Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (14)
Венко Марковски снимен на Калемегдан во Белград во годините пред војната
Жртва на власта, но и на својата суета
Виктор Цветаноски
Контроверзиите и поделеноста околу Венко Марковски остануваат и натаму. По многуте искажувања на познати македонски интелектуалци, негови современици, кои што го познавале лично поетот, се добива впечаток дека имаат спротивни мислења за неговото дело и однесување кои одат од една во друга крајност.
За едни тој е предавник на македонската кауза, човек кој плукал врз сопствениот народ и ги негирал македонската нација и јазик и затоа никогаш не треба да му се прости , за други тој е прв основоположник на македонската современа книжевност и заслужна личност од македонското минато, кон која треба да се исправат неправдите и да се врати во учебниците за младите генерации да знаат за него, без разлика што последните години од животот тој станал Бугарин.
Меѓутоа, во сите овие расправи за Венко Марковски остана докрај нејасно и без одговор прашањето, зошто токму сега се настојува побугарениот поет на голема врата да им се врати на Македонците кога од сите страни се' понагласено се негираат македонската нација, јазик и идентитет, посебно од државата во којашто замина пред дваесетина години? Зошто токму од највисоко ниво, од првиот човек на МАНУ, се бара да се исправат, според него, неправдите кон поетот и се настојува на јавноста да и' се каже дека тој бил прв меѓу основоположниците на македонската современа литература.
Сите оние кои на еден или на друг начин го кажаа своето мислење за поетот со несомнена дарба, кои го бранеа или напаѓаа, се согласуваат дека тој е еден од неколкутемина македонски поети пред војната кои своите стихови ги пишувал на македонски ј��зик и дека поради тоа треба да го заземе заслуженото место на еден од основоположниците на македонското современо литературно творештво. Кај сите нив нема никакви дилеми дека со првите песни Венко Марковски придонесе за зацврстување на македонскиот национален идентитет и за време на Народноослободителната војна беше нашиот Владимир Назор. Неоспорен факт е дека заедно со сопругата и синот отиде во партизани, а неговите стихови го јакнеа борбениот дух и патриотизам на борците. Пееше за АСНОМ , но и за Тито и Темпо, и врз негови стихови беа компонирани партизанските маршеви. Тој вршеше и клучни политички функции - беше член на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ, член на неговиот Президиум, а беше избран и за член на АВНОЈ. За сите нив неговото дело и живот од тој период не се спорни. Меѓутоа, различни се мислењата за неговото подоцнежно однесување и за причините Венко да ги предаде сопствениот род и нација.
Што е тоа што така силно повлијаело основоположникот на македонската современа литература, поетот кој беше величан за време на НОБ, да падне толку многу ниско и да згази врз своето национално достоинство, да плука врз сопствениот народ за чие опстојување се борел страсно со перо и пушка. Некои сметаат дека Венко Марковски интимно никогаш немал расчистено со својата национална припадност и таа дилема постојано го следела во целиот живот, теза којашто нема некоја реална основа, зашто поетот никогаш такви дилеми не манифестирал пред да биде обележан од комунистите како црна овца.
Најблиску до вистината се оние кои тврдат дека причините за таквото негово однесување треба да се бараат истовремено во суровото однесување на тогашната комунистичка власт кон него која не ја сфатила драмата што ја преживувал поетот кој сметал дека не му е дадено она што го заслужувал, но и во неговиот непостојан карактер и голема суетност. Луѓето што го познавале добро тврдат дека Венко Марковски имал мошне високо мислење за себе, а неговата суетност почнала силно да се потхранува уште во годините кога ги издал првите стихозбирки „Народни бигори“ и „Огинот“, во кои, според литературните критичари, се поместени најдобрите негови песни кои заслужено треба да се вградат во темелите на современата македонска литература.
