Број 2983  вторник, 12 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Кредитите и скапи и ќе ги нема

Се очекува значително заострување на кредитните услови

Соња Маџовска

Кредитите не само што поскапуваат туку и ќе ги нема. По последните рекорди што ги направија банките со растот на каматите, сега тие за наредните три месеци најавуваат и ново значително затегнување на условите при одобрување заеми и кон населението и кон фирмите.

„Во вториот квартал на 2009 година, банките очекуваат значително заострување на кредитните услови на корпоративниот сектор, при истовремено делумно намалување на кредитната побарувачка. Кај населението, трендот на делумно затегнување на кредитните услови и натамошно намалување на побарувачката се очекува да продолжи и во вториот квартал на годината“, се вели во анкетата што ја спроведе НБМ минатиот месец за кредитната активност на банките и нивните очекувања за наредните три месеци.

Банките дополнително ќе го чешлаат бонитетот на компаниите, ризикот од нереализирање на колатералот, а дури 70 отсто од банките сметаат дека е многу важна вредноста на хипотеката за одобрување на заемот. Во наредниот период ќе се цени и лојалноста на фирмата кон одредена банка. За населението ќе биде важно во која фирма работат и колку е таа сигурна.

„За разлика од претходната анкета, каде што најголемиот дел од анкетираните банки, околу 60 отсто, се изјаснија за делумно поконзервативни кредитни услови, во оваа анкета согледувањата на банките се во насока на значително затегнување, за што се изјаснија, повеќе од половина, или околу 56 отсто од банките“, се вели во анкетата спроведена од НБМ.

Општите согледувања на банките за значително заострени кредитни услови се однесуваат на кредитите одобрени и на малите и средните претпријатија, но и кај големите компании, за сите рочности.

Во однос на факторите што довеле до позатегнати кредитни услови, сите банки ги истакнуваат согледувањата за зголемен ризик, како фактор со најсилно влијание. „Околу 60 отсто од банките оцениле дека влошените согледувања за идната економска активност, како и очекувањата за растечки ризик кај идниот развој на одделни претпријатија, значително придонесле за позатегнати кредитни услови, а останатите, околу 37 отсто од банките, сметаат дека овој фактор има делумно влијание во насока на поконзервативни кредитни услови“, се вели во анкетата на НБМ.

Од аспект на влијанието на монетарната политика врз управувањето со каматните стапки, 40,5 отсто од банките укажале на тоа дека промените на монетарната политика значително влијаела на нивната каматна политика, додека 52,4 проценти согледале дека монетарните импулси имаат делумен ефект врз каматните одлуки.

Заедно со трендот на заострување на кредитната политика на банките е забележано и намалување на побарувачката на кредити од страна на населението. „Во првите три месеци на 2009 година, над 70 отсто од банките оцениле делумно намалување на побарувачката на станбени и на потрошувачки кредити, што претставува највисок процент на банки од воведувањето на анкетата“, велат од НБМ.

Паралелно со затегнувањето на кредитната политика, над половина од банките оцениле дека факторите, како што се трошоците на финансиски средства и ограничувањето на билансот на состојба, очекувањата за вкупната економска активност, ризикот од нереализирање на колатералот, 64,9 отсто од банките, како и кредитната способност на потрошувачите, 75,9 проценти од банките, сметаат дека се фактори што делумно придонесуваат за поконзервативни кредитни услови.

Над 73 отсто од банките очекуваат трендот на делумно заострување на кредитните услови да продолжи и во вториот квартал на 2009 година.


Статијата е прочитана 1573 пати.

Испрати коментар

Од: Unreal city
Датум: 12.05.2009 02:39:46
A shto kje pravat kreditorite koga dolznicite masovno kje otidat vo bankrot poradi nemoznosta da opsluzuvaat takvi Shajlokovski dolgovi? Kje bide mnogu polosho od finansiskoto domino shto go trese "prviot svet," ni volkot sit, ni ovcite na broj.
Од: nekoj
Датум: 12.05.2009 10:22:38
bas go cekam denot koga ke pukne i nivniot balon, se razbira zaradi "uspesno" menagiranje. Nikako da im stane jasno koj gi finansira, ako neka se
Од: Verag
Датум: 12.05.2009 16:42:01
Откако заврши "комуњарството" zavr[ija xa mene kreditite. Ottaga[ ne zemam krediti bidej'i svesna sum deka ne sum kreditno sposobna. Imam tolku kolku za gol zivot.
Од: KarlMarks
Датум: 12.05.2009 18:22:26
neznam sto imam ama znam sto nemam!

Најди! во Утрински
Насловна
Инаугурација во македонски манири
Опозицијата предупредува - ребалансот води во државен банкрот
Обама има ист став со Буш за името
Папата потсети на холокаустот
Владата ја крои политиката на Федерацијата, тврдат фармерите
Срамот на охриѓани
Кој се срами од антифашизмот
Ѓорге Иванов ја презеде должноста претседател на Република Македонија
Спектаклук- болвја свадба
Валентина Божиновска повторно во црковни води