Број 3301  вторник, 08 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Русија гради црква во срцето на Париз

По еден век ова е прва религиозна конструкција со толку големи размери во центарот на француската престолнина

Од нашиот дописник
Тони Гламчевски

Париз – Во 2012-2013 година, во срцето на Париз, на неколку стотици метри од Ајфеловата кула и на брегот на Сена, ќе се изгради нова руска православна црква. Тоа ќе биде прва религиозна конструкција со толку големи размери во центарот на француската престолнина од пред еден век. Францускиот неделник „Нувел обсерватор“ деновиве посвети многу простор на операцијата „Катедрала“, иницирана пред три години, за време на првата посета на Запад на рускиот патријарх Алексеј Втори.

Тогаш патријархот барал да се сретне со претседателот Никола Саркози и со него да разговара очи в очи за намерите на Руската православна црква, поддржана од официјална Москва за изградба на соборен православен храм. Со помош (или по наредба) на Кремљ, Руската црква во времето на Путин се обидува на сите начини да го врати огромниот имот, односно бројните цркви изградени од руската аристократија, емиграција и нивните потомци по револуцијата во 1917 година. Целта на Москва е тројна: зголемување на имотот во странство, спречување на новите емигранти (богати деловни луѓе) да ја напуштат јурисдикцијата на Московската патријаршија и преземање контролата врз старата емиграција.

Имено, Русите што го напуштија СССР одлучија да не зависат повеќе од Руската патријаршија, која стана потчинета на комунистичката власт. Тие му се приклучија на другиот фар на православието – Константинопол. Осумдесет години подоцна нивните наследници во Франција не сакаа да се вратат назад. Според „Нувел обсерватор“ во 2004 година бил извршен „пуч“ во парохијата на руската црква во Бијариц, каде што со помош на руската тајна служба и „верници“ донесени од Шпанија бил создаден паралелен црковен совет, кој изгласал приклучување на парохијата кон Москва. Но, вистинскиот совет поднел тужба и францускиот суд досудил во негова полза. Во Ница, во 2005 година, СВР - руската служба за надворешна шпионажа - се обидела преку судски пат да ја преземе контролата над катедралата „Свети Никола“, во што успеа во јануари 2010 година на првостепениот суд. Во Париз, рускиот патријарх создаде здружение што понекогаш агресивно се залага за приклучување на славната катедрала „Свети Александар Невски“, но парохијата во мнозинство е против враќањето под московската јурисдикција.

Поради сите овие причини Алексеј Втори не бил добредојден во Елисејската палата. Но, патријархот не се откажал од средбата со Саркози и на помош го повикал својот стар пријател, францускиот кардинал Ечегари – тајниот мисионер на папата Јован Павле Втори. Директно повикан од емисарот на папата, Саркози, велејќи си дека еден ден може да игра историска улога во приближувањето меѓу двата христијански света, ја прифатил средбата, што се одржала на 3 октомври 2007 година, кога е лансирана операцијата „Катедрала“.

Алексеј му објаснил на С��ркози дека ретките руски цркви во Франција под негова јурисдикција се преполни, а, бидејќи не може да ја преземе контролата над другите, Москва има потреба да изгради нова црква. Саркози се согласил, па останало само да се најде местото каде што ќе биде изградена црквата.

За тоа се погрижил посебниот оддел раководен од руската држава и од Руската црква, чиј втор човек во 90-тите години бил лично Путин. Сегашниов прв човек е поранешен припадник на КГБ, Владимир Којин, кој заедно со владиката Кирил (во тоа време министер за надворешни работи на Алексеј Втори) и сега патријарх, ја пилотираат операцијата.

Русите се добро информирани дека во срцето на Париз се продава испразнетото седиште на „Метео Франс“, но за него биле заинтересирани Канада и Саудиска Арабија. Француските тајни служби по никоја цена не сакале да и' го препуштат на Руската црква седиштето на „Метео Франс“, бидејќи во непосредна близина се наоѓаат многу чувствителни објекти за француската држава. На прво место апартманите за највисоките функционери на француската држава и за советниците на францускиот претседател, седиштето на врховниот совет на судството, поштенската служба на претседателот... Француската служба за контрашпионажа забележала дека, како никогаш по 1985 година, руските агенти биле активни во Франција, па затоа сметала дека не треба да и' се продаде оваа зграда на Руската црква, чија блискост со поранешната КГБ е добро позната. Француското министерство за надворешни работи, исто така, било воздржано.

Русија, добро запознаена со оваа воздржаност, ја ангажирала лоби групата предводена од Александар Медведовски, чиј ментор во високата француска школа за администрација ЕНА бил сегашниот директор на кабинетот на Никола Саркози, Кристијан Фремон, инаку задолжен да ја следи аферата со катедралата.

На 18 декември 2009 година рускиот претседател Медведев побарал средба очи в очи со Саркози на самитот во Копенхаген не за да разговараат за климата, туку за црквата. И Саркози има потреба од Москва, како на меѓународната дипломатска сцена, така и на трговски план. Франција треба да и' продаде на Русија воени бродови од типот „мистрал“, а истовремено француската компанија ГДФ добила дел од акциите на гасодуктот „Нордстрим“. А тука е и документот за заедничка безбедност на Европа, кој Саркози сака да го потпише со Ангела Меркел и со Димитри Медведев.

