Денеска треба да биде свечен ден за Македонија. Ќе биде инаугуриран петтиот (според мандат) претседател на државата. Во сите земји тоа е посебен чин, при што за момент се заборава на политичките разлики и барем пред јавноста се демонстрира однос кон институцијата претседател на државата.
Но, Македонија и околу тоа прашање е различна од многу други земји. Ја добивме веќе петтата претседателска инаугурација, а бојкотирањата, дисквалификациите, партиските лутења се' уште се обележја на секоја претседателска инаугурација. Последниот пат тоа беа ВМРО-ДПМНЕ и ДПА сега се ДПА и Нова демократија. Нешто биле лути за изборот на новиот претседател.
Благодарение на македонскиот рецепт за инаугурирање претседател, денеска по којзнае кој пат ќе се глупираме пред гостите што ќе дојдат на свечената церемонија. Пред бројните странски амбасадори, претседатели на држави од регионов и други гости. Сите зачудено ќе шепотат во кулоарите за тоа кој дошол, а кој не дошол. Вистинска малограѓанска парада на балканските суети.
Македонија не го заслужува тоа. Поминаа 20 години од осамостојувањето и редно е да ги научиме елементарните правила на однесувањето. Неиспраќањето покана на косовскиот претседател Фатмир Сејдиу е погрешно алиби на албанските партии за бојкот на инаугурацијата. Со право можеме да прашаме дали албанските партии го бојкотираа и вториот круг од претседателските избори само затоа што господинот Сејдиу не доби покана да гласа во Македонија.
Интересно е како регионалните состојби имаат рефлексија врз инаугурацијата на новиот претседател Ѓорге Иванов. Ако дојдел Фатмир Сејдиу, нема да дојдел Борис Тадиќ. Ако дојдеше Каролос Папуљас, можеше да се случи да пропадне целата инаугурација оти немаше да дојде комплетното државно раководство на Македонија. Ако оди Али Ахмети, нема место за Мендух Тачи. Ако седи на едно столче секретарката на Иванов, тогаш ќе се налути зошто нема за неа исто такво столче секретарката на Груевски или на досегашниот претседател Бранко Црвенковски. Вистинска балканска какофонија.
Ако е за утеха, барем престана спиралата на бојкот меѓу двете главни македонски партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Опозициските социјалдемократи решија да ја прекинат дводецениската традиција на бојкотирање на претседателот на државата ако доаѓа од противничката партија и тоа, секако, е за поздравување. Сега останува да ги ставиме в ред и албанските партии за да може Македонија, конечно, да здивне од бесмислените бојкоти на шефовите на државата.
Односот спрема институцијата претседател на државата е еден од најсилните показатели за степенот на политичка зрелост што ја достигнала една земја. Всушност, тоа воопшто не е ни тема во други држави, бидејќи таму не постои таков проблем. Само македонската политичка култура никако да го достигне потребното ниво за да може достојно да испрати и да пречека еден претседател на државата.
Денешната инаугурација на Иванов треба да го одбележи почетокот на едно ново поглавје во политичката историја на нашата земја. Македонија го добива вториот претседател од кампот на десницата, кој според сите очекувања треба да ја направи потребната политичка хармонија во државниот врв. Со стапувањето на Ѓорге Иванов на претседателската должност, комплетната власт во земјава паѓа во рацете на ВМРО-ДПМНЕ со што ќе се повтори ситуацијата од 1999 до 2002 година кога оваа партија управуваше и со владата и со функцијата претседател на државата.
Инаугурацијата без две албански партии ќе биде лош старт за новиот претседател. Пораките што му ги праќа ДУИ, исто така, не се оптимистички. Ако свеченоста при стапувањето на Иванов на претседателската функција помине во напната атмосфера, тоа ќе биде лош сигнал и за регионот. Примерот со праќањето покани и уцените кој ќе дојде ако некој друг не дојде, веќе покажаа дека балканските состојби се' уште се тесно испреплетени.
Mali Gjokica e odlicen pretstavnik na tie sto go izbraa: izbuvliv, neotesan/nedokvakan, so selski recnik i naviki (i frizura), nenasetan i neizivean, samobendisan salter-svaler so "vozi Misko" strategija za klucnite prasanja sto baraat iskustvo i mudrost. Mozebi narodot zasluzuva vlast kakva sto izbra, no Makedonija definitivno ne zasluzuva takva vlast.