По нивното отпечатување во Софија, Тодор Павлов, Македонец од Штип, кој во времето на комунизмот бил еден од најистакнатите интелектуалци во Бугарија, говори во суперлативи за стховите на Венко. Го споредува со најголемите светски поети и тврди дека е роден новиот Пушкин. Такво претерано величање на Венко ќе му ја определи неговата натамошна поетска и животна судбина. За себе ќе мисли дека е најдобриот поет на балканските простори, ќе се споредува со познатиот пролетерски поет Владимир Мајаковски, и тоа јавно ќе го кажува. Тој нема да признава друга поетската величина освен сопствената.
Високото мислење за себе и за сопствената поезија кај него ќе роди и големи политички амбиции. Сметајќи дека како поет дал најмногу за македонската литература и јазик и за афирмацијата на македонската нација и борба, интимно мислел дека треба да биде дури и првата политичка личност во Македонија. Тие негови нереални политички амбиции, наводно, ќе ги потхранува сопругата Филимена, која постојано ќе го потсетува на наводните неправди што му се прават од „неписмените“ комунисти кои имаат многу помали заслуги, а имале многу повеќе од него.
Логично, тоа ќе доведе до судир со првите луѓе на партијата кои не покажале доволно разбирање и повеќе флексибилност за нереалните желби на поетот. Напротив, по секој негов неразумен чекор го казнувале, а нетактичкиот Венко, на кого очигледно дипломатијата и приспособливоста на новите услови нема да му биде добра страна, не ќе може да се снајде во тешките денови на Информбирото, кога се доведувала во прашање иднината на државата. Во поетските творби ќе го напаѓа Тито, а ќе го велича Сталин, нешто што во тоа време претставувало најголема ерес и за што се губеле глави. За една своја книга, која деновиве беше обелоденета во јавноста, ќе се најде пред суд, ќе биде осуден на петгодишна робија и испратен на Голи Оток, островото каде што завршувале сите оние кои во тие судбоносни години не мислеле како партијата и Тито.
Истовремено, Венко ќе почне да паѓа се' подлабоко и како поет и како човек, а власта ќе биде немилосрдна кон него и неговите роднини и пријатели. По враќањето од Голи Оток, власта ќе го понижи до тој степен што ќе го испрати да мери жито на пазарчето во Ѓорче Петров. Веројатно, најмногу од се' ќе го погоди кога поетите, луѓето од неговата бранша ќе почнат да го игнорираат и да го отфрлаат, а литературните критичари се' почесто ќе ги критикуваат неговите нови дела.
Но, дали сето тоа што го преживувал во судирите со првите луѓе на партијата и на државата, кои барале да ја наведне главата и да се однесува онака како што сакале тие, и игнорирањето од луѓето од неговата поетска тајфа е доволна причина да се откаже од своето национално битие, да плука врз сопствениот народ и да ги негира македонската нација и јазик во чие создавање се вградил и самиот тој? Дали тоа го оправдува фактот што се ставил во служба на Софија и се вклучил во жестоката антимакедонска кампања и бил нивно силно оружје против се' што е македонско?
Во нашето поновото минато има многумина македонски дејци кои биле, исто така, сурово казнувани од истата комунистичка власт, но ниту еден не се одрекол од сопствениот род и не се ставил во служба на пропагандите против сопствениот народ. Неговата суетност и самобендисаност, неговите преголеми книжевни и политички амбиции, потхранувани од неговиот животен сопатник и неправдите што му биле нанесени во времето на едноумието, кога важел единствено законот на Комунистичката партијата, не може да биде доволно оправдување за она што Венко го изјавуваше и пишуваше по заминувањето во Софија.
