Број 3432  понеделник, 15 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter

Музичко шоу

Водителски камбек под полн напон

Ана Шутиновска

Се враќа на екраните како дел од екипата на најголемиот музички проект во продукцијата на Ем-Ти-Ви канал со музичкото шоу „Хиторама“

Валентина Тодоровска

Ана Шутиноска, 27-годишна девојка, е дел од подмладокот на водителската екипа на регионалниот Ем-Ти-Ви канал, што се емитува на просторот од Вардар до Триглав. Музиката е императив во животот на оваа девојка, а секојдневното калење го има во Антена 5 радио, каде што работи од 2004 година.

Ана вели дека тоа што е денес се должи на нејзината голема амбиција, ама и на искуствата во МС телевизија и двегодишниот ангажман во „Вртелешка“. Сега е пред нов предизвик и со полн капацитет се подготвува за репортер во музичкото шоу „Хиторама“.

Да започнеме со ангажманот во Ем-Ти-Ви канал. Трае неколку години, од старт беше водителка, а потоа и промотор на настани, концерти... Сега те очекува „Хиторама“, камбек пред музичката телевизиска публика.

- Она што моментално го работам на Ем-Ти-Ви канал е TAM (Talent и Music) претставник за Македонија. ТАМ, т.е. „Talent и Music Menager“ е функција воведена со цел полесно да се дојде до брендот Ем-Ти-Ви. Мојата работа е да контактирам со артисти, чија музика треба да стигне до нашиот канал, да работам со организатори на концерти, да се направи подобра промоција на нивниот настан итн. Во овој процес на работа, главната цел е помош и поддршка на македонските изведувачи за пробив и надвор од границите. Инаку, да, мојот првичен ангажман, всушност, беше водителски. Првото појавување на екранот на Ем-Ти-Ви ми беше улогата на водител на „MTV Rock Chart“. По извесна стагнација, сега повторно се враќам како дел од екипата која ќе работи на најголемиот музички проект во регионални рамки, секако, во продукција на Ем-Ти-Ви, а тоа е музичкото шоу „Хиторама“. Мојата улога е репортерска, односно ќе известувам за сите интересни настани од нашата земја, со музички префикс, пред се'. Двајцата главни водители на проектот се актерот Сергеј Трифуновиќ и фронтменот на хрватскиот состав „Лолобриџида“ – Ида Престер. Останатите репортери од регионот, генерално, ми се познати. Пристапот во работата, на самото место, водителскиот ангажман се движи во рамките на лежерноста и природноста. Ем-Ти-Ви како бренд подразбира понепосреден пристап на луѓето кои се појавуваат на екран.

Музиката која се презентира од овие простори е автентична и интересна. На каков прием наидуваат нашите музичари на презентирањето на Ем-Ти-Ви канал?

- Една работа која мора да се потенцира е тоа дека Ем-Ти-Ви не фаворизира никого. Тоа значи дека е сосема неважно од која земја во регионот доаѓа артистот. Она што нас ни е важно е квалитетот. Ем-Ти-Ви има строго утврдени норми што се почитуваат, особено при изборот на она што треба да се емитува. Морам да напоменам дека процентот на застапеност на регионални и на домашни (македонски) изведувачи се' повеќе се зголемува, на наша голема радост.

Досега од македонските артисти што се појавиле на Ем-Ти-Ви се: Дани, „Суперхикс“, Кирил Џајковски, „Беј д’фиш“, „Памперс“, „Ај кју“, „Бла, бла , бла“, „ПМГ колектив“, Дуке Бојаџиев и ред други. Дел од нив имале премиера на најновите видеа. Еве, токму денеска во 20 часот ќе можете премиерно да го погледнете и новото видео од „Беј д’фиш“ за „When He Was Young“.

Работиме напорно на презентирањето на македонската музика на Ем-Ти-Ви. Пресреќна сум зашто имаме се' повеќе имиња што имаат капацитет да излезат и надвор од нашите граници. Секако, единствено е многу важен нивниот континуитет во работата. Ем-Ти-Ви нуди поддршка за сето она што е урбано, што звучи емтиовски и, секако, ги задоволува веќе поставените стандарди. Пред се', важен е изведувачот и тоа колку е тој квалитетен. Потоа, обрнуваме внимание на квалитетот на песната, а дури на крајот доаѓа квалитетот на спотот. Причината зошто спотот е трета ставка во одлучувањето е поради нашата апсолутна свесност дека не може секој изведувач да си дозволи да сними висококвалитетно видео.

Може ли преку овој канал да се излезе од локалните рамки? „Ван Гог“ учествуваа на наградите Ем-Ти-Ви EMA, „Лолобриџида“, исто така...

