Број 2938  вторник, 17 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

Европа - Балкан

Маките на Валентин Инцко

Иван Торов

Прво и најтешко искушение за новиот висок претставник: дали може во БиХ да се воспостави ново уставно уредување кое нема да значи и распад на државата

БЕЛГРАД - Иако неговиот избор ќе биде официјализиран кон крајот на овој месец, сосема е извесно дека австрискиот амбасадор во Словенија, Валентин Инцко, ќе го замени Мирослав Лајчак на местото висок претставник во Босна и Херцеговина. Впрочем, дилемата (ако воопшто ја имаше) е отстранета оној момент кога овој дипломат, инаку, по потекло Корушки Словенец, доби „зелено светло“ од американската администрација, а за возврат Вашингтон од него бара ветување дека нема да се стеснува од користењето на таканаречените бонски овластувања со кои може да ги сменува „непослушните“ босански политичари и да наметнува одлуки.

Но, пред тоа, малку и за самиот Инцко. Иако во пошироката јавност е непознат, австрискиот дипломат за експертите на балканските прилики е прекален „теренец“. Всушност, изборот за висок претставник е неговото враќање во Босна, каде што беше амбасадор на Австрија од 1996 до 1999 година. Го запаметија многу млади луѓе на Сараево, на кои им овозможи многу полесно да добијат визи за да студираат во Австрија, поради што е прогласен за почесен граѓанин на босанската метропола. Овој 60-годишник дипломирал руски и српскохрватски јазик, доктор е на правни науки, а завршил и Дипломатска академија. Извесно време поминал и во Белград како шеф на мисијата на ОБСЕ, а престојувал и во Нови Пазар се' до 2005 година кога е испратен за амбасадор во Словенија. Значи, ништо импресивно во неговата биографија, но, сепак, со доволно „балканско“ искуство кое Валентин Инцко го препорача за наследник на Лајчак.

Претходната посета на новиот претставник на САД би можела да биде, во извесна смисла, клучот за одговорот на прашањето - со што, главно, Инцко ќе се занимава во следните две години. На Вашингтон му е јасно дека Босна е во длабока криза, но, сепак, не е подготвен докрај да одреди: дали кризата е последица на ограничената цел (прекин на војната) Дејтонската спогодба или, пак, разорувачкото дејство на непроменетите националистички матрици на политичките партии на сите три конститутивни народи. Или, можеби, фаталната комбинација и на едното и на другото. Тоа што во меѓународната заедница се очекуваше (а не се случи) од Мирослав Лајчак, сега веќе шеф на дипломатијата на Словачка, да не се колеба во примената на специјалните овластувања, сега се бара од Инцко, што, нема сомневање, се потврдува мислењето дека Босна се' уште не е доволно созреана за самостоен опстанок, без меѓународен протекторат.


Валентин Инцко дипломирал руски и српскохрватски јазик, доктор е на правни науки, а завршил и Дипломатска академија. Извесно време поминал и во Белград како шеф на Мисијата на ОБСЕ, а престојувал и во Нови Пазар се' до 2005 година кога е испратен за амбасадор во Словенија. Значи, ништо импресивно во неговата биографија, но, сепак, со доволно „балканско“ искуство

Не е тајна дека и новата американска администрација, а и некои кругови во Брисел, Милорад Додик и, донекаде, Харис Силајџиќ, ги сметаат за главни виновници што Босна многу не се помести од воениот националистички синдром. Токму долготрајниот судир на Додик со Ралф Грегоријан, заменик на високиот претставник и американски дипломат, можеби е најдобра илустрација за состојбата на работите во самата БиХ, но и наводната решителност на САД дека со стара политика не може да се води новата држава. Не се крие ставот дека треба да се раскрсти со „националистичките и криминалните работи на Додик“, со фикцијата на Силјаџиќ дека Босна може да опстане како унитарна држава, но и со заткулисните потези на некои соседни држави, потписнички на Дејтонската спогодба, со кои БиХ константно се дестабилизира. Додека на Хрватска и' се испраќаат сигнали дека мора да води реалистична и поурамнотежена политика спрема Босна, на раководството на Србија му се забележува дека нејзината „неограничена“ поддршка и одбрана на Додик од „невидената хајка“ од Сараево и од Загреб, всушност, е обид на Белград со, форсирање на претставата за Босна како неуспешен државен експеримент, присоединување на Република Српска кон Србија да го одржи како форма за територијална компензација за губењето на Косово.

