Опозицијата тврди дека власта се пресметува со неистомислениците. Седуммина пратеници добиле пресуди за клевета
Оливера Војновска
„Судството е продолжена рака на власта што го користи за да се пресметува со политичките неистомисленици. Седуммина пратеници од опозицијата имаат пресуди за клевета, со што овој собраниски состав е рекордер за вакви судски пресуди“. Овој податок од собраниската говорница го изнесе пратеникот од НСДП Горан Мисовски и го повика претседателот на Судскиот совет Васил Грчев (кој вчера во Собранието го бранеше годишниот извештај на оваа институција), да проговори за „класичен упад на портокаловата револуција во судството“. Тој уште кажа дека судиите говорат за портокалови телефони и треперат не дај Боже да не се замерат со министерот за правда Михајло Маневски и со пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Благородна Дулиќ“.
Мисовски заедно со пратениците од СДСМ Радмила Шеќеринска и Горан Минчев имаат судска пресуда за спорот што пред две години го поведе лидерот на СДУ, Лазе Еленовски. Тој ги тужеше поради снимката од партискиот состанок на НСДП од 30 април 2008 година, што ја објави СДСМ, а во која има негова изјава дека премиерот Никола Груевски во Букурешт отишол со предлогот Република Македонија-Скопје. Пресуди за клевета имаат и експремиерот Владо Бучковски, потпретседателот на Собранието Јани Макрадули и пратеничката Весна Бендевска. Сепак, надвор од собраниската сала Мисовски не беше сигурен дали вакви пресуди имаат шест или седум опозициски пратеници и вели дека можеби во дискусијата направил превид.
Министерот за правда вчера беше најспомнуваната личност во дебатата за извештајот на СС. Пратеникот Бучковски очекувал дека Грчев ќе собере сили и во настапот пред Собранието „ќе ги одбрани сите судии што имаат закани од министерот за неправда“. Побара одговор од Грчев за тоа дали е точно дека член на Судскиот совет од Штип издејствувал неговата ќерка да стане судија. За Бучковски е несфатливо како може новоизбраниот член на СС Бранко Ушковски да биде дел од Комисијата што ги разрешува судиите. Исто така, упати забелешки за непочитувањето на презумпцијата на невиност при спектакуларните апсења на видни личности. Експремиерот го праша Грчев дали има намера да застане зад судиите и да го брани нивниот интегритет или, пак, ќе го брани Маневски.
Грчев нема информации дека кој било член на СС има вработено свои блиски роднини во судовите. За Ушковски рече дека во Комисијата дошол на местото на колегата што заминал во пензија. Според него, се предимензионира улогата на министерот во СС и се претерува во квалификациите дека СС е заложник на Маневски“. Сепак, тој призна дека Судскиот совет не е имун на одредени ургенции што доаѓаат од секаде и од која било структура. „Проблемот не е во тоа дали Судскиот совет има притисоци, туку кога судиите ќе подлегнат на такви притисоци. Тоа е индивидуален пристап на самиот поединец при вршењето на функцијата“, рече Грчев.
Пратеникот од Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, е разочаран поради тоа што 20 години говориме за реформи во судството, а тоа станува се' позависно од партиски и бизнис-влијанија. „Состојбите во судството се' уште не се на такво ниво на кое сакаме да бидат. Тешко се доаѓа до правда ако си обичен граѓанин“, со жалење констатира Трајанов. Тој потенцира дека отсекогаш се залагал министерот за правда да не биде член на Судскиот совет. „За ова сите партии треба да имаат единствен став, а предлогот може да го иницира Уставната комисија“, вели Трајанов.
Макрадули го потсети претседателот на СС дека земјата постојано трпи критики поради судството, нагласувајќи дека странците знаат оти се носат пресуди под притисок. Алудирајќи на слоганот за прославата на 20- годишнината на ВМРО-ДПМНЕ „За татковината се работи“, тој го праша Грчев, „ако се работи за татковината, што направил тој за да има поинаква слика за судството“. И Макрадули како пример за „некомпетентни кадри „дојдени на функција само поради партиска заслуга“ го посочи Ушковски, додавајќи дека тој немал ниту 30 секунди минати во судството!
Според пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дулиќ, во судството не цветаат рози, но работите не се ниту толку црни како што некој сака да ги претстави. „ За интегритетот на судиите и судството треба да се грижат самите судии и Здружението на судии“, смета Дулиќ и ги повика опозиционерите: „Оставете го Маневски на мира!“
Пратеникот Емилијан Станковиќ од СДСМ пријателски го посоветува Грчев дека тоа што никој од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не стана да го брани, треба да го сфати како знак дека ќе биде за еднократна употреба.
Претседателот на Судскиот совет во својот рапорт пред парламентот презентираше, главно, технички податоци за работата на институцијата. Грчев информираше дека минатата година Судскиот совет првпат избирал судии од кандидатите од првата генерација што ја заврши Академијата за обука на судии. Притоа соопшти дека се избрани вкупно 43 судии, од кои 21 судија во основните судови.
