И Ченто безмалку ќе пиеше кафе во „Тренд“. Застана на локацијата резервирана за него на чекор до познатото кафуле.
Мермерната скулптура на првиот претседател на президиумот на АСНОМ се издигна вчера изутрината под надзор на стотици граѓани. За кусо време се поделија мислењата за уметничкото поентирање на авторот, но речиси со ист став беа сите по однос на локацијата на која е поставен споменикот. Издигнат речиси под сенка на тендата на кафулето, великанот од македонската историја на момент како да се потцени. Се чини, несреќно му е избрано местото. Недостојно за негов лик иако се надвиснува на пет метри со тежина од 25 тона.
Многумина минувачи веднаш по поставувањето на првиот мермерен споменик на плоштадот, коментираа дека или нему не му е местото таму или, пак, треба да му се обезбеди соодветен комшилак. Проблемот се чини, сепак, не е дискутабилен. Ако се има предвид дека во случајов локацијата за него е избрана симболично, бидејќи некогаш таму во хотелот „Македонија“ Ченто често престојувал, значи претседателот е добро вдомен. Висат тендата и дел од инвентарот на „Тренд“.
Е, токму е сега моментот надлежните општински и градски власти да интервенираат на терен и да го стеснат кафулето. Иако, наводно, тендата на кафеанџиите (кои се докажаа како најнедисциплинирани во градов) е законска во случајов таа не личи да го засенува првиот претседател на АСНОМ. Во ваква или таква позиција тој сигурно ќе биде атрактивен, но многу повеќе доколку може да дише околу него. Веројатно, не треба Ченто да биде свртен со прстот вперен накај „Тренд“, па дури тогаш некој да се свести и, конечно, да ги дисциплинира оние што користат јавни пешачки површини.
Zosto Cento da odi peski? Zosto on nema konj? Ili limuzina?
Од: jovan
Датум: 08.06.2010 01:16:15
Spomenikot go vidov vcera, i ne e los. E sega dali e vremeto za spomenici(i toa po broj premnogu) ili ne,(mislam ne e, za da na sekoj agol se redat spomenici) no koga veke se napraveni, ubavo izgledaat, pa neka ni se cestito.(nema da kazam,da ni se mnozat, bidejki stvarno, dosta se).
Од: itar pejo
Датум: 08.06.2010 07:18:12
Poshto Chento pred da go napravat prv pretsedatel,prilepskite partizani,prodaval rakija I vino vo prilep,mestoto mu e najsoodvetno,vo Trend.
Од: Aнгел
Датум: 08.06.2010 08:08:17
Денес ке го видам споменикот на овој голем Македонец и ке реагирам каква тенда тоа треба да се среди под хитно. Нека е со среќа. Македонијо напред. Да се остварат идеите на Ченто.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 08.06.2010 08:16:32
Види грижа за местово за поставување на споменикот,демек недоликува аи му пречи тендата на ,,Тренд,,добро е имаме еволуција во ставовите.Инаку продолжува примитивноста во коментирањето на виножитниве коментатори а и гледам не им пречи поставувањето на споменикот во 5 ч наутро,дали чекаат инструкција или не се,,навиени до крај,, па им побегнал настанот.
Од: ЦК СКВМРО®
Датум: 08.06.2010 08:26:55
Шеширот е особен моден додаток на тутунарот од с.Леништа и с.Плетвар,кому единствената Македонштина му била во „големото Не“на С.В.Темпо!Ах,да...Има уште една големина,во пропагирањето на Солун,„кој бил наш“според мапите на етничка Б’лгарија(големото Да)!Кого сè прогласивме за револуционер!Можеби според ултрамодерноста, „Тренд“сосема му одговара!За жал,во Македонија,отсекогаш најголеми биле запенетите „патриоти“!
Од: Реган
Датум: 08.06.2010 08:32:59
Се’ нешто ви смета!Никако да ви се погодит!Така е кога се има задача во јајце да се бара влакно!
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 08.06.2010 08:50:27
Уште една акција на владата за поделба на народот и трошење на народни пари.Милион евра? Нормални ли се овие?
Колку пари за кого?
Ќе го надминат Ѓукановиќ?Мислам на фамилијата.
Од: Hari
Датум: 08.06.2010 09:54:26
Covekot koi 1944 godina so pamet ili bez pamet sakal da odi Solun da go osvojuva i da se bori protiv antifasistickata koalicija Francija i Anglija? Spomenik vo Skopje na plostad, a sto e so najzasluzniot za Makedonija, Zagorecot sto ja sozdade Makedonija i bez nego sega sto ce bese ova parce zemja??? Spomenici koga drzavata ja doteraa pred bankrot???
Од: јас
Датум: 08.06.2010 10:17:22
Па Среќко да ти одговорам ..На паментите луѓе еднаш-двапати да им кажеш е доволно ..Ама на будалите и стопати да им кажуваш ЏАБЕ Е !!!
Така да нема потреба од повеќе кажување за спомениците !!! Будалско време, будали луѓе !! Најтрагичното во сето тоа е што ти и другите како тебе не сваќаат дека со вашите коментари НЕКОЈ ДЕБЕЛО ЗАРАБОТУВА, а Македонија осиромашува!!!
Од: Томо
Датум: 08.06.2010 12:36:35
Почит за Гоце и даме и за Ченто ама кога сега и тие би станале би се побуниле за ова што се прави а пари нема ни за леб веќе. Па ова ми личи на некој да речеме глава на фамилија, во која што едвај има пари за сметки и за храна, во дворот да изгради споменик на дедо му и тоа со позајмени пари а дома нема што да се јаде.
Нема оправдание. Патишта, болници, невработеност. Се е катастрофа
Од: Hari
Датум: 08.06.2010 13:41:41
E Srecko Srecko, ocigledno do honorarot ce da e? Sekoj den da se tresat zeleni, budalastini, mora da e honoraror mal? Komentiram zatioa sto tvojot honorar jas go placam kako sto placam radiodifuzna taksa da gledam EPP za Vladata.
Од: Dr. med. Krste pop-Stefanija
Датум: 08.06.2010 17:27:03
bravo G ruevski,fali ušte lustracija na antimadoski i ne državotvorni SDSM-OVCKITE ARAMII
krste pop-stefanija