Број 2938  вторник, 17 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

Анализа

„Бисерите“ погласни од политичките пораки

Претседателската кампања без одговор за клучните стратегиски правци на државата

Соња Крамарска

Претседателската кампања влегува во финалето, а избирачите останаа без одговор за клучните стратегиски правци по кои ќе се движи државата во наредните пет години од мандатот на следниот шеф на државата.

Фаворитот на овие избори, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов, освен флоскули и фрази за надворешната политика на Македонија, се' уште не понудил ниту еден релевантен одговор.

На прексиноќешниот централен митинг во Скопје, Иванов рече само дека не се точни обвинувањата за изолација, колапс, поделби и сиромаштија, туку дека Македонија е „силна, почитувана и обединета“. „Среќен сум што ќе бидам претседател на сите граѓани“, рече Иванов, ветувајќи дека ќе стори се' како претседател за новата 2010 година македонските граѓани да ја дочекаат без визни бариери. Фаворитот Иванов додаде дека врвни приоритети, како што рече, ќе му бидат евроатланските интеграции и владеење на правото и демократијата.

Човек да не знае дека се ова претседателски избори во 2009 година ќе помисли дека ги сонува претседателските избори пред десет години, во 1999 година, кога се слушаа идентични претседателски пораки, со исклучок на статусот на Косово, кој тогаш беше предмет на претседателски препукувања, а сега е решен.

Противкандитот од опозициската левица Љубомир Фрчкоски својот акцент го стави на меѓународните позиции на земјата залагајќи се за влез на земјава, како што рече на последниот митинг во Битола, под заштитниот чадор на НАТО, бидејќи вели тоа е нашата перспектива и тогаш се затвораат прашањата на Македонија.

Фрчкоски во изминатите две седмици од претседателската кампања отворено се заложи за прифаќање на име��о Република Северна Македонија како потег што е неопходен да го направи идниот претседател за да го овозможи влезот на земјава во ЕУ и НАТО.

Меѓутоа, фактичката ситуација на теренот покажува две работи. Прво, Фрчкоски многу полошо стои на анкетите отколку конкурентот Иванов. Второ, неговата хипотетичка победа на изборите нема да значи речиси ништо, бидејќи десноцентристичката Влада на премиерот Никола Груевски, во чии раце се најголемиот дел надлежности, ќе го смета за „непријателски“ претседател и нема да имаат соработка околу името и другите прашања.

Фрази и политички пораки за неопходноста од влез на Македонија во ЕУ и НАТО се карактеристика и на кампањите на другите петмина претенденти за тронот - Нано Ружин од Либерално-демократската партија, независниот кандидат Љубе Бошкоски, Имер Селмани од Нова демократија, Мируше Хоџа од Демократската партија на Албанците и Агрон Буџаку од Демократската унија за интеграција.

Поразително е, меѓутоа, што меѓу граѓаните и редовните посетители на партиските митинзи повеќе се говори за „космодиск-демократијата“, „клетвите до седмо колено“ и „аферата потписи“ што се сите изум на Ѓорге Иванов, отколку за неговиот политички капацитет да ја извршува функцијата претседател на Македонија. Високо место на берзата на изборни бисери заземаат и двете епизоди меѓу Ѓорге Иванов и Нано Ружин, едната за апелот на Ружин до Иванов да попушти за името и втората за обвинувањата од Иванов дека му собирал потписи на Ружин.

Вчера кампот на социјалдемократите го обвини Ѓорге Иванов дека „прави премногу гафови кои не му прилегаат на еден претседателски кандидат“. „Неговите гафови не може ни да се избројат. Веројатно додека ја давам оваа изјава, тој е на некое друго место и ’тресе зелени’ за кои утре ќе треба да објаснува, обвинувајќи ги медиумите дека не го разбрале“, рече Ѓунер Исмаил, шеф на Изборниот штаб на Љубомир Фрчкоски.

Дали претседателската кампања 2009 ќе остане запаметена само по бисерите, гафовите и очигледната неподготвеност на некои од кандидатите за настапи на јавната сцена?