Се има свој почеток и свој крај.Неможе веке да велиме дека треба господ да им опрости дека не знат што прават.На власт се четри години и ако веке не ја научиле и најосновната лекција,заклучокот ке биде дека за ништо не ги бидува освен за личен интерес..Се се враќа се се плаќа.Да ги потсетиме дека веке е дваесет и први век.Нивна лична работа е ако сакат да се вратат неколку векови назад.Но нека го остават народот кој трезвено размислува да го живее својот живот.Диктаторите се мината работа.
Од: Trpe od Gradcko
Датум: 08.06.2010 02:25:59
Narode makedonski uzivajte vo vmrovskite sudii i portokalovta diktatura. Ako sakate siromastija ja imate so VMRO-DPMNE, ako sakate sudii bliski i pod kontrola na VMRO-DPMNE i Gruevski imate. samo ne daj boze da se sudite vo nekoj spor so nekoj visok clen ili blizok na VMRO-DPMNE, tesko ke pominete, mnogu tesko da go dobiete sporot pa makar site dokazi bile vo vasa polza, glasavte sega uzivajte ako vi e ubavo...
Од: Stojadin
Датум: 08.06.2010 07:37:23
Site segmenti od opstestvoto vo ova nasa zalna
Makedonija ne se partizirani,tuku se rodninizirani i
prijatelizirani,ne e grevot na partiite -tie se nemocni
pred ,,bogovite,, koi vo nivno ime vladeat vo odredenovreme so drzavata.Taka bilo,taka e,taka i ce bide.Nikoj nema namera da poprava,ama bas nisto,a i zosto da popravaat na niv im e dobro,
a na drugite koj im e.. majkata!
Од: todor
Датум: 08.06.2010 07:48:16
1998 имавме бугарофилска револуција во судството, денес таа револуција се обои во портокалово и повторно продолжи бугарофилската револуција а ние Македонците сме прогонувани од бугарофилската полиција, бугарофилското судство и бугарофилското обвинителство.
нека ни е господ на помош на нас македонците
Од: Nation judge
Датум: 08.06.2010 08:05:34
Такви пресуди се проекција на Голи Оток, во економска верзија. Судството е Корумпирана Елита.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 08.06.2010 08:23:05
И овие поморанџестиве се впрегнале на орук да ги истопорат виножитниве пред суд.И тоа се банални работи,земи мито,земи тенковски делови како за Ку��ската тенковска битка потоа исечи ги така ремонтирани во отпад,наклевети и после што има врска ако се нема докази во прилог на клеветниците.И така судот е пристрасен и партиски .Само ако ги ослободат е тогаш немаме партиски судови и сее ок.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 08.06.2010 08:46:11
Се разбира дека се прават невидени притисоци за да И СУДСТВОТО стане вмроизирано, како и сите институции во државата.Таа ја напаѓа опозицијзтз и се што не е поклопено со нејзините партиски војници и властитутки.Ова што ни се случува е катастрофално за изградбата на државата и стануваме - држава партија.Се мислам дека ова набрзо ќе ни се удри од глава а и апелирам на интелегенцијата да се избори за автономност на нивната мисла и акција.Нели им е срам со поддавањето на ѓаволот?
Од: gv
Датум: 08.06.2010 10:40:26
Vo gradot kade sto ziveam se postavi sudija vo aspelacija bez eden den rabota vo sudot,clen na VMRO,sto znaci ovaa,zosto se laze narodot.
Од: Jovanco
Датум: 08.06.2010 11:34:10
Neznam dali sudskiot sovet e partiziran i rodniniziran ,no edno e sigurno ako gospodinot narecen pretsedarel na sudskiot sovet ima sovest ,a veruvam deka bi trebalo da ima zosto i toj e od krv i meso,krajno e vreme da se osvesti i li da si zamine ili da raboti vo soglasnost so ona sto go potpisal koga samiot se predlizi i izbra za pretsedatel od ednostavna pricina Nikoj ne e vecen ,pa ni to.j Kako ce im pogleda na kolegite vo oci posle se sto se prsvi so sudskiot sovet koj sluzi kako instrument za pritisok vrz sudiite se znae po cii nalog.Nazdravje pravda Makedonijo.
Од: Карокан-гамбит
Датум: 08.06.2010 14:14:16
До Митре од Долнодупени:
Не е така Митре.Врз судството навистина има политички притисоци,но само од опозицијата.
(виножитната)Власта бедемски се обидува
да ги намали тие притисоци,но ете опозицијата не попушта и притиска ли притиска.Дури кога притисоците се и од министерот за правда,тие
пак се опозициски. .Не чуди се!! Така е.Ниту мене тоа не ми е јасно,но мора да е така.
Така вели "просветлениот" Felix.А кога тој ќе рече нешто речено е,колку и да изгледа
невозможно.Ете на пример и кај него има
нешто што е невозможно-портокалова наместо
сива маса.
Тоа ти е тоа драг мој Митре!! И сепак можеш и така да бидеш во ќар!!! Еве на пример јас од неговите коментари полека станувам закоравен верник.Кога ги читам се крстам и со десна и со лева рака!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!