Број 2983  вторник, 12 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Европа - Балкан

Кој се срами од антифашизмот

Иван Торов

Неодамна досега најострото дистанцирање на Стјепан Месиќ од Анте Павелиќ, НДХ и од усташките злосторства најмногу ги загрижи хрватските и српските националисти

БЕЛГРАД - Хрватска, а и српската јавност се многу (не)пријатно изненадени со еден неодамнешен настап на претседателот на Хрватска, Стјепан Месиќ. Во својот говор по повод годишнината од пробивот на заробениците од концентрациониот логор во Јасеновац, кон крајот на април, се слушна, според општа оценка, од прогласувањето на хрватската независност во 1991 година, секако, најострата осуда на усташката државна творба на Анте Павелиќ и масовното злосторство над Србите, Евреите и Ромите. Острината на дистанцирањето на Месиќ од фашистичката и нацистичката природа на Независната држава Хрватска имаше неодолив призвук на оградување и од своевремено Туѓмановото, помалку или повеќе, отворено кокетирање со екстремниот хрватски национализам и неговите настојувања да се докаже дека Република Хрватска, всушност, природно се создала врз темелите на марионетската држава на Павелиќ.

Би можело, секако, забележителната емотивност на Месиќ, покрај останатото, да се припише, како што и самиот рече, на најновото обновување на дивеењето на оние кои не можеа да се помират со историските факти, а и навредите кон него и членовите на неговото семејство. Суштинска причина, меѓутоа, е во променетите околности. Хрватска веќе е членка на НАТО, на прагот е и на полноправно членство во ЕУ, па уште повеќе не може да биде сеедно каков впечаток ќе остави нејзината политичка елита во меѓународните кругови: како држава која, покрај се', тешко се ослободува од историското националистичко наследство или, пак, како модерно општество кое нема никаква дилема околу толкувањето и интерпретацијата на историските факти. Во тој контекст, симптоматично е со слични, всушност, нешто помеки тонови, на ист собир во Јасеновац, се огласи и хрватскиот премиер Иво Санадер.

Хрватските националисти, судејќи според се', најмногу ги налути делот од говорот на Месиќ на кој остро се спротивстави на обидите за ревидирање на антифашистичкото движење на територијата на поранешна Југославија. "Мојот антифашизам, вели хрватскиот претседател, се формираше врз основа на фактот дека сум бил сведок на холокаустот. Тито во целиот свет го паметат како голем водач, па иако многу сериозни работи може да му се стават на товар, не може да се каже дека антифашистичкото движење беше злосторничко, ниту дека Тито беше злосторник. Ниту во една држава водачот на движењето на отпорот не е прогласен за злосторник". Аналитичарите, всушност, во тој дел ја препознаваат критиката на Месиќ за прекопување на гробовите пред камерите, особено во Словенија, чии официјални претставници "ќе откријат" масовни гробници во Блајбург, за чие постоење се знаеше веќе од поодамна, и пред утврдувањето на историската вистина за соработката со усташите, домобраните и четниците на самиот крај од војната, да се користат за улогата на Тито и комунистите во антифашистичката борба да се дезавуира и обезвредни.

Говорот на Месиќ во Јасеновац во Србија беше доживеан двосмислено. Задоволство (главно, граѓански партии и невладиниот сектор) што шефот на соседната хрватска држава во самиот Јасеновац, место на масовни ликвидации на Срби, Евреи и Роми, сосема прецизно се одреди кон злосторствата на усташкиот режим на Павелиќ, сепак, е во сенка на обидите за негово релативизирање и минимизирање. Изговорите се разновидни: "Чист политички маркетинг на Месиќ", "Лесно му е нему така да зборува на крајот од својот мандат" и слично. Најнезадоволни се претставниците на српскиот национализам, на кои хрватското државно дистанцирање од хрватските злосторства им ја скратува или барем релативизира аргументацијата за континуиран став дека "сите Хрвати се усташи", односно "хрватскиот народ е геноциден". Надмоќноста на десничарските националистички партии на српската политичка сцена, а особено нивниот мошне нескриен антикомунизам, секако, се двата главни фактора кои, од една страна, поттикнуваат умножување и јакнење на националистичките и клерофашистичките движења, а од друга страна, наметнуваат впечаток дека, всушност, Србија се срами од сопствениот антифашизам. Имено, веќе неколку години наназад, а особено за време на владеењето на Воислав Коштуница, без посилен отпор трае процесот на таканаречено официјално рехабилитирање најпрво на четничкото движење на Дража Михајловиќ, потоа на марионетската окупаторска влада на Милан Недиќ, како и нацистичката идеологија на Димитрија Љотиќ. Дури деновиве, пред 9 Мај - Денот на Европа, односно победата над фашизмот, под притисок на јавноста од просториите на владата на Србија е отстранет портретот на генералот Недиќ.