На тоа прашање ќе треба да се почека одговорот барем до целосното завршување на кампањата и на изборите. Крајот на кампањата, веројатно, го чекаат и околу 25 проценти неопределени гласачи кои се' уште се во дилема кому да му го дадат својот глас на 22 март. Овој процент не е за потценување, бидејќи е отприлика колку процентот на поддршка што ја ужива Ѓорге Иванов, кој се смета за фаворит на овие претседателски избори.

Прогнозите се дека преостанатите пет дена од изборната кампања ќе изминат во атмосфера на заострена реторика и телевизиски соочувања кои даваат прилика на неопределените гласачи да ја донесат крајната одлука за тоа чие име ќе заокружат на гласачкото ливче. Неопределените гласачи ќе бидат цел и на десницата и на левицата во финалето на кампањата.

Ако овие избирачи го претставуваат блокот политички неопределени граѓани кои не се дел од партиските списоци на вмровците и на социјалдемократите, и кои не гласаат по должност туку според убедување, тогаш навистина кандидатите ќе треба да се потрудат да бидат појасни во политичките пораки во наредните пет дена. Досега тоа не беше случај.


Статијата е прочитана 3893 пати.

Испрати коментар

Од: R.R.
Датум: 17.03.2009 00:10:07
Navistina e zalosno sto nekoi luge nemaat popametna rabota pa vodat evidencija koj pogolemi biseri rekol.Mesto da razmisluvaat koj vredi kako covek tie kako mrsojadci nagrnale koj ke naprave greska vo zboruvanje.Pa normalno onoj sto e iskren i cesen i sto zboruva od srce toj gresi,a manipulatorite kako Frcko pred vreme imaat vsadeno vo glava kako da kritikuvaat i navredat .
Од: an od ulikoten
Датум: 17.03.2009 00:19:34
Alal da vi e za tekstot
Од: Makedonec vo EU
Датум: 17.03.2009 00:20:01
Ivanov e odlicen pretstavnik na tie sto ke glasaat za nego - nedokvakan rezil so turbo-folk frizura, nepresusen izvor na maloumni izjavi i blamiracki prikazni, sram za svojata zemja, potsmev na site okolu nego, totalno nevospitan provincijalec, nekulturen i samobendisan do patoloski razmeri. Ako toj bide izglasan za pretsedatel, togas glasackoto telo na FYROM ke dobie tokmu onakov pretsedatel kakov sto zasluzuva.
Од: realen
Датум: 17.03.2009 00:28:22
Se e tocno. Steta sto g-din Kerim nema da bide pretsedatel. Steta za Makedonija so nesogledlivi posledici.Zalam sto ziveam vo zemja polna so gordosti i predrasudi i ispusta vrven diplomat, licnost sto ja znae celiot svet da go zameni nekoj sto vadi biseri.
Од: Red Rose: Porakata e iskazhan stav
Датум: 17.03.2009 00:30:54
A , kakov stav mozhe da ochekuvate od kandidatot koj dzirka od shinelot na Grujo.Koga i negoviot shef ne gi iskazhuva javno svoite vistinski stavovi,tuku samo onie koi mu gi preporachuva PR-ot i shefot na shtabot,shto mozhe da kazhe pusti Gjole,a da ne ja "utne" rabotata.Zatoa sega mu se prilepeni 24/7 vo nedelata, zadolzhenite da go dislociraat vednash podaleku od javnosta i mediumite,za da ne pushti vo eterot nekoj nov BISER(narodot go znae kako GAF).So taktikata na DPMNE "se shto kje kazhes,a ne e dobro,pripishi i go na opozicijata" sega antichar e Frchko,zamislete!Mu go otstapi avtorskoto pravo za Ace i Bukefal,iako ovoj ne e za niv od ragjanje.Ako navistina go favorizirate i Vie na jave,kako vo tekstov Djole cista tabla,imate problem kako i podlegnatite pod ubistvenata kampanja za vekje"izbraniot" kandidat.I zbrkaniot,shto e najvazhno da se znae,ama ne i da se pochituva.Sirota Makedonija ako i e na chelo chovek bez sopstveni stavovi,tuku samo ispolnuvach na zapovedite na shefot.
