Број 2983  вторник, 12 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

За опозицијата ребалансот води во државен банкрот

После говорот на Јани Макрадули, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја напушти Комисијата

Александрија Стевковска

Задоцнет, нереален, предимензиониран - вака го оценија ребалансот на буџетот пратениците на опозицијата на вчерашната Комисија за финансирање и буџет, на која започна расправата по ребалансот на Буџетот за 2009 година. За опозицијата, вака скроениот ребаланс на буџетот е вовед во банкрот на државата, бидејќи со него се кратат значајни ставки за економскиот и европскиот напредок на државата, а сосема незначително се прекроени ставките за плати и за надоместоци за администрацијата. Делот на одвоени средства за споменици воопшто не е гибнат. Министерот за финансии Трајко Славески, пак, во вчерашното обраќање пред собраниската комисија, преповторувајќи ги основните параметри на спакуваниот ребаланс на буџетот за 2009 година, повторно нагласи дека тој е реален, бидејќи се базира на вредности кои произлегуваат од процентот на намалување на приходите кои се слеале во буџетот во првите три месеци од годинава.

Претседателот на комисијата, Јован Манасијевски, прв пат на собраниска комисија повикал експерт, претставник на ЦЕА, Шенај Хаџимустафа, која ги презентираше анализите на Центарот, на тема ребаланс на буџетот, посочувајќи дека се работи за проекција која е далеку од реалноста.

„Ребалансот е задоцнет. Тој можеше да се направи минатата година во ноември или во декември, кога последиците од кризата беа повеќе од очигледни. Раст од 1 отсто, планиран со ребалансот, е преоптимистички. Според некои пресметки, номиналниот БДП за годинава би бил околу 386 милијарди денари, а Владата ги базирала своите пресметки на околу 408 милијарди денари. Тоа значи дека Владата го проектирала БДП за 21 милијарда денари повисоко од реалните бројки. Овие бројки покажуваат дека Владата со ребалансот не го намалила растот за 4,5 отсто, туку само за 1,3 отсто. Се' тоа ќе се одрази и врз поголем буџетски дефицит, кој наспроти намалениот економски раст останува на проекцијата од 2,8 отсто“, изјави Хаџимустафа. Според неа, проекциите за приходите се оптимистички и Владата треба да подготви и други сценарија. Според анализата на Центарот, расходите треба да се насочат кон продуктивни проекти, а трошоците предвидени за споменици треба да се прекинат и со тоа да се продолжи во некој нареден период.

„Тие трошења вклучуваат големи финансиски средства, кои можат да се искористат во други цели. Во спротивно, дефицитот во билансот на плаќање ќе се зголеми поради одливот на девизи заради спомениците, што во крајна линија ќе ја доведе во прашање стабилноста на денарот“, објасни Хаџимустафа.

Согледувањата на Центарот говорат дека растот кој се базира на зголемување и на поттикнување на финалната потрошувачка, која е во опаѓање поради се' поголемиот број невработени и падот на животниот стандард, е неодржлив. Оттаму сметаат дека домашното финансирање не е добра опција, бидејќи се врши притисок врз банкарските камати.

На ова реагираше Славески, кој ваквата анализа ја окарактеризира како политички обоена. „Забранети се вредносни судови кои беа изнесени во настапот на претставничката на ЦЕА, во кој беше евидентна и политичката обоеност. Освен тоа, морате да го проверите тврдењето дека внатрешните задолжувања ги зголемиле каматите. НБМ е виновна што ги истиснува парите од стопанството, а не Министерството за финансии. Централната банка секоја среда преку благајничките записи извлекува пари од стопанството“, смета Славески.

За Анета Стефановска од ВМРО-ДПМНЕ, ребалансот е објективен.

„Ова не е добар, ова е предобар ребаланс, базиран на објективни основи. А ЦЕИ со анализите кои ги направила нека се праша за нивниот рејтинг и натамошен опстанок“, јавно се закани Стефановска, која градењето на спомениците го стави во конотација на величење на националното чувство и патриотизам.

За опозицијата, дискутабилни се некои кратења во буџетот.

„Ставката за интеграција во НАТО е намалена за 75 отсто, а делот за интеграција во ЕУ за 33 отсто, додека најмали се кратењата кај услугите, од само 7 отсто, што значи дека Владата не се откажува од трошења за плати“, истакна Јован Манасијевски. Според него, Владата, наместо пластична операција, прави козметички третман. „Не може со вакви мали промени на делот на приходите и на расходите да се бориме со кризата. Мора да има подрастични кастрења на страната на расходите. Засега трошењето продолжува во неиздржлив обем, а 80 отсто од планираниот дефицит се троши само на покривање на тековните расходи за плати, услуги“, додаде Манасијевски.

