Број 3301  вторник, 08 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Едиторијал

Ќе дојде ли Тачер во Македонија?

Катица Чангова

Благодарение на длабоките административни реформи што ги направи Маргарет Тачер во деведесеттите години од минатиот век, економијата на Англија процвета и го достигна нивото што го имаа економиите на Франција и на Германија. За смелиот потег, партијата на поранешната премиерка, конзервативката Тачер, навлече огромно незадоволство и плати висока цена, долги тринаесет години отсуство од политичката сцена. Истата политика на штедење ја продолжува и Дејвид Камерон, кој дури годинава ја освои власта. Неговата прва мерка за намалување на буџетските трошоци е снижување на министерските плати.

Нема сомнение дека секоја реформа е тежок и болен зафат, а не лесен и популистички чекор. Сите владејачки гарнитури, кои ја имаа власта во Македонија од осамостојувањето, свесни за последиците, бегаат како ѓавол од темјан кога станува збор за коренити резови во јавниот сектор. И левицата и десницата досега не се осмелија да чепнат во обемната администрација, која само за плати годишно ја чини државата повеќе од 300 милиони евра. Напротив. Најавуваните реформи, кои подразбираат секторско утврдување на превработеноста, тапкаат в место.

Стана златно правило политичките елити да трупаат свои луѓе и да ја пумпаат администрацијата. Ако се знае дека вдомувањето партиски војници обезбедува сигурни гласови за наредните избори, тогаш е тешко да се поверува дека некогаш ќе дојде некој(а) Тачер и во Македонија.

Администрацијата е сфера, која кај нас постојано се гали. Потврда за тоа е последниот таен потег на Владата на премиерот Никола Груевски, кого го провалија социјалдемократите. За два-три месеца, 30.000 партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ ќе добијат трајни решенија за вработување. Не е битно тоа што најголемиот дел од административците напикани како сардини во министерства, фондови, бироа, агенции... не се појавуваат на работа. Па нивните места се вештачки и измислени. Ништо чудно, па затоа за нововработените нема канцеларии, бироа и столчиња. Најважно е што за нив секогаш имало и ќе има пари. Според некои пресметки, привремените вработувања изеле рекордни 20 милиони евра годишно или 100 милиони евра за четири години.

Првиот министер се обиде да ја брани расипничката операција, ама тоа го стори прилично неуверливо. Наводно, префрлањето административци од привремено во трајно вработени ја наложил Брисел, а државни вработувања се планирале за само пет илјади, а не за 30 илјади. Најшокантно е објаснувањето на Груевски дека со новите работни места некаде ќе се заштедело во буџетот?! Многу чудна и неодржлива одбрана. Па како е можно трошоците за нововработени да бидат помали и на нив да се штеди? Кај се чуло и видело да има помали трошоци за редовен работен однос кога давачките на кои и тој им кумуваше се повисоки отколку на оние привремено ангажирани.

Очигледно, власта отсега трасира пат за победа на избори. Остана глува на критиките од Брисел за партизираноста, неефикасноста и бавноста на јавните служби во земјава. И нема намера да преземе радикални резови со кои еднаш засекогаш ќе се симне баластот на партиските влијанија во административните резови. Важечки критериуми за Европа се стручна и компетентна администрација, а тука не е важна партиската припадност, туку способноста на службеникот.

И додека Словенија со приближно ист број жители и членка на ЕУ и на НАТО вработува 60.000 административци, Владата на Груевски реши да биде најголемиот работодавец, а се вртат неколку бројки. И самите не знаеме колку, 80.000, 120.000 или можеби 150.000. И кога ќе се додадат овие 5.000 или 30.000 партиски војници, ќе станеме европски, а можеби и светски прваци, според бројот на администрација на глава на жител. Токму затоа Словенија е таму каде што е, а ние сме таму каде што сме, далеку назад.