Од: Fico
Датум: 17.03.2009 00:41:32
Сметам дека Иванов е правиот човек за Македонија.На македонската политичка сцена и се потребни нови луѓе со нови идеи кои се желни за работа,а не фаци кои и се познати на македонската јавност и што се правеле во нивно време.
Од: Иванов, бисер балкански
Датум: 17.03.2009 01:02:59
Сте ја читале стихотворбата Бисера на Миладинов? Новата верзија гласи вака: Иванов море Иванов, што нижиш црни бисери, што тресеш сливи зелени, што колнеш луѓе невини. Иванов бисер балкански, штом збор еден прозбориш, цел низар бисер нанижиш. Нејќеме ние бисери, ни лаги твои солени, сакаме живот европски, сакаме плати големи.
Од: Vodno
Датум: 17.03.2009 01:07:19
Go znam Gorge koga kako domazet go pribraa od selo, ama deka e tolku SUTIKA ne sum go znael, ne samo sto ja bruka pocituvanata familija na soprugata, Valandovo , toj ja bruka i cela Makedonija. Ulogata na Mesija, treba da ja svatime sertiozno oti crno ni se pisuva, najmal problem e sto ke ni se smee cel svet!
Од: Trajko Kimov Negotino
Датум: 17.03.2009 04:54:34
Zosto Frckovski sigo trosi vremeto koga e isvirkan od negovite sopartici.Vo ozbornata kampanja samo Frcko i Zaev gi nema Bucko Crvenkovski Sekerinska i drugi.SDSM mora dase raspadne posle izborite zavrsia nivnite lagi za site vreminja.
Од: методија
Датум: 17.03.2009 04:55:08
Единствените кандидати кои даваат некои решенија за политиката на државата се Фркоски и Хоџа. За жал, противниците немаат капацитет да понудат контра аргументи, освен да се дичат со патриотизмот и да скокаат целите запалени дека тоа некој ги омаловажува, како што Џорџе и скокна на МИруше „како смеела научниот труд да му вреѓа“ oткако женава го даде најдобриот аргумент за глупостите кои ги прават околу името: тоа што ни Т од неговиот труд ниту сме виделе ниту слушнале не е важно. тоа штое празен лист, без ден политичко искуство, што не нуди ништо за да отвори дебата, а со тоа Фрчкоски е лимитиран во проширување на истата не е проблем - на слепиот народ не му треба тоа. Денес владее атмосфера бетер од комунизмот. Испрани мозоци, кои следат само пароли на наполно неписмени кадри како што е Иванов. Дури се срамувам каде живеам. Очај. Нека ни е со среќа. Ништо повеќе и не заслужуваме.
Од: nekoj
Датум: 17.03.2009 06:04:34
Pretsedatelot e izbran pored da pocne kampajnata; uste so kandidirajneto.
Од: Komentator
Датум: 17.03.2009 06:12:26
Ah,draga Kramarska. Koga tokmu se ponadevav po naslovot deka ke procitam nezavisna "analiza" Ovoj pat na biserite. I ajde citam citam i tamu cel tekst za biserite, ili "tresenjeto zeleni" spored nezavisniot i nepristrasniot ekspert Guner.Ah moja nezavisnost i nepristrasnost novinarska,ocekuvav pokraj "biserite" na Ivanov barem reda radi i barem da ne se dosetat dusmanite:-)da procitam za biserite na Frckoski. I? Ne docekav zalniot. A kako moze eden tekst, pardon, "analiza" za biseri da propusti biseri kako: Da im skrsime noga :-) Ili "Gi zapisueme vo tefter vmrovcinjata koi ni gi brkaat decata (sigurno misli na sdsmovski vrabotenite deca, t.e "nivnite" deca:-)" Edinstven gaf na Frckovski spored Kramarska e so e nizok so rejtingot ;-) Pa i neka mu stoi toj "gaf", prilicno e biten. No Kramarska ne gubi nadez, posledna nadez i se neopredelenite glasaci:-)Koi od gafovite na Frcko ("nezabelezani" od Kramarska) nikako pa nikako da se opredelat za nego :-) Ama, nadezta umira posledna,neli?;-)