Според Игор Ивановски од СДСМ, ребалансот не е антикризна мерка, туку е последица на лошата владина политика. „Сега признавате дека лани имало криза, иако тогаш ја лажевте јавноста убедувајќи ја оти криза нема. Сега велите дека сте ги замрзнале сите вработувања, што е лага, бидејќи се' уште вработувате и на неопределено и на определено време. Буџет со ваков концепт ќе ја банкротира државата“, заклучи Ивановски, за кого е иронично да се тврди, како што тоа го направи премиерот Никола Груевски кога го објави ребалансот, дека од се' ќе се крати, но не и од градењето црква и споменик на Александар Македонски.

За Јани Макрадули, инает политиката на Владата ќе ја однесе државата во бездна. „Не може Владата да се инаети со парите на граѓаните. Таа стана експерт за злоупотреба на буџетските пари, бидејќи во буџетот никаде не стои дека ќе се градат споменици, а тие никнуваат секојдневно“, смета Макрадули.

По завршувањето на општиот претрес комисијата ќе ги разгледа доставените 101 амандман по текстот на предложениот ребаланс.

После говорот на Јани Макрадули, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја напушти Комисијата,навредена од „омразата со која говорел и од нарекувањето на Славески „фашист“. Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева одрежа прес на кој изјави дека ваквото однесување на Макрадули било недозволиво и затоа ја напуштиле комисијата.


Статијата е прочитана 968 пати.

Испрати коментар

Од: Bobi
Датум: 12.05.2009 10:14:54
Jani edno golemo bravo za obrazlozenieto koe go dade za fasizmot.Vo celost gi delam stavovite za fasizmot na ovaa vlada.Nekoi raboti treba da se kazat so pravo ime ,a ne da se zatskrivame zad demokratijata.
Од: Европска Македонија
Датум: 12.05.2009 12:10:06
Според анализата на Центарот, расходите треба да се насочат кон продуктивни проекти, а трошоците предвидени за споменици треба да се прекинат и со тоа да се продолжи во некој нареден период.Одливот на девизи заради спомениците во крајна линија ќе ја доведе во прашање стабилноста на денарот.Е ова е најважната работа што треба да ја сфати владата и тие што ја подржуваат.Полошо време за градење споменици во РМ беше само 2001. А додека Анета Стефановска од ВМРО-ДПМНЕ и другите како нејзе градењето на спомениците го става во конотација на величење на националното чувство и патриотизам, народот нема леб да јаде. Славески нека не си игра со државата и нека не бара политичка обоеност и во мојот коментар,раст и од 1% е преоптимистички и ги советувам да прават ребаланс на буџетот секои 3 месеци додека трае кризата.
Од: Trajko
Датум: 12.05.2009 13:15:39
Vistinata kazana vo lice boli.E boli,samo shto del od nashiot nemoze da svati kade ne vodi ova vlada.Chestitki za hrabrosta na Jani shto dobro gi analizirashe.No koj svati svati.A ovie koi odat po slepiot vodach ,neka veruvat na prezentacijata vo vecher na reketarot,srbinot D.Pavlovich.So vakva vlada i del lazni patrioti nema shansi da se odlepime od dnoto.
Од: Стина Стамена
Датум: 12.05.2009 13:58:47
Анета, Анета, сирота Анета! Кој ѓавол те тера да се јавуваш за збор за работи и процеси кои се далеку твојот делокруг на размислување. Да си молчеше како најголемиот дел од твоите сопартијци,можеби ќе имаше некој кој ќе помисли и дека нешто знаеш, и дека глаата не ти е само фризерска обработка! Сирота Анета!
Од: istoricar
Датум: 12.05.2009 14:20:36
odkoga velicenje na nacioalni cuvstva se gradi so gradenje na tudji istoriski licnosti?znaci ako izgradime spomenik na julij cezar treba dfa se velicime i gordeem deka sme rimjani............promasena vlada zdravje......
Од: verag
Датум: 12.05.2009 17:11:22
Сигурно тој што нема пари за основни потреби нема да ја сака повеќе оваа држава,и да има поголемо национално чувство ако гледа споменик на Александар,црква на плоштад (како што рече еден наш граѓанин и да ми изградат црква во комшилук нема да одам затоа што немам пари за свеќа),ако се вози во двоспрате автобус наместо во обичен а поефтин итн.Овој Груевски,мегаломан,си гради споменици за себе ,но со пари од сиромашниот народ.

Најди! во Утрински
Насловна
Кредитите и скапи и ќе ги нема
Инаугурација во македонски манири
Обама има ист став со Буш за името
Папата потсети на холокаустот
Владата ја крои политиката на Федерацијата, тврдат фармерите
Срамот на охриѓани
Кој се срами од антифашизмот
Ѓорге Иванов ја презеде должноста претседател на Република Македонија
Спектаклук- болвја свадба
Валентина Божиновска повторно во црковни води