Број 2983  вторник, 12 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Валентина Божиновска повторно во црковни води

Изборот на некогашната актерка за директорка на Комисијата предизвика збунетост и кај верските заедници

Билјана Јовановска

Експратеничката Валентина Божиновска со одлука на Владата е именувана за директор на Комисијата за односи со верските заедници. Веста сигурно ќе поминеше незабележано доколку со овој избор не е направен своевиден преседан. Божиновска е првата жена која како државен службеник најдиректно ќе соработува и ќе ги извршува владините одлуки што се однесуваат на верските заедници, поглаварите и верскиот живот во Македонија. Именувањето на некогашната актерка за директорка на Комисијата предизвика збунетост и кај верските заедници, особено кај некои од поглаварите, бидејќи во црковната хиерархија жените немаат такви важни улоги. Оттаму, ќе биде интересно како некогашната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, која ја напушти својата матична партија, па замина во ВМРО-НП, сега ќе соработува со верските лидери за актуелните жешки теми.

Пред се', со премиерот Никола Груевски, а потоа и со поглаварите Божиновска ќе мора да ги усогласува ставовите околу иднината на веронауката. Познато е дека великодостоинствениците на Македонската православна црква и на Исламската верска заедница не ја криеја огорченоста од одлуката на Уставниот суд за бришење на веронауката од државните училишта, судиите ги нарекуваа богохулници и беа подготвени за многу порадикален настап за враќање на овој спорен предмет. Дознаваме дека тензиите ги кренале толку многу, па дури морал да интервенира премиерот Груевски, кој директно побарал од луѓето во црни мантии да ја спуштат топката и за веронауката да не говорат со усвитени глави, туку онака како што им прилега на духовници. Во тоа и успеал, така што тие ретерираа во првичните иницијативи за промена на Уставот. Сега имаат малку омекнат став и бараат нови законски измени кои ќе овозможат веронауката да биде дел од образовниот систем на основците. Уставните измени не ги спомнуваат.

Се' уште се свежи и настаните и тепачките на скопскиот плоштад, на кои присуствуваа и клирици и верници испратени од МПЦ. Физичката пресметка против студентите од Архитектонскиот факултет кој сметаа дека изборот на локацијата за градба на црква во центарот на градот не е најдобро решение, веројатно имаше партиска заднина, но факт е дека Македонската православна црква многу лесно го „испегла“ своето присуство на овој немил настан кој ја загрижи и меѓународната заедница.

Значи, фотелјата на Божиновска нема да биде којзнае колку пријатна и удобна. За овој факт очигледно многу посвесни биле кадрите од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи никој од нив не сакал да се нафати за функцијата, која подразбира и многу бенефити. Наводно, првата неформална средба Божиновска ја имала со архиепископот Стефан, но затоа не се појавила на неделната миса во Католичката црква.

Но, Валентина Божиновска отпорано има добри релации со г.г. Стефан, кој и е своевиден должник и не е чудно што за „сефте“ отишла токму во неговиот кабинет. Колку за потсетување, токму Божиновска, Љупчо Балковски и Сашко Станинов, како перјаници на некогашното ВМРО-ДПМНЕ на Љупчо Георгиевски го сработија изборот на тогашниот брегалнички владика Стефан за нов архиепископ на МПЦ. Според присуството на спомнатата тројка, но и на енормно голем број членови на ВМРО-ДПМНЕ на Црковно народниот собор, кој се одржа во октомври 1999 година во Охрид, изборот на петтиот поглавар на МПЦ повеќе личеше на партиска конвенција отколку на важен собир на духовници. Како во новата улога ќе се снајде некогашната актерка ќе покаже времето. За почеток, ќе мора да го смени атрактивниот стил на облекување, бидејќи новата функција налага поинакви правила на однесување.