Од: antigona
Датум: 17.03.2009 07:37:10
Како да сме во Тунгузија а не во Македонија ,уште не ни е јасно кои сме и што сме а дозволуваме некои наводно интелектуалци кои се карааат за *коска * да не убедуваат дека утре ке ни биде подобро со нив оти они ке ни го донесат подоброто утре.Леле мајко на нашата иднина со вакви политичари кои се излегле од градинка и директно во политика ама играчките им ги дале отпосле кога пораснале и сега си играат со нас.
Од: Кривата чешма
Датум: 17.03.2009 07:40:20
Има многу бисери и гафови. Добро е што Фрчко отворено се залага за името Република Северна Македонија. Добро е затоа што на 22 март ќе види колкав мандат ќе добие од граѓаните за промена на нашето уставно име. Се надевам дека тоа ќе го увидат и сите домашни предавници и сите странски “душебрижници“.
Од: zlajz
Датум: 17.03.2009 08:06:58
Za zal vo igra ostanaa samo biserdjiite.Edinstveniot kandidat koj sto mozese da ne obedini sinoka imase bravurozen nastap na kanal 5.Veruvam deka im gi razladi vzestenite glavi na ovie t.n. pretsedatelski kandidati rusejki gi nivnite prazni floskuli kako meurcinja od sapunica.Steta za site nas sto g-in Kerim se povlece a steta i za nego zosto mozese na site na nasata politicka scena da im drzi lekcii od politika.
Од: Набљудувачот
Датум: 17.03.2009 08:18:18
јЈас не би рекол дека се сите кандидати нејасни и без став по важните прашања. Го гледав Фрчковски на ТВ АЛСАТ. Јасно изградени ставови, реално поставување на работите и без популизам. Онака како што се очекува од Претседател. За мене ќе биде лична навреда доколку личност како Иванов стане Претседател. Но, не сум битен јас, ниту моите чувства. Замислете го во релациите со светските лидери!
Од: papa
Датум: 17.03.2009 08:44:24
Brat Ljube za pretsedatel, a tekstot e dobar.
Од: natasa
Датум: 17.03.2009 08:46:01
steta za drzavata ke bide ako ivanov bide pretsedatel toa za nas ke znaci kraj na bilo kakva i da e nadez za vlez vo nato i EU.zagreovi e covekov ne znae veke sto da pravi pusti grujo kogo izbra sade biser do biser redi a biserive od maka sigurno ke stanat portokalovi isto kako i cadorite,bluzite,torbite i se sto vmro delat po ulicite.a od kaj im se parite?e zatoa budzetot ni e prazen .dajte gi sredstvata na bolnite,nemoknite,stecajcite i tie se luge ne padnaa od mars od MAKEDONIJA se....
Од: ILIJA
Датум: 17.03.2009 08:53:46
Ivanov se trudat da ne go pokazuvaat zosto covekot e podvizna katastrofa!!Najgolem problem DPMNE ima ako pobedi nivniot klon i ke treba narodot da se cudi kakvo cudo ima za pretsedatel!
Од: slartibartfast
Датум: 17.03.2009 08:55:21
Ona sto pred nekoe vreme go napisav se potvrdi so ovoj tekst, odnosno deka Ivanov osven nekolku frazi za obedinuvanje i za prasanjeto za imeto sto fakticki neisto na kazuvaat i ne ponudi konkretni resenija ili cekori. Covekot kako da e na natprevar po recital. Zatoa i ne prifaka dueli bidejki tuka nema navivaci koi dosle organizirano so avtobusi, tuku ima novinar so konkretni prasanja na koi Gole se razbira nema pojma sto treba da odgovori. Bese samo kaj Milenko- ne dogovoreno intervju i verojatno ke pojde kaj onoj idiotot od Glasot na narodot i toa. (Od koga Milenko i Janko stanaa nekakov faktor vo politikata???). Da se cudis.
Од: Mene
Датум: 17.03.2009 09:05:07
