Број 2938  вторник, 17 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

Контрапункт

Молитвениот појадок кај Имер Селмани

Никола Гелевски

Во рубриката гостува: Пандалф Вулкански

Клетварски пролог на хорот

Иванов: Од полено вечно елисејско до седмо колено и седмо вретено да вкусува само солено (ништо благце) оној што денес ќе се зафркава со сето она зелено и неопределено што го истресов досега!

Буџаку: Со полен да биде полиен целиот сред полето елисејско тој подмолен исмејувач на нашата коалиција, и плус менискус да фати до седмо колено!

Иванов: Тој подмолен и неасолен ако сака да биде задоволен за долен може да ми се фати!

***

Селмани: Добредојдовте на новиот појадок, драги колеги! Гледајќи го настапот на хорот, може ли да се констатира дека во нашава претседателска сатира главно се статира?

Хоџа: Мал цитат од големиот Волкановски: И кога се пародира може да се продира! Да бидам поконкретна, колега Селмани, мислите дека се парадира, т.е. статира во полза на некогашниот статист и боксер?

Фрчкоски: ...Кој стои крај статива држејќи ја во една рака активата, а во другата архивата... Ја би им кинел тетиви на тие мрачњаци што крај стативи ги возат статистиве!

Иванов: Вашава сатира ме сотира! Вашава сатира, колешке Хоџа, не е наслада туку е наслага од лаги! Но, од ова ресторанско место порачувам: нема више гага заебанции со ВМРО! Народот нек не' стави на вага!

Буџаку: Факт е дека вие опозиционерите ширите лага за нашата гала-коалиција... И ко што вели претседателот Иванов, таа лага може да се одлага, може меко да се полага рака на неа, можеби понекогаш и помага, но таа лага е влага што ни крши коалициска снага! И таква длабока трага од тага ми предизвикуе таа лага што еве сеа демонстративно ќе напраам шпага!

Хоџа: Пак ќе го цитирам големиот Волкановски: Коалицијата и преродбата ви се шлапа-шлупа, штрапа-штрупа, дамбара-думбара, инцири-минцири и џагара-магара!

Иванов: Преродбата е наредба, колешке! Праизведба на дамнешна приказна! Океј, можеби има крвав крај македонската свадба, ама преродбава ни е судба... Да се изразам просто библиски, можеби оваа сеидба ќе биде селидба (во вечни ловишта) за многумина, ама, повторувам, редбава (т.е. актуелнава реденка над македонскиот народ) е наредба...

Фрчкоски: Гака кандидатов ко какаду! Кака, просто, во портокалова гаќа! И сега скака наоколу од што се раскакал во гаќи! Фати се за квака, гакачу! Многу квакаш гомненици! Без добро да изџвакаш, заквака и исквака - срања! А у полски клозет си, ебате, без квака! (Ако си го глеал „Сламдог милионер“, знаеш за што ти зборам и во каква ситуација се наоѓаш.) И упорно гакаш и квакаш ко да има народ во пустелијава, т.е. во полскиов клозет - во што ја претворивте Македонија со своите глупи гачки, квачки, квочки, мочли, мивки, пивки и пувки. И пуфки.

Иванов: Клетници, ми фурате бусија-дискусија! Секоја сесија муабет ја претворате во опсесија со милиот ни Грујо... Ако продолжите со оваа рецесија на пристојноста, ви најавувам сецесија!

Фрчкоски: Сеа смрдеава ме тера на смеа! Реа-пареа, ебаго - корне! Неа, колеги, т.е. смрдеава што предизвикува смеа, треба да ја искористиме ко спрега за обединување, ни више ни мање! Ко спрега заедно да им кршиме ем тетива ем нога! И нема нега, после, на ногата! Него како! Каква бе нега! Сега стига слободата! Ко што рече умниот: може едно време да се затега, може кај доста луѓе да се стега, може во еден момент (сега, да речеме) целава смрдеа да ја рачунаш ко шега - ама до курца више! Смрдеава не е од сеа! Спрега, колеги, заедно во отпор, тоа ни прилега!

Ружин: Иванов, може не е лошо да прогласите мала пауза за вашата кауза? Политичката муза не се бодиња со мамуза. Хипотенузата кон ЕУ не се решава со ставање лудачка блуза врз Македонија, не?!