Статијата е прочитана 3465 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 12.05.2009 00:14:14
Bas vcera pisuvav za ovie izmisleni rabotni (direktorski) mesta, preku koj Grujo kupuva glasaci(bez razlika od koja partija se,ima eden kup i SDSMovci) ,a gi plaka normalno budzetot. To je to narode. Ne e samo ovaa Valentina ,ima i drugi batki (i sestri) koj primaat i nadomestoci(i toa debeli) za avtorski prava, a nisto vo zivotot nit napissale nit proccitale, bitno se na spisok na budzetot. Pa falele 500 milioni evra od deviznite rezervi, pa ke falat nego sto
Од: Jovano
Датум: 12.05.2009 04:26:44
Sramota! Uuuuuu!! Dole Neodgovorni i Novoverci, kako Bozinovska. Na ovaa drzava i religija ne i trebaat soncogledi od ovoj tip!
Од: ЗС-Скопје
Датум: 12.05.2009 07:20:43
Се е исто, само него го нема (Љубчо Георгиевски). - А кој велеше дека ,,Перородбата„ е нова политика? - Нови се само актерите. (Само уште да се врато Сашко Станинов, па да го наполни Буџетот: - ,,Пари нема? Има во банките, земете од таму ставете во Буџет„ - им наредуваше тој на инспекторите).
Од: Valentina ne zasluzuva nisto
Датум: 12.05.2009 08:04:48
Bravo za Gruevski! Koj ke zabega od VMRO-DPMNE vo drugi predavnicki partii, toj posle go nagraduva so direktorska funkcija. A za lojalnite clenovi - koj gi sisa. Sramota.
Од: seuste kulturen
Датум: 12.05.2009 08:37:21
Valentina mi e draga kako licnost, arno ama ne i e mestoto na taa pozicija. Klasicna mestenka, od tipot "nemaj gajle tuka sme nie". Vale begaj od tamu i pokraj kejfot da bides na nekakva funkcija.
Од: Goran
Датум: 12.05.2009 09:19:33
Pogolem i poutnat čekor ne možeše da napravi gruevski?Nož vo grb mu zabi a sega direktor?Namesto da se pročisti partijata od členovi koi se neverni i nesovesni on gi nagraduva.Što će mislat ostanatite členovi razmisli premieru oti će te snajde i tebe vo VMRO cunami kako kaj SDS ,što će te rasturi.
Од: makedonec
Датум: 12.05.2009 09:50:09
Добро е.најпосле грујо сфати дека не��то теба да изработи и за Љ,Г но и за СДСМ индиректно.Најголемо разочарување за мене е што оваа високо квалитетна глумица се наога самата себеси во оваа трома и некреативна иинституција.Каде е нејзиниот уметнички порив и нејзините приоритети во културата како што зборуваше кога беше пратеник.Или најдобро е дај што даш.Срамота за Валентина.
Од: Ајван Доктор
Датум: 12.05.2009 10:27:19
Глумац је... глумац... је глумац...
Од: b
Датум: 12.05.2009 10:40:42
Е сега ке ја оправи работата!
Од: Rade
Датум: 12.05.2009 11:23:00
Валентина има реални квалитети да биде поставена само за директорка на некоја секта ‘црна ружа‘
Од: Krste
Датум: 12.05.2009 11:26:50
Stom na edno mesto pocnaa da pljukaat i SDSm I VMRO toa mi e najdobar dokaz deka Valentina e dobar covek za ovaa funckija. Dosta bre sudite za luge sto ne gi znaete i koi doprva treba da pokazat kolku umeat. Prvo ne e hirstijanski a vtoro e mizerno. A i novinarkava mnogu e mnogu konfuzna sakaam kazam ne znam recam rabotava. OD ona sto sum go videl na televizija Valentina ne se oblekuva atraktivno tuku razlicno od ostanatite. bas me interesira kako se oblekuva avtorot na tekstot. pozdrav do site
Од: terezija
Датум: 12.05.2009 11:49:35
Neznam kako seushte ne svativte deka voopshtvo ne se izmenil KURSOT na "zacrtanata"politika,t.e.prodolzi po ISTATA trasa od 'minaloto' -kade MAJSTOROT zastana (Lj.Georgievski),KALFATA razbira se prodolzi, (N.Gruevski)-ako ne Vi e jasno site FRUSTRACII i zelba za SAMODOKAZUVANJE a voedno i steknatiot komplex od kade poteknuvaat.??!Site tie zbidnuvanja okolu izborot na Arhiepiskop za mene nikojpat ne bile enigma,samo seushte mi e golema "nepoznata"dodavkata doZIVOTNO...Nitu zasluzil,nitu pak KE OSTANE toa taka veruvajte...Ostane li i protiv Bozja volja toj kamen na sopnuvanje i RAZEDINUVANJE-teshki denovi i ushte poteshki "sluchuvanja"i pretstojat na Makedonija.A V.Bzinovska i dr.sopartijci,neka ne Ve chudat se dodeka golema para od Lj.Georgievski-seushte se vrti niz Makedonija;gotovo i da nema segment (vo stopanstvoto,'stranski' investicii,perenje pari-"Izgrev"...)niz drzavata kade seushte vo igra e "Vojvodata"zato e mozda i kapricot na "Vodonoshata"barajki satisf.so MARIONETKA Pretseda
Од: jovana
Датум: 12.05.2009 11:49:40
Ништо не е случајно,се е од интерес- патриотизмот е за широката маса .Уште да наместиме директор за комуникација со господ -бог.А поповите наместо да се бунат за веронауката, зошто не им кажат на верниците дека НЕБОТО е сводот на божјата црква.
Од: BC
Датум: 12.05.2009 11:56:31
Ne e samo Valentina. Cela plejada na narodnjaci koi pluikaa po VMRO-DPMNE, se vratija na golema vrata. zarko Karagovski, Igor Gievski, Spire Ristovski ....a lojanite clenovi ostanaa zaboraveni.
Од: Menka
Датум: 12.05.2009 12:24:35
Мпже Валентина да биде и Владичица, и анама, и се што ќе посака, ако ја добие улогата. Па, артистка е, и тоа добра, зар не? Уште малку и ќе ја ставиме во рњедот на Мајка Тереза, ако не и на местото на Богородица. А си ја знаеме... Добра е!
Од: verag
Датум: 12.05.2009 16:50:26
Навистина е чудно колку во ВМРО има недостиг од квалитетни кадри.

Најди! во Утрински
Насловна
Кредитите и скапи и ќе ги нема
Инаугурација во македонски манири
Опозицијата предупредува - ребалансот води во државен банкрот
Обама има ист став со Буш за името
Папата потсети на холокаустот
Владата ја крои политиката на Федерацијата, тврдат фармерите
Срамот на охриѓани
Кој се срами од антифашизмот
Ѓорге Иванов ја презеде должноста претседател на Република Македонија
Спектаклук- болвја свадба