На митинзите често се повикувате на Вашето преговарачко искуство од 2001 година, со кое на Македонија ќе и' обезбедите побрз влез во НАТО и во ЕУ. Како мислите да го направите тоа?
Во политиката имам повеќе од 20 години искуство, бидејќи кога мојата ВМРО-ДПМНЕ беше опозиција, бев секретар за меѓународна соработка и ги остварував сите контакти со цела плејада тогашни политичари, кои беа фактори во Европа. Знаев да повлечам вистински политички потег, некогаш на моја штета, но никогаш на штета на граѓаните на Македонија.
Компромис за Македонија нема, бидејќи во четирите свети букви ВМРО е спомената Македонија. Но, како политичар кој треба да мисли за иднината на државата, како нејзин иден претседател, не смеам да бегам од одговорноста. Со својот авторитет морам да ги седнам лидерите на партиите и да им кажам да го остават својот избилдан рејтинг, бидејќи со рејтинг не се гради иднина на Македонија. Затоа ги прашувам нашите политичари кои создаваат перцепција за нерешавање на проблемот имаат ли алтернативни решенија за невлегување на Македонија во НАТО и во ЕУ. Најважно е да се ослободиме од оваа ова т.н. привремено име БЈРМ. Истовремено, ќе се залагам да се зачува македонскиот национален идентитет, да не се повреди Уставот, а да се дојде до членство во НАТО и во ЕУ. Тоа може да се случи во хармонизирана атмосфера. Доколку во првата година од мандатот не ја внесам Македонија во НАТО и не ги отворам преговорите со ЕУ, ќе си поднесам оставка.
Велите дека ВМРО-ДПМНЕ има еден претседателски кандидат, мислејќи на себе, меѓутоа лидерот на партијата, Никола Груевски, постојано повторува дека тоа е Иванов. Дали Груевски некогаш Ви ��етил дека партијата ќе Ве поддржи за највисоката функција?
Да, Груевски ми вети доколку се појавам на конвенцијата и одржам еден говор во мој стил, дека сигурно ќе поминам, но јас му реков „тоа да го оставиш за други времиња и за понаивни политичари“. Имам двојно поголем стаж во партијата од актуелниот лидер, но, знаете, кога зборот во една држава станува казна и злосторство, тогаш почнуваат проблемите. Прво, раководството на партијата мора да си расчисти дали Иванов е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ или не е. Едно знам, никој не може да го избрише со гумичка мојот стаж во политиката, ниту, пак, да го избрише обвинението од Хаг каде што стои: Љубе Бошковски, министер за внатрешни работи, член на ВМРО-ДПМНЕ од основање. Тоа го напишала Карла дел Понте и тоа се факти.
Некои голобрадести момчиња од мојата партија, велат, ми биле лути, а новодојдениот турист кој се' уште е нераздолжен во претходната партија бил револтиран. Сум ги навредувал. Па, ако некој не расчистил со идеологијата, а доаѓа да ти се меша во твојата партија, тоа е како падобранец да ти врши упад. Она момче од Кичево, кое сега е министер за надворешни работи, на митинзи ни кажува колку Иванов бил важен и силен интелектуалец. А, до вчера чукаа на моите врати, се сликаа со мене, и говореа дека сум најголемиот македонски патриот. Виновен ли сум што 90 отсто од нивното членство е со мене?
Како ќе соработувате како претседател со премиерот Груевски со кого се разликувате за суштествените прашања за иднината на државата?
Мислам дека ќе мора да дојдат во новоизградената резиденција и да преговараат со мене. Ќе ги седнам на маса и ќе им кажам да престанат да се поигруваат со судбината на два милиона граѓани, бидејќи немаат таков кредибилитет. Доколку не ја сфатат реалноста во која живееме, ќе направам напори да ги дисциплинирам и да ги разуверам дека биле во заблуда. Кога ќе ја сфатат заблудата, ќе побараат извинување, а јас како голем христијанин ќе им простам.
Имате ли притисок Вие лично и луѓето кои Ве поддржуваат?