Сега многумина, во и околу Босна, со право се прашуваат кои ќе бидат првите потези на Инцко. Ќе сака ли да ги исполни ветувањата кон Вашингтон за отстранување на „дестабилизирачките елементи“ од босанската политичка сцена и така, сосема извесно, да предизвика уште подлабоки тектонски нарушувања? Или ќе „застане на топката“ пред да слушне што мислат за сето тоа во Европската унија, чиј претставник (како и Лајчак) исто така ќе биде? Извесно е дека во тоа мерење меѓу ставовите на Вашингтон (кои, сепак, во глобала се оддалечуваат од Балканот), и на Брисел (на кој му е пренесена главната грижа за судбината на БиХ), од големо значење е колку ЕУ е подготвена и волна сериозно да се позанимава со Босна.

Свесен за тешкиот товар што го наследи од своите претходници, самиот Инцко избегнува, пред официјално да ја преземе функцијата, да се изјасни што му е најважно. Навистина, навести дека еден од „големите приоритети“ ќе му биде уставната реформа на БиХ, всушност, суштината на босанскиот проблем, околу која се кршат копјата меѓу ентитетите. Станува збор за т.н. Прудска спогодба, односно договорот на лидерите на трите најголеми национални партии во БиХ (во Спруд кај Оџаци) од пред неколку месеци, кој во почетокот ги подгреа надежите дека за Босна би можело да се најде формула за функционален опстанок, но тие брзо се изветреаја поради драстичните разлики во толкувањето на тој документ. Додека Бошњаците сметаат дека со формирањето на три ентитети (го добиваат и Хрватите) и Сараево како меѓународен дистрикт, радикално им се смалува животниот простор како најбројна популација, Хрватите се релативно задоволни. Српската страна, исто така, би прифатила ново уставно уредување, но под два услова (на Додик): во територијалната целовитост на Република Српска никогаш да не се засега, а и идниот устав на БиХ да ја содржи одредбата за правото на с��кој конститутивен народ на самоопределување до отцепување. И, секако, тука настанаа непремостливи проблеми со кои Валентин Инцко, сосема сигурно, ќе се соочи веќе на самиот старт од неговиот мандат.


Статијата е прочитана 674 пати.

Испрати коментар

Од: devicanecot
Датум: 17.03.2009 08:10:46
Истата приказна од истиот човек! Прав транспондер. Повторно ништо повеќе не прочитал од рекла- казала. Каде е истражувачкото новинарствао.
Од: новинар
Датум: 17.03.2009 09:59:26
Да, бла, бла, бла.... што и децата го знаат. А кои се суштинските проблеми во Босна, за тоа ништо. А тек, реперкусиите врз нас, Македонија, на евентуални било какви поместувања во Босна, и за тоа ништо нема. Само долги текстови, односно тнр. анализи, од што Утрински, треба конечно да се ослободи, инаку и натаму тоа ќе го поистоветува како некогашна Нова Македонија, која со таквите долги текстови откога веќе не ја финансираше власта, мораше да пропадне.

Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
Фрицл го призна инцестот
„Денот на дрвото“ - трет дел
ВМРО-ДПМНЕ го претстави Иванов како наследник на Борис Трајковски
Со избилдан рејтинг не се гради иднината
Повеќе даночни пријави - колкав ќе биде данокот?
Не се испитува присуството на канцерогени материи во бебешката козметика
Љубовна приказна заврши со убиство и самоубиство во Скопје
Само нека потрае
Суперлига- Ѓорче Петров падна во Кичево!
Полицијата пак ги притиска фармерите
Сите купуваа�� евра, од каде се денарите
„Бисерите“ погласни од политичките пораки
Молитвениот појадок кај Имер Селмани
Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (14)