Новинарите ги полнат турските затвори
(16.11.2010г.-09:43ч.) Во моментов во турските затвори лежат околу 50 медиумски работници, а шестмина од нив се осудени, поради што Европската федерација на новинари ја поддржа кампањата на турската Платформа за слобода на новинарите, која инсистира за ослободување на сите новинари. Претставници на организацијата, заедно со здруженијата на новинари од Велика Британија и Белгија, пред неколку дена протестираа пред зградата на турската амбасада во Брисел.
|