Мислам дека на остатокот од граѓаните кои не гласаат по партиска задача со вакви кандидати и програми не им преостанува ништо друго туку да не излезат на избори. Освен ако не се изврбувани па да гласаат за некој кандидат заради некаков ситен интерес, а својата лојалност ја потврдуваат со пратена порака од мобилен телефон во која е фотографијата на заоклуженото гласачки ливче. ОТВОРЕТЕ ОЧИ, „чудни работи се случуваат на патот до Форумот“
Од: dragan
Датум: 17.03.2009 09:44:23
Toa sto trese zeleni trese,nisto cudno od niv i nivnata partija.Sto se odnesuva do drugite kandidati site se dobri,no edno znam Ivanov e ubedlivo najslabiot pa slusnete ja Hodza taa e za nego kapacitet.
Од: acko
Датум: 17.03.2009 09:49:12
Ednostavno bez navredi Ivanov nema kapacitet za presedatel.Pokraj toa i negovata poltronska pozicija vo odnos na Grujo ne dava moznost da razmisluvame za nego.
Од: ал
Датум: 17.03.2009 10:30:05
сите работи се гледаат по самиот рејтинг на кандидатите.иванов има голема предност пред фрчо.тоа значи дека има реалност во неговата личност...да ја подржаме неговата кандидатура и да живееме во иднина во европа погогати и посрекни
Од: msmsm
Датум: 17.03.2009 10:33:18
Ivanov ako ima bar malku moralni vrednosti i ako navistina znae sto e demokratsko opstestvo ke se povlece od trkata za pretsedatel. Covekot drzese predavanja na akademijata na VMRO-DPME koja i jas ja zavrsiv i velese drzavata i crkvata vo demokratski zemji treba da se odvoeni, a zamislete toj e kandidat na partija koja ja unistuva sekularnosta na drzavata... ke gradi crkvi so drzavni-narodni pari i ke provocira verska omraza megu razlicnite religii..
Од: V.D
Датум: 17.03.2009 10:34:02
kako mlad graganin na ovaa drzava i graganin koj sto ima planovi da doprinese za gradenjeto na nasata drzava i kako covek koj sto ima pocit kon nasata istorija i site nasi predci sto trpele vekoven teror i nasilie i ja zadrzale idejata i zelbata za samostojna i nezavisna Makedonija smetam deka ni naseto pkolenie ne treba da potklekne na ovoj pritisok za da se smeni imeto zs nase demokratsko pravo e sami da kazeme kako ke se vikame i kako ke ni se vika nacijata. se sto ni treba na nas kako drzava e vizna liberalizacija,za mladite da imaat slobodna vrska so svetot a ekonomski ke se razvivame vo zavisnost od nasiot kapacitet,dosta nekoi sakaat da ne ubedat deka od nadvor ni pravat pritisoci i ekonomski ne oslabuvaat,ovaa vlada pravi pravilni cekori i dava mnogu subvencii za razvivanje na privatniot sektor a isto taka treba da se zainteresirame i da pocneme da gi koristime i dostapnite stranski fondovi koi se nameneti za drzavi vo tranzicija kako sto sme nie. Gledajte realno luge...
Од: Трпе
Датум: 17.03.2009 10:35:34
Ако Ѓоле не го бидува за претседател,барем ке го забавува народот , да заборави на проблемите кои ги има и тек ке ги има.И самиот не е свесен како се најде во таа турлитава.Останува на народот што ке одбере.Треба очите добро да ги отвори , по 22 март или 5 април нема да има друг поправен испит.
Од: anonimen
Датум: 17.03.2009 10:40:27
Bravo za tekstot! Prodelzete i ponatamu vaka kriticki da gi razgleduvate i da pisuvate za politickite zbidnuvanja i ekonomiski slucuvanja.
Од: ramadan
Датум: 17.03.2009 11:21:33
