Број 3324  понеделник, 05 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Канчелара поведе на Тур де Франс

Швајцарецот Фабијан Канчелара прв ја облече жолтата маичка како победник во прологот во Ротердам со кој почна велосипедската трка Тур де Франс. Возачот на тимот на Колумбија, Тони Мартин, беше во водство во најголемиот дел од првата етапа долга 8,9 км, односно до моментот кога светскиот шампион на хронометар Канчелара од Саксо банк изби на чело, финиширајќи по точно десет минути. Младиот Германец Мартин заостана десет секунди.

Британецот Дејвид Милар од Гармин транзишнс влезе трет низ целта со заостанување од 20 сек., а две секунди по него етапата ја заврши седумкратниот победник на Тур де Франс, Американецот Ленс Армстронг од Радиошек. Легендарниот тексашанец го остави зад себе пет секунди својот лут ривал и бранител на трофејот, Шпанецот Алберто Контадор од Астана.

„Оваа победа навистина не' покренува. Таа покажува дека јас сум подготвен, но и тимот исто така“, изјави Канчелара.

Британецот Бредли Вигинс, четврти во вкупниот поредок минатата година, беше едно од најголемите разочарувања на денот, завршувајќи 77. и со заостанување од 56 сек. Лани второпласираниот севкупно, Луксембуржанецот Енди Шлек од Саксо банк, вртеше незадоволно со главата додека влегуваше во целта со време од 11:09 мин., 47 сек. послабо од тоа на Армстронг и 42 сек. од Контадор.


#
Статијата е прочитана 178 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Четврти вимблдонски трофеј за Серена
Крај на мундијалските фрустрации на „фуријата“
Уругвај го доби пенал-рулетот со Гана
Бразил во депресија
Радост и тага
Германија во транс по разбивањето на „гаучосите“
Геј загуби од Дикс на 200 метри
Ремонт на Аргентина во германскиот сервис
Проклетството на Златната топка
Запленет трофеј за СП направен од кокаин
Новицки уште четири години во Далас
Понижувањето на „гаучосите“ го гледаа Џегер, Ди Каприо, Терон...
Победничка низа без крај на Лоренсо