Број 2938  вторник, 17 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

Полицијата пак ги притиска фармерите

По најавата на МВР за пријави против 27 фармери, следуваше и повикување на информативен разговор

Битола - Продолжуваат притисоците на полицијата врз фармерите. По најавата на МВР за пријави против 27 фармери од Битола кои, наводно, го организирале минатонеделниот протест на сточарите, следуваше и нивно поединечно повикување на информативен разговор. Под изговор дека бил „најбучен“ од другите фармери на протестите, вчера еден час на разговор во полиција бил повикан Душко Илиевски, сточар од Битола. Подучен од минатиот пат кога во СВР-Битола беа повикани осуммина млекопроизводители од овој регион, Илиевски во полиција отиде со адвокат.

„Гледате какви притисоци имаме! Не' повикаа во полиција, а ние само си ги бараме своите пари. Ништо не правиме спротивно на законот. Но, ете сега од полиција ми велат дека, наводно, јас сум ги лепел плакатите низ градот за последниот протест на кои имаше фотографија од премиерот Никола Груевски како наздравува со газдите на шведската млекарница. Тие за ова имале доказ, фотографија со мене, а сега барале уште двајца сведоци. Но јас им реков дека тоа не е точно и дека станува збор за монтирана работа“, изјави Илиевски по разговорот во полиција.

Како што вели самиот, од полиција му било кажано дека поради ваквото негово однесување на протестите, може да заврши и во затвор.

„Ми беше кажано дека против мене ќе поднесат кривична пријава и ќе ме пикнат во затвор“, рече Илевски.

МВР за викендов најави пријави против 27 фармери од Битола кои, наводно, ги организирале протестите на сточарите.

Од СВР-Битола потврдуваат дека Илиевски бил повикан на разговор. Портпаролот Ѓоко Стрезовски рече дека разговорот бил краток и во врска со сторен прекршок казнив според Законот за јавен ред и мир. Според СВР- Битола, Илиевски прекршокот го направил н�� 11 март околу 12 часот омаловажувајќи државен орган или државна институција. За ова од полицијата велат дека имаат и сведоци.

Инаку, во неделата доцна попладнето 17 битолски фармери се сретнале со новиот сопственик на млекарницата, Моше Баум, кој лично допатувал во Битола. На состанокот присуствувал и еден од главните менаџери на „Феникс енерџи“, Насер Пацоли, кој заедно со Баум инсистирале средбата да биде дискретна и без присуство на медиумите. Тие им ветиле на фармерите дека утре ќе добијат 20 отсто од вкупниот долг заедно со парите за откупеното млеко во февруари. Остатокот од сумата ќе им бил исплаќан на рати на секои 15 дена, со тоа што сите пари сточарите би требало да ги добијат до крајот на мај. Од друга страна, новиот сопственик побарал од фармерите да потпишат изјави дека се обврзуваат млекото да го предаваат во шведската млекарница, а договорот потпишан од кооперантите и газдата да биде заверен на нотар. Од овие договарања сосема биле исклучени фармерите од Скопскиот и од Кумановскиот регион.

Статијата е прочитана 1088 пати.

