Број 2938  вторник, 17 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

„Денот на дрвото“ - трет дел

Сања Наумовска

За иницијаторите третиот дел од акцијата „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“ помина според очекувањата. Според нив, и овој пат излегоа доволен број граѓани да ги засадат предвидените два милиона садници. Иако не масовно како првиот пат, сепак, уште еднаш се покажа дека во Македонија има доволен број љубители на природата, кои секогаш се подготвени во кои било временски услови да излезат и да ја засадат својата иднина.

Акцијата уште еднаш мобилизираше граѓани од сите средини и возрасти и докажа дека навистина се работи за една благородна идеја од која корист ќе имаат сите. Во име на таа идеја, многу е важно да се зачува нејзиниот граѓански карактер, иако веќе трет пат едноподруго се случуваат обиди еден од партнерите во организацијата, Владата, да се обиде да си ја присвои.

На сите ни е јасно дека без поддршка од Владата, која ги обезбедува садниците, акција можеби и ќе немаше. Но, многу е важно да се запомни дека Владата никогаш и немаше да ги обезбеди тие садници и да се стават во акција илјадници граѓани ако го немаше Иницијативниот одбор, невладините организации, општините, училиштата...

Се разбира и медиумите. Кои се согласија целосно бесплатно да објавуваат се' што е врзано со акцијата, вклучувајќи ги и огласите со локациите за садење и местата од каде што граѓаните ќе тргнуваат со организиран превоз. За жал, Владата овој оглас не го објави во сите медиуми, со што им нанесе штета само на акцијата и на граѓаните кои останаа покуси за таа информација.

Обидите за присвојување на граѓанската акција и за игнорирањето на некои медиуми веќе втор пат се објаснува како ненамерна грешка. Но, очигледно штом се повторува,не е грешка.

Иако многупати беше прашана, ниеднаш досега Владата не ги објави ниту потрошените пари за с��дниците. Отчет мора да има ако сакаме целата акција да ја сфатиме сериозно. Сепак, тоа се пари на граѓаните кои, се разбира, се инвестираат во нивната иднина, но за кои,во секој случај,тие имаат право и мора да бидат информирани.

Тоа дека акцијата се движи во добра насока е прифаќањето на фактот дека дрвцата ќе успеат ако во нивното садење поактивно се ангажираат стручните лица од „Македонски шуми“ и Шумарскиот факултет. Годинава дел од садниците во семе ќе ги садат тие, а она што постојано се нагласува е и потребата она што е насадено и да израсне. Затоа, процесот во кој тие садници ќе станат дрвја од кои би имале вистинска корист е долг и бара многу работа.

Вредноста на едно дрво е непроценлива, факт што секоја година повторно го откриваме, особено во времето на летните пожари. Бадијала е секоја акција за засадување и многу години нега на шумите ако во еден миг ги проголта оган. Паралелно со секоја акција за пошумување, до дрвјата мора да се изградат и пристапни патишта, да се инвестира во опрема за гаснење шумски пожари, да се обучи стручен кадар, а за тоа, секако, мора да се потрошат и многу пари.

И можеби е подобро затоа наместо два дена во годината или две акции напролет и наесен, за „Денот на дрвото“ да биде еден избран датум кој ќе биде фиксен и секоја година ќе значи обврска, но и задоволство за граѓаните. Датум кој ќе стане традиција и ќе го помнат граѓаните, а поради препораките на стручњаците, најдобро е да биде наесен.

Можеби Македонија, како иницијатор на оваа акција, треба да избере еден датум и да им го предложи на сите балкански држави што појавија желба да организираат слични акции. „Денот на дрвото“, дефинитивно, мора да биде македонски препознатлив бренд, кој ќе трае подолго од една или две влади.


Статијата е прочитана 907 пати.

Испрати коментар

Од: Makedonec vo EU
Датум: 17.03.2009 00:22:27
Uste neizbran za pretsedatel, Ivanov vekje ima svoj praznik - denot na drvoto :)))))))
Од: Itar Pejo
Датум: 17.03.2009 00:29:50
Ubava e ovaa idea na vladata za sadenje drva. Se prasuvam dali ce se obnovat i drugite ubavi tradicii, kako mladinskite rabotni akcii. Na dobrovolni akcii da gradime prugi, patista, hidrocentrali, fabriki, fiskulturni sali ... I ce peeme udarnicki pesni: Gospodinot Nikola da kazi, ce sadime plantazi itaka nataka
Од: Darko
Датум: 17.03.2009 07:19:12
Zarem vasiov vesnik mora se da ocrnuva. So ovoj tekst saka da se ocrni pak vladata. Pa zarem vladata sama se izbra i sama se naznaci? Akcijata e ubava ama vladata sakala da ja prisvoi? Pa koj ja smisli i koj dava pari, zarem moze sama bez narodot sto ja izbra da posadi i dali e taa sama zaradi sebe vlada. Mnogu ste naopaku za vesnik, makar sto tehnicki e najizdrzan vesnik vo makedonija ,pa i po siroko.
Од: nemir
Датум: 17.03.2009 08:03:46
Gi zaboravivte gragjanite Sanja, bez nivnite pari pred se nemase da ima akcija. Parite, koi vladata gi sobira od gragjanite vo budzetot, preku danocnata politika.
Од: b
Датум: 17.03.2009 09:54:20
Многу убави акции. Сега да се воведат и работните акции, да се испланираат петолетки, да воведеме штафета на младоста и се останато што нам ќе не потсетува на минатото, а за организаторите ќе биде добар начин за перење на пари.
Од: Трпе
Датум: 17.03.2009 10:44:45
Точно идејата е доста благородна.Но не да се злоупотребува за перење пари во оваа сиромаштија.Од една страна се садат дрвца и семки кои ке ги покажат резултатите после 50 години а бројот на посадени и процентот кои ке се зафатат нема можности да се утврди.А се дозволува сеча со благослов на шумските стопанства и шумската полиција покрај патишта и таму каде има опасност од ерозијаСе со цел на купување гласови.
Од: lefko od prilep
Датум: 17.03.2009 13:46:23
ma kakvi drva kakvi bakraci hrvatite posadija 3 milioni maslinki i prodavaat mas.maslo ,albancite uste za vreme na enver 9 milioni.nie namesto da gi zastitime nasite bigati i ubavi sumi od drvokratskata mafija koja caruva ,sadime drva koi gi imame!poentatata mi e vo slednoto da sadime drva ne zapolitika tuku da rodat nesto.svetot zali sto nema cresni,jabolka ,kajsii ,bademi,divi jabolki bez koi nema edna od najdobrite kiselini...mislam deka nekoj pee za nasite drva nekoj zarabotuva sigurno po 1 evro od koren posaden a nikoj ne gi cuva isto kako i nasite prekrasni sumi.

Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
Фрицл го призна инцестот
ВМРО-ДПМНЕ го претстави Иванов како наследник на Борис Трајковски
Со избилдан рејтинг не се гради иднината
Повеќе даночни пријави - колкав ќе биде данокот?
Не се испитува присуството на канцерогени материи во бебешката козметика
Љубовна приказна заврши со убиство и самоубиство во Скопје
Само нека потрае
Суперлига- Ѓорче Петров падна во Кичево!
Полицијата пак ги притиска фармерите
Сите купуваат евра, од каде се денарите
Маките на Валентин Инцко
„Бисерите“ погласни од политичките пораки
Молитвениот појадок кај Имер Селмани
Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (14)