#
Статијата е прочитана 1783 пати.

Испрати коментар

Од: ivo
Датум: 08.06.2010 02:19:28
Sostojbata e uste poslozena otkolku sto moze da se zamisli! Polu -revolucionernite previranja od krajot na osumdesetite ja proklamiraa opstestvenata sopstvenost kako vinovnik za zastojot na togasnata ekonomija. Sega, to ist kapital e drzaven (spored togasna terminologija opstestven) i privaten a povtorno postoi kontinuiranata ekonomska kriza. Seto toa, na tolku politicari, na tolku menadzeri, na tolku upropasteni karieri, fabriki, sudbini, ... Sega, najveke se za zalenje politicarite bidejki ne treba polu revolucija, tuku celosen i opst politicki i opstestven konsenzus za toa kako ponatamu, so kolku i kakva administracija! Zasega politicarite se "zaloznici" i nesmeat da "pisnat" na tema optimalizacija ! Administracijata molci, a brodot e odamna potonat! Site , kako i pred iljadnici godini,se pravat na "ludi" ama za da ne bidat tema za diskusija, kogo za lud? "...Za lud ,NOE! A covekot bas bil "antibirokrat" pa so vreme gi predupredil, ama koj da slusa!
Од: kole
Датум: 08.06.2010 07:53:21
Не Тачер... во Македонија по се изгледа веќе дошол ИДИ АМИН.... нели Феликс????
Од: Лазо Стефанов
Датум: 08.06.2010 08:08:54
Е, тука има една ,,добра„ работа! Од тука е тврдењето дека кај нас кризата не се одразува на намалувањето на стапката на пораст на БДП!? Ако претпоставиме дека сите вработени во државата се во јавната администрација, тогаш, кризата не ни може ништо!? Сите земји ќе имаат пад на макроекономските показатели, ние ќе немаме или ќе имаме најмал. - Какви глупости ни туркаат под нос! Па некој со тоа и се гордее!
Од: ФЕЛИКС
Датум: 08.06.2010 08:44:39
Нема потреба од г-ѓа Тачер ние тука имаме врвни економисти и тоа се одред стационирани кај виножитните.Има една фалинка се во опозиција и се зафатени веќе една година со формирање влада во сенка.Проблем било само министер за финансии и за економија,голема конкуренција на економски експерти.Како жедни за вода ги бараме да излезат на избори но никако да тоа ни се случи,а штета при такви експерти.Како ти се чини Кole.
Од: aba
Датум: 08.06.2010 09:17:09
Priznavam deka novinarot podobro pisuva odosto smeta: Според некои пресметки, привремените вработувања изеле рекордни 20 милиони евра годишно или 100 милиони евра за четири години. Da ja napagas vladata ne treba da is dobar po matematika, treba samo da laes na okrugli brojki! 4*20=80 80 i ne e nekoja brojka ama 100 e!!!
Од: до Феликс
Датум: 08.06.2010 11:57:46
И што велиш, нема потреба од Тачер? А да ти дојде некој бугарин? Е тоа сигурно сакаш. Ке ви дадат и цвеќе врака, да го пречекате, озарени, Љубчо на чело, ти по него...
Од: Страшо Јованов-ЗРНЦЕ
Датум: 08.06.2010 12:11:36
„Енциклопедијата“ МОРА веднаш да биде ПОВЛЕЧЕНА и УНИШТЕНА!! Зошто? Затоа што со истата СЕ БРИШЕ Македони��а од листата на Државите во Европа и СВЕТОТ!! КАКО? Со тоа што во истата нема споменато ниту збор за ОСНОВНИОТ ТЕМЕЛ на секоја Држава! СИНДИКАТОТ како организациона ГРАДБА на Работниците, кои се ПОСТОЈАНИ ГРАДИТЕЛИ и НАДГРАДУВАЧИ на Државата! Македонија од ПЕПЕЛТА (што ја создадоа Фашистите 41-45) ја СОЗДАДОА македонските ТРУДБЕНИЦИ-работниците и земјоделците!! Има Држави без „МАНУ“(ци), но неманиту една без СИНДИКАТИ (дури и грчиштата се спасуваат преку Синдикатите)!! ЗРНЦЕ
Од: Do Felix DPMNE
Датум: 08.06.2010 13:32:29
Baras ekonomisti? Pa ekonomist br eden e onoj vasiot ovcar so vecerno od Prilep, kogo nikoj od generacija ne gho znae i koj e stvarno ekonomist za Nobelova-od ekonomijata napravi pustos i plus cel svet ni se smee., Krajno vreme e da ti go pojacaat honorarot, epten si za zalenje!
Од: Dr. med. Krste pop-Stefanija
Датум: 08.06.2010 17:23:41
I SV. Tačer da dojdi ako, sme so ideite na sdsm, k'e ni nema spas.BIVŠITE KOMUNISTI JUGONOSTALGICI SAMO NA KRADENJE MISLAT.I NA RASTURANJE NA DRŽAVATA M AKEDONSKA. krste pop-Stefanija

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Портокалова револуција и во судството
„Охи“ за полни резервоари во Грција
Црвенокосата Ријана во провокативно издание
Ченто во „Тренд“
Енциклопедијата на МАНУ повлечена, а се промовира
Странци ќе ни носат странски инвеститори
Загадените води од Галичица опасност за охридската пастрмка
Колку бинга ќе има во администрацијата
Егзотичен туризам
Кој крадел картички од урнатиот полски авион
Надал петти пат крал на Ролан Гарос
Русија гради црква во срцето на Париз
Словенија ја одблокира Хрватска
Шведско и наше - различно, а сепак исто
Осомничениот педофил од ОБСЕ злоупотребувал деца?