Царината се поднови пред Нова година
(16.11.2010г.-09:50ч.) Седум специјални автомобили за царински кучиња за откривање на дроги и шест електронски детектори доби Царинската управа како донација вредна 300.000 евра од Европската унија преку програмата ИПА 2007 година. Опремата ќе им помогне на царинските работници во спречувањето незаконско пренесување дроги, прекурсори, опасни материи и хемикалии, односно оружје за масовно уништување.
|