Број 2983  вторник, 12 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција марке��инг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Ѓорге Иванов ја презеде должноста претседател на Република Македонија

Иванов со потпишувањето на свечената изјава попладнево и формално ја презеде должноста

Web Special 12:43 12.05. - Ѓорге Иванов, со потпишувањето на свечената изјава дека во наредните пет години совесно и одговорно ќе ја води државата, попладнево и формално ја презеде должноста претседател на Република Македонија.

Иванов и во првото обраќање пред пратениците и присутните гости на неговата инаугурација во Собранието вети дека ќе даде се од себе и ќе го вложи целиот свој капацитет и кредибилитет за добросостојбата на држава и граѓаните.

- Ги поттикнувам и поддржувам сите политички лидери, но и независните интелектуалци, бизнисмените и сите луѓе да се однесуваат одговорно кон нашето најголемо национално богатство – добрите односи меѓу заедниците и меѓу граѓаните. Мојата политичка агенда е јасна и недвосмислена: Македонија членка на НАТО и на Европската Унија, силна, почитувана и рамноправна, а нејзините граѓани горди, богати и среќни. За таа цел, Македонија продолжува да чекори без запирање, да чекори на патот на евроатлантските интеграции, водејќи одговорна надворешна и внатрешна политика, посветено спроведувајќи ги највисоките стандарди, истакна меѓу другото Иванов.

Новиот претседател на Република Македонија на доаѓање во Собранието беше пречекан од досегашниот шеф на државата Бранко Црвенковски и гардисти на АРМ.

Официјалната церемонија ја следат и неколкумина странски државници, меѓу кои и хрватскиот претседател Стипе Месиќ, српскиот Борис Тадиќ, албанскиот Бамир Топи и црногорскиот претседател Филип Вујановиќ, со кои по инаугурацијата новиот макеоднски претседател ќе има билатерални средби.

На чинот на инаугурација присуствуваат и премиерот Никола Груевски и владиниот кабинет, како и претставници на други државни институции, на дипломатскиот кор, на судството, на верските заедници...

По свечената седница ќе има коктел во Кристалната сала, по што ќе следува и „претседателското кафе“ на новиот претседател Иванов и досегашниот Црвенковски. (МИА)


Статијата е прочитана 797 пати.

Испрати коментар

Од: danče
Датум: 12.05.2009 12:57:02
se nadevam deka mnogu brzo ke pominat slednite 5 godini
Од: Ајван Доктор
Датум: 12.05.2009 13:01:17
Е`еее... Зар нема да идат и на Блага ракија!?
Од: Trajko
Датум: 12.05.2009 13:27:57
Novoizbraniot pretsedatel vo svoeto obrakanje ,ne spomna dali ke raboti turbo 24/7 kako negoviot mentor.Kakov e takov e mora da go trpime 5 godini.
Од: zap ev
Датум: 12.05.2009 14:14:14
ziveeme vo magla se zamisluvat pretsedatelite nekoi si mali titovcinja gledaj samo koj dosol prets na srbija,crna gora,hrvatska nema nikoj od malku poozbilni drzavi od regionot kako grcija i bugarija no tie se fasisti nie demokrati a toa sto cel svet niv gi ceni i sto se eminentni clenki na nato i eu i toa sto napreduvat so cekori od 7 milji nee bitno narodot vo mak zivee pod sad nesmee da gleda kako e na str cuti i trpi kako sto sinmi mi rece preku telefon....................
Од: Ози
Датум: 12.05.2009 15:23:24
Во комунистички стил: ’Радници, сељаци и поштена интелигенција’. Кој се тие ’независни интелектуалци’? И кој ќе го одреди ова? Што ако не се согласуваат со него или со ВМРО? Тогаш не се независни и нема да ги ’подржува’?!. А ако е во дилема ќе си го праша шефот. Тој ќе му даде список на ’независни’.
Од: zabegan.
Датум: 12.05.2009 17:38:46
Нека муе со среќа,и господ напомош на Македонија.
Од: do predsedatelot
Датум: 12.05.2009 18:03:47
gospodine ivanov svatete noviot realitet vo balkanot.
Од: MK=AL
Датум: 12.05.2009 18:25:32
Ne treba da zaboravi deka i Albancite se gragjani na ova drzava! I da znae mnogu dobro : Od nacionalizmot moze samo da ja polosi celava situacija, i politickiot stabilnost... Bez sorabotka so Albancite i sosedite nema, i nema da ima vlez vo EU ! Mislam deka ne pocna bas mnogu dobro...ke vidime

Најди! во Утрински
Насловна
Кредитите и скапи и ќе ги нема
Инаугурација во македонски манири
Опозицијата предупредува - ребалансот води во државен банкрот
Обама има ист став со Буш за името
Папата потсети на холокаустот
Владата ја крои политиката на Федерацијата, тврдат фармерите
Срамот на охриѓани
Кој се срами од антифашизмот
Спектаклук- болвја свадба
Валентина Божиновска повторно во црковни води