Број 3432  понеделник, 15 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter

Нема веќе кредити, само стипендии за студентите

Предвидени се вкупно 2.800 стипендии, а конкурсот ќе биде објавен денес


Студентите од оваа година ќе конкурираат само за стипендии. Предвидени се вкупно 2.800 стипендии, а конкурсот ќе биде објавен денес. Еден од најважните услови за добивање стипендија е постигнатиот успех. Министерството за образование ги укина студентските кредити, бидејќи студентите речиси никогаш не ги враќале парите од кредитот.

Министерот за образование, Никола Тодоров, вчера соопшти дека укинувањето на моделот на студентски кредити е резултат на тоа што во изминатите 15 години, од 1995 година до денес, не било побарано овие средства да бидат вратени и со тоа државата има побарувања од една милијарда денари. „Имајќи предвид дека во минатото овие кредити се претвориле на некој начин во стипендии, новиот модел го предвидува токму тоа - за студентите да се одобруваат само студентски стипендии“, изјави Тодоров. Средствата што не се вратени од кредитите во најголем дел се застарени ненаплативи побарувања и тие ќе бидат избришани.

Годишно ќе се доделуваат 1.000 стипендии во износ од 3.000 денари месечно, а право на добивање ќе имаат студенти што оствариле просек над 8 од техничките факултети и медицинските науки, односно над 8,5 од општествените и уметничките науки. При доделувањето, од вкупно 100 бода, 50 ќе носи постигнатиот успех, 40 остварените приходи на родителите-старателите и 10 бода за видот на студии.

За студентите од социјалните категории, годишно ќе се доделуваат 1.600 стипендии во износ од 2.500 денари месечно. При доделувањето на овие стипендии, од вкупно 100 бода, 20 ќе се однесуваат на постигнатиот успех, 70 на остварените приходи на родителите-старателите, а додатни 10 бода ќе добијат студенти - деца без родители, деца со посебни потреби, деца на самохрани родители, деца на корисници на социјална помош, како и деца на корисници на надомест по основа на технолошки вишок.

Годишно ќе се доделуваат и 200 стипендии за талентирани студенти и тие ќе бидат во износ од 4.000 денари месечно. За нив ќе можат да конкурираат студенти што оствариле просек над 8,5 (техничките факултети и медицинските науки), односно над 9 (општествените и уметничките науки). При доделувањето на овие стипендии, од вкупно 100 бода, 80 ќе се однесуваат на постигнатиот успех, 10 на остварените приходи на родителите-старателите, додека останатите10 бода ќе носи видот на студиите. (П.Р.)


#
Статијата е прочитана 1419 пати.

Испрати коментар

Од: todor
Датум: 15.11.2010 16:16:36
Да го видиме сега јавното обвинителство дали ќе покрене кривична пријава против Министерот Тодоровски бидејќи со оваква одлука ја оштетува државата и нашите пари им ги опростува на поединци а на останатите за ��В претплата ни праќа извршители. И ова е кривично дело според КЗ на македонија.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Ниска јаглеродна економија
Од ОН уверувале дека ќе се коригираат за јазикот
Водителски камбек под полн напон
Безимени и глувонеми
Каде се скрија вистинските кодоши
Тачи
Изложба на детски цртежи во Кинотека
Далеку е Европа!
Стоечки овации во Карнеги хол за Симон Трпчески
Фетел најмлад светски првак во Формула 1
Македонскиот јазик се врати во ОН
Златен прстен за македонска телевизија во Врбник
Коњановски
Царината се поднови пред Нова година
Карикатура
Новинарите ги полнат турските затвори
Стил
 


Moldovan president rejects treaty with Romania as 'illegal'
Balkans must fight harder against organised crime, says EU
New Hungarian media law proves controversial