Според повеќе извори, Саркози решил да дејствува брзо. Од Копенхаген му се јавил на министерот за буџет и свој поранешен благајник на претседателската кампања Ерик Вурц, кој неколку дена подоцна се сретнал со Владимир Којин, директор на имотот со кој располага Кремљ во странство. На 15 јануари 2010 година комисијата на француското министерство за буџет ги отворила понудите за купување на зградата на „Метео Франс“ и руската понуда била најголема. Седумдесет милиони евра, многу повеќе од процената на зградата. Дали Русија располагала со доверливи податоци, се прашува „Нувел обсерватор“? Претседателот Никола Саркози лично му се јавил на рускиот претседател за да му ја соопшти веста. Црквата ќе биде прв француско-руски објект изграден по 1886 година, односно по изградбата на мостот „Александар Трети“ во чест на руско-францускиот сојуз. Веста опширно се коментираше во рускиот печат.


#
Статијата е прочитана 2345 пати.

Испрати коментар

Од: sk2
Датум: 08.06.2010 00:28:27
Gluposti...mesto da gradat bolnici i da im dadat pari na Ruskite stecajci tie ke gradat crkvi vo centarot na gradot....Ups jas mislev deka ova se odnesuva na Skopje......my bad....vo svetot moze da se gradi ne vo Makedonija ......Cekajte Rusi samo Arhitektonskata Brigada da se organizira i vednas ke vi pravat protesti
Од: Afion
Датум: 08.06.2010 08:35:05
Ne e sporno deka crkvite nadvor od Rusija gi gradela ruskata dijaspora (aristokratija, T.G.). So kominizmot vo SSSR religijata bese zabraneta. Prebegnatoto svestenstvo i vernici baraat i dobivaat i zasolniste i priznanie od Srpskata PC i po nekolku godini od Belgrad se preseluvaat vo Njujork. Na Sretenie Gospodovo vo 2007 (ili 2008?) domicilnata (zabranetata vo SSSR) i zadgranicnata se obedinuvaat. Ako posle obedinuvanjeto denesnata RPC pobaruva pravo nad crkvite vo dijasporata toa ne e mozno da se desi bez soglasnot na zadrganicnata!? Zarem nie, MPC nemame slicen spor so nekolku crkvi vo Avstralija koe ne sakaat da vlezt pod zakrilja na MPC, registrirani se kako kompanii a se deklariraat kako da se na MPC?
Од: nekojsi
Датум: 08.06.2010 08:39:10
Јурисдикција, КГБ, бизнис договори, акции...каква врска има сето ова со христијанството воопшто ? Црквата треба да ги приклучи луѓето кон Исус или служи за штитење на интересите на режимот, кој и да е? Се гледа овие нашиве на кого се метнати. Само што ние нели требаше накај НАТО да одиме, а не под сукњата на Путин. Дај Боже да постојат повеќе архи-бригади кај нас, затоа што од квази патриотиве...И ние и Русите - еднаш комуњари, секогаш комуњари.
Од: 007
Датум: 08.06.2010 08:53:20
....Bravo za Ruskata politika.....Mora da naucime deka tajnata diplomatija e najvaznata, najsilnata politika koja ja sproveduva edna drzava....
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 08.06.2010 09:10:04
Ова е Русија а не Македонија а и проектот е на Руската Црква а не на владата.Зарем ние што ги градиме црквите по светот имаме проблеми.Но овде некој сака да меше баби и жаби.Некој кај нас сака да пере пари а и да ја злоупотребува црквата.
Од: saban
Датум: 08.06.2010 09:24:06
pocituvan SK2 , svetskata politika najmalce e naivna i bleda, toa e prava game strategija i zatoa e nedostizna za nasite percepcii i poznavanja ...................toa e IGRA, ista ko onaa na nasite PC-a
Од: bitolcanec
Датум: 08.06.2010 09:31:13
a za burmali zami nema mesto vo skopje gledajte i ucete da znaite so et demokratia edna metropola kako so et paris mu dozvolva na druga vera da gradit objekt vo srceto na paris pozzz do utrinski
Од: 0citatel
Датум: 08.06.2010 10:20:00
E coveku ne si bil vo Pariz, tamu ima tolku mesto sto crkvi da izgradis nema da go zagusis prostorot, a i do pari sto se odnesuva bas mozeme da se merime i so Rusija i so Francija. Videla zaba ....
Од: Zoran
Датум: 08.06.2010 12:47:21
I sega da si go merime pametot Rusija pravoslavna zemja moze da izgradi Crkva vo Paris srceto na Francija,Nie Makedonci nemozeme da izgradime crkva vo nasata zemaj vo nasiot grad Treba seriozno da si ja podcukneme glavata da vidime sto e toa sto se slucuva i da go resime toa problemce
Од: Големи
Датум: 08.06.2010 13:28:19
Големите сите се големи оти ги завладеале помалите. Франција е триста години колонизатор и окупатор. Англија исто. Русија и Кина колку мали народи поклопиле. Па другите..... Па Турција.... Па Грција и Бугарија со 60% од Македонија со се македонскиот народ кој го асимилираа. Да не го ослободевме Вардарска од Србија ке не немаше.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Портокалова револуција и во судството
Ќе дојде ли Тачер во Македонија?
„Охи“ за полни резервоари во Грција
Црвенокосата Ријана во провокативно издание
Ченто во „Тренд“
Енциклопедијата на МАНУ повлечена, а се промовира
Странци ќе ни носат странски инвеститори
Загадените води од Галичица опасност за охридската пастрмка
Колку бинга ќе има во администрацијата
Егзотичен туризам
Кој крадел картички од урнатиот полски авион
Надал петти пат крал на Ролан Гарос
Словенија ја одблокира Хрватска
Шведско и наше - различно, а сепак исто
Осомничениот педофил од ОБСЕ злоупотребувал деца?