- Тоа воопшто не е утопистичко размислување. Ем-Ти-Ви Адрија е дел од глобалното семејство Ем-Ти-Ви, така што ништо не е исклучено. Верувам дека за тоа да се случи треба да се склопат коцките. Вистинска песна – во вистинско време. Пример за тоа е годинешниот добитник на наградата „Ем-Ти-Ви“ за најдобар регионален изведувач Грамофонџије. Неговата песна успеа да се пробие и надвор од регионалните рамки, што значеше почеток на интернационална кариера. Токму во овој момент, тој е на турнеја во Австралија, која следува, пак, по многубројните настапи низ Европа. Вербата во себе, напорната работа и несебичната поддршка од Ем-Ти-Ви (која, секако, секој артист ќе ја добие, ако е квалитетен) и верувам дека резултатот ќе биде задоволувачки.

Кои се нашите најголеми фаворити? Патем, има ли моментално во музиката тренд, како што кај нас победи хип-хоп револуцијата?

- Кој и да прашате од светските ѕвезди денес ќе ви каже дека во музиката повеќе не постојат граници. Тука јас и мојата маленкост апсолутно ќе се согласиме. Мислам дека трендот да се спојува она што e тотално спротивно е одличен. Денес имате соработка помеѓу DJ и супер позната поп-ѕвезда или хип-хоп артист со рок-бенд. Сето ова дава универзална поврзаност, која ги урива границите и тоа, според мое лично видување, е сосема легитимно.

Нема да зборувам за фаворитите, оти како што спомнав во претходните одговори, Ем-Ти-Ви не фаворизира никого.

Ова не те прашувам попатно - младите се' повеќе се навлекуваат на турбофолкот, а дека е тоа така кажуваат и полните сали на пејачите од подалечно и поблиско соседство. Патем, што слушаш ти?

- Приватно најмногу слушам рок-музика. Во последно време се навраќам на оние бендови и артисти од 1990-тите со кои израснав. Она што имам намера да го преслушам во најскоро време е новиот албум од легендарниот Slash, всушност, негов деби соло-албум на кој се појавуваат звучни имиња, како што се Ози Озборн, Адам Левин, Кид Рок, Иги Поп и ред други. Сигурна сум дека звучи одлично! Што се однесува до турбофолкот, апсолутно сум против неквалитетна музика, односно против т.н. турбофолк. За жал, се' повеќе млади луѓе се заразени со овој правец, што поради она што медиумите агресивно им го пласираат, било поради неможноста да излезат надвор од нашите граници и да погледнат некој квалитетен концерт или да бидат дел од некој квалитетен музички фестивал. Немам ништо против нашите добрососедски односи да се одржат и на музичко ниво, но мора да се има граница. Сепак, ова е слободна земја со силно изразени демократски принципи, па, ете, нека бидат задоволени сите вкусови. Ние што сакаме да слушаме подобра музика, а сме во помал број, ќе се снаоѓаме, секој како што знае и умее.

Твојата постојана работа е во Антена5, радио што било секогаш ригорозно околу прашањето на музиката што ја презентира. Колку влијаете едукативно врз публиката кај нас?

Работата во Антена 5 апсолутно ме исполнува, оти станува збор за една сосема поинаква магија, која се создава помеѓу мене и аудиториумот, кој ми е толку непознат, а сепак толку близок. Тоа е најслушаниот медиум во Македонија и тоа 18 години едноподруго. Секако, тоа подразбира дека ја има и моќта да влијае врз својата публика. Драго ми е што нашиот број на слушатели се' повеќе се зголемува. Во контекст на ова зборува и нашата постојана присутност преку сите можни средства за комуникација, „Фејсбук“, „Твитер“, Антена 5 ФМ итн. Поентата е да се дружиме со нашите слушатели, со нашата публика на најнепосреден начин. Презентирањето квалитетна музика, присутноста на сите позначајни музички, но и спортски манифестации во светски рамки верувам дека влијае едукативно врз нашата публика.

Спотот на трето место

Ем-Ти-Ви нуди поддршка за сето она што е урбано, што звучи емтиовски и, секако, ги задоволува веќе поставените стандарди. Пред се', важен е изведувачот и тоа колку е тој квалитетен. Потоа обрнуваме внимание на квалитетот на песната, а дури на крајот доаѓа квалитетот на спотот. Причината зошто спотот е трета ставка во одлучувањето е поради нашата апсолутна свесност дека не може секој изведувач да си дозволи висококвалитетно видео.


#
Статијата е прочитана 2112 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Ниска јаглеродна економија
Нема веќе кредити, само стипендии за студентите
Од ОН уверувале дека ќе се коригираат за јазикот
Безимени и глувонеми
Каде се скрија вистинските кодоши
Тачи
Изложба на детски цртежи во Кинотека
Далеку е Европа!
Стоечки овации во Карнеги хол за Симон Трпчески
Фетел најмлад светски првак во Формула 1
Македонскиот јазик се врати во ОН
Златен прстен за македонска телевизија во Врбник
Коњановски
Царината се поднови пред Нова година
Карикатура
Новинарите ги полнат турските затвори
Стил
 


Moldovan president rejects treaty with Romania as 'illegal'
Balkans must fight harder against organised crime, says EU
New Hungarian media law proves controversial