Антифашистичкиот говор на Месиќ, за волја на вистината, дојде во најлош час за српските националисти. Во Србија, во последните неколку месеци, почната е голема кампања, која врз себе ја презеде републичката влада на демократите и социјалистите и обвинителството, за откривање на местото на стрелање и гробот на Дража Михајловиќ. Најголем поборник за рехабилитација на четничкото колаборационистичко движење, лидерот на Српското движење за обнова, Вук Драшковиќ, веќе најавува дека гробот на Дража, доколку биде пронајден, ќе биде центар за собирање на сите антикомунистички сили. Ревизијата на резултатите од Втората светска војна во Србија, според тоа, непречено се продолжува.


Статијата е прочитана 1143 пати.

Испрати коментар

Од: mitko znae istorija
Датум: 12.05.2009 01:52:43
Vo komentarite cesto se javuvaat mnogu mladi luge koi cesto ne znaejki nisto za nekoja tema lupaat teski gluposti. Za da vidat kakvo vlijanie imal Tito i komunistite vrz narodite bi im preporacal na Youtube da vidat kako Splicanite na denot na smrtta na Tito vristat i peat Druze Tito mi ti se kunemo a potoa na istiot sajt da gledaat kako vo 1990 godina istite Splicani i svirkaat na reprezentacijata na YU. Za Srbite i za Drazo sto da se kaze osven deka i negovite deca se otkazaa od nego i stanaa partizani. Takov e ambientot na Balkanot vo koj ziveaat prosti i prevrtlivi narodi koi lesno se vodat kako stoka na glasanje, vojuvanje i klanje.
Од: petko
Датум: 12.05.2009 06:35:10
Abre ivanco a zasto ne napises kakov odziv ima toa laj nas , kade so site sili gujovci sakaat da prikazat deka istorijata na makedonceto pocnuva so niv i se sto e od vremeto na antifasistickata borba e komunjarsko i treba da se nisti . Hrvatska ke vleze vo EU a i Srbija a nie ke go cekame kosovo da stane as drzava pa potoa so niv zaedno .
Од: pameten
Датум: 12.05.2009 08:30:08
"сенка на обидите за негово релативизирање" Se na ovoj svet e relativno. Konfliktot fashizam-"antivashizam" na Balkanot ne bilo crnobela prikazna. "Antifashizam" vo navodnici, poshto komunistite ne bile pomalu ubijci! Jasenovac i Goli Otok se isti, simboli na zloto!
Од: devicanecot
Датум: 12.05.2009 08:30:59
Сепак новинарот не искажува јасност? Дали и за каков антифашизам се залага. И дали навистина сите антифашисти би ги ставиле во класата на злосторници? А дека со влезот на Хрватска во Нато нешто ќе се промени на позитивно во однос на усташтвото и Јасеновац... далеку е од здрав памет. Само погледнете што се прави во Прибалтичките земји, кои одамна се членки на НАТО. Таму, буквално се воскреснува фашизмот. Се величаат борците на СС бригадите. Им се даваат заслужени државни пензии . Ете истото се префрлува на почвата на Украина, Грузија. НАТО тоа и очекува, да се подели народот, сам да се исколе меѓу себе и да влезат како спасители. Исто како во Босна...А идеологијата на НАТО во однос на фашизмот е дека и официјално, тој е и подобра идеологија од Комунизмот.
Од: gv
Датум: 12.05.2009 10:45:44
Odgovor na "Pameten"da ne bese NOB Makedonija nemase da postoi .siguren sum deka prezimeto na kraj ke zavrsese so ic ili ov.A sto se odnesuva za Goli otok i toj e zatvor kako obicnite sto sakaa zatvorenicite so baklava da se sluzat koi bea protiv FNRJ i bea bliski do Stalin.