Сепак, и покрај сите гревови што ги направи Венко Марковски кон сопствениот род, не треба да се има никакви дилеми околу неговото творештво напишано на македонски јазик. Тој треба да си го заземе вистинското место што го заслужува како еден од основоположниците на современата македонската литература и сите негови дела треба да и' бидат достапни на македонската јавност за да знае кој е тој и за што пеел. Меѓутоа, истовремено, треба да биде запознаена и со делата што ги создавал во Софија, во кои негира се' што е македонско.
podobro od nego nisto da ne se objavuva ni na makeodnski ni na bugarski , tie deca sto ke go ucat nego ke bidat zbuneti ednas tvrdi e makedonec a potoa bugarin, makeodnija ima i drugi poeti koi zasluzuvaat da se vo prvite redovi koi i pripagaat na makeodnija dosledno do posledniot zdiv, od seto ova pisuvanje za nego se sogleduva da venko bil ubeden da makedonci se samo negovite maciteli i za toa saka da im se odmazdi i vo opste ne razmisluval za obicniot narod koi ja socinuvaat makedonskata nacija, i trebalo da znae deka sekoja vlast bilo koja doaga i si odi a Narodot sekogas ostanuva so svoeto bitie i intident i najdobriot sudija koi dobroto i zloto znae precizno da gi odvoi, isto taka nee tocno bez razlika na nekoi tvrdenja tuka vo Feltonov deka Venko e prviot sto pisuval na Makedonski, ako taka veke treba da se znae koi prv pocnal da pisuva zbori i pee i place na Makedonski toa e so pravo tvrdam nikoj drug nego Makedonskiot Narod.
Од: od Bobby Svetska
Датум: 17.03.2009 00:50:41
Feleonot bese odlicen i mnogu fala do Utrinski sto ne zabavuvase Tragicno za Venko I negovite Deca a posebno za ubistvoto na Mileta toj begal od Volkot naisol na Meckata a jas nemozam da svatam zosto ne otisol na zapad da raboti mirno slobodno a nepismenite komunisti bile uvek isti eftini obici ali Venko uvek ke go postuvame kako posten Poet i Makedonski Heroj.
Од: Tode 1
Датум: 17.03.2009 02:16:15
Prvo Venko bil del na taa komunisticka vlast,za nea se borel,znaci bila borba vnatre vo taa vlast,ne go tormozel nikoj odstrana kako saka sega da se pretstavi,zrtva ,macenik.Da izgubel Tito,Venko ke bese pretsedatel na Jugoslavija i togas drugite ke gi stavase na Goli otok.Nacionalno se storil pisman,Ne e strasno da se bide Bugarin ama e strasno nas so sila da ne pravi toa,skoro 3 milioni lugje niz celiot svet.Tvrdel deka bugarskata krv ne e voda a nasata e luk i voda pa moze da ja krsti so bugarskata kako saka.Tuka e negovoto macno slugarenje na Bugarija.Vnukata tvrdi deka skrisum ja sakal Makedonija a javno ja parcosuval i plukal ,prikazna za Agata kristi.Sto,bil dvojna licnost ili nekoja falinka imal,a zenata mu sigurno koga so tursiite gi cuvala spirtosani negovoto srce i mozok.Denes negovite 25 godisni pisanija vo Bugarija se koristat kako teska altilerija protiv Makedonija.
Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 17.03.2009 02:35:31
Da ne prebegase vo Bugarija, ke se pisuvase za nego samo vo superlativi, vo sekoj slucaj trebase da procitame i sto veli za nego nekoj probugarski orientiran, a ne samo makedonisti.
Од: Реалист
Датум: 17.03.2009 07:37:34
Изгледа секоj што е од Македониja мора да биде Македонец, и никако Бугарин? Тодор Павлов е Македонец, Сергеj Станишев е Македонец, Иван Татарчев е Македонец. Питаjте ги тие како се изjаснуваат во етничка смисла. Тие се Македонски изроди и предавници, нели? Венко се изjаснил како Бугарин - тоа е негово право. Зошто не бидат тоа што сакаат да бидат? Или во Македониjа не смее да постои ниеден Бугарин? Македониjа секогаш била етнички чиста? Доста сте тропали глупости.