Испрати коментар

Од: R.R.
Датум: 17.03.2009 00:12:46
Farmerite pretera...i ne se veke interesni.Moze i vreme e nekoj da piknat vo zatvor.Gi ocekuvam naskoro i lozarite da izlezat i da baraat pari od Vladata. I site luge sto imaat neplateno smetki od privatnici neka izlezat ....Smesno i zalosno e kako dozvolija SDSM tolku da manipulira so niv! Napred Gruevski i ne dozvoluvaj edna grupa luge da te popreci vo rabotata!
Од: Makedonec vo EU
Датум: 17.03.2009 00:23:34
Ovcarot stana premier i zaboravi na svoite dovcerasni kolegi. Sega molze drugi ovci, so prefiks VMRO :))
Од: Sovet do Mlekarite
Датум: 17.03.2009 00:49:12
Angazirajte top advokati,koi se zanimavaat so stopansko pravo!Preku niv,barajte informacii direktno od instituciite,za SWEDMILK i podnesete krivicni prijavi do Menadzerskiot tim!Krivicni prijavi do site institucii,koi se obvrzani po sluzbena dolznost da postapuvaat vo slucaj no osnovano somnenie za storeni ekonomski krivicni dela!Kakov e statutot na firmata?Koi se osnovaci na firmata i glavni investitori?Koj kolku paket na akcii imal?Koi se lugjeto vo Menadzerskiot tim,i od kogo se postaveni tie?Kolku danok platila SWEDMILK vo vremeto na Oscarsson?Kako rabotela SWEDMILK,kade se napraveni zagubite i kako moze SWEDMILK,so eden dobar menadzer kako Oscarsson,zatoa sto vladata ne moze da dozvolil sekoj da bide koinvestitor vo drzavata?Sigurno e provereno koj e covekot,sto pravil,kakvi uspesi imal...?Kolku pati instituciite na sistemot:ujp,finansiskata policija.. ja proverile rabotata na Swedmilk?Ako imal proverka,rezultatot?Ako ne,zosto nemalo kontrola?Pozdrav do narodot i mlekarite!
Од: Tale
Датум: 17.03.2009 01:15:16
Ako Gruevski ne saka da zeme odgovornost za grabezot,togas trebase da se distancira uste od pocetokot od Sweedmilk, a ne pri otvaranjeto, kako paun da se seta so najloni na glavata, govorejki portokalovi prikazni za ,,trajno" resenie na problemot so mlekarite.Zar ne gleda Gruevski deka so svojot rejting ,prisustvo i falenje na mlekarata go zagrozi opstanokot na mnogu semejstva vo Makedonija.Narode, otrezni se!!! Nam ni treba covek sto nema da reklamira i nema da bega od nosenje odluki kako begalecot od debati i odluki-Gruevski.Kazete veke ednas deka carot e gol!!!
Од: od Svetska
Датум: 17.03.2009 01:17:20
Pa neli site vo edna demokratska Drzava ima pravo na protest ali sto ne pocnete kako gecistata da ubivate jadni Mlekari prvo oplackani posle istepani posle kazneti i na kraj zatvor na zaev za 8 mile Evra mugi stavia lisicite i pred kameri a G....molci sramota pozdrav do Mlekarite .
Од: nekoj
Датум: 17.03.2009 05:57:47
Toa e Makedonija. Ako ne e po volja na vlasta nema protest i strajk. Ima samo zatvor. Da imase prava opozicija toa nemase da se sluci, pogotovo vo izborna kampajna.
Од: AHIL69
Датум: 17.03.2009 06:53:12
sega ke gi nateraat farmerite da se otkazat od se ,samo za "dobroto na drzavata (citaj Diktatorot) i ako treba ke zemat uste krediti samo da e mir u kuka, zalni se veke Diktatorot so poltronite negovi,na izborite ke dobie samo ako zatvori 70 % ot makedoncite i ne ima dade pravo na da glasaat.......
Од: stojan
Датум: 17.03.2009 08:44:29
BRavo Grujo udiras po naj izmacenite luge i gi tepas po ulici im se zakanuuvas kako gestapo gi povikuvas na inf razgovori samo za da ne ve isvirkuvaat,ne ste vie odgovorni a?a koga se slikavte zaedno,a koga od tie selani dobi 63 mesta?ke vi se vrati kako bumerang ne e vazno dali do 7 koleno ama sihurno ke ve fati grevot.Shteta sto ne se slucuva kako vo grcija pa da ve obesi narodot po ploshtadi na spomenicite sto gi gradite so nivnite ukradeni pari,Pazete i opozicijata se ograduvase od TAT ama zagubi katastrofalno.