Од: perica
Датум: 12.05.2009 10:55:20
do Devicanec Ne ja sporeduvajte Hrvatska so baltickite zemji.Hrvatskite antifasisti ponele golem tovar vo vojnata i zasluzeno mozat da se vbrojat po zaslugite vo zemjite pobednici. Vo Baltickite zemji prakticno i nemalo antifasisticko dvizenje.
Од: Читател
Датум: 12.05.2009 11:21:43
Во Македонија постои стереотип околу национализмот и патриотизмот. Хрватите, за разлика од нас, се големи патриоти и тоа нема врска со усташтвото, кое не се негира и за кое културно се разговара без патолошка омраза меѓу левицата и десницата . Во Уставот на Хрватска антифашизмот е запишан како основа на нејзината државност. Во Македонија лончињата се побркани. СДСМ по 1990 година се откажа од целото наследство на комунистите и од СР Македонија. Затоа што во СДСМ и тогаш и денес, немаат врска со идеологијата на левицата, напротив според вокацијата и знаењето, негови челници незнаат што е тоа социјалдемократија. Дури, ВМРО ДПМНЕ по многу нешта е многу по социјална партија од СДСМ. На, ВМРО му недостасува само признавање дека РМ како современа држава е создадена во антифашистичката борба предводена од комунистите / историски факт/. Социјалдемократите во, Хрватска, Босна,Србија за разлика од СДСМ без срам се декларираат како леви партии, нашите остана ДОЕЛ. РМ денес нема лева партија.
Од: ЦК СКВМРО
Датум: 12.05.2009 11:31:38
Се наметнува прашањето: Кога лажел овој лицемерен политички превртливец? Пред некоја година, кога ги величаше Павелиќ и Усташтвото (во Австралија), или сега кога ги велича Партизаните? Истиот тој беше „со срцето и душата“ за „зачувување“ на Југославија со изјавата: „Јас сум последниот нејзин претседател...“ откако претходно ќе наведе дека „била Страшен затвор за народите“ и во целост ќе го подржи Туѓман! Српското мислење за геноцидниот народ (секаде има поединци од ваков примитивен вид), повторно го става��е за објаснување и укажување на глобалната состојба во Србија, што е апсолутно неточно. Доказ за тоа се и големиот број Хрвати кои (освен протераните Срби) пребегнаа во времето на Туѓман, ги има во изобилство и најслободно делуваат и работат во Србија. Но она што го избегнувате е јасното бележење на истите повици за рехабилитација на вампирите од минатото, фашизмот (бугарските движења Браник, ВМРО... балистите...), кај нас, па дури и градење на нивни споменици.
Од: mnogu istorichar
Датум: 12.05.2009 14:22:22
Pameten e vo pravo deka se na ovoj svet e relativno. No i GV e vo pravo deka da ne beshe NOB ni Makedonija, ni Makedonski narod i jazik kje poetoea. Vo istorijata ima mnogu ubijstva, pritisoci, genocid, asimilacii, no i ragjane na drzgavi i nacii.

Најди! во Утрински
Насловна
Кредитите и скапи и ќе ги нема
Инаугурација во македонски манири
Опозицијата предупредува - ребалансот води во државен банкрот
Обама има ист став со Буш за името
Папата потсети на холокаустот
Владата ја крои политиката на Федерацијата, тврдат фармерите
Срамот на охриѓани
Ѓорге Иванов ја презеде должноста претседател на Република Македонија
Спектаклук- болвја свадба
Валентина Божиновска повторно во црковни води