Број 3301  вторник, 08 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Осомничениот педофил од ОБСЕ злоупотребувал деца?

По анонимно јавување, „Меѓаши“ бара од МВР да ја прошири истрагата за Норвежанецот поради сексуална злоупотреба на деца

„Норвежанецот вработен на висока позиција во Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Македонија, наводно, сексуално злоупотребувал деца. Тој во неколку наврати нудејќи им пари, намамувал деца под 14-годишна возраст и на тој начин сексуално ги злоупотребувал“. Со вакви обвинувања во минатата недела анонимен јавувач се обратил до Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ изнесувајќи детали за педофилскиот скандал, кој ја разбранува јавноста во земјава.

Како што дознаваме, во анонимниот телефонски разговор на СОС-телефонот за деца и млади 0800 1 2222, непознатото лице соопштило дури и имиња на деца од земјава, за кои имало сомневање дека биле злоупотребени. Ваквиот повик до „Меѓаши“ стигнал во минатиот понеделник. Еден ден потоа активистите на детската амбасада за анонимната дојава ја известиле Канцеларијата на ОБСЕ во земјава, како и Одделот за компјутерски криминал при МВР.

Од полицијата потврдуваат дека минатата недела пристигнал допис од „Меѓаши“ и дека  инспекторите во изминатиот период ги проверувале наводите за сексуална злоупотреба на деца.

„Изминатиот период детално се проверуваше, но ниту од снимките, ниту, пак, досегашната истрага покажала дека станува збор за деца од земјава. Се проверуваа снимките што беа пронајдени во компјутерот на Норвежанецот, но засега МВР на ниедна од снимките или фотографиите не утврди дека станува збор за деца – македонски државјани“, вели помошник-министер за информирање во МВР, Иво Котевски. Материјалите што ги пронајде полицијата на лаптопот на високиот претставник на ОБСЕ ќе се испраќаат по Интерпол за да се утврди идентитетот на децата што ги има на педофилските снимки.

Од Првата детска амбасада во светот Меѓаши објаснуваат дека возрасен јавувач, кој сакал да остане анонимен, ги информирал за сомнежот дека лице вработено во ОБСЕ во Македонија извршувало сексуална злоупотреба на деца.

„Јавувачот се сомнева дека ова лице во неколку наврати нудејќи им пари намамувало деца под 14-годишна возраст  и на тој начин сексуално ги злоупотребувал. Со оглед на возраста на децата, тука станува збор за педофилија“, вели Драги Змијанац од „Меѓаши“.

Единицата за борба против компјутерски криминал во петокот поднесе кривична пријава против 38-годишниот Норвежанец Исане Кјетил поради „поседување детска порнографија“. Според Кривичниот законик, тој што набавува детска порнографија за себе или за друг или поседува детска порнографија, ќе се казни со затвор од пет до осум години.

Прва детска амбасада во светот „Меѓаши“ бара од надлежните институции да извршат истрага дали постои вина и по основа на „полов напад врз дете“, со што сторителот би можел да се казни со затворска казна од најмалку осум години или доживотен затвор доколку со стореното дело настапила тешка телесна повреда, смрт и��и други тешки последици по децата или, пак, делото е извршено на особено суров или понижувачки начин. (Д.Т.)


#
Статијата е прочитана 1902 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Портокалова револуција и во судството
Ќе дојде ли Тачер во Македонија?
„Охи“ за полни резервоари во Грција
Црвенокосата Ријана во провокативно издание
Ченто во „Тренд“
Енциклопедијата на МАНУ повлечена, а се промовира
Странци ќе ни носат странски инвеститори
Загадените води од Галичица опасност за охридската пастрмка
Колку бинга ќе има во администрацијата
Егзотичен туризам
Кој крадел картички од урнатиот полски авион
Надал петти пат крал на Ролан Гарос
Русија гради црква во срцето на Париз
Словенија ја одблокира Хрватска
Шведско и наше - различно, а сепак исто