Апсолутно, имаме невиден притисок. Почнувајќи од прислушувања, туркања со некакви автомобили кон нас од „алфите“ во време кога собиравме потписи, од запирање од страна на „алфите“, како што се случи во Куманово, кога на најбрутален начин вадеа долги цевки и ги вперуваа кон нас... Сега ова првпат го говорам, досега го премолчував заради имиџот на Македонија.
Вие сте уверен во победата, меѓутоа, доколку не се случи тоа, може ли да очекуваме Љубе Бошковски да формира нова партија?
Јас имам своја партија, го имам ВМРО-ДПМНЕ и засега немам таква намера, бидејќи не ми е ниту во потсвеста да изгубам на овие избори. Сигурен сум дека ќе ги добијам исто како што неколку дена пред пресудата во Хаг бев убеден дека ќе излезам од затворот. Имам некоја интуиција и вера. Сигурен сум во енергијата која ја добивам од луѓето на теренот, зашто јас не ги носам со 400 автобуси, како што го прави тоа власта.
Реваншизмот е влезен на голема врата, видете како се однесуваат спрема некои нашите браќа кои преминале во друга партија со иста идеолошка матрица. Се гледаат како непријатели. Од друга страна, обединуваат личности за да имаат некаква си коалиција од 20 политички партии, а кога ќе им го изброиш членството, едвај можат да соберат 20-ина илјади гласачи. Го прават овој циркус од 100 партии во власта, а всушност, апсолутно доминира раководството. Неколку луѓе од ВМРО-ДПМНЕ кои не заслужуваат да си играат со партијата.
Ljube nikako da prekine da go lazi narodot. Toj ne e kandidat na VMRO ,toj si e nezavisen,a partijata diga race od nego.I nikako ne moze da svati deka negoviot rejting paga od momentot koga resi da se kandidira za Pretsedatel.Ljubeee odi si doma, vakov predavnik nikoj ne saka .Judaaaaa....
Од: Pirin
Датум: 17.03.2009 00:30:42
ovakvi zborovi i ovoj Andonov gi isfrlase deka on ke stanel pretsedatel na makeodnija, taka iBoskovski , neznam zasto taka razmisluva stavrno nema sansi ne za nekoja sposobnost tuku ete negovoto vreme pomina bese burno i sega treba da se pliva vo mirni vodi za da se dojde do nekoja pobeda a ta pobeda se vika da makeodnija bide najglavno prvo vo NATO a so brat Ljube pak ke pocnat kavgite od sprotivnata strana bez razlika kolku brad Ljube ke bide demokrat ili pak popustliv sprema niv.
Од: Гласам за Љубе!
Датум: 17.03.2009 00:51:34
Само напред Љубе Бошкоски! Со притисоците што ги прават од ДПМНЕ, како што и вие потврдувате, со „Алфите“ итн. само покажува дека тие работат во стариот комунистички стил, а „Алфите“ се денешна КОС и УДБА. ВМРО не се само четири букви, тие се идеологија, која во ДПМНЕ е одамна заборавена, а раководството се состои од поранешни комунисти и бивши членови на разни социјалдемократски партии, а за коалиционен партнер го имаат југословенот Ѕинго. Такво ВМРО ниту имало, ниту ќе има.
Од: blagojce
Датум: 17.03.2009 01:30:17
samo napre brat lube sotebe sne nikoj nemozi da ne zaplasi lube presedatel na makedonija
Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 17.03.2009 03:05:31
Boskoski ne se fati na oroto na turbo patriotizmot na Grujo, tuku e na linija na osnovacot na VMRO-DPMNE Ljupco Georgievski, bez koj se oseka golema praznina vo partijata.
Од: borce airov
Датум: 17.03.2009 07:09:43
na site izborni procesi glasam za vmro dpmne kako pod komanda ,no sega po po svoe ubeduvane.napred brat ljube silata neka e so tebe.
Од: Кривата чешма
Датум: 17.03.2009 07:45:56
Бошкоски имал преговарачко искуство??? Ха-ха-ха-ха-ха, ама се насмеав!!! Па тој во 2001 година се испокара со сите можни странски дипломати. Затоа и го пикнаа во Хаг. И пак не му дојде умот. Бошкоски е најдобар пример за анти-дипломат, а сака да ја води дипломатијата на Македонија и да не претставува пред светот. Доста 5 години се срамевме со Црвенковски, не ни треба друг таков. Иванов е вистинското решение!
