Број 3324  понеделник, 05 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Ремонт на Аргентина во германскиот сервис

Младиот германски состав на Лев им го нанесе најголемиот срам на Марадона и на неговите фудбалери

„Ова е како да не удрил Мухамед Али“, сликовито објасни Диего Марадона како Германците на суров начин ја претворија приказната за аргентинскиот бог во „Снежана и 11 џуџиња“.

Никој и никогаш, како сега во четвртфиналето во Кејптаун, не ја понижил Аргентина. Рационалните „германски пионери“ ги закопаа констатациите за Марадона како мотиватор, како досега невиден пренесувач на позитивна енергија. Швајнштајгер, Подолски, Милер, Кедира, Озил.... му покажаа дека на најголемата сцена не може бескрајно долго да трае камуфлирањето на неговиот селекторски дефицит.

„Најн, хер Марадона! Преку нас не може да пројдеш ниту ти ниту твојот син Меси. За пласман во полуфинале потребен е тим. Потребно е знаење на секој дел од теренот, а во твојот случај најмногу од клупата, бидејќи кадарот ти е одличен“, во долгите и мачни 90 минути му ги напишаа „панцирите“ на Марадона овие кратки четири реда на разбирлив за него германски.

За тренерското искуство на Мардона бездруго говорат фактите: Палермо го спаси во последната минута од елиминација од квалификациите, доживеа нестварен пораз од Боливија 1:6, во две години изротира 100 играчи, а пак одбраната му е смешна. Поради својот инает не ги повика Занети и Камбијасо од европскиот шампион Интер, а Милито му грееше клупа.

Против Германија се виде дека целиот тим зависи од продорите на Меси (кој издишува кога ќе се удвои) и продорите на Тевез. „Дајте му ја топката на Меси и да се играме“, беа зборовите на Марадона пред почетокот на Мундијалот.

Е, токму поради нив тој непрестано си ги забиваше дланките во лицето, додека канцеларката Ангела Меркел ги изгоре од аплаузи. Смешно беше да се гледа германската доминација и головите како на „децата од Павловата улица“. Прецизни и кратки додавања, промената на страните, втрчувања и реализација. Боатенг и Фридрих бедем пред својот гол, Лам добар и во дефанзивните и офанзивните задачи, а Кедира како и обично задолжен за валканите работи. Озил совршена спојка за таканаречената полска копродукција Клосе - Подолски: „Добро е што Балак ни се повреди“, тоа јавно нема да го каже Лев ама сигурно си го мисли.

На другата страна ништо не функционираше од голманот до селекторот.

Хајнце, Демикелис, Отаменди, Бурдисо со еден потег смешни ги правеа напаѓачите на Германија. А, при третиот гол Швајнштајгер (според многумина играч на натпреварот) си поигра со внимавајте Ди Марија и Игуаин! Да, тие беа во својот шеснаесетник кога логично требаше да напаѓаат. Тотална загубеност, никој не знаеше што, каде и зошто игра.

Затоа не држат тезите дека тоа не беше ден на Аргентина, бидејќи бројните ѕвезди и некои од најдобрите светски играчи не може така колективно да потфрлат. Поточно би било да се каже дека погрешно се водени. Против екипите од понизок ранг Аргентина беше добра и даваше лажна слика за објективниот квалитет, но во првиот дуел на највисоко ниво лагата исчезна. Аргентина против Германија не создаде ниту една стопроцентна шанса!

Во последните 20 минути беше буквално тажно да се гледаат Аргентинците кои едвај чекаа да си заминат во соблекувалната.

„Сонот не се оствари. Нашиот пат беше пократок од очекувањата, но го почитувавме аргентинскиот стил на игра и се вративме на старите корени. Може јас да си отидам уште утре, но сакам овие комчиња да продолжат играјќи вистински аргентински фудбал. Ние имавме план како да ги совладаме, ама тие од првиот напад дадоа гол. Таму почна еден друг натпревар. Кога поведоа почнаа да прават работи кои досега не ги правеа. Тој погодок им даде идеи кои пред тоа ги немаа. Беа поконкретни. Моите фудбалери играа добро, ама не беа свежи да ги претворат шансите во голови“, изјави по мечот скршениот Диего.

Со право по оваа негова бизарна анализа новинарите го прашаа: Диего па ти кој меч го гледаше? За која аргентинска игра зборуваш? Кој ли само беше твојот план?... За потоа да се навратат и на неговото бизарно минато. „Своевремено во Наполи изигруваше ултимативна икона на шампањските социјалисти и вљубеници во Че, а истовремено и беше омилен и на најмоќната мафија - наполитанската Камора, која не е позната по партизанските и фиделовски идеали. Марадона нималку левичарски трошеше милиони на кокаин и проститутки, додека неговите идолопоклоници се гушеа во ѓубре и беда. Време е конечно од Марадона да почне да паѓа златото кое му се лепеше, ако поради ништо друго, поради тоа што Лев му покажа дека е за него - Марадона!“, поентираа аналитичарите. (Н.К)


#
Статијата е прочитана 1128 пати.

Испрати коментар

Од: Nikola
Датум: 05.07.2010 07:34:54
Germanskata fudbalska masinerija nema dostoen protivnik na ovaa svetsko prvrnstvo. Na sekoja utakmica se poveke doagja do izraz nivnata fudbalska mok na zeleniot teren a nejzinite golovi mozat da se sporedat so golemite sahovski potezi na sahovskite legendi.SAH-MAT !

Најди! во Утрински
Спорт
Четврти вимблдонски трофеј за Серена
Крај на мундијалските фрустрации на „фуријата“
Уругвај го доби пенал-рулетот со Гана
Бразил во депресија
Радост и тага
Германија во транс по разбивањето на „гаучосите“
Геј загуби од Дикс на 200 метри
Проклетството на Златната топка
Запленет трофеј за СП направен од кокаин
Новицки уште четири години во Далас
Понижувањето на „гаучосите“ го гледаа Џегер, Ди Каприо, Терон...
Канчелара поведе на Тур де Франс
Победничка низа без крај на Лоренсо