Број 3301  вторник, 08 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Колку бинга ќе има во администрацијата

Европската комисија инсистира наместо партиски кадри, да се ангажираат стручни и професионални луѓе

Светлана Унковска


Владата вчера ги отфрли обвинувањата дека врши партизација на државната администрација со нови 30 илјади вработувања и дека нивните статуси на привремено вработени ќе биде трансформиран во постојани. Ваквата реакција доаѓа откако опозициската СДСМ обелодени дека Владата планира со новите вработување да изврши целосна партизација на државната и на јавната администрација. Државните јасли, според социјалдемократите, уште повеќе ќе натежнат со армија нововработени партиски кадри, со тоа што за два месеца привремено вработените ќе добијат постојано вработување.

Но, изјавата на владиниот портпарол, Мартин Мартиновски, дека ќе нема трансформација на привремени во постојани вработување е спротивна на она што го изјави деновиве премиерот Никола Груевски. Откако опозицијата излезе со обвинувањето дека власта ја партизира администрацијата со нови 30 илјади лица, Груевски ова на некој начин и самиот го потврди, објаснувајќи дека на тоа инсистирале од Европската комисија и дека станува збор за усогласување со нивните барања. Оваа негова изјава во јавноста предизвика бурни реакции поради тоа што укажувањето на ЕК да се реши проблемот со привремените вработувања премиерот Груевски го искористил за вработување на партиски кадри. Вчера, сепак, портпаролот Мартиновски излезе со малку поинакви објаснувања во кое тој негира дека станува збор на нови работни места во администрацијата, туку за вработување лица чии договори се обновуваат со години.

„Станува збор за пет илјади вработувања што датираат од поодамна, кои голем дел се од времето на СДСМ и очигледно е дека за овие работни места постои потреба во институциите штом постојат толку години“, нагласи Мартиновски, додавајќи дека трансформацијата на тие договори ќе се одвива согласно со законските процедури преку јавен конкурс на кој ќе може да конкурира секој што е заинтересиран.

„Тоа значи дека лицата што моментално се ангажирани нема автоматски да добијат постојано вработување, туку ќе бидат вработени, тие што ќе покажат најдобри резултати на конкурсот“, дополни Мартиновски. Според него, Владата ја спроведува реформата во администрацијата и овој потег претставува дел барањата на Европската комисија за решавање на нивниот статус.

Европската комисија, која во секој извештај наведува на високата партизираност во администрацијата, инсистира наместо партиски кадри, да се ангажираат луѓе што се стручни и професионални во оваа област. Вработувањето во овој сектор, кој е доста значаен, чувствителен и важен сектор преку кој се остваруваат правата на граѓаните со години се пополнува со кадри од партијата што моментално е на власт. Како што се менуваа партиите, така се' повеќе се натрупуваше администрацијата со кадри, кои исклучиво имаа партиски квалификации. Вработувањата по партиски клуч на си��е досегашни владејачки гарнитури беше метод на задоволувањето на апетити на партиските војници и манипулација со гласачкото тело.

Професорот по трудово право, Осман Кадриу, забележува дека и покрај тоа што се повредуваат уставните одредби, кои забрануваат дискриминација по политичка припадност, односно дека никој не смее да има придобивки поради членство на одредена партија, сепак, државниот сектор ни е преполн со партиски војници.

„Ние дојдовме во состојба кога немаме обучени и професионални кадри и тоа силно се одразува врз ефикасноста на државниот апарат, но и врз правата на граѓаните. Власта постапува дијаметрално спротивно од она на што и' се укажува и верувам дека во ниту една друга земја не се вработуваат лица што седат дома и примаат плата. Тоа е спротивно на законите и каков е тој работен однос ако само фигурира на платен список, а ниту знаат каде работат и каде им е работното место“, вели Кадриу. Според него, товарот на превработеноста на државни јасли ќе предизвика потреба од постојани корекции во буџетот и ребалансот ќе стане дежурна тема во текот на годината. (Св.У.)

 


#
Статијата е прочитана 2586 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 08.06.2010 00:56:37
Помина времето кога велевме дека треба да се свали Мурто за да се качи Курто.Но помина и времето кога исто така ги оправдувавме да им опрости господ дека незнаат што прават.Помина четри години откако се на власт,резултатите ѓи нема никаде.Само глумат дека остваруват и преродуват за личен интерес.Наародот се буди,ке ја добијат заслужената казна.
Од: kole
Датум: 08.06.2010 07:54:42
КОЏАМИТИ.... нели Феликс???
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 08.06.2010 09:02:32
Се барале стручни и професионални кадри во администрацијата? Па зарем ги има власта.Запослија се ќоро и слепо само да се со книшка.,Се разбира дека че имаме партизирана и некомпетентна агминистрација и согласно на тоа критики од надвор. Овде пусто турско народот си молчи и си го чува кубурот за злу не требало....
Од: nadidan
Датум: 08.06.2010 09:40:57
Каков Брисел многу му е гајле:цело време ЕУ апелира да се намали јавната администрација ама нашиов разбрал обратно или така му чини,а се изгледа дека е обратното.........
Од: od marika
Датум: 08.06.2010 10:32:54
Samo neznam zosto novinarite se nafrlile tolku za valadta na Gruevski ,kako pred nego ovie da bea idealni i sovrseni i neznam zoaso na del od oni sto gi pisuvaat komentarite im smetaat vrabotuvawata kako trn vo oko .Pa i tie luge sakaat parce leb kako i VIE pocituvani RABOTNICI na SDSM
Од: игор
Датум: 08.06.2010 11:30:02
До Марика. Јас работам во приватна фирма која државата ја цеди за да финансира вработување на неписмени лепачи на плакати. И јас ли сум работник на СДСМ?
Од: b
Датум: 08.06.2010 11:45:22
Колку ВМР-овци, толку бинга!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Портокалова револуција и во судството
Ќе дојде ли Тачер во Македонија?
„Охи“ за полни резервоари во Грција
Црвенокосата Ријана во провокативно издание
Ченто во „Тренд“
Енциклопедијата на МАНУ повлечена, а се промовира
Странци ќе ни носат странски инвеститори
Загадените води од Галичица опасност за охридската пастрмка
Егзотичен туризам
Кој крадел картички од урнатиот полски авион
Надал петти пат крал на Ролан Гарос
Русија гради црква во срцето на Париз
Словенија ја одблокира Хрватска
Шведско и наше - различно, а сепак исто
Осомничениот педофил од ОБСЕ злоупотребувал деца?