Од: lule
Датум: 17.03.2009 08:34:29
G-in Ljube e vistinski pretsedatel za nashata tatkovina i ubeden sum deka graganite ke mu ja dodelat doverat i konecno vo R. Makedonija ke dojdat vistinski luge na vistinski mesta.
Од: Od Orce Sazdov -Australija
Датум: 17.03.2009 08:37:58
Samo napred brat Ljube i toa zaedno so pesmata sto e ispejana za tebe ,so golema pocit i pozdrav do tebe i cela Republika Makedonija.Pozz.......&
Од: joviica
Датум: 17.03.2009 08:39:55
Kutar Ljube. Kogo ke go sednes na masa? Nemas ingerencii vo Ustavot. Samo ke si kazuvate crno-belo i koj e povazen, jajceto ili kokoskata. Duri ke bide poloso od ne-kohabitacijata so Branko. No, sustinsko prasanje e, kako ke stanes pretsedatel, koga mnozinstvoto i od vo "tvojata" partija ne te saka tebe za pretsedatel. Se povikuvas na Narodot, so koj navodno si imal koalicija, no toj e tvojot najmal sojuznik. Mi e zal sto ke se razocaras. Narodot povekje gi saka golobradite momcinja. Tvojata filozofija e navistina nadminata: mozebi ke bese pouspesen kako prerodbenik vo 19 vek.
Од: blagica kavadarci
Датум: 17.03.2009 09:11:54
Ljube ne moze da bide pretsedatel, i za nego se izgubeni izborite uste koga resi da se kandidira kako nezavisen kandidat. Edinstven pretstavnik na vmro e Ivanov i da ne se lazeme toj ce bide idniot pretsedatel na Makedonija. Cestitki za Ivanov
Од: acko
Датум: 17.03.2009 10:00:33
Grujo veli Ivanov e nasiot kandidat i ovie partiskive poltroncina na internet samo go verglaat istoto celo vreme.Ne mi se veruva deka vakvi bezrbetnici postojat i kreiraat nekakvo mislenje.No sakam da pobedat za ostanatite da vidat kako ke funkcionira kretenizirana Makedonija ,pa posle da go baraat pokratkiot pat da se spasat od ova zlo koe ne navasa.
Од: igor
Датум: 17.03.2009 10:00:47
Edno zanam deka Ljube e prav vmrovec i e podobar covek od onoj zabeganiot Ivanov!
Од: kemba
Датум: 17.03.2009 10:12:34
Замислете обратна ситуација ,Албанците да беа мнозинство а Али Ахмети да беше кандидат за претседател на РМ.
Што мислите дали некој друг би имал и` мин. шанси да победи?
Од: zabegan.
Датум: 17.03.2009 10:38:50
СИТЕ-ко критикуват БРАНКО бил бивш комунист и човекот сие доследен не треба да се бега од тоа што си бил нели????Но едно не ми фаќа акалот КАКО ЗИНГО,ИВАНОВ,ПОПОСКИ и други социалистички бисери од СДСМ отидоа во ВМРО????И аир бараш од таквите КАМЕЛЕОНИ. Народот рекол ако се давеш дависе во голема вода а не во вирче.Е социалисти-кумунисти сега ВМРОВЦИ нека вие алал од такви издајници пати МАКЕДОНИЈА.Ќе ви дојде крајот СКОРО.
Од: dimitar
Датум: 17.03.2009 10:57:33
Lube ti si car,ama te predadoja onie nedokvakani VMROVCINA koi se dojdeni samo da profitiraat od vlasta ,a pola se od LDP,SDSM,i ostanatite partii,a sega glumat patrioti.Jas Lube ti posakuvam mnogu uspeh i se nadevam deka ti i Frcko ke vlezite vo vtoriot krug pa na toj nedovetniot ke mu pokazite koj e koj !
Pozdrav i SREKNO brat Lube !