Селмани: Цела деценија имаме сосема пореметена национална хемија: епидемија на неврастенија, плус анемија (што се заканува со леукемија), а сега со идентитетсково лудило на чекор сме од шизофренија!

Бошкоски: Анемија?! Ама делијава-режимлијава нема проблем со црвени крвни зрнца: кога гледам како се вцрвенува, веднаш помислувам на филмот „Дина“: милото ми ВМРО ко да се наоѓа пред џиновскиот црв, ко да е веќе лапнато, сцрвено, т.е. во фаза на зацрвување... Изврвува времето на ова ВМРО, се здрвува каузата до вцрвување... Е, сеа, за да се надмине фарбава-шарба (четките уште брат Љубчо ги остаи за молерај) треба верба и борба за нова творба што друга берба ќе донесе - чорба за секој и полна торба за по некој!

Хоџа: Сугестија и од мене: вашиот месија (пастирот налик на бестија) премногу се фура на агресија. За таа пресија нема амнестија, колега Иванов. Коприва ќе го затриваинатрива вашиот месија. Болва ќе го колва (а и една золва, еве баш ја глеам во талогот од кафево). И се' ќе му тргне наназад, ко во „Бенџамин Батон“: откоа месијата ќе стане баба, ќе се претвори во жаба, а после и во габа; чист еволуциски регрес речиси до седмо колено: баба-жаба-габа.

Бошкоски: Тебе, лажен вмровецу, јас, ко искусен хашки готвач (па и сликар), на крајот на појадоков ти порачувам дека македонскиот народ ти фрла помија врз физиономија!

Селмани: Може да се каже и „помија врз анатомија“, доколку на целава тензија, не дај боже, некоја опасна претседателска тенија ни се завлече во милиот ни македонски шупак, т.е. во нашата мултикултурна шупа.

Буџаку: Пази, Селмани, од толку скепса да не добиеш сепса! Башка слушам дека си стипса...

Хоџа: Сеедно дали е шупак, шупа или шума, оваа колонија на бедата (во која живееме речиси без меморија и под хегемонија на интелигенција која има ниво на тенија или инфузорија) допрва ја чека агонија.

(Авторот е издавач)


Статијата е прочитана 2103 пати.

Испрати коментар

Од: Makedonec vo EU
Датум: 17.03.2009 00:33:02
Ajvan do sedmo koleno :)
Од: никола
Датум: 17.03.2009 00:51:47
Имењаку,тетива не се крши море :) може да се скине или истегне. Ал добро ти е ова.
Од: aj pak jas
Датум: 17.03.2009 04:00:44
Hehehehehehehe, super . Za onie sto go razbiraat ova. Za onie od vmro sto da im pravime nemaat smisla za humor (mislam ne e novinarot potkovan (konj) kako latasovic
Од: Пинг
Датум: 17.03.2009 10:54:27
Браво мајсторе, а сите Вие други пишувајте кирилица-ако не знаете прашајте, “Знаењето е сила, занењето е моќ“, зарем заборавивте? Поздрав до сите Ваши и наши.
Од: zimski
Датум: 17.03.2009 11:08:24
bo bo bo hahahahahhaha добра идеја мајсторе.... добра е оваа предизборна кампања...:D
Од: libertas
Датум: 17.03.2009 14:02:29
kole ne znam dali ce te svatat ovaa kozerija e za tetarska pretsava,ama koj ce ja igra?

Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
Фрицл го призна инцестот
„Денот на дрвото“ - трет дел
ВМРО-ДПМНЕ го претстави Иванов како наследник на Борис Трајковски
Со избилдан рејтинг не се гради иднината
Повеќе даночни пријави - колкав ќе биде данокот?
Не се испитува присуството на канцерогени материи во бебешката козметика
Љубовна приказна заврши со убиство и самоубиство во Скопје
Само нека потрае
Суперлига- Ѓорче Петров падна во Кичево!
Полицијата пак ги притиска фармерите
Сите купуваат евра, од каде се денарите
Маките на Валентин Инцко
„Бисерите“ погласни од политичките пораки
Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (14)