Од: Verica
Датум: 17.03.2009 07:49:39
Sto se odnesuva do tvorestvoto na Venko Markovski mozebi istoto ima znacenje za istorijata na makedonskata knizevnost,no fakt e deka Makedonskata javnost mora da bide zapoznaena so odroduvanjeto na poetot za koe nesto nema nikakvo opravduvanje.Nikoj a posebno lugeto od kalibarot na Markovski ne smeat nikogas nitu za mig da pomislat,a ne pa da storat takvo velepredavstvo na sopstveniot identitet.Mozebi moze javnosta da bide zapoznaena so del od tvorestvoto,no kako poet vo celosna smisla na zborot, smetam deka toj e odamna mrtov,a za predavnici kako nego vo nasata istorija nema i ne treba da ima mesto.
Од: Македонец од Дебармаало
Датум: 17.03.2009 08:26:45
Се препелкаме во врска со идентитетот. Заштитници, „големи“ Македонци го копаат идентитетот од пред Христа, па ни` прават штета, за она што навистина го имаме. Сега е ново со персоната Венко М. Која глупост или кој, колку пари, зел како надомест за диретно урнисување на идентитетот со примерот на овој лик! Па, луѓе, првото што го сторил е да се определи за Бугарин! И, што сега, зошто ни` е тој битен?
Од: lule
Датум: 17.03.2009 09:14:29
Najkvalitetnite luge vo toa vreme bile obelezeni kako neprijateli od najvisok rang i ne se birale metodi i sretstva da se ubie patriotizmot na tie luge. Mnogu patrioti
Од: БОРО
Датум: 17.03.2009 09:14:58
мислам дека подобро да несе пишува во учебниците ништо за него ,како што нетреба да се дозволи и сегашново земање на бугарско државјанство и само негирање за пасош или кола. ЕЕЕ МАКЕДОНЦИ
Од: Rubin
Датум: 17.03.2009 09:38:16
На побугарчените македонци не му е местото на пиедесталот. Имаме доволно писатели и уметници кои треба да се величат. Доколку власта те отфрла и понижува тоа не значи дека треба да ја плукаш сопствената татковина.
Не го оправдувам него, во секој народ има предавници и луѓе кои ја сменуваат страната, дури и луѓе кои биле пр��задоволни со се.
Причините за тоа најчесто се емотивни ( слава, почитување, его, нарцисовидност и др)
На крај сакам да кажам дека многу академици од МАНУ треба да си одат дома. И да се направи чистка од тоа дувло на „интелектуалци“.
Од: xxl
Датум: 17.03.2009 10:49:57
Takvoto odnesuvanje na drzavata kon poedinci se uste trae.Stravot od sposobnite e masovna pojava vo drzavava i zatoa sme dojdeni do ova deredze.
Од: Baba Jana
Датум: 17.03.2009 11:03:28
Do Goran za komentarite i aluziite kon mene vo vcerasniot i prethodnite broevi;
1. Jas sum Skopjanka od majka, baba, prababa, cukunbaba Skopjanki. Zabite gi lecev kaj lekari, a ne kaj Doka, koja ne bese toa. 2. Filomena mi predavase literatura vo gimn. Josip Broz Tito; od seta poezija na Venko, nie so casovi go obrabotuvavme samo Sonetniot venec, posveten nejze. 3. Od prethodnoto proizleguva deka jas sum mnogu pomlada od Venko ( toj e vrsnik na moite roditeli). 4." De gustibus non diputandum" ( Za vkusovite ne se rasprava). Negovite nekolku dobri pesni ne se dovolni da mu se prostat neprostlivite grevoi kon nasiot rod. Makedonskata poezija ima daleku povisoki dostreli od negovata, taka sto nema potreba i ne smee da se vklucuva vo nastavata ni vo srednite ucilista ni na fakultetot, koj go nosi doblesnoto i cesno ime na nasiot golem poet i naucnik Blaze Koneski. Sapienti sat!