Од: Ози
Датум: 17.03.2009 11:10:35
Е брат Љубе. Да си како Чаушеску, или уште подобро Мусолини, па да ги построиш сите политичари а тие само “РАЗУМЕМ!!“ да викаат. Штета што и дваицата завршија неславно.
Од: Македонија
Датум: 17.03.2009 11:25:07
Не мислев ништо да пишувам денес,ама R.R.ме изреволтира.Како можеш за Македонец кој скоро 4 години беше во затвор,односно притвор за нашата земја,за нас..да речеш дека е ЈУДА?!! ...Ти мора да си од спротивната страна,ти не си Македонец...ако си засрамисе..Од твојот штаб ако веке си припадник на некоја партија,пошто се сомневам како таков би те примиле....ке те исклучат од било која да си партија Македонска...Срамота..Инаку во општо овој пат не сум заинтересирана кој ке биде претседател на Македонија...кој и да биде нека е брани честа на Македонија,нека го подобри животот на Македонецот..и му посакувам успех во тоа....
Од: Osten
Датум: 17.03.2009 11:26:27
Brat Ljube cesno,iskreno se bori za svoite prava.Toa na nekogo mu smeta.Se plasam deka pobednik ke bide najslabiot od site sedum kandidati.Kako mu bese sloganot-EDEN ZA SITE-a TOJ ZA NIKADE!!!Makedonijo,svesti se uste imas vreme.
Од: euro4
Датум: 17.03.2009 11:31:15
DPMNE e firma.Raboti za profit ama ne plaka danok.
Од: caca
Датум: 17.03.2009 11:37:28
Ako nekoj e vistinski patriot toa e brat Ljube,so ideologija na vistinsko VMRO vo koe nema setaci i profiteri.Zaboravite mnogu brzo deka vo Hag bese za Makedonija,i se iskara so site diplomati povtorno za Makedonija,i sega Gruevski vrsi pritisoci vrz narodot i zaplasuva ,pa ako se tolku sigurni neka gi odmerat silite bez da go plasat narodot.So ova kako da se vrakame vo totalitarizmot site isto da mislat,vo sprotivno sankcioniranje.Osvestise makedonski narode.
Од: cia
Датум: 17.03.2009 13:21:29
ivanov e izguben sluqaj samo nego gruevski mozhe da go vozi kako saka .ako pobedi ivanov makedonija nema da postoi albancite ke barat podelba na makedonija naj dobro za nas e imer selmani zashto brat lube nema shansi albancite go mrazat zhallam brat lube ...tfoite glasovi dajmu na selmani i taka tie priatel...
Од: bitanga
Датум: 17.03.2009 13:59:09
ljube ce glasame za teba ama nemoj vo 2-ro poluvreme da gi rasprodades prijatelite.hrvatska ima pogolema demokratija!
Од: BIG BROTHER-FILIP TRETI MAKEDONSKI
Датум: 17.03.2009 15:07:24
Otsekogas sum bil skeptik deka univerzitetski profesor lesno moze da bide i politicar iako ima i isklucoci. Boskoski e vo pravo deka Gorge Ivanov tesko se snaoga vo politikata no poradi neiskustvo i otsustvo na afiniteti za politika sto e evidentno i od negovata biografija i sudirot so establismentot(glavno sdsm)svoevremeno sto pak znaci deka toj ne e sds-ovski janicar tuku isti takov klon kako i samiot toj i celata DPMNE pod mentorstvoto na kameleonot Dimitar Dimitrov.
Inaku tipicno za eden profesor e da ja zboruva vistinata kako na primer deka Ramkovniot dogovor e klasicen kriminal protiv Ustavot i suverenitetot i sl. No problemot e vo toa deka bez diplomatski takt ne treba da se pletka vo politikata. Isus Hristos, barem spored mene, tesko go platil cehot za revnosta kon alcnite i bezobzirni trgovci koi trguvale vo samiot bozji hram-crkvata iako bil opravdan i proizleguval od moralna i duhovna cistota i implicitno covekoljubie i i pokraj nekoi drugi iako mnogu verojatni tolkuvanja.
Од: pero
Датум: 17.03.2009 16:52:06
vecer ne dava nikakvi komentari sto ne mu cinat beter se od komunistite ovie se diktatori