Од: gjoko bugarija
Датум: 17.03.2009 09:10:35
Sramota e ova be,kaj ne si gi dobile parite za koj poshteno rabotele,pa i ke gi zatvaraat.Gruevski svesti se,toa e tvojot narod shto go machish.Dodeka ti si sedish u kancelarija i zimash debela plata,narodot pati.Ne mozham da poveruvam,sram da i e navladata. A za tebe R.R,ti si takov kopuk neviden,mesto da gi podrzhish,ne ti bile interesni vekje.Od takvi kako tebe i makedonecot vo EU ni odi u nepovrat drzhavata.
Од: svetlana
Датум: 17.03.2009 09:25:18
Tursko bilo ova ne bilo!!Mi se povraka od vmrovci sto i za tepanjeo na mlekarite ja pravdaat vladata!!EEjj do koe deredze dojdovte!
Од: Petar.k
Датум: 17.03.2009 09:40:34
So samiot cin na zazemanje na mlekarata od strana na mlekarite i od druga strana zastana policijata da brani.Premierot rece deka ne se mesa vo problem pomejgu dva subjekti ali koga vide deka ke mu letne mlekarata so site pridobivki ja angazira policijata toa za mene znaci deka toj e eden od subjektite.Se dodeka na vakov nacin, a nee prv, go unistuvate sopstveniot narod kako mislite da go ubedite deka ke mu bide dobro.Mnogu pari im trebaat na politicarite za ovie predstavuvanja pred narodot podobro ke bese parite da im gi dadea na narodot togas ne ke trebase da se predstavuvaat,se sto nema da napravat oti pred vreme ke napravea, ke steknea doverba, i dobro za narodot a voedno i za politikata vo Makedonija.Kaj nas uste vladee patriotizmot a kaj vas GRABALIZMOT se prasuvam do koga?Ne ne' ubedivte so podmetnatoto kombe so eden ton mlecni proizvodi deka go resivte problemot so aramiite samo kazavte deka manipulirate ne samo so mlekarite tuku i so grajganite. Za razmisluvanje e!
Од: Petre
Датум: 17.03.2009 09:44:24
Ova veke Smrdi na izborna politika...tolku vreme pomina, pa trebase sdsm da im dade besplatna pravna pomos na farmerite, da ja tuzat mlekarata i da barat izvrsuvanje na dolgot... mene mi Smrdi rabotata so Previsokite otkupni ceni na mlekoto...farmerite ne prifakaat Realni ceni a si go baraat i zaostanatiot dolg... da ne bide posle koj saka rogovi ostana bez usi..Swedmilk ima mnogu doveriteli, poveke od dolznici ( go kazaa samo Velija)..
Од: Tревопасец храбар
Датум: 17.03.2009 09:44:29
Типично за оваа влада е владеење на начинот на кој владеел нивниот им цар Тодор Александров и Ванчо Михајлов кои многу ги обичаат.Бугарска систематска тактика во владеењето со сеење на страв и заплашување со големо величање на фирерот и измислуивање на заговори против власта карактеристично за Гебелс и остали од компанија, а спроведувано во сите земји на оската.Па ВМРО пред секои избори спроведува обука на цчленовите во Народна Република Бугарија и ништо да не не чуди и за овие постапки
Од: ackoi
Датум: 17.03.2009 10:20:36
Ova e samo pocetok.Po izbori ke bidi drobevte ,srkajte,............
Од: Trajko
Датум: 17.03.2009 10:22:50
Golemata greshka,napravena na 1 juni 2008 god. nemoze da se popravi.Na narodot mu beshe dadeno shansa da izbira pomegu demokratija i diktatura.Samiot narod izbra diktatura.Ostanuva sega ushte na 22 mart da odbere ednoumie.Na zdravje.
Од: zabegan.
Датум: 17.03.2009 10:26:57
ОВА ти се вика ДЕМОКРАТИА на вмроски начин тепај заплашувај и владај.АМА до кога??????? На се си има почеток и крај. Почетокот го видовме а КРАЈОТ следува но што побрзо толку подобро.
Од: zoki
Датум: 17.03.2009 11:25:55
