Владата ја крои политиката на Федерацијата, тврдат фармерите
Пелагониските млекопроизводители организираа ново здружение - „Пелагонија обнова“
БИТОЛА - Пелагониските фармери и официјално се откажаа од Федерацијата на фармерите откако им го завртила грбот за протестите. Сточарите од Битола тврдат дека Владата го крои УО на Федерацијата и кажува како ќе работи оваа организација што треба да ги штити правата на македонскиот земјоделец. Токму ова беше причината форумот што вчера го одржа Федерацијата на фармерите во Битола да помине во тензична и вжештена атмосфера, со многу караници и пцости.
Револтирани поради тоа што не добиле поддршка од Федерацијата за организирање масовни протести, битолските сточари влегоа во вербален конфликт со нејзиниот претседател Ѓоко Данаилов, а потоа демонстративно си заминаа напуштајќи го состанокот.
„Се оградуваме од Федерацијата се' додека не се заложи за заштита на нашите права. Федерацијата досега ништо не направи за нас. За сите наши протести понуди само техничка помош. Каде е финансиската и моралната поддршка“, повика револтирано Душко Илиевски, еден од водачите на фармерите.
Во конфликт со Данаилов влезе и Гоце Кантаровски, фармер од Могила. „Како ќе дојдеме до нашите пари кога Федерацијата не стои зад нас. Одговорно тврдам дека работите под заштита на Владата и затоа не сакате да организирате протести. Како федерација не се обидовте да не' спасите од колапс. Кравите пцовисуваат, а вие со прст не мрдате“, истакна Кантаровски.
На о��винувањата Данаилов, пак, со контрапрашање: „Колку време штрајкувавте? Што добивте? Ништо“.
Пелагониските фармери организираа ново здружение - „Пелагонија обнова“. Најголемиот револт кај нив беше предизвикан откако Изборната комисија на ФФМ не одбра ниту еден претставник во УО од Битола, иако е најголемиот и најзначаен сточарски регион во Македонија.
„Кога ќе кастриш дрво, треба да ги оставиш најголемите и најдобрите. Од цела Македонија, од најголемиот сточарски крај нема претставник во УО од Пелагонија, а од Гостивар поставиле дури двајца. По ова мене ми праќаат лично пораки дека не сум бил пожелен во Федерацијата, ама да не сум кревал прашина“, рече Драги Нечевски, досегашен член на Управниот одбор од Битола.
И за ваквата одлука на Изборната комисија фармерите отворено обвинија дека ФФМ била под притисок на власта.
„Директорот на Федерацијата по телефон ни вели дека не може да биде примен Драги Нечевски во одборот. Прашуваме зошто, а тој кажува дека имал притисок од владини функционери. Кои се тие, не смеел да каже“, објасни Илиевски и повика јавно да се откријат имињата на функционерите од Владата кои ја кројат политиката на Федерацијата.
Првите луѓе на ФФМ одрекуваат дека имаат какви било притисоци од власта во работата. Како и тоа дека се' уште не е направен изборот на членови за УО и дека има време да се поправи грешката.
„Тие што заминаа, станува збор за едно или две здруженија, се' уште имаат актуелен претставник во Управниот одбор на Федерацијата. Немам сознанија дека некој вршел притисоци. Ако имаат такви имиња, јавно нека ги соопштат“, нагласи Данаилов откако претходно искоментира дека новинарите дошле на форумот само за да гледаат циркус.
Тој смета дека проблемот со „Сведмилк“ ќе остави длабоки рани во македонското сточарство. И затоа од Федерацијата биле преземени сите мерки. „Најтрагично што може да се случи е да го загубиме говедарството како сектор. Тоа ќе предизвика покачување на цената на консумното млеко. Тогаш ова што е сега агонија на три илјади фармери ќе стане проблем на сите Македонци. Но, извршните решенија се надвор од нашата моќ“, додаде Данаилов.
Незадоволство од работата на Федерацијата искажаа и битолските пчелари, бидејќи и од овој сектор нема претставник во највисокото тело. „Битола е најголемиот регион според број на пчели, а нема претставник. Токму поради ова никој не се грижи за нашите права и за нашите барања. Во сите гранки има зголемување од 50 до 70 проценти на субвенциите, а кај нашиот сектор ниту денар плус“, изјави Јонче Мрнзевски од пчеларското здружение „Нектар“ од Битола. (А.Б.)
Za tie sto ne se upateni: Da ne e FFM, stocarite ke bea uste pobedni. Kade se novite zdrauzenija sto gi formiraa pred izborite ? Nikade gi nema. Sakat da ja rasturat FFM za da nema koj da kazuva kako e losa sostojbata vo stocarstvoto. farmer od Mogila.
Од: Jovano
Датум: 12.05.2009 05:23:14
Ajde be Mlekari, tolku li nema nekoj da ve predvodi. Organizirajte se ednas pravilno i patrijotski, vo ovaa nemilosrdna borba protiv domasnite predavnici i lopovi, kako sto se ovaa vlada i sindikat! Sto vi e, i taka nema sto da zagubite. Se sto imavte izgubivte. Dajte uste edna zrtva i isterajte gi lopovite i predavnicite Nadvor! Leb ili Smrt! Ne cekajte.
Од: Bobi
Датум: 12.05.2009 10:07:40
So pari se se kupuva.Pa i edna federacija na farmeri.
Vazno site plakame a nekoj so nasi pari kupuva luge.Stavkata vo budzetot od pola miljarda za dogovorni uslugi e tuka.Vo nejze vleguva :Plakanje na agencii za rejting,zaposluvanje partiski vojnicinja,kupuvanje mediumi,plakanje na novinari od tipot Latas,Janko,Tomik,Mirka,Milenko,tendercinja za partiski dzeb,pa i kupuvanje na asocijacii kako sto e zemjodelskata federacija.Bravo za nepokornite od Pelagonija.
Од: Donald Duck
Датум: 12.05.2009 10:24:29
Prikaznava so FFM, e slika na vekovnata tragedija na makedoncheto. Vo FFM ne mrdaat so prst za problemot so mlekoproizvoditelite. Sega na red kje dojdat proizvoditelite na pcenka, pa ovcarite, pa onie na jacmen itn. I pak FFM kje molci.....kje ve melat eden po eden, granka po granka, a vie i natamu molchete. Pretsedatelot na FFM treba da se vika Trajan....ili Trpe.
Од: Trajko
Датум: 12.05.2009 13:46:39
Federacija na farmeri,kupena i unishtena,sidikat unishten,nevladini organizaci unishteni,studentski organizaci unishteni pa shto e ova ako ne e fashizam.