектор Диего Марадона по „демолирањето“ на Аргентина со 4:0 во четврт-финалето. Блескавата победа во саботата во Кејп Таун дојде помалку од една седмица откако избраниците на Јоаким Лев еднакво убедливо ги уништија надежите на Англија, совладувајќи ја со 4:1 во првиот круг од елиминациите. Последната голема победа ги фрли во транс вообичаено хиперкритичните германски медиуми и нивната публика.

„Благодариме херои!“, напиша весникот „Билд ам зонтаг“. „Неверојатно! Германија ја совлада Аргентина со 4:0. Четири спрема нула!“.

Колумнистот на „Билд ам зонтаг“, некогашниот репрезентативец Гинтер Нецер, кој обично е тежок на комплименти, овој пат не можеше да се воздржи.

„Ова е повеќе од победа, ова е демонстрација на ’убермахт‘ (супериорност)“, напиша Нецер, сега популарно ТВ-експерт. „Ова е една од најдобрите игри на германската репрезентација што сум ги видел некогаш“.

Нецер признава дека погрешил со своите претходни јавно изразени сомневања околу Мирослав Клосе и Лукаш Подолски. „Никогаш не би помислил дека тие ќе одиграат толку силно Светско првенство“.

Поранешниот германски селектор Јирген Клинсман, кој ја одведе селекцијата до третото место на СП 2006, а сега е ТВ-аналитичар, исто така е полн со пофалби за тимот и за неговиот наследник Јоаким Лев.

„Тимот изгледа многу се забавува, што е основа за атрактивен фудбал, а Јоги (Лев) извонредно си ја врши работата“, коментира Клинсман.

Милиони навивачи ги окупираа местата за јавно гледање на натпреварите од Мундијалот и беа пофалени од Лев за помошта во мотивирањето на тимот.

Повеќе од 350.000 луѓе го следеа мечот на огромни екрани во центарот на Берлин. Оставајќи ја настрана својата вообичаена неволност за сметка на веењето на знамето, германските фанови се обвиткаа себеси во знамето со црна, црвена и златна боја и славеа со досега невидено ниво на патриотизам.

„Дојчланд ајних цауберланд“ (Германија ја обедини Земјата на волшепствата), напиша „Зидојче цајтунг“. „Победата од 4:0 над Аргентина не е резултат само на доминацијата на теренот, туку и на супериорната тактика на Лев“, напиша колумнистот на весникот Томас Хумел. „Диего Марадона изгледаше како револвераш на рид во вестерн-филм. Тој одвај ја контролираше нервозата пред мечот, прегрнувајќи некои од фудбалерите како тукушто да починал нек��ј од нивното семејство. Прекумерниот излив на емоции кај противникот можеби немаше да ја одведе Германија до рано водство, но помогна во тоа. Германците, за разлика од нив, делуваа смирено и прибрано од почетокот“.

Други весници изразија изненаденост од силата на тимот.

„Тим на соништата“, напиша „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. „Цела Германија полуде со овие неверојатни победи над Англија и сега над Аргентина. Секој што пред три недели ќе предвидеше победа од 4:1 против Англија и потоа демолирање со 4:0 на Аргентина ќе испаднеше смешен како безнадежно наивен фудбалски лаик. Тимот на Лев против Аргентина покажа дека е светска класа“.

„Велт ам зонтаг“ пишува дека Германија сега е најголем фаворит за титулата.

„Титулата ни е на дофат“, напиша колумнистот на „Велт ам зонтаг“, Штефан Фроман. „Со храброст и со цврстина германските фудбалери затропаа на портите на рајот. Среќниот крај на летната приказна наближува. Го откривме чувството ’Ние сме Германија‘ пред четири години благодарејќи на Јирген Клинсман. Благодарејќи на неговиот наследник Јоаким Лев повторно ја откриваме нашата љубов кон фудбалот. Репрезентацијата го впива чувството ’Ние сме Германија‘ од навивачите дома оддалечени илјадници километри и ја употребува таа енергија на теренот“.

Фроман забележува дека 20-годишниот германски напаѓач Томас Милер беше еден од милионите навивачи што го гледаа добриот настап на Германија пред четири години од местата за јавно следење на натпреварите.


#
Статијата е прочитана 1182 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Четврти вимблдонски трофеј за Серена
Крај на мундијалските фрустрации на „фуријата“
Уругвај го доби пенал-рулетот со Гана
Бразил во депресија
Радост и тага
Геј загуби од Дикс на 200 метри
Ремонт на Аргентина во германскиот сервис
Проклетството на Златната топка
Запленет трофеј за СП направен од кокаин
Новицки уште четири години во Далас
Понижувањето на „гаучосите“ го гледаа Џегер, Ди Каприо, Терон...
Канчелара поведе на Тур де Франс
Победничка низа без крај на Лоренсо