Број 2938  вторник, 17 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

По 15 години, ракометарките на Ѓорче Петров загубија меч во домашното првенство

Ракометарките на Кале Кичево го направија тоа што долги години се чинеше невозможно - го победија Ѓорче Петров со 28:27 во првенствен натпревар, нанесувајќи му го првиот пораз на освојувачот на Лигата на шампионите во 2002 година на домашна сцена по 15 години! Со успешно изведениот седмерец на пет секунди до крајот, десниот бек Александра Славковска го урна митот за непобедливост во Македонија на својот поранешен клуб и го означи почетокот на големото славење на неколкуте стотини сведоци на историскиот настан во салата „Јанчица“.

Пеналот беше кулминација на возбудувањата во финишот, кога гостинките од Скопје се вратија по четири гола негатива и израмнија на 24:24, одржуваа нерешено до 27:27, а потоа им пресуди најефикасниот играч на средбата со 12 гола. Клучен момент, сепак, беше црвениот картон на десет минути до крајот за Мирјета Бајрамовска, која дотогаш постигна девет гола и остана прв стрелец на Ѓорче Петров на овој меч.

Единствениот првак на Македонија по осамостојувањето останува фаворит и за 17. титула, бидејќи по 16 кола има 11 бода повеќе од Жито Прилеп и од Кале Кичево, кои го делат второто место на табелата.

Кале Кичево - Ѓорче Петров 28:27



Полувреме: 17:16. Сала: „Јанчица“ во Кичево. Гледачи: 600. Судии: Огненов и Стефановски. Седмерци: Кале Кичево 6/8, Ѓ. Петров 2/4. Исклучувања: Кале Кичево 4 мин., Ѓ. Петров 6 мин.

Кале Кичево: Стефановска 1, Масева 5, Грујоска 4, Гроздановска 2, Кленкоска-Затуровска 3, Костеска 1, Наковска, Маневска, Славковска 12, Николовска, Здравеска, Јаковлеска.

Ѓорче Петров: Крижанац, Тодоровска, Стојановска, Е. Ѓорѓиевска 8, Атанасовска, Бајрамовска 9, Штерјова 3, Миовска, Д. Ѓорѓиевска 5, Атанасова, Стојковска 1, Николиќ 1.


Статијата е прочитана 608 пати.

Испрати коментар

Од: igor-bt
Датум: 17.03.2009 00:45:30
Smrt za Makedonskiot zenski rakomet...
Од: miki
Датум: 17.03.2009 14:01:36
Ocekuvan rezultat imajki predvid deka "strancite" zaminaa od kometal,a so nasi domasni igraci se pokaza poslab od KALE

Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
Фрицл го призна инцестот
„Денот на дрвото“ - трет дел
ВМРО-ДПМНЕ го претстави Иванов како наследник на Борис Трајковски
Со избилдан рејтинг не се гради иднината
Повеќе даночни пријави - колкав ќе биде данокот?
Не се испитува присуството на канцерогени материи во бебешката козметика
Љубовна приказна заврши со убиство и самоубиство во Скопје
Само нека потрае
Полицијата пак ги притиска фармерите
Сите купуваат евра, од каде се денарите
Маките на Валентин Инцко
„Бисерите“ погласни од политичките пораки
Молитвениот појадок кај Имер Селмани
Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (14)