Од: Mene
Датум: 12.05.2009 01:00:15
Почитувана г-ѓо Крамарска, не дај боже да се повтори ситуацијата од 1999-2001!
Од: petko
Датум: 12.05.2009 06:16:51
Makedonija go zasluzuva toa , i ovoj narod uste dolgo ke nema priznata drzava . Ovaa inauguracija e samo komedija , zosto Gujo ne se inaugurira samiot i barem ke znaeme deka nemame kukla za pretsedatel nego Gujo totale . Zarem na makedonceto ne mu e jasno zosto sega se pravat anketi po poracka , a latas so polna usta povtoruva kolkav mu e rejtingot na plemielot . Ej makedonce nedoveteno . Kade se 300 Avtobusi , 100 Sportski sali , teniskite igralista , fudbalskite igralista , 3 te stokatnici , 8 milijardi evra seto toa bez picina go zaboravate . Ostvaruvame - Makedonija vo nepovrat .
Од: korektorot
Датум: 12.05.2009 08:50:16
Зошто постојано се споредуваме со останатите земји во Европа кога се зборува за политичка култура и взаемни меѓукомшиски односи. Во Словенија било вака, во Хрватска поинаку, во Шведска уште подобро и така натаму. Па заборавате бе луѓе дека во ниту една земја нема таков национален ентитет (каков што го имаме ние) кој само нешто бара и дупло добива, ниту една земја нема такво комшиско опкружување какво што го имаме ние.
Во овие оклоности, па ние сме екстра добри, никој на планетава не може да се снајде така успешно како нас.
Нека му е со среќа на нашиот Претседател Иванов, да го служи здравје бидејки ќе му треба многу.
На досегашниот Претседател Црвенковски му честитам што ги издржа сите тие понижувања и опструкции.
Од: Трпе
Датум: 12.05.2009 10:07:34
Балкан си е балкан,друго неможе и да биде.Но Македонија е посебна историја која ја пишуват и презентират,недај боже дпмне-овците кои се идентификуват како вмр-овци.Денес повеке ке наликува на крунисување на царот мистер Рејтинг а игунорацијата на Ѓоле ке биде во сенка.Тој само ке претставува една кукла во витрината.Македонија да ја чува господ со такво раководство,Но народот што си бараше тоа и си го добива.Народ кој избира раководство со информаци добиени од пред селското гранапче.
Од: еми
Датум: 12.05.2009 10:47:36
Како опозицијата да го бојкотира Ајванов па он нели е одпоодамна нивни член ,но тоа што му излегол у сусрет на Глујо затоа што волку доветен како Ајванов немал у партија е проста случајност.
Од: ПРИЈАТЕЛ НА ШУТРАЦИТЕ
Датум: 12.05.2009 11:51:40
Точна вие констатацијата дека во овој миг треба да се присуствува на чинот на инагурација а да се заборават ситно гранапџискиот менталитет.Ти доаѓаат четири преседатели и други преставници на влади и дипломатскиот кор,а ти тука покажуваш(албанската опозиција)колку малу се има државнички капацитет.Ја разбирам фрустрацијата на македонецот во ЕУ и Петко(како да е сопатник на Робинзон Крусо) да ти го исчука и урниса бекграундот на извиканиот професор -колумнист од страна на ,,воштана,, фигура.А најтрагикомично е да се бара нов договор помеѓу двата најголеми ентитети а при тоа не го признаваш легално избраниот преседател на државата од која бараш нов договор.Штета што тука го нема Монти Пејтон вакво карик��турално однесување би било достојно опсервирано.
Од: goran
Датум: 12.05.2009 13:11:19
Инаугурацијата без две албански партии ќе биде лош старт за новиот претседател. ??????????? pa i branko go ignotiraa,i toj bese "graganin",pa mesecinata seuste kruzi okolu sonceto.nikoj ne im zabranil da prisustvuvaat, a ucenite kaj vmro ne proagaat kako vo sds i kaj nivnite "eksperti".tropas gluposti,kako i sekogas.
Од: Verag
Датум: 12.05.2009 17:00:27
Нажалост,на нашиве Албанци важна им е само Албанија и Косово.