Број 3432  понеделник, 15 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter

Фетел најмлад светски првак во Формула 1

Возачот на Ред бул, стар 23 години и 135 дена, победи во финалето во Абу Даби и го престигна лидерот Алонсо, кој заврши само седми на патеката „Јас марина“

Себастијан Фетел победи во трката за Големата награда на Абу Даби и ја освои својата прва шампионска титула, истовремено станувајќи најмладиот првак во историјата на Формула 1 со своите 23 години и 135 дена. Германецот од Ред бул во последната трка од сезоната влезе како трет во вкупниот поредок, заостанувајќи 15 бода зад Фернандо Алонсо, но Шпанецот од Ферари заврши на недоволното седмо место. Другиот претендент за титулата од Ред бул, Австралиецот Марк Вебер, кој пред Абу Даби имаше осум бода помалку од Алонсо, финишира веднаш зад него и од второто место во генералниот пласман на крајот падна на третото.

Новиот светски првак извозе непогрешливо во финалето на сезоната 2010 под рефлекторите на патеката „Јас марина“ и стигна до својата петта победа годинава, колку што има и двократниот првак Алонсо. Младиот Германец му ја донесе и возачката титула на Ред бул, кој минатата недела во Бразил ја обезбеди конструкторската, а двократниот светски првак Алонсо вторпат извози во шампионската трка во последната трка од сезоната, откако таа му побегна за еден бод во 2008 година, кога почестите пред носи му ги однесе Луис Хамилтон. Зад името на Фетел останаа запишани 256 бода, четири повеќе од Алонсо.

„Ви благодарам момчиња. Неверојатно!“, врескаше Фетел преку тимското радио додека влегуваше во целта, а солзи го прекрија неговото лице под визирот додека поминуваше под коцкестото знаме.

Ниту тимскиот шеф Кристијан Хорнер не успеа да ги скрие емоциите, одговарајќи му: „Ти си светски шампион. Уживај во тоа. Ти си човекот“.

„Те сакам“, му врати Фетел.

Алонсо, кој влезе во трката со најголеми шанси за титулата и кој стартуваше од третата позиција, ја плати цената на раното влегување во боксот, што го спушти на 13. место. Оттогаш па до крајот на трката тој се обидуваше да го престигне Русинот Виталиј Петров од Рено, а во Ферари го задржуваа здивот и се надеваа дека дебитантот под притисок ќе направи грешка. Тоа не се случи.

„Критично е да се помине. Знам дека даваш се' од себе“, му порача тимскиот шеф Стефано Доменикали преку радиоврската уште во 16. круг од вкупно 55.

„Извади го најдоброто од својот талент. Знаеме колку голем е тој. Искоросто го“, му кажа инженерот за трка Андреа Стела 26 круга подоцна, кога преостануваа уште само 13 и надежите за титулата полека исчезнуваа во ноќта.

Австралиецот Марк Вебер, тимски колега на Фетел, го освои осмото место. Тој беше првиот од ривалите за титулата што ги посети своите механичари и исто така подоцна заглави во сообраќајот пред него во трката полна со фрустрација за 34-годишниот возач.

Луис Хамилтон од Мекларен, кому му беше неопходна победа во Абу Даби за каква и да е надеж за титулата, заврши втор и беше првиот што му честита на Фетел откако двајцата излегоа од своите болиди. Тимскиот колега и светски првак на заминување Џенсон Батон го освои третото место.

Додека Фетел славеше, кам-бек сезоната на седумкратниот светски шампион Михаел Шумахер заврши со судир во првиот круг, кога неговиот „мерцедес“ се изврте и врз него се искачи болидот на Витантонио Лиуци од Форс Индија. Великанот, кој последен се искачи на шампионскиот подиум како возач на Ферари во 2006 година и кој е само другиот Германец што освоил титула во Формула 1, имаше среќа што избегна сериозни повреди, бидејќи болидот на Лиуци заврши непосредно врз неговата глава. Инцидентот го извади безбедносното возило на патеката, кое се задржа четири круга.

Пласман на ГН на Абу Даби


1. Себастијан Фетел (Германија) Ред бул 1:39:36,837 ч.

2. Луис Хамилтон (Велика Британија) Мекларен +10,162 сек.

3. Џенсон Батон (Велика Британија) Мекларен +11,047 сек.

4. Нико Розберг (Германија) Мерцедес +30,747 сек.

5. Роберт Кубица (Полска) Рено +39,026 сек.

6. Виталиј Петров (Русија) Рено +43,520 сек.

7. Фернандо Алонсо (Шпанија) Ферари +43,797 сек.

8. Марк Вебер (Австралија) Ред бул +44,243 сек.

9. Хаиме Алгерсуари (Шпанија) Торо росо +50,201 сек.

10. Фелипе Маса (Бразил) Ферари +50,868 сек.

Пласман на останатите: 11. Хајдфелд (Германија/Заубер), 12. Барикело (Бразил/Вилијамс), 13. Зутил (Германија/Форс Индија), 14. Кобајаши (Јапонија/Вилијамс), 15. Буеми (Швајцарија/Торо росо), 16. Хулкенберг (Германија/Вилијамс), 17. Ковалаинен (Финска/Лотус), 18. Ди Граси (Бразил/Вирџин), 19. Сена (Бразил/Хиспанија) и 20. Клин (Австрија/Хиспанија). Се откажаа: Трули (Италија/Лотус), Глок (Германија/Вирџин), Шумахер (Германија/Мерцедес) и Лиуци (Италија/Форс Индија).

Вкупен поредок, возачи: Фетел 256, Алонсо 252, Вебер 242, Хамилтон 240, Батон 214, Маса 144, Розберг 142, Кубица 136, Шумахер 72, Барикело 47, Зутил 47, Кобајаши 32, Петров 27, Хулкенберг 22, Лиуци 21, Буеми 8, Де ла Роса 6, Хајдфелд 6, Алгерсуари 5, Ковалаинен, Трули, Сена, Ди Граси, Чандхок, Глок, Јамамото и Клин без бодови. Конструктори: Ред бул 498, Мекларен 454, Ферари 396, Мерцедес 214, Рено 163, Вилијамс 69, Форс Индија 68, Заубер 44, Торо росо 13, Лотус, Вирџин и Хиспанија без бодови.


#
Статијата е прочитана 770 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Ниска јаглеродна економија
Нема веќе кредити, само стипендии за студентите
Од ОН уверувале дека ќе се коригираат за јазикот
Водителски камбек под полн напон
Безимени и глувонеми
Каде се скрија вистинските кодоши
Тачи
Изложба на детски цртежи во Кинотека
Далеку е Европа!
Стоечки овации во Карнеги хол за Симон Трпчески
Македонскиот јазик се врати во ОН
Златен прстен за македонска телевизија во Врбник
Коњановски
Царината се поднови пред Нова година
Карикатура
Новинарите ги полнат турските затвори
Стил






Parvanov's new project upsets former Socialist colleagues
Mounting pressure to end Macedonian negotiations with Greece
No control mechanism for Croatia after EU entry