Со проектот за Самовработување, обезбедени се 6 милиони евра за кредити за невработе- ни лица во висина до 3.000 евра со каматна стапка од 1% годишно, а во согласност со инте- ресот, преку 2/3 од вкупните средства ќе бидат искористени за отпочнување со земјоделска дејност – купување крави, развој на овоштарници, пчеларство итн. Износот од 6 милиони евра ќе биде зголемен штом се распределат овие средства; Izvadok od proektot "Programa vo 100 cekori"
Од: K.J. Kavadarci
Датум: 17.03.2009 11:34:43
Некои луѓе доброто на Владата не знаат да го ценат па сега крив им е Груевски а се заради нефункционирањето на газдите на Свидмилк.
Од: psihijatar
Датум: 17.03.2009 12:35:15
Do R.R: Covece odi lecise ti ne si normalen.
Од: ddd
Датум: 17.03.2009 12:46:35
A menadzmentot da se povika na razgovor vo policija? Koj stigne ja krade ovaa zemja, ebati drzavata
Од: b
Датум: 17.03.2009 13:22:36
Добар коментар ор Р.Р. Само тоа што го предлага некого да пикнат во затвор е блага мерка. Поарно да си го советува своето пастирче, да извади митралези, па некој гркне во државава, да го видам. Така пастарчето на раат ке си ја гледа својата работа, а Р.Р. и други како него блажено ке си го гледаат.
Од: Za zashtita na gonetite
Датум: 17.03.2009 13:44:30
R.R. e taksirarat nad taksiratite.Za zalenje.Potonat vo sluguvanje i sluguvanje.Ligavec.
Од: Che Gi Varam
Датум: 17.03.2009 14:35:30
Ne e vazno sto napisal RR i nemu slicnite. Ne trosete energija na izrodi, pisete sto mislite za konkretniot slucaj. Po moe mislenje onamu kade sto drzavata ne resgirala i ne gi stavila svoite instrumenti vo korist na pravdata i pravoto, smetam deka narodot ima polno pravo da si ja pobara svojata pravda po pat na nasilstvo. Da saka Vladata moze da gi poapsi site involvirani strani, ama izgleda ne saka ili ne i odgovara. Kakov e ovoj nov investitor, namesto da dojde so gotova para, on gleda da gi otplati dolgovite so tekovnoto proizvodstvo, sigurno smetaa deka farmerite ke gi cekaat do beskraj. Im upatuvam podrska na farmerite, da ne popustaat na pritisocite, da si gi baraat parite maski, ako treba so motiki vo race.
Од: lefko citatel od bitola.
Датум: 17.03.2009 14:47:23
namesto da setaat po promaseni mitinzi neka sednat i za ovie jadni ludje da go resat problemot kako so platenata politicka programa ili so bilbordite.KRAVITE NE JADAT 20% JADAT 100% !A VIE GLASJTE ZA 1%?
Од: Irina,kavadarci
Датум: 17.03.2009 15:49:04
Poddrska za premierot vo ovie momenti,navistina se potrudi da im pomogne,zakonski nema pravo da se mesa vo rabotata na privatnite firmi...i treba da prestane manipulacijata so farmerite.
Од: МЗ
Датум: 17.03.2009 17:52:15
Млекото ви е кисело млекари кај се видело газди да се мават,крава која дава млеко не се тепа а млеко , па ке се увезе пак преку други ГАЗДИ од босна,србија словенија идр.они не прават буни како вас а уште и данок ке платат а Мак. млекар, стап и дома , ако по пат не те собере некој МВРо-овес да ти наплати некоја казна , па макар зошто плукна заради мака.

Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
Фрицл го призна инцестот
„Денот на дрвото“ - трет дел
ВМРО-ДПМНЕ го претстави Иванов како наследник на Борис Трајковски
Со избилдан рејтинг не се гради иднината
Повеќе даночни пријави - колкав ќе биде данокот?
Не се испитува присуството на канцерогени материи во бебешката козметика
Љубовна приказна заврши со убиство и самоубиство во Скопје
Само нека потрае
Суперлига- Ѓорче Петров падна во Кичево!
Сите купуваат евра, од каде се денарите
Маките на Валентин Инцко
„Бисерите“ погласни од политичките пораки
Молитвениот појадок кај Имер Селмани
Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (14)