Gi citam komentarive na moive kolegi(komentatori) i nikomu ne mu zameruvam za izreceniot stav za bilo koj kandidat.Sepak ako malku bideme porealni morame da bideme i objektivni vo ocenite koi gi davame . Toa vo nikoj slucaj ne znaci deka nasite stavovi se onie vistinskite.Bitno e edno.Nasite stavovi mora da bidat nepristrasni.Toa e mnogu podobro otkolku nerealen komentar so doza na neobjektivnost i pristrasnost.Gospodinot Fico kazuva za Ivanov deka se raboti za covek so novo lice,covek so idei koi mozat dani pomognat.Se prasuvam a i nego go prasuvam; koi se tie novi idei sto ni gi plasira Ivanov za da mozam so cista sovest da se opredelam.Covekot ne kradel,ne lazel,se sto storil toa go napravil so negovite deset prsti.E toa e celata vistina za Ivanov.Ve molam kazete mi gi negovite idei za ovaa zemja da stane pristojno mesto za ziveenje.Covekot nema idei.Ako slucajno i nesto ima mu e strav da go kaze da ne go iskaraat deka pak nesto gresno kazal.E sega kazete mi kako da se opredelam
Од: dedo dimo
Датум: 17.03.2009 11:21:40
Luge mislete so glavata ane so noze .Frchkovski uste sega vi veli deka imeto na Makedonija ke odi .prashanje e ,i imeto da odi koj garantira deka ke vlezite vo NATO i EU ? odgovorot e Nikoj .Zapamtete lugeto od SDSM ne donesoa do ovaj problem a eden od niv e ovaj zabeganiov Frchkovski ,Pogledajte kako se odnesuva pa zamislete dali e idealen chovek drzava da vodi .Pushtetego na shar planina so ovci.
Од: blagica kavadarci
Датум: 17.03.2009 11:32:51
Pogolemi biseri od frcko nikoj ne kazal dosega, a najgolemiot e sto se zanesuva deka ce bide pretsedatel, taka da biserite barajte gi vo sds , a ne ja obvinuvajte vladata, zasto Ivanov ne se sluzi so tolku niski raboti.
Од: северна Македонија
Датум: 17.03.2009 11:35:54
не разбрав само дали новинарката го смета залагањето на Фрчковски за прифаќање на името северна македонија е нешто позитивно и поради тоа луѓето би требало да гласста за него?? И уште едно прашање, дали го слушате Фрчковкси како зборува за Северозападна Македонија, која ќе влезела во нато???????? Дали такво нешто постои или тој почнал да ја дели и внатрешно државата на која сака да биде претседател. Се извинувам но дали тоа не е гаф????? или некој турка некакви идеи???
Од: K.J. Kavadarci
Датум: 17.03.2009 11:42:24
Повеќе од јасно е дека Ѓорге Иванов е идниот претседател на Република Макед��нија, човекот многу јасно коментира дека ќе ја однесе нашата Држава во ЕУ и НАТО и ослободување од визните бариери, што има тука нејасно.
Од: libertator
Датум: 17.03.2009 11:52:07
nekolku pati povtoriv,vprocem i snosti na kana5 pokaza kakov pretsedael ce bese za makedonija-KERIM.ama koj saka poametni ?
Од: tanja
Датум: 17.03.2009 11:59:58
Za zal, ovie izbori site kandidati se poednakvo losi. Vo ovie izbori, NE postoi ni eden kandidat dostoen za pretsedatel. Se plasam deka bilo koj od niv, kje pretstavuva osoba od koja kje se sramam. Frckovski, Ivanov...lugje koi nikogas ne bi mozele da bidat vistinski vrv na drzavata. Samo vo Makedonija toa moze da stane realnost.Povtorno...za zal!
Од: nikos makraduli
Датум: 17.03.2009 12:39:06
Заборавивте кој е Фрчковски? Луѓе дајте да бидеме реални. Не ми е јасно што експертот Ѓунер го брани експертот Фрчковски. Ѓунер ти си искрен човек, кажи чија агенда одработувате? Грчка, Бранкова... Црна Македонијо, Фрчко за претседател, абе мора да сонувам!!!
Од: cia
Датум: 17.03.2009 13:29:17
na grujo sega treba da mu kasheme zbogum zashto ovoj ke go rasparqi makedonija
Од: od realen
Датум: 17.03.2009 13:46:50
do V.D. za se si vo pravo ama moram da te prasam do koga ke bideme vo tranzicija? veke sme 20 god vo tranzicija, do koga ke ne lazat ?
