|
Поглед
Безимени и глувонеми
Димитар Чулев
На Интернет-порталот на ОН исчезна „македонскиот“ од графата во која се наведува на кој јазик официјално се комуницира во Македонија. Ако е вистина дека висок грчки претставник со моќ „препорачал“ бришење на јазикот, како што пренесоа дел од македонските медиуми, сигурно е на повидок и брзо решение на проблемот на Грција со северниот сосед: нема да биде изненадување во блиска иднина истиот висок моќен грчки претставник да крене телефон во Интернет-одделението на ОН и да побара корекција на името или, пак, од домашна адреса, доколку има акцес до сајтот на ОН, слободно да го смени името на државата по грчки терк и со ерга омнес опсег на употреба, внимавајќи притоа да не го употреби името Македонија.
Вања Тошевски, сега покоен и најдолгогодишниот македонски преговарач за македонско-грчките разлики околу името, имаше список од повеќе од 250 имиња кои Македонија и' ги понуди на Грција, или се најдоа на маса, како можно решение за разврска на спорот и за блокадата на Македонија под референцата ФИРОМ, која требаше да биде само за два месеца. Се покажа дека на Грците не им е битно името, ниту референцата, и ги кршат правилата од Привремената спогодба со која таа земја не смее да го блокира приемот на Македонија во меѓународни организации. Очигледно е дека ова е уште еден обид Македонија на „мала врата“ да се направи глувонема, за да се изврши притисок земјава да го смени не само името, туку и сето она што произлегува со промена на Уставот, а се однесува на јазик, култура, традиција...
Македонското МНР мора да внимава на вакви подметнувања и пропусти од ваков тип не треба да му се случуваат. Но, факт е дека има нешто во случајноста во извештајот на ЕК и во хакерскиот упад во мрежата на ОН, кои говорат дека Македонија од безимена, сега сакаат да ја направат и глувонема.
|
#
|
Статијата е прочитана 1275 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: TRAJANKA |
Датум: 15.11.2010 16:11:27 |
|
Do Dimitar Culev Se dodeka ima Makedonci kako tebe Makedonsko ime nema da zagine , da zives ti , i takvite kako tebe za site vreminja Republika Makedonija |
|
|
|
|
|
|
Од: Сергеј |
Датум: 15.11.2010 18:02:00 |
|
Уште еден „успех“ ва дебелото досие од „успеси“ на оваа влада и нејзината дипломатија. Сега за сега не’ снемува „само“ на хартија, а ако Груевски уште малку пушти корени, ќе не’ снема и географски. На крај и етнички. Браос, влада! Ако во нешто оваа влада навистина е успешна, тоа е да го уништува овој народ. ( http://otpor.log.ph/ ) |
|
|
|
|
|
|
Од: iskren pozdrav do KOLE MANEV |
Датум: 15.11.2010 20:14:43 |
|
"Овие од Европа, мислам на тие од EU, како прво воопшто не се демократи, тие само глумат демократија! Како второ, склони се на корупција, бирократите од Брисел и од Унијата би ја продале за пари или за каква било друга корист и како трето тие се едни лигуши на кратко речено тие се за никаде! Има и четврто, тие се склони и на подлости! За срам и да не зборуваме, таква работа во нивните глави и образи немало и нема да има до крајот на веков.,,,Овие Европејците кога доаѓаат кај нас нели гледаат дека има „македонски“!,,,Рекламни паноа напишани на англиски, турски, албански и некаде во ќошот на македонски!До скоро јас не знаев дека „Бимилк“ ти значело битолско млеко!Европејците ќе паднат во кома ако решат да отворат некој „македонски“ ТВ-канал или радио во кои врие од промоушен, продакшн, стеиџ, шоу, декс, мекс.,,,да не случајно тој „македонски“ јазик сме токму ние кои го негираме и не го почитуваме!?А, јас во ова писание тие од Европа ги нареков со секакви погрдни зборови!!??!!" |
|
|
|
|
|