Од: Пројко
Датум: 17.03.2009 12:22:28
Од пеколот во којшто бил не по своја волја и заслуга втурнат, не можеше да се очекува ништо добро. „Различни се мислењата за неговотонеподоцнежно однесување и за причините Венко да ги предаде сопствениот род и нација.“ Но тој се чувствувал предаден ОД СВОИТЕ, а не само од комунистите....
“Тој треба да си го заземе вистинското место што го заслужува“, ни повеќе ни помалку! Венко е само познат „случај“, а ги има безброј прокоцкани, иако биле неопходни за македонската кауза. За националниот пад на Венко јас мислам повеќе одговорност сносат тие што гу втурнаа во пекојот, а не тој самиот. Оти и македонската кауза беше минимизирана, а Венко тоа не можеше да го преболи, па возврати со лудилото на умот пеколен, а не здрав.Вечна му памјат и Бог да го просри!
Од: Kocin-Sidnej
Датум: 17.03.2009 12:25:45
Najnapred chestitki do Viktor Cvetanovski za izvonredniot felton so chija pomosh dojdovme do opshirni informacii za V.Markovski. Ovde ima tri vazni raboti; 1. Venko eden od osnovopolznicite na sovremenata makedonska literatura-koe treba da mu se priznae. 2. Golem propust na vlasta za vreme na ednoumito od izuzetna lichnost napravija eretik. 3. Venko predavnik na rodot makedonski-neshto sto nesmee da mu se oprosti.
Од: chitatel
Датум: 17.03.2009 15:29:05
Mnogu ubav napis,realen,arno ama nedorechen.Kocho Racin ima napishano mnogu poubavi pesni od ovoj Venko,peachateni mu se vo Hrvatska i nikogash ne rekol deka e Hrvat.
Chento se borel za Makedonskata kauza kako toj ja zamisluval i bil kaznet,ama nikogash ne se otkazal od toa deka e Makedonec.
Poznavam edna plejada na lugje koi bile na Goli Otok,nekoi realno,nekoi cinkareni od nivni rodnini i prijateli,ama ne se otkazale od nacionalnata pripadnost-Makedonci,golem del od niv prodolzile da se "borat" za Makedonskata nacija-kauza.
Vo Makedonija imame t.n Torbeshi,nivnite pradedovci poradi razni prichine ja smenile verata,ama tie nivni naslednici i den denes se narekuvaat Makedonci i nivnite preziminja zavrshuvaaat na "ski"
Од: goran
Датум: 17.03.2009 15:37:32
Do Baba Jana:Ne Vi dozvoli suetata da ne se locirate vo vreme i prostor.Sigurno znaevte deka g-djataBojcin ne e Bugarka,tuku po tatko, Srbinka,Baravte prostor za nepristojno odnesuvanje.”Homo hominis lupus est!”Pravam aluzija koga Ve stavam ramo do ramo so nasite modernisti,no od apekt na vremenska perspektiva,zivotni stavovi i pogledi na svetot,vie zaedno,otelotvoruvate edna tragicna sostojba na opstestvena nezainteresiranost(za covekovi prava,politicki liberalizam isl.),konformizam,opotunisticko rascistuvanje preku retorikata od tipot heroj ili predavnik,skoevsko poltronstvo,kakvo sto i sega go pokazuvate(se plasite deka imeto na drugarot/G-dinot Konevski ke se izvalkalo).Tenka e granicata pomedju:heroj ili predavnik.Nitu nekoj treba da se velici,nitu da se mrazi.Traba da naucime da relativirame kako sto Konevski toa go cini vo Nebeska reka,koga se obraka do svoite pesni.Zalam sto vo zavrsniot del na feljtonot ne se napravi obid da se sozdadat kriteriumi,koi sto donekade ke gi objekt