Од: ivica
Датум: 17.03.2009 13:55:42
pa da ne bese ovoj kandidatov na VMRO nemase da bide interesno sekoj zbor mu e biser zver e tipot sekoja cest samo prodolzi taka da se posmeeme malce do 22
Од: Кичево
Датум: 17.03.2009 14:29:36
Доста „Бисери“ понудете конкретни решенија за проблемите. Народот е гладен....
Од: читателка
Датум: 17.03.2009 14:54:23
многу ми е жал што ќе морам да избирам помеѓу две зла - едниот префриган и самобендисан, другиот глупав и самобендисан. Сепак мислам дека првата варијанта ќе и донесе поголема добробит на Македонија бидејќи недоволно интелегентните луѓе умеат да направат голем хаос и плус да си најдат неинтелегентно оправдување за хаосот - т.е. не се одговорни. Груевски направи уште една голема грешка кога го отфрли Керим, и овојпат тоа го направи за да ја има целата власт. Власта му е слатка ама ќе му се тресне од глава кога-тогаш. Морам да кажам и тоа дека ми е жал што не сме дојдени на тоа демократско ниво за да избереме претставник од друга националност и жена - бидејќи Мируше е најдобра од сите, сеедно што нее долго во политиката (тоа може само да значи дека уште не е корумпирана)
Од: anonimus
Датум: 17.03.2009 15:00:38
ako objektivno se pogledne na rabotite.Frckovski e praviot kandidat za predsedatel so jasno izrazeno mislenje po klucnite prasanja,otvoreno i bez poulizam.Toj e silen idividualec,spremen da donesuva odluki,a ne da ckeka nekoj da mu kaze.Isto taka mislam deka,presedatelot treba da odgovara na prototipot na EU lideri,silni,so moznost vo momentot da odgovorat na zadacata i konecno presedatelot vo nikoj slucaj ne smee da bide na partija koja e na vlst.toj treba da bide balans i korektiv na vlasta.
Од: BIG BROTHER-FILIP TRETI MAKEDONSKI
Датум: 17.03.2009 15:06:32
Otsekogas sum bil skeptik deka univerzitetski profesor lesno moze da bide i politicar iako ima i isklucoci. Boskoski e vo pravo deka Gorge Ivanov tesko se snaoga vo politikata no poradi neiskustvo i otsustvo na afiniteti za politika sto e evidentno i od negovata biografija i sudirot so establismentot(glavno sdsm)svoevremeno sto pak znaci deka toj ne e sds-ovski janicar tuku isti takov klon kako i samiot toj i celata DPMNE pod mentorstvoto na kameleonot Dimitar Dimitrov. Inaku tipicno za eden profesor e da ja zboruva vistinata kako na primer deka Ramkovniot dogovor e klasicen kriminal protiv Ustavot i suverenitetot i sl. No problemot e vo toa deka bez diplomatski takt ne treba da se pletka vo politikata. Isus Hristos, barem spored mene, tesko go platil cehot za revnosta kon alcnite i bezobzirni trgovci koi trguvale vo samiot bozji hram-crkvata iako bil opravdan i proizleguval od moralna i duhovna cistota i implicitno covekoljubie i i pokraj nekoi drugi iako mnogu verojatni tolkuvanja.

Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
Фрицл го призна инцестот
„Денот на дрвото“ - трет дел
ВМРО-ДПМНЕ го претстави Иванов како наследник на Борис Трајковски
Со избилдан рејтинг не се гради иднината
Повеќе даночни пријави - колкав ќе биде данокот?
Не се испитува присуството на канцерогени материи во бебешката козметика
Љубовна приказна заврши со убиство и самоубиство во Скопје
Само нека потрае
Суперлига- Ѓорче Петров падна во Кичево!
Полицијата пак ги притиска фармерите
Сите купуваат евра, од каде се денарите
Маките на Валентин Инцко
Молитвениот појадок кај Имер Селмани
Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (14)