Број 3301  вторник, 08 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Словенија ја одблокира Хрватска

Тесното словенечко „да“ на референдумот е отворен пат за Хрватска кон ЕУ

ЉУБЉАНА - Словенечкиот премиер Борут Пахор ја поздрави „историската одлука“ откако граѓаните гласаа на референдумот за почнување преговори за договор околу сериозниот граничен спор со Хрватска. На гласањето 51,5 отсто од гласачите се изјаснија позитивно, што значи дека Хрватска ја расчисти својата последна најголема пречка за членство во ЕУ. Сега се очекува Хрватска да ги заврши разговорите за членство со Брисел во следните 12 месеци, со што оваа земја ќе биде на пат да стане 28. членка на ЕУ до 2012 година.

Пахор беше принуден да распише референдум за граничниот спор откако опозициските партии во земјата побараа гласање. „Ова е историска одлука“, изјави тој. „Ова е голем успех за Словенија“. Хрватската премиерка Јадранка Косор, која по затворањето на гласачките места телефонски разговараше со Пахор, за хрватската национална телевизија изјави дека не гледа други пречки од страна на Словенија што ќе му се испречат на Загреб на патот за влез во ЕУ. „Повеќе нема да има блокади. Дијалогот со сигурност продолжува. Со овој договор... ние ги раздвоивме разговорите на Хрватска за влез во ЕУ од решавањето на пограничниот проблем“.

Словенија, која во 2004 година и' се приклучи на ЕУ, го употреби правото на вето за да ги блокира преговорите за влез на Хрватска во Унијата во поголемиот дел од минатата година, поради малиот Пирански Залив (20 квадратни километри) во Јадранското Море, граничен спор што датира уште од насилното распаѓање на Југославија во 1991 година. Под притисок од другите европски земји Словенија во септември минатата година се согласи на обврзувачки арбитрарен договор, меѓутоа, спогодбата беше контроверзна за голем број Словенци и спорот ја доведе во прашање европската иднина на Хрватска. „Решавањето на граничниот спор со Словенија е основа за траен мир, безбедност и пријателство меѓу двете држави“, изјави Пахор.

Меѓутоа, владината постапка околу гласањето и самоуверениот пристап на Хрватска кон спорната граница, покажувајќи дека Пиранскиот Залив е хрватска територија во мапите што беа доставени до ЕУ, ја подели Словенија. „Премиерот не требаше сам да го прави ова. Тој требаше да се обиде да постигне консензус со опозицијата. Јас гласам за арбитража. Не е добро да се блокира влезот на Хрватска во ЕУ“, вели Рок Доленц, 23-годишен студент по право, кој живее во Марибор, втор по големина град во Словенија. „Меѓутоа, Хрватска не е добар сосед“.

Покажувајќи ја длабочината на балканските поделби по војните што се случија по распаѓањето на Југославија пред 19 години, Станислав Поленец, 70-годишен пензионер, кој пиеше кафе со пријателите во Љубљана, изрази лутина за она што голем број Словенци го сметаат како хрватска анексија на нивна територија. „Хрватска е окупаторска сила“, вели тој. „Како вие би се чувствувале ако некој се пресели во вашиот стан и постепено присвојува соба по соба?“

Огорченоста ги зголеми сомневањата околу способноста на ЕУ да се прошири на Западен Балкан, каде што сите поранешни југословенски републики аплицираа за влез и имаат повеќе гранични спорови, кои се дури и посериозни отколку оној меѓу Словенија и Хрватска. Ниту една од другите поранешни југословенски републики се' уште не отворила преговори за членство во ЕУ, а државите како Србија, Босна, Косово и Македонија и натаму се заглавени во ривалство и проблеми што останаа како наследство од балканските војни што се водеа во 90-тите години од минатиот век. (Телеграф)


#
Статијата е прочитана 1252 пати.

Испрати коментар

Од: nekoj
Датум: 08.06.2010 17:41:01
ova e sepak pociviliziran svet. Aj cestito Hrvatska, pa posle ke vleze i vo sengen, pa nema granici itn. taka da na kraj i ne e biten sporot voopsto...

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Портокалова револуција и во судството
Ќе дојде ли Тачер во Македонија?
„Охи“ за полни резервоари во Грција
Црвенокосата Ријана во провокативно издание
Ченто во „Тренд“
Енциклопедијата на МАНУ повлечена, а се промовира
Странци ќе ни носат странски инвеститори
Загадените води од Галичица опасност за охридската пастрмка
Колку бинга ќе има во администрацијата
Егзотичен туризам
Кој крадел картички од урнатиот полски авион
Надал петти пат крал на Ролан Гарос
Русија гради црква во срцето на Париз
Шведско и наше - различно, а сепак исто
Осомничениот педофил од ОБСЕ злоупотребувал деца?